основни производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Jul 2023 07:11:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png основни производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ГИ ЧЕКА ЛИ ГРАЃАНИТЕ НОВ ЦЕНОВЕН ШОК – од денеска без ограничени маржи на основните производи, газдите сами ќе ја формираат новата цена! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-cheka-li-graganite-nov-tsenoven-shok-od-deneska-bez-ogranicheni-marzhi-na-osnovnite-proizvodi-gazdite-sami-ke-ja-formiraat-novata-tsena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-cheka-li-graganite-nov-tsenoven-shok-od-deneska-bez-ogranicheni-marzhi-na-osnovnite-proizvodi-gazdite-sami-ke-ja-formiraat-novata-tsena/#respond Sat, 01 Jul 2023 07:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=851421

Од денеска веќе не е во сила Одлуката за ограничување на трговските маржи со која беа опфатени белиот леб, шеќерот, сончогледово масло, брашното од пченица, тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите, оризот, трајното кравјо млеко, јајцата, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Цените на овие основни производи ќе се утврдуваат според пазарните услови. Од Министерството за економија велат дека состојбата се следи и дека засега домашните цени се стабилизирани. -Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, 30 јуни, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови, велат од Министерството за МИА. Според Министерството, долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени, може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа. -Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, додаваат од Министерството за економија. Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. Со Одлуката, највисоката трговска маржа за бел леб (сечен на парчиња или цел), бел шеќер и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до 5 проценти во трговијата на големо и на мало. Највисоката трговска маржа, пак, за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, се утврди во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-cheka-li-graganite-nov-tsenoven-shok-od-deneska-bez-ogranicheni-marzhi-na-osnovnite-proizvodi-gazdite-sami-ke-ja-formiraat-novata-tsena/feed/ 0
Се очекува да се намалат цените на лебот, млекото и брашното до 10 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-da-se-namalat-cenite-na-lebot-mlekoto-i-brashnoto-do-10-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-da-se-namalat-cenite-na-lebot-mlekoto-i-brashnoto-do-10-procenti/#respond Wed, 16 Nov 2022 10:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=761588

Со последните мерки за обезбедување евтина струја за прехранбената струја очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото, брашното и другите основни прехранбени продукти до 10 проценти и да го заштитиме стандардот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. На заедничката прес-конференција по средбата со француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, тој уште еднаш подвлече дека ЕУ се покажа како партнер од доверба и ги исполни своите ветувања, а последната поддршка што ја доби земјава од Унијата е грантот од 80 милиони евра за справување со енергетската и економската криза. – Оваа поддршка доаѓа зашто ЕУ препозна дека сме одговорна Влада која одговорно менаџира со Буџетот. Токму со тој пристап изминатиот период можевме да ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме двапати антикризни мерки за заштита на најранливите категории на граѓани и за заштита на компаниите во износ од 760 милиони евра. Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност за компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедиме 80 проценти субвенционирана струја, како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата, истакна премиерот. Со таквото одговорно однесување, додаде Ковачевски, изминатиот период се обезбеди и зголемување на минималната лата на 18 илјади денари, зголемување на пензиите, на платите во образованието, во полицијата, здравството… – Со истиот овој одговорен пристап, но и визија за иднината ние пристапуваме и кон енергетската трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостиг на енергенси. ЕУ и тука ја нуди својата поддршка и ќе е партнер од доверба обезбедувајќи можност за развој на проекти во енергетскиот сектор. Јас често пати зборувам за големите енергетски стратешки проекти кои во моментов се преговараат во Владата со стратешки партнери од странство, а еден од најголемите меѓу нив доаѓа токму од Франција – АКУО, кој е заинтересиран за изградба на голема фотоволтаична централа од 400 мегавати во регионот на Штип, подвлече премиерот. Тој уште еднаш нагласи дека иднината е во т.н. зелена енергија и во обезбедувањето енергетска независност. – Со правилна поддршка и правилно менаџирање јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во храм на зелена енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но да го снабдуваме регионот со струја од обновливи извори. Ова е иднината и не е недостижна. Ние веќе ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места и ќе ни донесат подобра заедничка иднина, рече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ochekuva-da-se-namalat-cenite-na-lebot-mlekoto-i-brashnoto-do-10-procenti/feed/ 0
Се очекува поевтинување на основните производи за 10 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-proizvodi-za-10-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-proizvodi-za-10-otsto/#respond Thu, 27 Oct 2022 11:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=751178

Владата ќе ги поддржи производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, како и преработувачите на млеко, но можно е листата да се прошири и со компаниите од месната индустрија. Тие ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е двојно помалку од цената на регулираниот пазар. Поради ова се очекува најпрво да се стабилизира пазарот, а потоа цената на лебот да се намали за околу 10 проценти. Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, до крајот на денот стопанските комори треба да достават дополнителни предлози со кои би се проширила листата на компании за поддршка. До утре ќе се направат сите калкулации во однос на евентуалните финансиски импликации, по што ќе биде донесена и конкретната одлука. Бектеши очекува поради намалувањето на цената на електричната енергија, компаниите од прехранбената индустрија да ги поевтинат производите. Доколку, пак, некој ја злоупотреби ситуацијата и домашните основни производи ги продава поскапо од увезените, не е исклучено, рече, Владата да донесе и мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи. Според компаниите, поевтината струја за еден месец ќе овозможи стабилизирање на пазарот, по што може да се утврди намалувањето на цената на пекарските производи за околу 10 отсто.
-Во финалната цена на одреден производи влегуваат многу инпути, а еден од нив е и електричната енергија. Во делот на инпутот на електричната енергија, тоа што моментно го имаат ќе биде двојно пониско и согласно таа формулација ќе бидат намалени најверојатно и цените на основните производи. Очекуваме до крајот на денот дополнителни предлози од стопанските комори за да се надополни листата. До утре ќе се напарават сите калкулации во делот на финансиските импликации. Можно е да бидат вклучени и преработувачите на месо и месни производи, но тоа веројатно ќе се знае утре, кога се очекува Владата да донесе одлука по направените анализи за потрошувачката и евентуалните финансиски импликации. Компаниите ќе плаќаат под 100 евра за мегават час, односно двојно пониска цена од онаа на регулираниот или речиси тројно пониска од онаа на отворениот пазар, информира Бектеши по средбата со претставниците од пекарската индустрија. Според него, до крајот на април ќе се намалат оперативните трошоци на компаниите. -Со тоа, секако,компаниите ќе можат да направат дополнителни калкулации во одредувањето на цените на производите. На ист начин, речиси слични одлуки, веќе се подготвени во соработка со ЕСМ и со другите енергетски компании, како и со институциите, посебно со Централен регистар, рече министерот. На прашањето дали и натаму домашното млеко ќе биде поскапо од увезеното, Бектеши одговори дека Владата за ова има соодветни механизми. -Мислам дека нема да биде поскапо. Владата има механизми, ако тоа се злоупотребува може директно да донесеме некои одлуки согласно кризата за замрзнување на цените одредени прехранбени производи, истакна Бектеши. Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски објасни дека по плаќањето поевтина струја, најпрво ќе следува стабилизација на пазарот па дури потоа ќе може да се каже за колку ќе поевтинат основните производи. За ова, потенцира Ѓорѓиевски, е неопходен сублимат од повеќе чекори, но и овој првиот, истакна, е многу значаен. -Таа стабилизација се надевам дека ќе трае околу еден месец. Ќе се види конкурентски како тоа ќе делува врз производителите по што може да се утврди дека за отприлика десетина проценти може да се спушти цената на основните производи, конкретно кај нас во пекарската индустрија. За поголемо намалување, потребни се други чекори, потребен е сублимат од повеќе чекори. Но, и овој првиот е многу важен, сериозен и квалитетен исчекор напред од страна на државата зашто ќе добиеме пониска цена на електричната енергија, а тоа ќе овозможи и ќе придонесе да се намалат цените на основните прехранбени производи и да бидат многу поприфатливи за потрошувачите. Покрај овој добар, сериозен исчекор, ние понатаму би очекувале и други соодветни исчекори кои уште повеќе би придонеле цената на основните производи да се спушти на уште пониско, посоодветно ниво. Ова е добар, квалитетен исчекор и се надевам дека ќе биде почеток на други со кои ќе се заокружи овој процес за обезбедување уште подобри цени, рече Ѓорѓиевски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-proizvodi-za-10-otsto/feed/ 0
Влада: Мерките даваат резултат, 5-10% намалени цените на основните производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-merkite-davaat-rezultat-5-10-namaleni-cenite-na-osnovnite-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-merkite-davaat-rezultat-5-10-namaleni-cenite-na-osnovnite-proizvodi/#respond Thu, 16 Jun 2022 11:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=691640

Одлуката на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, веднаш даде резултат. Цените на основните производи се намалени за 5 до 10%. Корекција на цените се прави од денес, а ќе продолжи и во претстојните денови. Најголемо намалување се очекува кај маслото за јадење и до 10%, понатаму кај тестенините, како и на сите останати основни производи опфатени во владината одлука, велат од Влада. Владата континуирано ја следи состојбата и во услови на најавени нови покачувања на цените на производите интервенираше веднаш за да го заштити стандардот на граѓаните. Заклучно со 30 септември 2022 година за леб, бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало. Во периодот кој следи, интензивно продолжуваат контролите за трговците, со цел да нема драстично зголемување на маржите и истите соодветно да се санкционираат. Владата и во иднина ќе ја следи состојбата и доколку условите на пазарот налагаат, ќе се разгледа можноста одлуката да продолжи до крај на 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-merkite-davaat-rezultat-5-10-namaleni-cenite-na-osnovnite-proizvodi/feed/ 0
Владата и официјално ги ограничи маржите на основните производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-i-oficijalno-gi-ogranichi-marzite-na-osnovnite-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-i-oficijalno-gi-ogranichi-marzite-na-osnovnite-proizvodi/#respond Tue, 14 Jun 2022 17:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=690882

Владата на Република Македонија на денешната 52 седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, соопшти владината прес-служба. Со оваа одлука, која е донесена по претходна консултација со бизнис заедницата и во координација со надлежните институции и која започнува да се применува од утре, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за шеќер бел како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало. Според оваа одлука, за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови во примарни и секундарни позиции. Оваа одлука на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, која има за цел да го заштити стандардот на граѓаните, е со важност до 30 септември 2022 година, со можност да продолжи до крајот на годината доколку условите на пазарот со цените тоа го бара. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-i-oficijalno-gi-ogranichi-marzite-na-osnovnite-proizvodi/feed/ 0
УЈП со важна информација: Оваа одлука ќе се спроведува од утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ujp-so-vazna-informacija-ovaa-odluka-kje-se-sproveduva-od-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ujp-so-vazna-informacija-ovaa-odluka-kje-se-sproveduva-od-utre/#respond Wed, 16 Mar 2022 16:40:28 +0000 https://kurir.mk/?p=648397

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5 проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до утре – 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати. Како што информираат од Управата за јавни приходи, ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност. -Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати, велат од УЈП. Оваа одлука ќе се спроведува од утре 17 март и ќе трае до 31 мај 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ujp-so-vazna-informacija-ovaa-odluka-kje-se-sproveduva-od-utre/feed/ 0
Инфлацијата од нула посто, минатиот месец се искачи на 6,7 отсто – нè очекува ли инфлаторен удар од 1 март со одмрзнување на основните намирници? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inflacijata-od-nula-posto-minatiot-mesec-se-iskachi-na-6-7-otsto-ne-ochekuva-li-inflatoren-udar-od-1-mart-so-odmrznuvanje-na-osnovnite-namirnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inflacijata-od-nula-posto-minatiot-mesec-se-iskachi-na-6-7-otsto-ne-ochekuva-li-inflatoren-udar-od-1-mart-so-odmrznuvanje-na-osnovnite-namirnici/#respond Sat, 19 Feb 2022 11:08:42 +0000 https://kurir.mk/?p=633485

Инфлацијата во Македонија подолг период е повисока од очекуваното, пред неколку дена соопшти Мисијата на Меѓународниот монетарн фонд (ММФ), а Народната банка во своето соопштение напиша дека од ММФ ѝ е препорачано будно да ги следи состојбите и ако е потребно навремено да интервенира со мерки. Пред две години инфлацијата беше нула отсто, минатиот месец се искачи на 6,7 отсто, значително е повисока од инфлацијата во Еврозоната. Од 1 март цените на дел од основните намирници кои беа замрзнати поради општата и енергетската криза, ќе бидат одмрзнати, што може да доведе до посилен ифлаторен удар. Поради пандемијата и енергетската криза инфлација повисока од проектираната има и во еврозоната, но во Македонија е со уште повисока стапка. Во земјава денарот со децении е стабилен во однос на еврото, курсот и сега се чини е стабилен, но податоците за инфлацијата внесуваат неизвесност. Затоа и ММФ ќе препорача Народната банка на Македонија да подготвува мерки доколку ваквите трендови продолжат. Инфлацијата во земјите од Европската Унија чија национална валута е еврото имаат инфлација која се објаснува со порастот на цените на струјата, гасот, мазутот, бензинот и нафтата, како и на цврстите горива, кои пак ги качуваат и цените на другите производи. Но во Македонија расте инфлацијата во последниот период и во јануари изнесува 6,7 проценти, а како што може да се забележи од илустрацијата, на графиконот се гледа дека и натаму е во раст, додека инфлацијата во Еврозоната е во пад. Во јануари таму изнесувала 5,1 отсто, што е значително пониско од македонската инфлација. Стравувањата се дека одмрзнувањето на цените на повеќе производи кои се поврзуваат со основната прехранбена кошничка на едно семејство, ќе предизвика нов инфлаторен удар. На сето тоа треба да се додаде и цената на горивата, која кај бензинот надмина 80 денари по литар, додека кај нафтата доближува до 80 денари, што не било случај никогаш. Последниот шок врз инфлацијата во јануари е и растот на цената на електричната енергија на сметките за домаќинствата од 9,4% и растот на цената на топлинската енергија за 14%, повторно како последица на енергетската криза. Дали отсуствуваа конкретни мерки во втората половина од минатата година? Според повеќемина економисти, Владата потфрли на тој план бидејќи сметаат дека требала да ги предвиди светските енергетски текови и да ја обезбеди државата навремено со енергенси, воедно и да ги оспособи македонските електро капацитети кои се соочија со недоволно вода во акумулациите и недостаток на јаглен за ТЕЦ Битола. Според државната статистика, цените на маслата и мастите уште во 2020 година растеа за 11%, продолжија и во 2021 година за 23,7%, и дополнително се зголемија во јануари за 1,2% (и покрај замрзнувањето). Цените на храната, лебот и житата во 2020 година се зголемија за 3,2%, во 2021 година за 2,6%, а во јануари и покрај замрзнатите цени, дополнително се зголемија за 1,2%. Генерално, од почетокот на пандемијата со ковид-19 (од март 2020 година до јануари 2022 година), кумулативниот раст на цените во домашната економија изнесува 8,6%, при значаен раст на цените на храната за 11% , висок раст на цените на услугите за домување од 11,6%, на цените на транспортот од 11,8% и на цените на услугите во рестораните и хотелите од 12%. Податоците на Статистика од почетокот на кризата со пандемијата до најновите податоци во јануари 2022 година покажуават дека населението осиромашува и дека ја носочува потрошувачката кон најпотребните прехранбени производи и кон некои услуги, како и за заштита на сопственото здравје. Инфлацијата во Македонија всушност започна порано од инфлацијата во Еврозоната, што може да се забележи на погоре објавениот графикон, што укажува дека генерално е производ од домашни фактори, од кои дел беа и под надврошни влијанија. Во прилог на тој податок е и фактот што Еврозоната во еден период имаше и дефлација. Предвидувањата на ММФ се дека можеби во втората половина од годинава инфлацијата ќе започне да се намалува, но предупредува дека тоа ќе зависи од домашните мерки. - Во согласност со глобалните трендови, повисоката инфлација веројатно ќе се задржи подолго во однос на претходните очекувања, намалувајќи се во текот на втората половина на 2022 година. Во наредниот период, Народната банка треба будно да ги следи движењата и потенцијалните ризици, нагласувајќи ја подготвеноста за реакција доколку е потребно, вели мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Извештајот за земјава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inflacijata-od-nula-posto-minatiot-mesec-se-iskachi-na-6-7-otsto-ne-ochekuva-li-inflatoren-udar-od-1-mart-so-odmrznuvanje-na-osnovnite-namirnici/feed/ 0
Цените на основните прехранбени производи „замрзнати“ до 31 јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-zamrznati-do-31-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-zamrznati-do-31-januari/#respond Sun, 05 Dec 2021 08:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=604206

Цените на основните прехранбени производи нема да се менуваат до крајот на јануари. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата до 31 јанури да се продаваат по цени што ги имале на 1 декември годинава. Замрзнувањето на цените ќе важи во трговијата на големо и во трговијата на мало. Одлуката за определување највисоки цени на основни прехранбени производи што вчера ја донесе Владата, може да биде продолжена и по 31 јануари 2021 ако тоа и натаму го бара состојбата на пазарот. Замрзнувањето на цените во петокот го најави министерот за економија Крешник Бектеши. Мерката е базирана на анализата и пресметките што ги направило Секторот за трговија при Министерството за економија. Бектеши најави дека ако предвидат оти ќе има ценовни шокови ќе се интервенира во рамки на надлежностите и согласно Законот за трговија. Со барање за замрзнување на цените на основните прехранбени производи претходно излезе Организацијата на потрошувачи на Македонија. Тоа, според ОПМ, е неопходна мерка за да се намали ударот на инфлацијата врз граѓаните, имајќи предвид дека со евентуалниот пораст на цената на струјата се очекува и нов бран на поскапувања кој ќе удри на потрошувачката кошница. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, смета дека замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти од страна на Владата, можеби ќе го ублажи, но никако не може да го стопира бранот на зголемена инфлација и намален стандард на граѓаните. Според него, причинител за инфлаторната спирала е енергетската криза, за чие надминување власта спроведува погрешни политики. -Тоа не се прави со ограничување на цената на производите, туку тоа е една од сетот мерки што требаше да се преземат, вели Мицкоски. С Македонија не е прва земја во регионот што ги замрзна цените на основните прехранбени и стратешки производи. Во Србија од 1 декември „под мраз“ на 60 дена се ставени цените на шеќерот, брашното, сончогледовото масло, свинското месо и млекото. Претходно тоа го направи и Црна Гора, а Хрватска пред еден месец ги замрзна цените на горивата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-zamrznati-do-31-januari/feed/ 0