основни училишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 10:19:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png основни училишта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорѓиевски: Дигитализација на сите основни училишта во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-digitalizatsija-na-site-osnovni-uchilishta-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-digitalizatsija-na-site-osnovni-uchilishta-vo-kisela-voda/#respond Tue, 24 Oct 2023 10:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=892472

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес достави смарт уреди во основните училишта во Кисела Вода. Со ова, велат од неговиот кабинет, дека сите основни училишта се опремени со смарт уреди во училниците, што е од голема корист за децата и зголемување на интересот за наставата која ја посетуваат. -Се наоѓаме во ООУ ,,Круме Кепески", со што можам да истакнам дека сите училници и кабинети во основните училишта во општина Кисела Вода од денес се опремени со смарт уреди. Во изминатите две години во повеќе наврати обезбедивме смарт табли или телевизори, а со денешната наша донација успеавме во целост да го реализираме дигитализирањето на училиштата. За децата, смарт уредите овозможуваат интерактивно учење и го зголемуваат интересот за наставата, додека за наставниците, овие технолошки алатки го збогатуваат наставниот процес, го подобруваат предавањето и овозможуваат пристап до разнообразни образовни ресурси. На овој, му претходеше проектот “Компјутер за секој наставник”, кој го спроведовме пред две години и со кој сите наставници добија можност во целост да си ги извршуваат своите обврски на работното место, да ги илустрираат и објаснат учебните содржини на подобар и поинтерактивен начин, како и да го пополнуваат електронскиот дневник. Поддршката на образованието и вложувањето во унапредување на наставниот процес и понатаму ќе остане да биде на врвот на приоритетите на Општина Кисела Вода. Верувам дека денешната инвестиција во нашите училишта е значаен придонес кон позитивен развојот на нашите млади генерации и создавње на иден квалитетен кадар кој добро ќе котира  на пазарот на трудот, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-digitalizatsija-na-site-osnovni-uchilishta-vo-kisela-voda/feed/ 0
Почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст: Со интонирање на македонската химна ќе започнува наставата во основните училиштa во Аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochitta-i-lubovta-kon-tatkovinata-se-gradat-od-najmala-vozrast-so-intonirane-na-makedonskata-himna-ke-zapochnuva-nastavata-vo-osnovnite-uchilishta-vo-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochitta-i-lubovta-kon-tatkovinata-se-gradat-od-najmala-vozrast-so-intonirane-na-makedonskata-himna-ke-zapochnuva-nastavata-vo-osnovnite-uchilishta-vo-aerodrom/#respond Mon, 02 Oct 2023 14:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=884318

Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, објави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. Посочува дека химната ќе се интонира затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст. -Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција, објави Муцунски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochitta-i-lubovta-kon-tatkovinata-se-gradat-od-najmala-vozrast-so-intonirane-na-makedonskata-himna-ke-zapochnuva-nastavata-vo-osnovnite-uchilishta-vo-aerodrom/feed/ 0
Стефковски: 6.800 ученици ќе добијат бесплатни униформи https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-6-800-uchenitsi-ke-dobijat-besplatni-uniformi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-6-800-uchenitsi-ke-dobijat-besplatni-uniformi/#respond Tue, 06 Jun 2023 09:22:25 +0000 https://kurir.mk/?p=842640

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална фејсбук страна информира дека во тек е постапката за набавка на бесплатни училишни униформи за сите ученици. Во објавата Стефковски напиша: ОБЕЗБЕДУВАМЕ БЕСПЛАТНА УНИФОРМА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК Со почеток на учебната 2023 / 2024 година, 6.800 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба ќе добијат бесплатна униформа. Со реализацијата на овој проект се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците. Постапката за набавка на училишните униформи е во тек, а од буџетот на општина Гази Баба се определни 12.000.000 денари. Дополнително реализираме и мерка за доделување на еднократна парична помош за секое семејство кое ќе има прваче во висина од 3000 денари, а истовремено општината субвенционира организирање на летен и зимски камп за најмладите. Реализацијата на сите овие мерки и проекти се во насока на постигнување на еднакви можности за сите деца! #ВетувањатаСеРеализираат - напиша Стефковски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-6-800-uchenitsi-ke-dobijat-besplatni-uniformi/feed/ 0
​Ѓорѓиевски: Основните училишта во Кисела Вода ќе добијат соларни панели https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-osnovnite-uchilishta-vo-kisela-voda-ke-dobijat-solarni-paneli/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-osnovnite-uchilishta-vo-kisela-voda-ke-dobijat-solarni-paneli/#respond Fri, 17 Mar 2023 16:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=813279

Основните училишта низ Општина Кисела Вода, ќе добијат соларни панели, како одговорно и домаќинско решение за снабдување со електрична енергија, најави денеска градоначаникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, при одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев” во населбата Драчево. Тој положи цвеќе пред бистата на големиот херој по кој е именувано училиштето во кое и самиот ги минал училишните денови. Ѓорѓиевски, како што соопштија од општината, пред присутните говореше за инвестициите кои Општина Кисела Вода ги спроведува во насока на унапредување на образовниот процес и истакна дека минатата година во ООУ „Кузман Шапкарев” била изградена сензорна соба која значително го олеснува и подобрува образовниот процес на учениците со попреченост, а потенцираше и дека инвестицискиот процес оваа година ќе биде дополнително засилен. -Убаво е да се биде дел од една долга и успешна приказна, каква што е оваа, на училиштето „Кузман Шапкарев”, што е 52 години континуиран растеж и успеси, кои се причина за гордост на секој вработен, но и на секој ученик кој излегол од тука и зачекорил кон иднината. Моменти за паметење од ова училиште носам и јас, како некогашен ученик и сокласник на многу од моите денешни пријатели. После повеќе од 20 години, го гледам „Кузман Шапкарев” со истата голема љубов, но денес, од позиција на човек кој ја има одговорната задача да работи на решавање на предизвиците поврзани со функционирањето на ова училиште. Како градоначалник, со големо задоволство работам на благородната задача да ги унапредиме условите за 695-те ученици на кои тука им се одвива наставниот процес, нагласи градоначалникот. Тој најави дека „Кузман Шапкарев” е едно од основните училишта во Општина Кисела Вода за кое планираат изградба на фотоволтаична централа со соларни панели. - Во услови на енормно зголемени цени на електричната енергија кои секојдневно растат, овој зафат претставува одговорно и домаќинско решение за снабдувањето со електрична енергија. Преку искористување на сончевата енергија, на еколошки начин ќе ги задоволиме потребите за електрична енергија на училиштето, а ова ќе биде и добар практичен пример за сите ученици за тоа како со енергетска ефикасност се штедат енергија и финасиски средства. За реализација на овој голем зафат сме во фаза на аплицирање за обезбедување на средства од Бирото за регионален развој преку Скопскиот плански регион и се надевам дека тие ќе ги препознаат нашите заложби и позитивно ќе одговорат на барањето кое ќе овозможи поевтино и еколошко снабдување на училиштата во нашата општина, посочи Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-osnovnite-uchilishta-vo-kisela-voda-ke-dobijat-solarni-paneli/feed/ 0
ДЕТАЛИ: Дојави за бомби во 33 основни училишта во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-dojavi-za-bombi-vo-33-osnovni-uchilishta-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-dojavi-za-bombi-vo-33-osnovni-uchilishta-vo-skopje/#respond Tue, 07 Feb 2023 12:19:49 +0000 https://kurir.mk/?p=797249

Триесет и три основни училишта во Скопје денеска добиле дојава за поставена бомба. Како што информира МВР, дојавите се пријавени во полиција околу 12:30 часот, а пристигнале преку електронските адреси на училиштата. -Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-dojavi-za-bombi-vo-33-osnovni-uchilishta-vo-skopje/feed/ 0
ПОВТОРНО НА МЕТА: Во Белград утринава дојави за бомби во средни и основни училишта, децата евакуирани (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-na-meta-vo-belgrad-utrinava-dojavi-za-bombi-vo-sredni-i-osnovni-uchilishta-decata-evakuirani-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-na-meta-vo-belgrad-utrinava-dojavi-za-bombi-vo-sredni-i-osnovni-uchilishta-decata-evakuirani-foto/#respond Mon, 17 Oct 2022 09:31:14 +0000 https://kurir.mk/?p=746345

На електронските адреси на пет училишта во Белград утринава пристигнале пријави за поставена бомба, a во едно училиште е потврдено дека се работи за лажна пријава, соопшти Министерството за образование, наука и технолошки развој. Како што се наведува, пријави се добиени во Медицинското училиште во Звездара, 13-та белградска гимназија, гимназијата „Бараево“ и на адресите на двете основни училишта „Павле Поповиќ“ во Враниќ и „Бранислав Нушиќ“ во Вождовац дознава Данас. Учениците од училиштето „Павле Поповиќ“ во Враниќ се вратени на настава, откако српското МВР утврдило дека се работи за лажна пријава. Пријавата стигнала и во гимназијата „Патријарх Павле“, потврди за Данас директорот на тоа училиште Јасмин Николовски. Тој вели дека на адресата на училиштето стигнал мејлот кој е истакнат на веб-страницата на гимназијата и дека веднаш потоа децата ги изнесле надвор и ги испратиле дома, а втората смена ќе оди на настава нормално. Николовски вели дека во училиштето има полициски екипи и дека увидот е при крај. Од летово процедурата е променета, па сега е известена локалната полициска станица, чии членови вршат увид во училиштето. Како што е објавено на социјалните мрежи, учениците и наставниците се евакуирани од училиштето и сите се пред училиштето. Директорот на 13-та белградска гимназија Бојан Вучковиќ за Данас потврди дека дојавата за поставената бомба стигнала на училишниот мејл во 8:49 часот. Вучковиќ вели дека училиштето веднаш било евакуирано и дека ја известил полицијата. - Службеници од локалната полиција дојдоа и извршија увид во училиштето и утврдија дека пријавата е лажна. Учениците изгубија еден час и се вратија на час - вели Вучковиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-na-meta-vo-belgrad-utrinava-dojavi-za-bombi-vo-sredni-i-osnovni-uchilishta-decata-evakuirani-foto/feed/ 0
Во Сараево евакуирани основни училишта по дојава за поставена бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-saraevo-evakuirani-osnovni-uchilishta-po-dojava-za-postavena-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-saraevo-evakuirani-osnovni-uchilishta-po-dojava-za-postavena-bomba/#respond Wed, 25 May 2022 08:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=681201

Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на БиХ, Сараево денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби. Училиштата преку електронска пошта биле известени дека во објектите е поставена бомба, а учениците и наставниците, од превентивни причини, веднаш се евакуирани. На терен е полицијата која проверува дали заканата е реална. Во изминатиот период во Сараево зачестија дојавите за бомби, а досега биле лажни. Цели на анонимните закани, покрај училиштата се и судовите. И во Србија во изминатите два месеци зачестија дојавите за бомби, пред сè во училиштата, но и во други институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-saraevo-evakuirani-osnovni-uchilishta-po-dojava-za-postavena-bomba/feed/ 0
Неделков: Се штрајкува во сите основни и средни училишта и во градинките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-se-shtrajkuva-vo-site-osnovni-i-sredni-uchilishta-i-vo-gradinkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-se-shtrajkuva-vo-site-osnovni-i-sredni-uchilishta-i-vo-gradinkite/#respond Mon, 11 Apr 2022 12:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=661353

Според наша оценка и сознанија, се штрајкува во сите основни и средни училишта и во градинките, и тие што не се членови на СОНК масовно се вклучуваат во штрајкот, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на прес-конференција соопштувајќи за генералниот штрајк кој почна денеска заради исполнување на барањето веднаш да се зголемат платите во дејностите образование и детска заштита. Рече дека околу 25 илјади вработени во училиштата и градинките денеска се вклучиле во штрајкот, а минорен е, како што рече, бројот и не е повеќе од илјада на тие што не учествуваат. Мал бил бројот на ученици во основните и средните училишта и релативно мал број на деца во градинките. – Пресреќни сме што немало никаков инцидент, ниту некое дете било оставено пред врата. Најважно е што е пратена пораката до надлежните која е многу јасна – огромно е незадоволството во градинките, основните и средните училишта кои имаат проблем со нивниот социјален статус, истакна Неделков. Според претседателот на СОНК, во градинките имало, како што рече, посериозни притисоци во однос на настојување на директори воспитувачите да го прекинат штрајкот и да влезат во детските групи. Соопшти дека голем е бројот на тие што не штрајкуваат во градинките „Орце Николов“ во Карпош и „Кочо Рацин“ во Центар, во градинките во Валандово, во Гевгелија половина не се во штрајк, како и во некои други општини каде што имало помал број штрајкувачи кои, рече Неделков, морале да бидат на работните места иако се во штрајк. За една градинка во Битола рече дека има основа да поднесат кривична пријава, зашто се барало списоци, што е спротивно на правилата на штрајкување и на законите. Нагласи дека процесот на штрајк никој не сме да го прекине и дека за спречување на штрајкот се предвидени кривични пријави. Освен ова, проблем имало и со работното време на штрајкување зашто се толкува Законот за работни односи, но овие се посебни дејности, рече Неделков, и вработените не се обврзани да бидат на работа по осум часа. -Во најмала рака, треба да договорат со директорите и градоначалниците да се штрајкува онолку колку што биле и смените во училиштата. Инсистирањето да се штрајкува осум часа е непродуктивно и се прават дополнителни трошоци во установата. Дополнително, за колегите кои се во рамазански пости е и нехумано од втората смена да се враќаат дури во 7 или во 8 часот кога е почната вечерата. Сѐ ова оди во правец на реваншизам, вршење притисок и уцени врз оние кои штрајкуваат да прекинат со штрајкот. Но, колегите со тоа сигурно нема да се поколебаат. Напротив, мотивот да истраат и да бидат во штрајк е уште поголем и од таа причина мора да се најде заедничко решение и заеднички јазик со штрајкувачкиот одбор, рече Неделков. Тој денеска имал краток разговор со министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој му најавил дека можеби ќе се сретнат утре. Рече дека чекаат да бидат повикани на средба, но дека тоа мора да биде конструктивен и конкретен дијалог, а не, како што рече, пропаднат и бесцелен разговор. – Расположени сме тежината на нашите аргументи уште еднаш да ги претставиме пред надлежните и да ги убедиме дека ова што го бараме е издржано, да најдеме заедничко решение, да можеме да им излеземе на сите оние што се засегнати од нашиот штрајк и неможноста да одат на работа поради неможноста за згрижување на нивните деца, рече Неделков кој се извини за таквата ситуација, но и се заблагодари за масовната поддршка што СОНК ја добил во сите делови од државата. Штрајкот ќе продолжи и утре зашто дури и вечерва да има средба со претставници од Владата и да има согласност, рече претседателот на СОНК, ќе треба предлозите да одат во процедура кај членството и да добијат овластување за евентуално прекин на штрајкот или одбивање на предлогот. -Процедурата мора да се запази и тоа бара време, додаде Неделков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelkov-se-shtrajkuva-vo-site-osnovni-i-sredni-uchilishta-i-vo-gradinkite/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Обезбедивме 16 нови дигитални табли за основните училишта во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-obezbedivme-16-novi-digitalni-tabli-za-osnovnite-uchilishta-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-obezbedivme-16-novi-digitalni-tabli-za-osnovnite-uchilishta-vo-kisela-voda/#respond Tue, 29 Mar 2022 10:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=655012

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ “Св. Климент Охридски”, во кое од вчера се поставени нови дигитални табли. Истите се дел од донацијата која Општина Кисела Вода ја обезбеди преку партнерство со Центарот за развој на Скопски плански регион и преку која, 16 вакви уреди се распоредени низ сите општински училишта. Со ова, смарт уреди и услови за унапредување на наставниот процес, има во сите училишни објекти во општина Кисела Вода. Опремени се со 43 дигитални табли и 75 смарт телевизори. -Денес сме во ООУ “Св. Климент Охридски” каде се поставени нови дигитални табли, како дел од проектот за осовременување на училиштата, преку стимулирање на дигиталните вештини и знаења. Имено, преку партнерство со Центарот за развој на Скопскиот плански регион обезбедивме 16 смарт табли кои ќе бидат поставени во училиштата низ општината и ќе овозможат дополнително унапредување на наставниот процес. Инвестициите во образованието се поставени високо во приоритетите на делување во Општина Кисела Вода, за што се доказ бројните проекти кои веќе се реализираат. Ќе потсетам на проектот “Компјутер за секој наставник”, со кој Општина Кисела Вода, преку донации обезбеди компјутер за секоја училница од сите 11 училишни објекти, што, пак, овозможи поквалитетно изведување на онлајн наставата за учениците кои се во изолација и можност наставниците во целост да си ги извршуваат своите обврски на работното место. Денешниот проект за поставување на дигитални табли е само уште еден чекор во исполнување на ветувањето што го дадов на моите сограѓани за современи услови за сите наши ученици-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при денешната посета на училиштето, каде учениците веќе ги користеа дигиталните уреди на часовите по математика и биологија. Во “Св. Климент Охридски”, годинава настава посетуваат 418 ученици. Со денешната донација, во сите училници има дигитални уреди и можности за осовременување на наставата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-obezbedivme-16-novi-digitalni-tabli-za-osnovnite-uchilishta-vo-kisela-voda/feed/ 0
Втор ден затворени дел од училиштата во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vtor-den-zatvoreni-del-od-uchilishtata-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vtor-den-zatvoreni-del-od-uchilishtata-vo-atina/#respond Fri, 11 Mar 2022 10:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=645361

Основните и средните училишта во северниот, западниот и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и денеска, втор ден по ред се затворени поради невремето „Филипос” што донесе снег во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката е на префектот на областа Атика Јоргос Патулис по состанокот и консултациите со градоначалниците на општините, а согласно прогнозите на метеоролозите.

Паралелно од синоќа во сила е мерката за забрана за сообраќај на тешки возила по 22 часот на еден дел од автопатот од Атина кон Ламија.

Невремето „Филипос“ донесе ниски температури и снег во цела Грција. с

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vtor-den-zatvoreni-del-od-uchilishtata-vo-atina/feed/ 0