основно образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 18:02:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png основно образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаневска: Пропаднатата концепција за основно мора да се менува, но во соработка со наставниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-propadnatata-kontseptsija-za-osnovno-mora-da-se-menuva-no-vo-sorabotka-so-nastavnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-propadnatata-kontseptsija-za-osnovno-mora-da-se-menuva-no-vo-sorabotka-so-nastavnitsite/#respond Fri, 01 Sep 2023 18:02:01 +0000 https://kurir.mk/?p=873517

За добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително вели Јаневска, ова не е реформа, ова е пропадната реформа како што вели и еден од креаторите на истата, Кирил Барбареев. „Не е реформа во број и распород на часови реформата е во тоа што ќе улат децата, како ќе учат каков ќе биде резултатот на крај од тоа што наставниците вложиле. Ние сите знаеме дека треба реформа, дека треба да се менуваат податоците кои се застарени, да се учат децата да анализираат и слично. Но, за образованието треба консензус. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде позиција која не ја слуша опозицијата. Ние ќе ги слушаме нивните критики ако се издржани. Оваа концепција ќе мора да претрпи длабоки реформи, она што е добро ќе се задржи вече насртавниците имаат искуство, но она за уште сека кажуваат дека не е во ред е запишано и ќе се најде начин да се среди тоа“, кажа Јаневска. Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење. Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар. „Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари“, вели Јаневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-propadnatata-kontseptsija-za-osnovno-mora-da-se-menuva-no-vo-sorabotka-so-nastavnitsite/feed/ 0
Од септември ќе бидат ангажирани над 800 образовни асистенти во основните училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-ke-bidat-angazhirani-nad-800-obrazovni-asistenti-vo-osnovnite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-ke-bidat-angazhirani-nad-800-obrazovni-asistenti-vo-osnovnite-uchilishta/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=855869

Повеќе од 800 образовни асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта во новата учебна година, за да им помагаат на учениците со посебни образовни потреби полесно да ја совладуваат наставната материја и училишните обврски. Тоа значи дека поддршката кон овие ученици постојано расте. Образовната асистенција и натаму е обврска на државата, односно не е финансиски товар на семејствата на учениците. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата со директорките на двете скопски основни училишта со ресурсни центри „Златан Сремец“ и „Иднина“ - Марија Делетиќ и Лорета Андреевска, на која се дискутираше за подготвителните активности кои во моментов се спроведуваат и ќе следат за успешен старт на новата учебна година за сите ученици со попреченост. „Образовната асистенција започна со ангажирање на 500тини стручни лица во основното образование пред 2 години. Изминатава учебна година имавме 720, а од следната бројката ќе биде уште поголема. Целосно ќе го обезбедиме буџетот за нивно ангажирање и родителите, односно старателите на учениците со попреченост нема да имаат никакви финансиски издатоци по овој основ“, рече Шаќири. Тој информираше дека во постапка на изработка е нов Закон за средно образование и дека во истиот се предвидува ангажирање на образовни асистенти и во средните училишта, кои досега се вклучуваа преку програма за општинско корисна работа, склучена помеѓу општините, Град Скопје, МОН, МТСП и УНДП како финансиер. Улогата на образовните асистенти е различна од ученик до ученик и зависи од процената по МКФ (меѓународна класификација на функционирање), дадените препораки, индивидуалниот образовен план за работа со ученикот со посебни потреби, од паралелката и училиштето. Работните задачи на образовниот асистент се уредени со Правилник за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи на образовниот и личниот асистент, а обуките за нив ги организираат основните училишта со ресурсни центри, каде и воедно истите се вработуваат. Инаку, во основните општински училишта во земјава се вклучени околу 2000 ученици со посебни образовни потреби, додека во средните се инклудирани 300 ученици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-ke-bidat-angazhirani-nad-800-obrazovni-asistenti-vo-osnovnite-uchilishta/feed/ 0
Почна дистрибуцијата на новите учебници за основно образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-distribucijata-na-novite-uchebnici-za-osnovno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-distribucijata-na-novite-uchebnici-za-osnovno-obrazovanie/#respond Fri, 18 Nov 2022 13:38:53 +0000 https://kurir.mk/?p=762948

Министерството за образование и наука информира дека вчера почнала испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование и дека ќе се заокружи во следните две недели. – Станува збор за 52 учебника изработени согласно нови наставни програми и напишани на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата – македонски, албански, турски, српски и босански јазик. Тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје. Веднаш по овој приоритет, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование, соопшти Министерство за образование и наука. Од почетокот на 2022/2023 година учениците од прво, второ, четврто и петто одделение користат материјали за учење во кои се разработени содржини за првото тримесечје од учебната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-distribucijata-na-novite-uchebnici-za-osnovno-obrazovanie/feed/ 0
Доделени стипендии на талентирани ученици во основното и средното образование во Општина Радовиш https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeleni-stipendii-na-talentirani-uchenici-vo-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-vo-opshtina-radovish/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeleni-stipendii-na-talentirani-uchenici-vo-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-vo-opshtina-radovish/#respond Mon, 27 Dec 2021 19:18:36 +0000 https://kurir.mk/?p=613776

Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов преку Фејсбук објава ја информираше јавноста дека во текот на денешниот ден беа доделени договори за стипендии на талентирани ученици во основното и средното образование во Радовиш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeleni-stipendii-na-talentirani-uchenici-vo-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-vo-opshtina-radovish/feed/ 0
Завршува зимскиот распуст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-zimskiot-raspust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-zimskiot-raspust/#respond Wed, 20 Jan 2021 09:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=457387

За основците и средношколците денеска е последниот ден од зимскиот распуст кој трае од 31 декември. Утре ќе го продолжат второто полугодие од учебната 2020/2021 година и ќе се вратат на настава – пред ИТ-уредите или во училишните клупи. Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159. Денеска е и последниот ден за праќање по електронска пошта до МОН коментари, предлози и сугестии за Нацрт-концепцијата за основното образование која е поставена на веб-страницата на Министерството за образование и наука. Министерката Мила Царовска во петокот соопшти дека и отккао ќе заврши рокот за коментари по мејл (20 јануари), ќе продолжат усните дебати со сите засегнати во процесот за, како што рече, „да се расчистат дилемите кои намерно или ненамерно беа наметнати во јавноста“. – МОН и работната група што ја направи концепцијата ќе ги земе предвид конструктивните коментари и во наредниот период ќе треба заеднички да ја донесеме новата концепција и да почнеме во наредната училишна година, изјави Царовска во петокот. Таа денеска ќе има средба со директорите на основните училиштата во врска со нацрт-концепцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-zimskiot-raspust/feed/ 0
МОН: Не укинуваме научна дисциплина, правиме реформа и концепт кој функционира во Европа, Америка, Австралија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-ne-ukinuvame-nauchna-disciplina-pravime-reforma-i-koncept-koj-funkcionira-vo-evropa-amerika-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-ne-ukinuvame-nauchna-disciplina-pravime-reforma-i-koncept-koj-funkcionira-vo-evropa-amerika-avstralija/#respond Thu, 17 Dec 2020 09:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=444512

Реформите кои се подготвуваат во основно образование не значат укинување на ниту една научна дисциплина. Напротив, со нив се подобрува концептот на кој учениците ќе ги изучуваат сите предмети. Новото основно образование на ученикот ќе му даде целосна слика за одреден настан или тема, што се постигнува со интердисциплинарен и интегриран пристап, односно поврзување на информациите од повеќе предмети. Ваквиот пристап им овозможува на учениците полесно да ги поврзат наставните содржини со реалноста и да ја согледаат смислата на она што го учат, велат од МОН по низата реакции во јавноста. Министерството за образование и наука ги основа овие реформи врз современи концепти и приоди, а со цел учениците да се стекнат со знаења од сите области - историја, географија или содржини од друга научна дисциплина. -Но, тоа ќе биде на начин прилагоден на нивната возраст, начин кој ги руши строгите граници меѓу дисциплините и го претставува светот, процесите и појавите во нивната поврзаност и единство. Ваквите наставни планови успешно функционираат во речиси сите земји во Европа, Америка, Австралија, односно во наставниот план на ИБ програмата. Во овој момент, пред јавната расправа се зборува и презентира Концепт. Конкретните наставни програми во кои ќе бидат поставени очекуваните резултатите од учењето, а врз основа на нив и содржините што учениците треба да ги совладаат од одделните научни дисциплини (историја, географија, граѓанско образование) ќе бидат дефинирани понатаму. Во овој процес, при изработката на наставните програми, ќе бидат вклучени универзитетски професори и наставници од соодветните области. Согласно истражувањата, извештајот на ОЕЦД за нашата земја како и резултатите од меѓународните студии, постигнувањата и знаењата на нашите ученици се меѓу најниските на листата на учесници во тие студии. Ова е директна последица на начинот на кој е оформен образовниот систем. Учениците учат факти, не умеат да ги поврзуваат информациите и знаењата од различните дисциплини што ги добиваат преку изучувањето на различни наставни предмети во основното образование. Затоа е особено важно да се промовира учењето преку истражување кое е можно единствено преку интеграција и интердисциплинарно изучување. Тоа е начинот да го подобриме образованието и негуваме креативни и иновативни ученици, се наведува во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-ne-ukinuvame-nauchna-disciplina-pravime-reforma-i-koncept-koj-funkcionira-vo-evropa-amerika-avstralija/feed/ 0
Бумбароски: Изјавата на Цароска дека децата не можеле да поврзуваат факти е навредлива за чинителите на воспитно-образовниот процес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bumbaroski-izjavata-na-caroska-deka-decata-ne-mozele-da-povrzuvaat-fakti-e-navredliva-za-chinitelite-na-vospitno-obrazovniot-proces/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bumbaroski-izjavata-na-caroska-deka-decata-ne-mozele-da-povrzuvaat-fakti-e-navredliva-za-chinitelite-na-vospitno-obrazovniot-proces/#respond Thu, 17 Dec 2020 08:15:07 +0000 https://kurir.mk/?p=444424

Голем број наставници и професори реагираат откако вчера во јавноста излезе информацијата дека предметот историја во основното образование се укинува како посебен и ќе биде дел од предмет „Општествени науки“ кои ќе го изучуваат учениците. Реакција предизивика и изјавата на министерската за образование и наука, Мила Царовска која, меѓу другото, истакна дека учениците не можеле да поврзуваат факти. -Денешната изјава на министерката дека децата не можеле да поврзуваат факти е страшно навредлива за сите чинители на воспитно-образовниот процес. Исто така министерката во говорот спомна дека концептот е по примерот на Финска, и со тоа мисли дека е оправдан. Е па вака: Министерке, ние уште многу имаме да јадеме леб за да стигнеме до тој модел. Во Финска наставникот е подигнат на ниво на божество. Таму наставникот е најважната алка во општеството и се слуша неговиот глас, а не на некои минливи политичари..., реагира на Фејбсук, Гоце Бумбароски, наставник во основно училиште во Прилеп. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bumbaroski-izjavata-na-caroska-deka-decata-ne-mozele-da-povrzuvaat-fakti-e-navredliva-za-chinitelite-na-vospitno-obrazovniot-proces/feed/ 0
Дали Заев ја брише историјата од основно образование за да и угоди на Бугарија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-zaev-ja-brishe-istorijata-od-osnovno-obrazovanie-za-da-i-ugodi-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-zaev-ja-brishe-istorijata-od-osnovno-obrazovanie-za-da-i-ugodi-na-bugarija/#respond Wed, 16 Dec 2020 14:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=444129

Дали Заев ја брише историјата од основно образование за да и угоди на Бугарија? Македонскиот народ и дефинитивно ќе остане без историја. Тоа што се започна со договорите со Грција и Бугарија и со откажување од македонската историја, сега доби и потврда преку образовниот процес како систематски ќе се подготвува бришењето на историјата. Вчера на еден таен начин беше претставен новиот Концепт за основно образование, во кој се бришат предмети, а науките се спојуваат во една. Така на пример владата предводена од СДСМ и министерството за образование решиле дека треба во еден предмет треба да ги спојат историја, географија, граѓанско, философија, етика и антропологија. Настрана од тоа што се споени несродни науки, историјата како хуманистичка наука со природна наука како географијата, но од МОН немаат ни план како и кој ќе предава и каде ќе се едуцираат идните наставници. Сепак времето и контекстот во кој се прави тоа со право ни дава сомнежи дека отстраниувањето на историјата како посебен предмет се прави со друга цел. Историјата беше дел од преговорите со Грција, таму премиерот Заев и вицепремиерот Никола Димитров прифатија дека целата античка македонска историја и припаѓа на грчката. За таа цел целосно го игнорираа светски признатиот факт за постоење на хеленизмот и истиот го поистоветуваа со хеленски, што се работи за две сосема различни работи. Но тоа не ги интересираше. Со договорот со Бугарија се прифаќа т.н. концепт на заедничка историја или како што Бугарија го поима тоа дека македонската истрија била дел од бугарската. Уцената на Бугарија е јасна, односно дека се до 1944 година и припаѓа на Бугарија, а и премиерот Заев и неговиот специјален претставник Владо Бучковски постојано инсистираат на таа заедничка историја. За таа цел се обидуваат и да извршат притисок врз историската комисија и да ја минираат нејзината работа како полесно би ги прифатиле бугарските барања, бидејќи како што е познато, една од работите за кои дискутира комисијата се токму учебниците по историја за основно образование. Но, како тоа ќе се претстави во Македонија за полесно да се прифати, се разбира го најдоа начинот. Со исклучување на историјата од образовниот процес. Дека тоа е така реагираат и историчарите. Професорот по историја на Филозофски факултет, Александар Атанасовски на Фејсбук напиша дека ова се прави во духот да и се угоди на Бугарија, а истото ќе значи и крај за Македонија и Македонците. Исто така според професорите Инститот за историја каде што се образуваат идните наставници и професори, не бил консултиран за планот на владата. Неверојатно, институцијата која прва треба да биде консултирана, била игнорирана. Смешни се оправдувањата на министерката дека ова се прави за учениците да не учат факти, туку да размиуслуваат. Се прави спротивното, со кратење на времето за предавање на историјата со толку мал простор може да се набројат само фактите, а не да се објасни историскиот контекст за полесно да се разбере. Досега наставниците ја објаснуваа корелацијата со другите предмети, така да и тука греши Царовска. Сепак јасна е тенденцијата. Ако немаш историја во образование полесно ќе се откажеш од македонското минато. Затоа со право се отвора прашањето дали ова е од еден поширок план на премиерот Заев кој го прифаќа со преговорите со Бугарија, а според кој македонската историја ќе постои само во последните 70-тина години на една вештачка нова нација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-zaev-ja-brishe-istorijata-od-osnovno-obrazovanie-za-da-i-ugodi-na-bugarija/feed/ 0
Студенти од Институтот за историја против новиот концепт за основно образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studenti-od-institutot-za-istorija-protiv-noviot-koncept-za-osnovno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studenti-od-institutot-za-istorija-protiv-noviot-koncept-za-osnovno-obrazovanie/#respond Wed, 16 Dec 2020 14:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=444136

Новиот Концепт за основно образование кој го промовираше министерката за образование и наука, Мила Царовска според кој некои предмети се групираат во еден и нема да постојат како засебни наиде на негативни реакции кај студентите на Институтот за историја кои не само што се противат на ваквиот пристап, туку имаат и голем број прашања. Историчарот Васко Гичевски вели дека ова е направено без никаква анализа, а ниту логика и потенцира дека во ваков процес мора да бидат вклучени сите засегнати, а не само одбрани лица. Воедно тој бара веднаш да се прекине со оваа иницијатива бидејќи има премногу спорни елементи кои не смеат да влезат во финална фаза. Ставот на Гичевски, за кој вели дека има поддршка и од неговите колеги ви го пренесуваме во целост. Ставот го пренесуваме во целост: „1.Во однос на „Концепцијата за ново основно образование“ ни фалат минимум две работи, за да знаеме и воопшто за што зборуваме: – Кои личности се дел од овој процес (презентацијата ја направија Виолета Бешка, Зекирија Хасипи и Митко Чешларов) – Недостасува детален елаборат каде издржано ќе се изнесат сите аргументи на креаторите. Сходно потоа ние засегнатите од тоа решение ќе ги разгледаме, и според научните принципи ќе ги отфрлиме или ќе ги прифатиме 2. Во соопштението се изнесува дека со оваа Концепција нашето образование ќе биде во чекор со образованието во Словенија Естонија и Финска. Ние и предходно бевме во чекор со Кембриџ образованието, ама не она во Англија туку она во Гана и Индија. Сакале ние или не, моделот на образование е општествено стереотипен (еден модел на образование функционира само во едно општество), односно образовниот модел е дефиниран од целокупната производно економска опстојност на едно општество. За да замените модел на образование, треба да ги промените коренито општествено економските и производните сили, кое тоа образование ги опслужува и обратно силите кои на тоа образование му овозможуват материјален простор за функционирање. Ние што направивме? Ние влегуваме „мешеечки“ во се ова, го воведуваме само колку да кажеме дека имаме современо образование, без никаква анализа и никаква логика и секогаш потоа излегуваме „грбачки“ со тешки образовни недостатоци и деформитети! 3. Апелирам иако можеби без ефект, да не си ги повторуваме низата неуспешни педагошки експерименти, кои ги има безмалку, колку што сме имале влади до сега. Да не се оди со слепо копирање на образовни модели и решенија, кои кај нас практично ќе имаат нула употребна вредност. Доколку мотивот е глупаво да ископираме и преведеме некој учебник и да склопиме програма која ќе ја предава несоодветен кадар, и се тоа да го наречеме образование, по еди кој си терк, тогаш горко и тешко на нас а богами и на оној на кого се повикуваме. Треба повторно да доживееме да се оградат од нашето образование како што Кембриџ се огради од нашето „Кембриџ образование“? 4. Ја истакнувам важноста на тоа се ова да е отворена постапка, каде ќе учествуваат сите засегнати во процесот а не само неколкумина одбрани. Тие одбрани, многу често се нессодветни лица, кои единствено знаат добро да слугуваат и да изиграваат интелектуален декор на било кое решение, ако предходно добијат определени финансии, покачувања на плати, проекти итн. Патем и ова Концепција ќе чини веројатно прилично многу, а доколку се дозволи таа да се наметне, тогаш ќе имаме и многу тешки образовни последици. Од она што го видовме од презентацијата, таму има немалку спорни елементи кои никако не смее да се дозволи да преминат во финална фаза! 5. Од тука, ги повикувам сите колеги, сите засегнати во овој процес, да излезат и јавно со свои лични и колективни ставови, да се спротиставиме кон ваквото брзоплето носење на разни концепции. Дрско и безобзирно да се исечат во корен сите вакви несоодветни иницијативи, кои се спроведуваат од малкумина луѓе! Јас сесрдно се залагам за подобрено образование за што има и начини и методи, ама предложената концепција изведена на ваков начин, со ваква нетранспарентност, не може и не смее да се прифати. Јас во лично име со индигнација ја отфрлам целокупната досегашна работа на содветната работна група поради предходно наведените пречини! Повикувам кон ова отфрлањето на оваа нетранспарентна концепција, да се приклучат сите здраворазумни и одговорни чинители на нашите засегнати професии. Поддршка од партиски полтрони кои ги наполнија школите, од директорите на тие партиски установи, како и од неофицијално невладините а дефакто владините организации не ни е потребна. Интелектуалната камарила која поддржува се владино и се што им носи бенефит, која е стручна за се, а за ништо подетално, барем сега во услови кога постојат илјадници стручни кадри, за момент треба да занеме! Секако и да зборуваат, јас како дипломиран историчар а верувам и колегите нема да го прифатиме нивното мислење и нема воопшто да биде валоризирано, доколку тоа навлегува во нашите зони на стручно делување“, стои во ставот на Гичевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studenti-od-institutot-za-istorija-protiv-noviot-koncept-za-osnovno-obrazovanie/feed/ 0
Царовска за предметот историја: Новите генерации треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-za-predmetot-istorija-novite-generacii-treba-da-uchat-pomalku-fakti-no-mnogu-povekje-da-razmisluvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-za-predmetot-istorija-novite-generacii-treba-da-uchat-pomalku-fakti-no-mnogu-povekje-da-razmisluvaat/#respond Wed, 16 Dec 2020 11:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=443988

Новата концепција за основно образование, со која повеќе предмети се интегрираат во еден предмет, а историја повеќе нема да се изучува како посебен, туку дел од општествените науки, министерката за образование и наука Мила Царовска го објасни како промени кои се во согласност со развиените земји каде има интеграција на природни и општествени науки. Таа негира дека спојувањето на историја со другите предмети се должи на моменталниот спор со Бугарија и негирањето на бугарската страна на нашата историја. – Исто, предметот по биологија и предметот по хемија се интегрираат во исто време кога се отвора дискусијата со бугарската страна. Прави некаква разлика? Зборуваме за интеграција на природни и општествени науки што се случува секаде во светот во развиените земји коишто постигнуваат огромни резултати кај своите ученици. Нашата идеја е да создадеме младина, граѓани, иднина којашто ќе може да ја движи оваа држава кон економски и социјален развој. Токму затоа образованието и промените коишто ги правиме се создадени врз основа на анализи коишто се претходно добро подготвени врз основа на одредени методологии коишто даваат точно каде се критичните точки. А критичните точки се дека нашите деца учат многу предмети, но само фактографски без да поврзуваат, истакна Царовска. Таа потенцира дека е потребен концепт на преминување од фактичко учење кон размислување или училиште во коешто ќе се учи најзначајното. – Тоа се новите генерации коишто треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат, да анализираат различна литература и да донесуваат одлуки врз основа на анализите коишто самостојно ги направиле, вели министерката. Царовска потенцира дека концепцијата за основно образование е развојна. Таа се базира на домашни и меѓународни истражувања, но исто така и на анализа на постојни светски добро поставени концепции за основно образование коишто даваат одлични резултати кај учениците. – И ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден, како главно носечки, и правото на изборни предмети и воннаставни содржини е секаде во светот, во развиените земји, поставен како таков. Зошто? Затоа што кажав дека на тој начин ги учи учениците да не помнат само факти, туку ги учи да учат и критички да размислуваат за одредена тема. Исто така даваме можност учениците да го постигнат својот личен потенцијал од најмала возраст. И секако, училиштето треба да не учи на вредности коишто во изминатиот период и не така баш беа воспоставени во системите за образование, рече Царовска. Таа апелира професорите, учениците и наставници да ги следат промените. – Ќе има јавна презентација. Сега сме во дискусија со засегнатите страни и процесот ќе биде транспарентен, рече Царовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-za-predmetot-istorija-novite-generacii-treba-da-uchat-pomalku-fakti-no-mnogu-povekje-da-razmisluvaat/feed/ 0