основно училиште владо тасевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Jun 2021 09:02:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png основно училиште владо тасевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКАНДАЛ: „Владо Тасевски“ брка веќе примени првачиња, а „Братство“ присилно сака да ги запише, МОН тврди дека се крши Законот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vlado-tasevski-brka-vekje-primeni-prvachinja-a-bratstvo-prisilno-saka-da-gi-zapishe-mon-tvrdi-deka-se-krshi-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vlado-tasevski-brka-vekje-primeni-prvachinja-a-bratstvo-prisilno-saka-da-gi-zapishe-mon-tvrdi-deka-se-krshi-zakonot/#respond Thu, 24 Jun 2021 08:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=527352

Вистински СКАНДАЛ се случува во образовниот систем, а во спрегата се вмешани двете основни училишта „Владо Тасевски“ и „Братство“, општината Карпош како и Министерството за образование и наука. Имено веќе запишани првачиња под партиски притисок од основното училиште „Владо Тасевски“ се отпишуваат под присила дека треба да се запишат во основното училиште „Братство“, но ништо немаше да биде спорно додека не се кршеше членот 63 од Законот за образование кој вели: Родителот, односно старателот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува и од училиштето од реонот во кој живее или каде што постојано престојува, како и членот 61 во кој се вели дека: За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето, најдоцна до 15 јуни. Родителите на речиси десетина деца веќе неколку дена мака мачат со притисокот кој го вршат двете училишта. -Детето ми е запишано во градинката „Пролет“ која се наоѓа веднаш до училиштето „Владо Тасевски“, ги земавме сите потребни потврди и документи кои ги бараше училиштето за упис, исто така го посетивме и училиштето каде му беше направено интервју на моето дете и тест, потоа ми се јавија и ми честитаа дека моето дете го поминало тестот и дека од 1 септември може да започне во прво одделение. Притоа ми ги земаа и моите податоци уверувајќи се дека живеам во ренот на училиштето каде го запишувам детето, започнува да ја раскажува оваа голгота 33 годишниот  родител и жител на Карпош. Тој вели и дека секојдневно на детето му ги покажувал сообраќајните знаци, блиските продавници, трговскиот центар и пешачките зони подготвувајќи го за старт на нов почеток од септември. Детето се радувало што сите негови другарчиња од градинка ќе учат заедно со него, но потоа настанал вистински пресврт во оваа убава приказна на едно прваче. -Ми се јави директорката од „Братство“ и ме фрапира со заканата дека моето дете мора да учи во тоа училиште, откако ја контактирав директорката на „Владо Тасевски“ таа ми рече дека се под притисок и дека мора две паралелки на македонски јазик да се формираат во другото училиште на територијата исто така на Карпош. Другата наша соговорничка, пак исто така е во неверување дека нејзиното едно дете учи во „Владо Тасевски“, но другото кое ќе биде прваче од месец септември мора да го запише во „Братство“ поради притисокот и нечија партиска игра. -Двете деца ќе ми бидат раздвоени, наместо заедно да одат и да се враќаат од истото основно училиште. Сите дечиња од маалото кои одат во иста градинка сега ќе бидат присилно одвоени бидејќи така наложило Министерството за образование и наука, но и општината Карпош, додава таа. Третиот наш сведок пак вели дека парадоксално е да се нема право на избор во кое училиште ќе учи детето, а истото да се врши со присила. Одговор побаравме и од Министерството за образование и наука кое јасно потврдува дека мора да се почитува Законот за основно образование. „Согласно членот 63 од Законот за основното образование, родителот, односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Родителот може да го запише детето и во друго основно училиште во истиот или друг реон, ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува и од училиштето од реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина. Основачот на училиштето, односно општината го утврдува реонот на основните училишта од кои се запишуваат учениците во училиштата. Во текот на школувањето ученикот може да премине во друго основно училиште ако има согласност од училиштето во коешто преминува“, се вели во одговорот од министерството. Општина Карпош пак, вели дека: „Запишувањето на ученици во десетте основни училишта во Карпош, се спроведува согласно донесената реонизација. Односно, МВР доставува список на ученици до општината, кои ќе бидат првачиња во тековната година и согласно местото на живеење се запишуваат во реонското основно училиште. Ова е и од практични причини, каде што секој се запишува во училиштето кое му е најблиску, но и во согласност со урбанистичките планови, за плански развој на населбите. Сите десет основни училишта располагаат со квалитетна инфраструктура и современи услови, со цел да се овозможи квалитетен образовен процес на учениците. Одговор побаравме и од основното училиште „Владо Тасевски“ од каде вчера два пати не одбиваа со образложение дека секретарката не е тука, а потоа на вториот повик ни одговорија дека баш во тој момент директорката е на состанок (веќе познато), последниот повик вчера заврши исто така безуспешно. Утрово исто така ја побаравме директорката Викторија Кочевска која ни рекоа дека е низ училиштето и да се јавиме за 15 до 20 минути, но за жал сите понатамошни обиди завршија со гаснење на телефоните. Одговор побаравме и од училиштето кое го врши најголемиот притисок во случајов „Братство“ од каде ни изјавија дека одговорот да го бараме во другото училиште. „Со братство немате врска, родителите нека одат каде таму што се жалат, јас ништо не знам, одговорот нека го бараат родителите во „Владо Тасевски“ зашто не се примени тие дечиња, тоа е од мене“, исцрпно ни одговорија во телефонскиот разговор од „Братство“. Утрово исто така на родителите им пристигнала и пораката дека до денес мора да си ги подигнат документите на децата кои иако беа примени сега се избркани од училиштето. Инаку ова не се први вакви скандали за двете училишта, јавноста е сведок на изборот на директор во училиштето „Братство“, како и за дрскоста на претходната директорка на „Владо Тасевски“ кон новинарите и несовесноста за време на пандемија како и за криењето на заразени наставнички.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vlado-tasevski-brka-vekje-primeni-prvachinja-a-bratstvo-prisilno-saka-da-gi-zapishe-mon-tvrdi-deka-se-krshi-zakonot/feed/ 0
Уште двајца наставници од Скопје позитивни на ковид-19, децата не се во изолација https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ushte-dvajca-nastavnici-od-skopje-pozitivni-na-kovid-19-decata-ne-se-vo-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ushte-dvajca-nastavnici-od-skopje-pozitivni-na-kovid-19-decata-ne-se-vo-izolacija/#respond Tue, 13 Oct 2020 14:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=415788

Наставничка од основното училиште „Владо Тасевски“ од скопската општина Карпош е позитивна на коронавирусот, како и наставник од „Димитар Миладинов“, објави телевизија „Телма“. Наставничката е во изолација од средата откако добила позитивен тест, додека учениците од второ одделение на кои им предавала уште не се во изолација, по одлуката донесена во консултација со епидемиолог, согласно со протоколите. Наставникот од „Димитар Миладинов“ е асимптоматски случај и не оди на работа од четвртокот. Од училиштето истакнале дека биле запазени сите мерки и протоколи и дека децата на кои тој им држел часови не се во изолација, според информациите на „Телма“. Досега над 50 основци и 10 наставници се позитивни на ковид-19 или се во изолација поради контакт со заразен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ushte-dvajca-nastavnici-od-skopje-pozitivni-na-kovid-19-decata-ne-se-vo-izolacija/feed/ 0
Откако директорката се обиде да сокрие, општина Карпош потврди: Во „ОУ. Владо Тасевски“ позитивна наставничка по англиски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-direktorkata-se-obide-da-sokrie-opshtina-karposh-potvrdi-vo-ou-vlado-tasevski-pozitivna-nastavnichka-po-angliski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-direktorkata-se-obide-da-sokrie-opshtina-karposh-potvrdi-vo-ou-vlado-tasevski-pozitivna-nastavnichka-po-angliski-jazik/#respond Tue, 13 Oct 2020 08:16:29 +0000 https://kurir.mk/?p=415590

Откако викендов редакцијата на КУРИР се обиде информацијата за позитивната наставничка од ова училиште да ја потврди од директорката на основното училиште „Владо Тасевски“ таа на игнорантски начин ја спишти слушалката. -Од КУРИР?, има мене кој да ми ја потврди информацијата, пријатно, кратко ни одговори директорката Елка Даскалова. По ова одговор побаравме од општина Карпош која дури денеска на првиот работен ден, по споениот викенд ни ја потврди информацијата дека во ова училиште има позитивна наставничка. „Почитувани, информацијата е точна. Се работи за наставничка по англиски јазик во 2 одделение, но по констатираната состојба, ( во средата), наставничката веднаш постапила по протоколите и мерките за самоизолација и останала дома. Заразена е надвор од училиштето, односно контактот со заразено лице од Ковид-19 го имала надвор од рамките на ООУ ,, Владо Тасевски“. По консултација со епидемиолот, и согласно протоколот и алгоритамот предвиден од Комисијата за заразни болести, е одлучено, учениците од ова одделение да не одат во самоизолација. Основните училишта, кои се под ингеренции на Општина Карпош, максимално ги следат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19 пандемијата“, стои во нивниот одговор. Од таму додаваат дека градоначалникот Стефан Богоев, беше во посета на ООУ „Лазо Трповски“, да ја увиди фактичката состојба на спроведување на наставата со физичко присуство, но и он лајн наставата. Првиот човек на Карпош апелираше на максимална ажурност, внимателност и почитување на мерките за заштита од овој вирус, на сите кои учествуваат во воспитно-образовниот процес во Карпош. Инаку освен во Карпош, речиси алармантна е состојбата и во останатите скопски општини каде има позитивни случаи на наставнички и ученици. И додека Министерството за образование и наука се уште „спие“ сликата е иста и во сите градови во земјава, се повеќе деца од најмала возраст и нивните наставници се заразени или се во изолација поради вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-direktorkata-se-obide-da-sokrie-opshtina-karposh-potvrdi-vo-ou-vlado-tasevski-pozitivna-nastavnichka-po-angliski-jazik/feed/ 0
Можен нов случај на коронавирус во скопско основно училиште, директорката со игнорантски однос ни ја спушти слушалката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozen-nov-sluchaj-na-koronavirus-vo-skopsko-osnovno-uchilishte-direktorkata-na-ignorantski-odnos-ni-ja-spushti-slushalkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozen-nov-sluchaj-na-koronavirus-vo-skopsko-osnovno-uchilishte-direktorkata-na-ignorantski-odnos-ni-ja-spushti-slushalkata/#respond Sun, 11 Oct 2020 10:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=415028

Игнорантски однос на директорката на основното училиште „Владо Тасевски“ во општина Карпош. Откако редакцијата на КУРИР ја контактираше директорката на основното училиште „Владо Тасевски“ во општина Карпош за да ја потврди или демантира информацијата дали наставничка по англиски јазик била заразена со коронавирус, таа ја спушти слушалката. -Од КУРИР?, има мене кој да ми ја потврди информацијата, пријатно, кратко ни одговори директорката Елка Даскалова. Инаку нашата редакција ја побара Даскалова за да ни ја потврди информацијата до која стигнавме, а тоа е дека во ова основно училиште наставничка по англиски јазик била позитивна на коронавирусот. Одговор побаравме и од општина Карпош на чија територија се наоѓа ова основно училиште, доколку добиеме нивен став, во целост ќе и биде пренесен на јавноста. И додека власта ги тера родителите сами да им купуваат компјутери на своите деца, и додека со евтин маркетинг организираат викенд без ДДВ и додека се повеќе ученици и персонал е заразен со вирусот, власта молчи и има игнорантски, дрзок и неетички однос кон неистомислениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozen-nov-sluchaj-na-koronavirus-vo-skopsko-osnovno-uchilishte-direktorkata-na-ignorantski-odnos-ni-ja-spushti-slushalkata/feed/ 0
Директорката на „Владо Тасевски“ Даскалова пред да ја спушти слушалката на КУРИР: Тоа што родителите се вознемирени е нивен проблем! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-vlado-tasevski-daskalova-pred-da-ja-spushti-slushalkata-na-kurir-toa-shto-roditelite-se-voznemireni-e-niven-problem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-vlado-tasevski-daskalova-pred-da-ja-spushti-slushalkata-na-kurir-toa-shto-roditelite-se-voznemireni-e-niven-problem/#respond Tue, 10 Mar 2020 11:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=314508

Паниката кај родителите чии деца учат во основното училиште Владо Тасевски се повеќе расте. Денеска родители се пожалија дека нивните деца во паника сакале да ја напуштат наставата поради ново настанатата ситуација, а биле спречени од директорката и наставниците. КУРИР се обрати за изјава и до директорката на основното училиште Елка Даскалова која во кратка изјава пред да ни го спушти телефонот ни изјави дека се уште не добила никакви насоки од Министерството за образование, Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје. -Настава се одржува во училиштето, апсолутно, сите наставници ми се на број. Тоа што родителите се вознемирени е нивен проблем, ние не сме ли родители, наставниците и сите тие што сме сите на работа. Ние си постапуваме според Министерството за образование и Министерството за здравство, крај, пријатно!, заврши со спуштање на слушалката Даскалова. Инаку од денеска три ученици од основното училиште Владо Тасевски од Козле се во домашна изолација откако вчера министерот за здравство Венко Филипче даде препорака до сите дерматолози кои биле на симпозиумот во Рагуза да останат дома со своите семејства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-vlado-tasevski-daskalova-pred-da-ja-spushti-slushalkata-na-kurir-toa-shto-roditelite-se-voznemireni-e-niven-problem/feed/ 0