основно училиште Живко Брајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 May 2018 14:48:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png основно училиште Живко Брајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Суспендиран наставникот што претепа ученик со дрвен стап во „Живко Брајковски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-nastavnikot-shto-pretepa-uchenik-so-drven-stap-vo-zivko-brajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-nastavnikot-shto-pretepa-uchenik-so-drven-stap-vo-zivko-brajkovski/#respond Thu, 10 May 2018 14:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=52675

Наставникот кој пред два дена со дрвен стап натепал ученик во основното училиште „Живко Брајковски“ е суспендиран додека не се расчисти случајот, велат во општината Бутел. – На 8 мај 2018 година, градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и Одделението за јавни дејности, беа известени за физичко малтретирање на ученик од страна на наставник во основното училиште „Живко Брајковски“. Помошник-директорот и педагогот на училиштето веднаш го информирале родителот на ученикот и го повикале во училиштето. Извршен е разговор со ученикот, родителот и наставникот. По разговорот, родителот го однел ученикот во здравствена установа, каде што е извршен преглед и е утврдено дека ученикот има видливи повреди. По извршениот преглед, по службена должност лекарот го пријавил случајот во МВР од каде што ги посетиле родителот и училиштето за прибирање информации и изјави од службите и од одговорните лица – велат од Општината Бутел. МВР потврди дека настрадал 13 годишен ученик, кој со стап бил тепан од неговиот учител, а како што информираа медиумите, тепачот бил наставник по албански јазик и книжевност. Од Општината додаваат дека согласно Законот за основно образование и Законот за работни односи, раководниот орган на основното училиште истиот ден донел одлука за суспензија на наставникот до конечното решение, а според мислење на дисциплинска комисија, конституирана на седница на училишниот одбор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-nastavnikot-shto-pretepa-uchenik-so-drven-stap-vo-zivko-brajkovski/feed/ 0