Основното јавно обвинителство Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Jul 2023 09:40:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Основното јавно обвинителство Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЈО: Предложен притвор за лице барано со меѓународна потерница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-predlozhen-pritvor-za-litse-barano-so-megunarodna-poternitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-predlozhen-pritvor-za-litse-barano-so-megunarodna-poternitsa/#respond Sun, 23 Jul 2023 09:40:17 +0000 https://kurir.mk/?p=859148

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга достави предлог за определување притвор против 35-годишен државјанин на Република Албанија за кого од 31 мај е издадена меѓународна потерница со барање за апсење од Интерпол Брисел, Белгија, а јавен обвинител му поредложи на Судот да му определи притвор. Како што информира ОЈО, странскиот државјанин на 22 јули бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан-Струга. -Белгиските власти го бараат за издржување казна затвор од 3 години и 4 месеци, бидејќи бил осуден за кривичните дела – фалсификување, перење пари, недозволена трговија со оружје, криминално организирање и фалсификување патни исправи, согласно белгиското законодавство, соопшти ОЈО. Јавниот обвинител му предложи на Судот да определи притвор за странскиот државјанин со оглед на тоа што тој се наоѓа во бегство од државните органи на Белгија и доколку биде пуштен на слобода повторно би можел да стане недостапен за да го избегне издржувањето на затворската казна во таа држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-predlozhen-pritvor-za-litse-barano-so-megunarodna-poternitsa/feed/ 0
Стоилковски: ЈО да отвори сериозна истрага за сите крими-афери на омилениот играч на Заев, Ден Дончев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-jo-da-otvori-seriozna-istraga-za-site-krimi-aferi-na-omileniot-igrach-na-zaev-den-donchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-jo-da-otvori-seriozna-istraga-za-site-krimi-aferi-na-omileniot-igrach-na-zaev-den-donchev/#respond Sun, 17 May 2020 10:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=346898

Уште еден функционер на СДСМ фатен во криминал, уште еден случај за кој што Обвинителството е затворено во пупката на Заев. Во овој хибриден режим, Јовески и Русковска реагираат само од немај-каде, кога случајот би излегол во јавност, а и во тој случај не секогаш предметите имаат завршница, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. -Во овој хибриден режим кој што прави компромиси со криминалот, информации и докази стојат во фиока и по неколку години, со што директно Обвинителството создава неправда. ЈО се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев. Цела година знаеле за нелегалните приходи на Ден Дончев, а не презеле никакви дејства. И повторно требаше медиумите да објават за тоа да соопштат дека се води истрага за Дончев, пред речиси една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари. Ден Дончев половина година примал пари од муртинската фирма „Ремаркет“, за консултантски услуги кои ги давал додека бил и директор на ФЗОМ. Тоа е спротивно на закон, спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и земал пари од дејност која што не смеел да ја извршува во исто време додека директорувал со ФЗОМ. Па зошто чекаше ЈО една година и зошто не отвораше истрага против Ден Дончев!? Притоа Ден Дончев е омилениот играч на Заев, за кој што веќе има кривична и судски процес за случајот Рекет 2, обвинет за рекетирање и спречување на странски инвестиции во домашното здравство и спречување на поквалитетни здравствени услуги за граѓаните. Дополнително ЈО треба да одговори зошто ги толерира и други афери за Дончев за кои што, како што пишуваат медиумите, имаат докази, а сепак истрага нема ни на повидок!?, прашува Стоилковски. Тој додава дека според информациите од медиумите Ден Дончев годишно преку посредници можеби земал над два милиони евра од компании и фирми кои што за да си ги земат парите од ФЗОМ морале да му исплатат процент! -Очекуваме ЈО да се оттргне од канџите на Заев и да почне да работи според законот и според дадените заклетви. ЈО мора да отвори сериозна истрага за сите крими-афери на омилениот играч на Заев, Ден Дончев. Доколку сепак се одлучат да му слугуваат до крај на криминалецот од Муртино, правда ќе има со воспоставувањето на правната држава по изборите. Со СДСМ и Заев, Македонија е оценета како хибриден режим, и добивме неспособност, криминал и сиромаштија. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е за правна држава, без компромиси со криминалот, и за владеење на морален кодекс, рече Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-jo-da-otvori-seriozna-istraga-za-site-krimi-aferi-na-omileniot-igrach-na-zaev-den-donchev/feed/ 0
Обвинети шест лица за неовластено изработување, држење,посредување и тргување со оружје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvineti-shest-lica-za-neovlasteno-izrabotuvanje-drzenje-posreduvanje-i-trguvanje-so-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvineti-shest-lica-za-neovlasteno-izrabotuvanje-drzenje-posreduvanje-i-trguvanje-so-oruzje/#respond Tue, 11 Feb 2020 14:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=302452

По сеопфатна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик. Во текот на месец октомври 2018 година, првообвинетиот како организатор, со уште тројца обвинети, создал организирана криминална група која до февруари 2019 година, неовластено изработувала, држела, продавала и посредувала во трговија со огнено оружје и муниција во поголемо количество. Првообвинетиот набавувал пиштоли за светлосна и звучна сигнализација од непознато место и му ги давал на второобвинетиот, кој во неговата работилница со употреба на пригоден алат неовластено изработувал огнено оружје. Тој ги вадел цевките што служат за испукување на гасен куршум и со дополнителна неовластена механичка интервенција монтирал метална жлебена цевка, со која овозможувал преправеното оружје да се употребува како огнено оружје за истрелување на проектили од пиштолска муниција обично со калибар 7,65мм. На ваков начин гасните пиштоли ги пренаменувал во огнено оружје кое може да се употребува за нанесување на тешки повреди со смртни последици. Членовите на криминалната група потоа, пронаоѓале заинтересирани лица во земјава и го продавале огненото оружје за цена од 150 до 400 евра. Како купувачи се појавуваат осомничени и обвинети лица во други кривично – правни настани, а повремени купувачи се и двајца обвинети во овој предмет. Со обвинителниот акт, надлежниот обвинител достави и предлог за одземање на огненото оружје, муницијата и средствата за нивно изработување, пренесување и растурање.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvineti-shest-lica-za-neovlasteno-izrabotuvanje-drzenje-posreduvanje-i-trguvanje-so-oruzje/feed/ 0
Поднесено обвинение за тешка повреда пред дискотека во Марино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-teshka-povreda-pred-diskoteka-vo-marino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-teshka-povreda-pred-diskoteka-vo-marino/#respond Tue, 03 Dec 2019 10:26:48 +0000 https://kurir.mk/?p=272592

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едниот обвинет се гони за кривично дело – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.3 од Кривичниот законик, додека неговиот брат за помагање при извршување на истото кривично дело. На 23 март годинава, 19-годишниот обвинет, помогнат од неговиот 20-годишен брат, со умисла нанел тешка телесна повреда на едно лице пред дискотека во скопското село Марино. Оштетениот пред тоалетот на дискотеката најпрвин физички бил нападнат од постариот брат, кој го удрил со бокс во пределот на лицето. Потоа пред дискотеката бил пресретнат од обвинетите, при што помладиот брат дошол од неговата лева страна и со нож го прободел во левиот долен дел на стомакот, нанесувајќи му тешки телесни повреди и оштетување на бубрегот и на слезината. По настанот, двајцата обвинети со возило заедно го напуштиле местото. За двајцата обвинети на сила се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за преминување на државната граница со друг личен документ, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетениот и со сведоците на настанот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-teshka-povreda-pred-diskoteka-vo-marino/feed/ 0
Две лица под истрага: Филмско разбојништво во заложна куќа во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-pod-istraga-filmsko-razbojnishtvo-vo-zalozna-kukja-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-pod-istraga-filmsko-razbojnishtvo-vo-zalozna-kukja-vo-skopje/#respond Fri, 20 Sep 2019 12:52:46 +0000 https://kurir.mk/?p=242859

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека вчера извршиле разбојништво во заложна куќа. -Лицата на возраст од 23 и 22 години, по претходен договор, заедно влегле во објект на заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, и со закана кон еден вработен одзеле парични средства. Едниот осомничен, држејќи пиштол марка „Пјетро Берета“ во раката, побарал од оштетениот да го отвори сефот и да ги извади парите. Оштетениот постапил по ваквата наредба, го отворил сефот и му дал 120.000 денари. По ова, вториот осомничен самиот се приближил до сефот и го зел остатокот од 180.000 денари кои се наоѓале внатре. Двајцата осомничени потоа го напуштиле местото со мотор кој бил паркиран во близина на заложната куќа, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. Надлежниот јавен обвинител оценил дека се исполнети законските основи, па до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-pod-istraga-filmsko-razbojnishtvo-vo-zalozna-kukja-vo-skopje/feed/ 0