Основното јавно обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 May 2022 10:53:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Основното јавно обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истрага против кичевец кај кого беше пронајден кокаин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-protiv-kichevec-kaj-kogo-beshe-pronajden-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-protiv-kichevec-kaj-kogo-beshe-pronajden-kokain/#respond Fri, 20 May 2022 10:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=679478

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен жител на градот, осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни суптанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 15 мај, во домот на осомничениот на улицата „Буковиќ“ во Кичево, биле пронајдени 379,4 грама наркотична дрога – кокаин. Оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-protiv-kichevec-kaj-kogo-beshe-pronajden-kokain/feed/ 0
Не застанал на полициски знак, па започнал хаосот: Успеал да избега, па подоцна повторно го стопирале, но наместо да застане сакал да ги прегази! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ne-zastanal-na-policiski-znak-pa-zapochnal-haosot-uspeal-da-izbega-pa-podocna-povtorno-go-stopirale-no-namesto-da-zastane-sakal-da-gi-pregazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ne-zastanal-na-policiski-znak-pa-zapochnal-haosot-uspeal-da-izbega-pa-podocna-povtorno-go-stopirale-no-namesto-da-zastane-sakal-da-gi-pregazi/#respond Wed, 23 Jun 2021 12:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=527079

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 16 мај, обвинетиот 33-годишник од село Беловиште, управувал рент-а-кар возило Шкода рапид со скопски регистарски ознаки. Во близина на една бензинска пумпа во Гостивар се движел со брзина над дозволената. Тоа го забележал полициски службеник кој преземал службени дејствија за контрола на брзината во сообраќајот – радар, па на возачот му сигнализирал да запре. Наместо тоа, обвинетиот ја зголемил брзината и продолжил да се движи кон центарот на Гостивар. По извесно време, се вратил и со голема брзина претекнал неколку автомобили. Кога оштетениот со палка повторно му дал знак да сопре, обвинетиот нагло свртел со воланот кон него и изгубил контрола врз автомобилот. Полицискиот службеник успеал да се тргне настрана и да го избегне возилото.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ne-zastanal-na-policiski-znak-pa-zapochnal-haosot-uspeal-da-izbega-pa-podocna-povtorno-go-stopirale-no-namesto-da-zastane-sakal-da-gi-pregazi/feed/ 0
Поднесено обвинение за даночно затајување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-za-danochno-zatajuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-za-danochno-zatajuvanje/#respond Wed, 17 Mar 2021 08:59:36 +0000 https://kurir.mk/?p=483539

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице за кривичните дела – Даночно затајување и Фалсификување или уништување на деловни книги. Во периодот од 22.12.2016 до 20.05.2018 година, со намера да избегне плаќање на давачка на која е обврзан со закон, првообвинетиот, во својство на управител и овластен потписник во обвинетото правно лице од село Топлица, Врапчиште, затаил парични средства на име данок на додадена вредност, персонален данок на доход и данок на добивка во вкупен износ од 2.447.852 денари. На овој начин, управителот е обвинет дека сторил кривични дела – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 и став 3, како и Фалсификување или уништување на деловни книги според член 280 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Фирмата, пак, како правно лице сторила кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 3 во врска со став 1 и став 2 од Кривичниот законик.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseno-obvinenie-za-danochno-zatajuvanje/feed/ 0
Во Тетово поведена постапка против лице кое прегази пешак, па побегна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovo-povedena-postapka-protiv-lice-koe-pregazi-peshak-pa-pobegna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovo-povedena-postapka-protiv-lice-koe-pregazi-peshak-pa-pobegna/#respond Wed, 09 Dec 2020 10:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=440791

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице осомничено за кривични дела – Загрозување на безбедноста во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода согласно член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 6 декември, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На критичниот ден тој управувал со автомобил Форд ескорт со тетовски регистарски ознаки и по регионалниот пат од Тетово кон село Пршовце возел со брзина неприспособена кон состојбата и условите на патот. Возејќи со поголема брзина низ населено место и по воден коловоз, не успеал навреме да запре, па со предниот десен дел од автомобилот удрил во пешак кој поминувал преку патот. По несреќата осомничениот не застанал за да му укаже помош на повредениот, туку веднаш избегал од местото. Оштетениот од здобиените тешки телесни повреди починал на местото на несреќата. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tetovo-povedena-postapka-protiv-lice-koe-pregazi-peshak-pa-pobegna/feed/ 0
Во основните јавни обвинителства пристигнати неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-osnovnite-javni-obvinitelstva-pristignati-nekolku-izvestuvanja-za-eventualni-izborni-neregularnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-osnovnite-javni-obvinitelstva-pristignati-nekolku-izvestuvanja-za-eventualni-izborni-neregularnosti/#respond Wed, 15 Jul 2020 12:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=376248

До 13 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected] пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности. Од Јавното обвинителство на Северна Македонија информираат дека по сите добиени известувања се постапува итно и со приоритет. Во Основното јавно обвинителство Струмица денеска е доставено известување за лице кое на бензиска станица во село Василево нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издало наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите. Во Струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени вечерта на 14 јули. Едниот во село Добрадинци каде околу 21 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија, а вториот настан се случил во село Дражево, каде околу 21:50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија. Во Основното јавно обвинителство Скопје добиено е известување за настан во избирачко место во ОУ Петар Поп Арсов каде на лице со истечена лична карта не му било дозволено да гласа, по што тој започнал вербална расправија и со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор. Во Основното јавно обвинителство Кочани се преземаат дејствија за расчистување на вкупно пријавени шест настани кои се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места. На електронската адреса на која граѓаните можат да пријават сомненија за изборни нерегуларности денеска пристигнати се вкупно пет известувања. Претставници на една политичка партија испратиле четири известувања за наводен поткуп на гласачи кои се вршеле во избирачки места во Кочани. Известувањата се итно проследени во надлежното Основно јавно обвинителство Кочани и по нив се постапува. Основач на граѓанска организација испратил известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-osnovnite-javni-obvinitelstva-pristignati-nekolku-izvestuvanja-za-eventualni-izborni-neregularnosti/feed/ 0
СДСМ не сака закон за Јавно обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-ne-saka-zakon-za-javno-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-ne-saka-zakon-za-javno-obvinitelstvo/#respond Sat, 01 Feb 2020 15:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=297995

СДСМ е страната која што не сака да се донесе квалитетен закон за јавно обвинителство и доколку навистина сака да се донесе законот треба се внесат сериозни забелешки на експертите по ова прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Доколку се инкорпорираат забелешките на експертите, кои беа скоро едногласни за одредени членови од законот, ВМРО-ДПМНЕ утре е подготвено да го гласа таквиот закон во Собранието. Зачудувачки е министер за правда да дава ултиматум на пратеници. Министерот е избран од Собранието, тој одговара пред Собранието. Логично е органот, министерство за правда да ги подготви тие забелешки- изјави за Канал 5 Тимчо Муцунски, од ВМРО-ДПМНЕ, дел од преговарачкиот тим на партијата за Законот за јавно обвинителство. СДСМ нема желба и волја за носење на овој важен реформски закон. Според Муцунски во моментот кога се изготви нацрт закон во Министерството за правда, веднаш не се  не се свика јавна расправа која се покажала како крајно целисходна и од која произлегло дека и експертите имаат сериозни забелешки. -Ние требаше да имаме јавна расправа уште пред 8-9 месеци. ВМРО-ДПМНЕ инсистираше на јавна расправа и видовме дека тоа беше навистина целисходно. Експертите дадоа сериозни критики и забелешки- дополни Муцунски. Според ВМРО-ДПМНЕ текстот по кој се водеше јавната расправа во собранието и по кој експертите ги дадоа своите видувања и своите заклучоци се уште е драфт верзија, која не е дадена како предлог текст до Собранието на Република Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ако министерката Дескоска зборува за оној предлог текст кој што е во собраниска процедура веќе имаше поднесено амандмани]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-ne-saka-zakon-za-javno-obvinitelstvo/feed/ 0
Притвор за насилник: Со стакло повредил две лица да им земе пари и мобилен, па нападнал и друг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-nasilnik-so-staklo-povredil-dve-lica-da-im-zeme-pari-i-mobilen-pa-napadnal-i-drug/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-nasilnik-so-staklo-povredil-dve-lica-da-im-zeme-pari-i-mobilen-pa-napadnal-i-drug/#respond Tue, 10 Dec 2019 14:40:02 +0000 https://kurir.mk/?p=275605

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за сторени три кривични дела и тоа – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Самовластие од член 392 став 2 во врска со точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот околу 20:30 часот на 5-ти декември, во домот на оштетените во Гевгелија, по вербална расправија физички ги нападнал двете оштетени и тоа во присуство на шестгодишното дете на една од оштетените. Тој со удари со стаклена чаша нанел физички повреди кај двете оштетени, притоа предизвикувајќи чувство на несигурност, загрозување и страв. По нападот, осомничениот одзел банкнота од 200 евра и мобилен телефон марка Ајфон X11, сметајќи дека прибавува право кое му припаѓа. Се упатил кон излезот и почнал да бега по скалите во колективната станбена зграда каде го сретнал и третиот оштетен, па и него физички го нападнал. Со оглед на тоа што на осомничениот за кој се води постапка за други кривични дела од судот му биле определени мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува на овластено службено лице и привремено одземање на патна исправа, а кои осомничениот не ги почитувал, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор, за што достави предлог до судот. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 8 дена. Oсновното јавно обвинителство]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-nasilnik-so-staklo-povredil-dve-lica-da-im-zeme-pari-i-mobilen-pa-napadnal-i-drug/feed/ 0
Со дрога од Албанија тргнале кон Гевгелија да ја продадат на Грци, две лица во притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-droga-od-albanija-trgnale-kon-gevgelija-da-ja-prodadat-na-grci-dve-lica-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-droga-od-albanija-trgnale-kon-gevgelija-da-ja-prodadat-na-grci-dve-lica-vo-pritvor/#respond Tue, 10 Dec 2019 12:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=275539

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за двајца соизвршители кои сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на 8-ми декември со возило Опел Вектра пренесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 26.980,00 грама, спакувана во 27 најлонски пакувања ставени во две патнички торби. Тие дрогата ја презеле во Република Албанија од засега непознати лица и тргнале во правец од Корча кон Гевгелија за да ја предадат дрогата на засега непознати лица во Република Грција, а за превозот на дрогата договориле надомест во висина од  2500 евра. Осомничените биле забележани од полициски службеници, кои поради сомнение започнале да го следат возилото. Осомничените откако ги забележале полицајците, започнале да бегаат со возилото, но биле сопрени од овластените службени лица при обид да се  исклучат од магистралниот пат Ресен – Битола кај с. Кажани. Надлежен јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор за осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена. Основното јавно обвинителство
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-droga-od-albanija-trgnale-kon-gevgelija-da-ja-prodadat-na-grci-dve-lica-vo-pritvor/feed/ 0