осогово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Feb 2023 15:36:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осогово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во шумски пожар на Осогово изгореа 20 хектари со смрека и нискостеблести растенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shumski-pozhar-na-osogovo-izgorea-20-hektari-so-smreka-i-niskosteblesti-rastenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shumski-pozhar-na-osogovo-izgorea-20-hektari-so-smreka-i-niskosteblesti-rastenija/#respond Sun, 19 Feb 2023 15:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=802330

Територијалната противпожарна единица од Кочани го локализираше и успеа целосно да го изгасне шумскиот пожар што попладнево избувна на падините на Осоговските Планини, на десетина километри од градот. Во огнената стихија изгореа околу 20 хектари со стебла од смрека и нискостеблести растенија, а со брзата и ефикасна интервенција на пожарникарите спречено е проширување на пожарот кон зимзелена шума. -Околу 13 часот добивме повик за шумски пожар во месноста Мегдано на Осоговските Планини и веднаш упативме екипа со тројца пожарникари и едно возило, но поради ветерот и брзото ширење на огнот во интервенцијата учествуваше уште една екипа. За само два часа успеавме да го ставиме пожарот под контрола и спречивме ширење кон зимзелената шума со бор и елки, што беше во непосредна близина. Ова е прв поголем шумски пожар годинава во нашиот регион во кој е причинета само материјална штета и загрозување на природните ресурси, поради што упатуваме апел до граѓаните за поголемо внимание при престој во природа, истакна Владо Јефтимов, командир на одделение при ТППЕ – Кочани. Според првичните проценки на пожарникарите, причина за избувнување на пожарот е човечки фактор, а дополнително треба да се утврди дали огнот намерно е подметнат или се проширил поради невнимание на излетници во природа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shumski-pozhar-na-osogovo-izgorea-20-hektari-so-smreka-i-niskosteblesti-rastenija/feed/ 0
ФОТО: Осогово по Мурињо спреми „понуда“ и за Меси, 200 камиони се на пат за Барселона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-osogovo-po-murinjo-spremi-ponuda-i-za-mesi-200-kamioni-se-na-pat-za-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-osogovo-po-murinjo-spremi-ponuda-i-za-mesi-200-kamioni-se-na-pat-za-barselona/#respond Wed, 26 Aug 2020 14:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=395696

Вторлигашот Осогово е познат по активноста на социјалните мрежи, откако привлече внимение со „понудата“ за Мурињо, сега има нова, тргнува по Меси со 200 камиони кон Барселона. Осогово подготвил 200 шлепери со ориз, компензација која и се „нуди“ на Барселона за потписот на Меси. Кочани како град познат по оризот, е „подготовен“ да му каже добредојде на Аргентинецот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-osogovo-po-murinjo-spremi-ponuda-i-za-mesi-200-kamioni-se-na-pat-za-barselona/feed/ 0
Властите „слепи“: Се сруши летниковец во новоотворениот туристички инфоцентар на Осогово (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vlastite-slepi-se-srushi-letnikovec-vo-novootvoreniot-turistichki-infocentar-na-osogovo-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vlastite-slepi-se-srushi-letnikovec-vo-novootvoreniot-turistichki-infocentar-na-osogovo-foto-video/#respond Tue, 11 Jun 2019 11:53:33 +0000 https://kurir.mk/?p=207976

Со финансиска поддршка од Програмата за зачувување на природата во Македонија, што се реализира во соработка со Швајцарскиот секретаријат за економски работи- СЕКО, на Осоговските Планини во октомври 2018 година беше отворен нов туристички информативен центар. На промоцијата на инфоцентарот „Пониква“, присуствуваа заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефане Томажиан, амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар и министерите за локална самоуправа и за земјоделство, Сухејл Фазлиу и Љупчо Николовски, а беше истакнато значењето на проектот за регионот. -Инфоцентарот ќе придонесе кон промоција на природното богатство од регионот и начините на неговото одржливо управување и користење, ќе даде значителен придонес и кон подигање на свеста за зачувување на природата и за збогатување на туристичката понуда на Источниот плански регион. Со неговото интегрирање кон веќе познатите туристички атракции на Осогово, тој ќе придонесе и кон поддршка на локалниот економски развој, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев. Но, деновиве посетителите на Осоговските планини се сведоци на напуштен објект по само 8 месеци од неговата промоција. Најавите и ветувањата на градоначалникот дека туристите ќе можат да добијат информации, мапи, летоци и други печатени и промотивни видеоматеријали во Инфоцентарот „Пониква“ се срушија исто како летниковецот кој беше изграден пред неполни 8 месеци. Веќе неколку денови посетители на Осоговските планини испраќаат слики и јавуваат за срушен летниковец во Инфоцентарот „Пониква“, но локалната власт предводена од градоначалникот Николчо Илијев останува глува на реакциите на посетителите. За да биде срамот поголем локалната власт го гледа срушениот летниковец online на веб страната osogovo.mk преку стримот од поставената камера и не презема никакви активности. Неодговорноста и неспособноста на локалната власт на чело со градоначалникот Николчо Илијев започна да достигнува епохални размери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vlastite-slepi-se-srushi-letnikovec-vo-novootvoreniot-turistichki-infocentar-na-osogovo-foto-video/feed/ 0
Се креира визија за Осогово како идно заштитено подрачје https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-kreira-vizija-za-osogovo-kako-idno-zashtiteno-podrachje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-kreira-vizija-za-osogovo-kako-idno-zashtiteno-podrachje/#respond Thu, 13 Sep 2018 11:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=100406

Во Туристичкиот инфоцентар „Пониква“, денеска се одржа работилница „Креирање визија за Осогово - идно заштитено подрачје” во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Целта на работилницата е да се информираат локалното население и засегнатите страни за активностите поврзани со процесот за прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје и да се вклучат во креирањето заедничка визија за Осоговскиот регион. – Програмата за зачувување на природата во Македонија не ги гледа чисто конзервациските аспекти за зачувување на природата, туку е со пристап за одржливо искористување на природните ресурси и промоција на ваквиот начин на искористување во развој и поддршка на локалниот социоекономски развој на заедниците. Овој пристап поткрепен со пристапот „од долу – нагоре“ е водилка во сите компоненти на оваа програма, што конкретно значи слушање на нашите чинители, тоа се пред се, различните заедници од невладиниот сектор, бизнис-секторот и други чинители од државните институции чие вклучување од самиот старт е важно при креирањето на визијата за развој на овој регион, рече Марјана Шушлевска, тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Градоначалникот на Кочани и претседател на Советот на Источниот плански регион, Николчо Илијев ја истакна поддршка во изнаоѓањето соодветни мерки за заштита на природата во овој регион којшто изобилува со биолошка разновидност и природни вредности, но и обезбедувањето развој на одржлив начин со придобивки за локалните заедници. Работилницата се организира од Македонското еколошко друштво и Центарот за развој на Источниот плански регион, а учествуваа претставници од месното население и граѓанскиот сектор. Работилница со ваква цел ќе се одржи и утре, во Крива Паланка.  (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-kreira-vizija-za-osogovo-kako-idno-zashtiteno-podrachje/feed/ 0