осоговски планини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 18:02:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осоговски планини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: „Тигрите“ спасија повреден планинар на Осоговските планини, со хеликоптер на МВР пренесен во Клинички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-tigrite-spasija-povreden-planinar-na-osogovskite-planini-so-helikopter-na-mvr-prenesen-vo-klinichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-tigrite-spasija-povreden-planinar-na-osogovskite-planini-so-helikopter-na-mvr-prenesen-vo-klinichki/#respond Sat, 07 Oct 2023 18:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=886449

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар денес попладне успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските планини. -Во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи. Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош, информира МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-tigrite-spasija-povreden-planinar-na-osogovskite-planini-so-helikopter-na-mvr-prenesen-vo-klinichki/feed/ 0
ФОТО: Несекојдневна глетка на Осоговски планини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-nesekojdnevna-gletka-na-osogovski-planini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-nesekojdnevna-gletka-na-osogovski-planini/#respond Thu, 26 Jan 2023 21:55:16 +0000 https://kurir.mk/?p=792415

Снежните врнежи и засилениот ветер који изминативе денови ги зафатија повисоките места во Македонија, донесоа снежна покривна пред се на планините. Со самото тоа и неверојатни фотографии, овој пат направени на 2085 метри надморска висина, на Осоговските планини. Погледнете ги во продолжение овие неверојатни фотографии.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-nesekojdnevna-gletka-na-osogovski-planini/feed/ 0
Шар Планина прогласена за Национален парк, Осоговски планини за заштитено подрачје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park-osogovski-planini-za-zashtiteno-podrachje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park-osogovski-planini-za-zashtiteno-podrachje/#respond Wed, 06 May 2020 10:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=342346

Прогласувањето на Шар Планина и Осоговските Планини за заштитени подрачја, не само што ќе ги исполниме националните, стратешките и меѓународни цели за заштита на природата, бенефит ќе има и државата, а особено ќе имаат корист општините кои ќе опфаќаат делови од заштитеното подрачје и локално население. Ова денеска го посочи министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференција во Владата. Со финализација на овој процес, додаде тој, ќе се зголемат можностите за прекугранична соработка со соседните земји, особено од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа, а истовремено, посочи, заштитата на овие подрачја значи напредок и исполнување на обврските кон ЕУ директивите. – Соодветното управување со заштитените подрачја значи користење на огромниот потенцијал за развој на локалната економија. Тоа подразбира заштита и зачувување и одржливо користење на природните вредности, заживување на селата во и околу заштитеното подрачје со развој на еко туризмот, традиционалното земјоделие и овчарството, наведе министерот. Согласно законската процедура за прогласување на заштитените подрачја, Нуредини соопшти дека ќе има јавни дебати базирани од предлозите на локалното населени. По усогласувањето на мислењата и забелешките ќе бидат изготвени конечните предлози за прогласување на овие локации кои повторно ќе бидат доставени до Владата за усвојување. Тој увери дека ќе бидат земени предвид сите барања од засеганатите страни за обезбедување на заштита на природата без нанесување на штети на локалното население и обезбедување на развој на локалитетите според европските стандарди. На вчерашната седница на Владата беа усвоени иницијативите на МЖСПП за заштита на две подрачја во нашата држава – Шар Планина и Осоговските Планини, за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје од категоријата V. Статусот на заштита, како што информира Нуредини, бил утврден од страна на експертски тим кој спровел студија за валоризација на подрачјата и со кои било утврдено дека содржат високо ниво на биолошки и културни вредности за чие зачувување треба да бидат преземени мерки. Прашан за тоа дека постојат студии кои зголемената смртност од Ковид-19 ја поврзуваат со големата загаденост на водухот, како во Ломбардија и Вухан, и што презема Владата за справување со загаденоста бидејќи на есен и зима се предвидува можен втор пик, Нуредини рече дека има меѓународни студии кои укажуваат дека тие што биле изложени на загаденост можно е да имаат поголема смртна стапка. -Ова го знаеме и ние, дека имаме проблем со тоа. Ќе се инвестира многу повеќе во спречувањето на загадувањето на воздухот, да бидеме поефикасни со транспортот. Исто така ќе го поддржиме транспортот и гасификацијата во нашата држава. Со тоа ќе се намали загадувањето на воздухот, нагласи Нуредини. На новинарско прашање дека е уништена инфраструктурата во НП „Шар Планина“, Нуредини рече дека за ова ќе се дебатира со јавноста и со властите. – Во оваа фаза ќе разговараме со локалните власти да ја развиеме инфраструктурата, да ги подигнеме стандардите што ги заслужува еден национален парк. Во исто време ова ќе овозможи и локални и странски инвестиции, доколку ги спремаме европските стандарди што ги заслужува еден национален парк каде што ќе имаме и летен туризам, но и зимски туризам, рече Нуредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-proglasena-za-nacionalen-park-osogovski-planini-za-zashtiteno-podrachje/feed/ 0
Шар Планина и Осоговски планини – две нови заштитени подрачја во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-i-osogovski-planini-dve-novi-zashtiteni-podrachja-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-i-osogovski-planini-dve-novi-zashtiteni-podrachja-vo-drzavata/#respond Tue, 05 May 2020 14:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=341996

Владата на денешната седница ги усвои иницијативите за заштита на Шар Планина и Осоговските Планини. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно законската процедура за прогласување заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и со сите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации. – Прогласувањето на овие две подрачја, што содржат високо ниво на биолошки и културни вредности, за заштитени зони, покрај тоа што значи исполнување на националните и меѓународните обврски за заштита на пределската разновидност и биодиверзитет, значи и искористување на огромниот потенцијал за развој на локалната економија, односно одржливо управување со природните ресурси, преку обезбедување еко-системски услуги и екотуризам, порача министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Според МЖСПП, Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shar-planina-i-osogovski-planini-dve-novi-zashtiteni-podrachja-vo-drzavata/feed/ 0
Работилница за предлогот за формирање заштитено подрачје Осоговски Планини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-za-predlogot-za-formiranje-zashtiteno-podrachje-osogovski-planini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-za-predlogot-za-formiranje-zashtiteno-podrachje-osogovski-planini/#respond Mon, 24 Dec 2018 06:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=144051

Во Скопје денеска ќе се одржи работилница за дефинирање предлог граници и зони за формирање заштитено подрачје Осоговски Планини. На работилницата засегнатите страни ќе го разгледаат предлогот за заштитено подрачје Осоговски Планини и ќе ги соопштат следни чекори. Најавено е обраќање и на заменик министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnica-za-predlogot-za-formiranje-zashtiteno-podrachje-osogovski-planini/feed/ 0
Почнува постапка за прогласување на Осоговски Планини и Ченгино Кале за заштитени подрачја https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-postapka-za-proglasuvanje-na-osogovski-planini-i-chengino-kale-za-zashtiteni-podrachja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-postapka-za-proglasuvanje-na-osogovski-planini-i-chengino-kale-za-zashtiteni-podrachja/#respond Wed, 25 Apr 2018 16:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=46100

Градоначалниците од Источно планскиот регион на денешната петта седница на Советот на градоначалници, која се одржа во Пробиштип  ја донесоа одлуката за почнување на постапката за прогласување на Осоговските Планини и на Ченгино Кале за заштитени подрачја. Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов вели дека донесувањето на оваа одлука е од осебно значење за развивање на туризмот во овој регион, но и за заштитата на животната средина. На денешнава седница се одлучи и Центарот за развој на ИПР да аплицира со два проекта од областа на турзимот за добивање на средства од Програмата за меѓугранична соработка Македонија- Бугарија. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека партнери  за овие два проекта се бугарските општини Гоце Делчев и Белица. - Со бугарската општина Гоце Делчев ќе аплицираме со еден проект, кој е насоловен „Нашето заедничко минато, пат за заедничка иднина“. Тоа е проект кој е некаде околу 560.000 евра, од кои 250.000 евра се за Општина Гоце Делчев и остатокот е за Центарот за развој на ИПР, вели Здравева. Таа додава дека вториот проект  е „Културен мост низ вековите“, партнер во овој проект е Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, а од бугарска страна општина Белица. Станува збор за архелошки истражувања и осветлување на мала црква на тврдината Исар, од страна на штипско Ново Село. Последен рок за аплицирање на општините, институциите и секако на невладиниот сектор за вториот повик од Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија е 11 мај. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-postapka-za-proglasuvanje-na-osogovski-planini-i-chengino-kale-za-zashtiteni-podrachja/feed/ 0