осомничени лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jul 2022 10:44:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осомничени лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Двајца битолчани осомничени за крадењето бакарни цевки во струшкиот Завод за нефрологија – ја пресекле и главната цевка за гас до операционата сала https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-bitolchani-osomnicheni-za-kradenjeto-bakarni-cevki-vo-strushkiot-zavod-za-nefrologija-ja-presekle-i-glavnata-cevka-za-gas-do-operacionata-sala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-bitolchani-osomnicheni-za-kradenjeto-bakarni-cevki-vo-strushkiot-zavod-za-nefrologija-ja-presekle-i-glavnata-cevka-za-gas-do-operacionata-sala/#respond Wed, 20 Jul 2022 10:44:48 +0000 https://kurir.mk/?p=707841

Двајца битолчани се осомничени за крадењето бакарни цевки од централниот довод за медицински гас во Специјалната болница за нефрологија во мај годинава, соопшти денеска СВР – Охрид. Одделението за внатрешни работи – Струга поднело кривична пријава против Ѓ.В. (29) и Б.В. (23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“. Осомничените, како што соопшти СВР – Охрид, во три наврати насилно сечеле бакарни цевки во „струшката дијализа“. – Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„Специјална болница за нефрологија“, лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки, информира портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски. Пријавените, според информацијата на СВР – Охрид, на 30 мај оваа година, ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата, при што предизвикале дефект на системот за кислород.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-bitolchani-osomnicheni-za-kradenjeto-bakarni-cevki-vo-strushkiot-zavod-za-nefrologija-ja-presekle-i-glavnata-cevka-za-gas-do-operacionata-sala/feed/ 0
КРАЖБА КАКО НА ФИЛМ: Не можел да се врати дома поради пандемијата, па му украле шест бас гитари, Порше, БМВ и што уште не во вредност колку еден стан! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krazba-kako-na-film-ne-mozel-da-se-vrati-doma-poradi-pandemijata-pa-mu-ukrale-shest-bas-gitari-porshe-bmv-i-shto-ushte-ne-vo-vrednost-kolku-eden-stan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krazba-kako-na-film-ne-mozel-da-se-vrati-doma-poradi-pandemijata-pa-mu-ukrale-shest-bas-gitari-porshe-bmv-i-shto-ushte-ne-vo-vrednost-kolku-eden-stan/#respond Fri, 25 Feb 2022 09:08:25 +0000 https://kurir.mk/?p=636445

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врста со став 1 точка 1 и во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот меѓу 23.02.2020 година и 12.07.2021 година, двајцата осомничени соизвршители провалиле во заклучен стан чиј сопственик подолго време не можел да се врати во државата од САД поради пандемијата на КОВИД 19. Во претсобјето на станот на улицата „Борис Бастеро“ во Битола ги пронашле клучевите од станот и од гаражите, па во повеќе наврати се враќале и одземале предмети, меѓу кои шест бас гитари, автомобил „Порше кајман С“ и автомобил „БМВ Х3“, спортски седишта „Порше“ и други предмети, со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист во вредност од 4.522.457 денари. При претрес, шесте одземени гитари биле пронајдени и вратени на сопственикот, додека се преземаат дејствија за пронаоѓање и на останатите предмети. Притоа едниот осомничен е лишен од слобода, додека другиот е во бегство. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена, а за осомничениот кој е во бегство мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krazba-kako-na-film-ne-mozel-da-se-vrati-doma-poradi-pandemijata-pa-mu-ukrale-shest-bas-gitari-porshe-bmv-i-shto-ushte-ne-vo-vrednost-kolku-eden-stan/feed/ 0
Обвинителството бара притвори за дел од осомничените за подметнување на пожарот во велешко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-bara-pritvori-za-del-od-osomnichenite-za-podmetnuvanje-na-pozarot-vo-veleshko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-bara-pritvori-za-del-od-osomnichenite-za-podmetnuvanje-na-pozarot-vo-veleshko/#respond Wed, 28 Aug 2019 07:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=234194

Во врска со пожарот кој избувна завчера на територијата на општина Велес, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице. Како што соопшти ЈО, по скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија која ги ангажирала осомничените. Според првичните сознанија, пожарот настанал од искри исфрлени од апарат за брусење. Од искрите се запалила околната тревна површина, а пожарот потоа неконтролирано се проширил и добил големи размери, па била опожарена и поголема шумска површина. Основното јавно обвинителство Велес иницираше постапка за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 од Кривичниот законик во врска со член 288 (Предизвикување општа опасност). Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес достави Предлог за определување мерка притвор за одговорното лице и за работникот кој работел со апаратот за брусење во критичниот момент. За останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-bara-pritvori-za-del-od-osomnichenite-za-podmetnuvanje-na-pozarot-vo-veleshko/feed/ 0
Апелација им го продолжи притворот на осомничените за убиството на Оливер Ивановиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/apelacija-im-go-prodolzi-pritvorot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-oliver-ivanovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/apelacija-im-go-prodolzi-pritvorot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-oliver-ivanovikj/#respond Thu, 03 Jan 2019 14:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=147915

Апелацискиот суд на Косово одлучи денеска да им го продолжи до 23 февруари притворот на тројцата осомничени за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, што се случи пред една година во Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на Апелација се вели дека се отфрла како неоснована жалбата на бранителите на осомничените, односно останува во сила одлуката на Основниот суд во Приштина, од 21.12.2018, за продолжување на мерката притвор за 60 дена. Недељко Спасојевиќ и Драгиша Марковиќ, кои се припадници на полицијата на Косово, заедно со Марко Рошиќ, беа уапсени во голема акција на косовските специјални единици РОСУ, на 23 ноември. Во акцијата, како што беше објавено, било пронајдено илегално оружје и „други материи кои претставуваат кривично дело и за кои се постапува според службена должност“. Според обвинителството, Спасојевиќ и Рошиќ се сомничат како припадници на криминална група кои извршиле кривично дело „помагање во тешко убиство“, додека Марковиќ, исто така како член на групата, е осомничен за „одавање службена тајна“. Оливер Ивановиќ, кој беше еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари минатата година во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија – Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/apelacija-im-go-prodolzi-pritvorot-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-oliver-ivanovikj/feed/ 0