осомничени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 07:40:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осомничени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осомничените за масовното убиство во американската држава Мејн во бегство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnichenite-za-masovnoto-ubistvo-vo-amerikanskata-drzhava-mejn-vo-begstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnichenite-za-masovnoto-ubistvo-vo-amerikanskata-drzhava-mejn-vo-begstvo/#respond Thu, 26 Oct 2023 07:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=893242

отици полицајци денеска го пребаруваат градот Левистон и околните области во американската сојузна држава Мејн, во потрага по маж осомничен дека убил меѓу 16 и 22 лица и ранил десетици од нив на две локации во средата, јавија американските медиуми. Властите објавија дека има повеќе жртви, но засега не даваат конкретни бројки. Полицијата го идентификуваше осомничениот за пукањето како Роберт Р. Кард (40), откако претходно објави фотографии на Фејсбук од човекот кој држи нешто што изгледаше како полуавтоматска пушка. На прес-конференција синоќа, комесарот за јавна безбедност на Мејн рече дека полицијата не може да го потврди точниот број на жртви бидејќи ситуацијата се уште „е во тек“, но полициски извор за Фокс њуз изјави дека 22 лица загинале. Во средата вечерта, полицијата во Лустон го идентификуваше Роберт Р. Кард од Боудоин, Мејн, како „лице од безбедносен интерес“. Според полицијата, Кард е инструктор за стрелање. Дел од американските медиуми објавија дека тој е и припадник на резервниот состав на американската армија. Тој исто така се заканувал дека ќе пука во база на Националната гарда. Надлежните соопштија дека се работи за лице за кое има сомневање дека е „вооружено и опасно“. Полициската управа во Левистон претходно објави три фотографии од осомничениот на кои се гледа нешто што изгледа како полуавтоматска пушка, заедно со фотографија од бел теренец и побара помош од јавноста за идентификување на осомничениот. Кард, наводно, неодамна имал психички проблеми поради што бил во болница ова лето. Од полицијата потврдија дека инцидентите се случиле на две локации, во ресторан и во куглана. Тие два објекти се оддалечени околу 6,5 километри. Во 20 часот, полицијата на Мејн на Фејсбук објави дека имало пукање во Левистон, град со 36.000 жители, околу 90 километри северно од Портланд, најголемиот град во американската сојузна држава. Од локалната болница соопштија дека во тек е интервенција поради „голем број жртви во масовен напад“ и дека не можат да дадат информации за бројот на жртвите. Гувернерката на Мејн, Џенет Милс на платформата Твитер објави дека била известена за инцидентот и ги повика жителите да ги следат полициските упатства. Јавните училишта во Левистон објавија дека наставата денеска е откажана поради инцидентот. Американскиот претседател Џо Бајден е информиран за инцидентот и ќе продолжи да биде информиран, изјави официјален Вашингтон. „Бајден телефонски разговараше со гувернерката Милс, сенаторите Ангус Кинг и Сузан Колинс и конгресменот Џаред Голден за пукањето во Левистон и понуди целосна федерална поддршка по нападот“, соопшти Белата куќа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osomnichenite-za-masovnoto-ubistvo-vo-amerikanskata-drzhava-mejn-vo-begstvo/feed/ 0
Германец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/germanets-i-albanka-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-na-deve-bair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/germanets-i-albanka-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-na-deve-bair/#respond Tue, 20 Jun 2023 08:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=847702

Германски државјанин на возраст од 49 години и 20-годишна државјанка на Република Албанија се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 18 јуни на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од државава, двајцата осомничени неовластено заради продажба пpенесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 56 килограми и 791 грама. Дрогата ја набавиле од неидентификувано лице од Република Албанија, ја препакувале во 67 полиетиленски пакувања и ги сокриле во специјално изработени „бункери“ во автомобил „Сеат алтеа“ со германски регистарски ознаки. При царинска контрола на возилото на граничниот премин, марихуаната била пронајдена во просторите под возачкото седиште, над ауспухот, под задното седиште, од левата страна до резервоарот и во пределот на багажникот. До судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор против двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство или да го повторат делото.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/germanets-i-albanka-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-na-deve-bair/feed/ 0
Украинската безбедносна служба ги претресува црквите осомничени за врски со Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-bezbednosna-sluzba-gi-pretresuva-crkvite-osomnicheni-za-vrski-so-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-bezbednosna-sluzba-gi-pretresuva-crkvite-osomnicheni-za-vrski-so-moskva/#respond Wed, 14 Dec 2022 15:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=775576

Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека презема „контраразузнавачки мерки“ во православните верски објекти под управување на Руската црква. Деветнаесет манастири, катедрали и цркви што и припаѓаат на Православната црква под Московската патријаршија се загрижени од овие мерки, чија цел, како што наведува СБУ, „е да се спротивстават на субверзивните активности на руските тајни служби во нашата земја“. Верските центри се наоѓаат во регионите на Закарпатие, Черновци, Ривне, Волин, Л’вов, Житомир, Миколаев, Херсон и Суми, посочи СБУ. Службата дополнително објасни дека на овој начин сака да го „заштити населението од провокации и терористички напади, како и да ја спречи употребата на верските заедници како центар на ’рускиот свет’“. Концептот на „рускиот свет“ беше измислен од Москва за да се обиде да ја оправда руската инвазија врз Украина со потребата да се анектира земјата кон Русија со цел да се формира русофонски и православен ентитет. СБУ изврши претреси во верските објекти со цел „да ги идентификува лицата кои би можеле да бидат вклучени во незаконски дејствија на штета на суверенитетот на Украина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-bezbednosna-sluzba-gi-pretresuva-crkvite-osomnicheni-za-vrski-so-moskva/feed/ 0
Наредба за истрага и притвор за четири лица осомничени за Трговија со дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/naredba-za-istraga-i-pritvor-za-chetiri-lica-osomnicheni-za-trgovija-so-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/naredba-za-istraga-i-pritvor-za-chetiri-lica-osomnicheni-za-trgovija-so-dete/#respond Fri, 09 Sep 2022 14:40:25 +0000 https://kurir.mk/?p=730802

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна Министерство за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување истрага против четири лица. Лицата, од кои две се српски државјани, се осомничени дека сториле кривично дело „Трговија со дете“ од чл.418-г ст.1 в.в чл. 22 од Кривичниот законик. Кон крајот на минатиот месец во Скопје, четвртоосомничениот, преку посредник, прифатил да најде невеста за синот на осомничените српски државјани. Тој стапил во контакт со првоосомничениот и се договориле за невеста да ја понудат сестрата на првоосомничениот, која штотуку наполнила 14 години. Според договорот, за склучувањето на брак ќе му бидат исплатени 3.000 евра, од кои 200 евра треба да му даде на четвртоосомничениот. За да ја остварат својата цел, прво и четвртоосомничениот го земале девојчето од домот каде што живеела и ја однеле во куќата на четвртоосомничениот. Таму преку видео комуникација постигнале договор за купопродажба на девојчето со осомничените српски државјани. На почетокот на овој месец, осомничените српски државјани, со цел да направат подготовки за веселба, дошле во домот на родителите на девојчето. Бидејќи девојчето немало патна исправа, осомничената „свекрва“ уплатила износ од 6000 денари за поднесеното барање за издавање на патна исправа по итна постапка. Иако девојчето не сакало да се омажи, плашејќи се од брата си, се покорило на неговата желба и на 04.09.2022 година во домот на нејзините родители била направена веселба. Во знак на револт и несогласување со ваквиот брак, на веселбата не присуствувала мајката на девојчето. Сепак, тоа не ги поколебало осомничените српски државјани и не отстапиле од намерата да ја земат невестата за која веќе ги исплатиле парите. Кога завршила веселбата, под притисок и закани од првоосомничениот, девојчето заедно со свекорот и свекрвата – осомничените српски државјани и нивните роднини се упатиле во куќата на сестрата на свекрвата, каде останале до издавање на патната исправа. Откако ја подигнале патната исправа, свекрвата заедно со девојчето дошла во домот на нејзините родители на девојчето и побарала од мајката да појдат на нотар за да потпише полномошно за патување на малолетничката во странство. Бидејќи мајката не се согласувала со присилниот брак, го одбила ова барање, по што случајот бил откриен од страна на овластени службени лица. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот и на сите осомничени им изрече мерка притвор во траење од 30 дена. За кривичното дело што им се става на товар на осомничените запретена е казна затвор во траење од најмалку осум години.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/naredba-za-istraga-i-pritvor-za-chetiri-lica-osomnicheni-za-trgovija-so-dete/feed/ 0
МНР: Нашата Амбасада во Атина е во контакт со грчките власти во врска со тројцата македонски државјани осомничени за шверц на дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nashata-ambasada-vo-atina-e-vo-kontakt-so-grchkite-vlasti-vo-vrska-so-trojcata-makedonski-drzavjani-osomnicheni-za-shverc-na-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nashata-ambasada-vo-atina-e-vo-kontakt-so-grchkite-vlasti-vo-vrska-so-trojcata-makedonski-drzavjani-osomnicheni-za-shverc-na-droga/#respond Fri, 08 Jul 2022 15:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=702419

Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина оствари комуникација со официјални претставници на надлежните институции на грчкиот остров Миконос, од каде е добиена информација за тројца уапсени наши државјани осомничени за трговија со дрога, соопшти Министерството за надворешни работи. Во соопштението на МНР, се посочува дека тројцата осомничени македонски државјани се со иницијали О.П, Г.П. и Н.Т.. – Амбасадата останува во контакт со официјалните институции од каде се очекува наскоро да се добие и официјална писмена потврда за деталите од овој настан, се додава во соопштението на МНР. Како што претходно денеска јави дописничката на МИА од Атина, тројца државјани на Северна Македонија – двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос под обвинение за трговија со дрога. Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис. Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници на дрога. Дополнително бил уапсено уште едно лице, либански државјанин, во обид да се снабди со дрога. Освен дрогата, грчката полиција кај уапсените пронашла и запленила три мобилни телефони, 2.370 евра, како и мотор со кој ја пренесувале дрогата. За разбивање на нарко картелот, како што соопштија од грчката полиција, полицајците од Миконос организирале акција, ги следеле движењето на сега веќе уапсените, ги лоцирале и ги уапсиле во моментите кога се селеле во друго сместување, за да и скријат трагите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nashata-ambasada-vo-atina-e-vo-kontakt-so-grchkite-vlasti-vo-vrska-so-trojcata-makedonski-drzavjani-osomnicheni-za-shverc-na-droga/feed/ 0
Тројца осомничени за обид за разбојништво и грабнување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-osomnicheni-za-obid-za-razbojnishtvo-i-grabnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-osomnicheni-za-obid-za-razbojnishtvo-i-grabnuvanje/#respond Wed, 25 May 2022 08:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=681220

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица кои што на 11 мај во група, заедно со уште едно за сега непознато лице, влегле во казино на Качанички пат и се обиделе да одземат пари со намера противправно да ги присвојат. Осомничените најпрвин нападнале едно лице кое играло на апаратите за среќа и започнале да го удираат, барајќи од него да им ги даде парите. Откако оштетениот дал отпор, тие на сила го одвлекле до едно сепаре, продолжиле да го удираат и да го убедуваат да излезе со нив од казиното. За да се одбрани, оштетениот зел стол и се заканил дека ќе го фрли кон осомничените. Во тој момент првоосомничениот извадил пиштол од појасот, го репетирал и се заканил дека ќе го лиши од живот оштетениот. Сепак, нападнатото лице одбило да излезе со нив од казиното, а од нанесените удари се здобило со телесни повреди – набиеници. Постои основано сомнение дека со наведените дејствија тројцата осомничени сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Првиот осомничен сторил и кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 во врска со член 19, додека останатите двајца сториле кривично дело – Грабнување квалификувано според член 141 став 1 во врска со член 22 и член 19 од Кривичниот законик. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен. Од другите двајца осомничени, еден се уште не е лишен од слобода, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост.​​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-osomnicheni-za-obid-za-razbojnishtvo-i-grabnuvanje/feed/ 0
Четворица осомничени за тешки кражби во прилепско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetvorica-osomnicheni-za-teshki-krazbi-vo-prilepsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetvorica-osomnicheni-za-teshki-krazbi-vo-prilepsko/#respond Fri, 11 Mar 2022 13:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=645506

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 и член 22 од Кривичниот законик. Лицата на возраст од 33, 30, 40 и 19 години, се осомничени дека во периодот од декември 2021 година до 08.03.2022 година, по претходен меѓусебен договор, извршиле вкупно 32 тешки кражби во куќи и цркви во селата Костинци, Слепче, Веселчани, Алинци, Лопатица, Вранче, Заполжани и Стровија, како и во куќи и колонијални продавници во Прилеп, од каде одзеле повеќе предмети со намера противправно да ги присвојат. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка притвор во траење до 8 дена.​​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetvorica-osomnicheni-za-teshki-krazbi-vo-prilepsko/feed/ 0
Основен кривичен суд Скопје: За осум осомничени 30 дена притвор, за еден осумдневен притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/osnoven-krivichen-sud-skopje-za-osum-osomnicheni-30-dena-pritvor-za-eden-osumdneven-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/osnoven-krivichen-sud-skopje-za-osum-osomnicheni-30-dena-pritvor-za-eden-osumdneven-pritvor/#respond Tue, 21 Dec 2021 20:26:38 +0000 https://kurir.mk/?p=611384

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени девет лица осомничени, дел за кривичното дело криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. – По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осум од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од осум дена со оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постака, соопштија вечерва од Основен кривичен суд Скопје. Според решенијата за опредлеување мерка притвор, се наведува во соопштението, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истарагата и опасност да го повторат делото. Против овие решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/osnoven-krivichen-sud-skopje-za-osum-osomnicheni-30-dena-pritvor-za-eden-osumdneven-pritvor/feed/ 0
Две лица од Скопје осомничени за трговија со дрога – пренесувале над 150 килограми марихуана по автопатот Скопје-Велес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-od-skopje-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-prenesuvale-nad-150-kilogrami-marihuana-po-avtopatot-skopje-veles/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-od-skopje-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-prenesuvale-nad-150-kilogrami-marihuana-po-avtopatot-skopje-veles/#respond Fri, 10 Dec 2021 12:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=606653

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која се опфатени две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените се гони и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени скопјани, на возраст од 30 и 51 година, во две патнички возила на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, пренесувале наркотична дрога марихуана, која била пронајдена и одземена при извршена полициска контрола. Во првиот автомобил „Фолксваген туран“ била пронајдена јутена вреќа со 92.447,7 грама марихуана, додека во вториот автомобил „Опел зафира“ биле откриени 60.540 грама марихуана спакувани во патна торба. Со наредба издадена од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домовите на двајцата осомничени, при што во домот на 30-годишниот осомничен во Визбегово биле пронајдени уште 16.213 грама марихуана, но и 11 куршуми со калибар 7,62Х39 мм кои неовластено ги држел. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство можност да влијаат врз сведоците и особени околности кои упатуваат дека би можеле да го повторат кривичното дело.​​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-od-skopje-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-prenesuvale-nad-150-kilogrami-marihuana-po-avtopatot-skopje-veles/feed/ 0
Тројца малолетници „oперирале“ низ Тетово, осомничени се за 12 кражби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-maloletnici-operirale-niz-tetovo-osomnicheni-se-za-12-krazbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-maloletnici-operirale-niz-tetovo-osomnicheni-se-za-12-krazbi/#respond Fri, 14 May 2021 10:55:28 +0000 https://kurir.mk/?p=510279

Тетовската полиција информира дека се расчистени 12 кражби за кои се осомничени тројца малолетници од 13 до 16 години, кои воедно не го почитувале и полицискиот час. Тие се осомничени дека за речиси три месеци краделе во повеќе обејкти. – Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти 12 тешки кражби и ќе изготви соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик против 3 малолетни лица од Тетово на возраст од 13 до 16 години. Тројцата малолетници се сомничат дека во периодот од февруари до 20 април годинава со употреба на сила влегувале во продавници, киосци и чајџилници во централното тетовско подрачје и одземале пари или разновидни производи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Малолетниците истовремено не ја почитувале и забраната за движење, за што ќе се соочат, исто така, и со поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojca-maloletnici-operirale-niz-tetovo-osomnicheni-se-za-12-krazbi/feed/ 0