останки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Aug 2018 06:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png останки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пенс ги пречека останките од американски војници, Трамп му се заблагодари на Ким https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-gi-precheka-ostankite-od-amerikanski-vojnici-tramp-mu-se-zablagodari-na-kim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-gi-precheka-ostankite-od-amerikanski-vojnici-tramp-mu-se-zablagodari-na-kim/#respond Thu, 02 Aug 2018 06:51:12 +0000 https://kurir.mk/?p=83686

Потпретседателот на САД Мајк Пенс на церемонијата во Хаваи ги пречека посмртните останки на 55 американски војници убиени во Корејската војна во периодот 1950-1953 година. Согласно договорот постигнат на средбата меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 12 јуни во Сингапур, Пјонгјанг телата ги предаде минатата недела. - Некои ја нарекуваат Корејската војна - Заборавена војна. Но, денеска ние докажуваме дека овие херои никогаш не беа заборавени. Денеска нашите момци се враќаат дома, изјави Пенс на церемонијата во воената база Перл Харбор - Хикам. Многумина од присутните не можеа да ги задржат солзите. Во петокот посмртните останки беа земени во Северна Кореја и транспортирани до американска воена база во Јужна Кореја со американски военотранспортен авион. Пенс истакна дека не се знае чии се посмртните останки и дека форензичарите ќе се обидат да ги идентификуваат. - Денес само Бог знае кои се тие. Наскоро, сепак, ќе ги дознаеме нивните имиња. И ќе ги раскажеме нивните храбри приказни, рече Пенс. Во Корејската војна загинаа околу 33.000 американски војници, а над 8.000 се уште се водат за исчезнати. Помеѓу 1996 и 2005 година, Северна Кореја ги врати смртоносните останки на повеќе од 220 американски војници. Сепак, операцијата беше прекината од страна на САД во 2005 година поради безбедносни причини. Американскиот претседателот Доналд Трамп му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за вратените посмртни останки и рече дека со нетрпение ја очекува следната средба со него. „Ви благодарам претседателе Ким Џонг-ун, што си стоите на зборот и почнавте процедура за враќање дома на посмртните останки на нашите великани и сакани загинати херои! Воопшто не сум изненаден што го направивте тоа благородно дело!", напиша Трамп на Твитер. „Благодарам, исто така и за љубезното писмо - со нетрпение очекувам наскоро да се сретнеме", додаде претседателот без да наведе повеќе детали. Не е познато за какво писмо зборува Трамп, ниту кога се очекува да се сретне со Ким. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-gi-precheka-ostankite-od-amerikanski-vojnici-tramp-mu-se-zablagodari-na-kim/feed/ 0