оставка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 06:56:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оставка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: 7 години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, трговските центри и кафичи, а Спасовски не презема ништо, ОСТАВКА ВЕДНАШ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-7-godini-kriminalnoto-podzemje-se-presmetuva-po-skopskite-ulitsi-trgovskite-tsentri-i-kafichi-a-spasovski-ne-prezema-nishto-ostavka-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-7-godini-kriminalnoto-podzemje-se-presmetuva-po-skopskite-ulitsi-trgovskite-tsentri-i-kafichi-a-spasovski-ne-prezema-nishto-ostavka-vednash/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:56:55 +0000 https://kurir.mk/?p=892810

Македонија и Скопје се небезбедни со Оливер Спасовски и СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Нема месец да не се случи некоја пресметка или убиство во центарот на Скопје. Седум години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, трговските центри и кафичи, а Спасовски не само што не презема ништо за да фати криминалците, туку и не убедува дека граѓаните се безбедни. Македонија е единствената држава каде што криминалците се штитат од власта, наместо истите да бидат санкционирани. Оливер Спасовски и МВР не можат да обезбедат мир. Уште колку криминални пресметки и убиства треба да се случат за Спасовски да понесе одговорност и да си ја потпише оставката? Ако Спасовски не сака, тогаш Ковачевски веднаш да го разреши од функцијата министер за внатрешни работи. Сред бел ден криминалците се пресметуваат, а Спасовски си тера пи-ар и се спрема за претседателски избори. Спасовски не може да го води едно министерство, а не пак цела држава. И наместо Спасовски и МВР да бараат помош од граѓаните да го пријават лицето кое пукало во Ист Гејт, нека ги праша неговите сопартијци и коалициски партнери од ДУИ, кое е лицето, бидејќи изминатите 4 години токму тие имаат најмногу фотографии со криминалците од подземјето. Важно е да дојде до промена на власт, за да има ресет на цел безбедносен систем. Важно е да се обезбеди сигурност, мир и безбедност за граѓаните, стои во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-7-godini-kriminalnoto-podzemje-se-presmetuva-po-skopskite-ulitsi-trgovskite-tsentri-i-kafichi-a-spasovski-ne-prezema-nishto-ostavka-vednash/feed/ 0
Полски бискуп поднесе оставка поради оргија во дом на свештеник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-biskup-podnese-ostavka-poradi-orgija-vo-dom-na-sveshtenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-biskup-podnese-ostavka-poradi-orgija-vo-dom-na-sveshtenik/#respond Wed, 25 Oct 2023 05:48:42 +0000 https://kurir.mk/?p=892763

Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал поради оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, соопшти Ватикан. Во соопштението не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил. Епархијата на Кажак во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските медиуми беа објавени извештаи за оргија во дом на свештеник во градот Даброва Горница. Според полските медиуми, машка проститутка колабирала на забава откако конзумирала премногу апчиња за еректилна дисфункција. Еден од учесниците на забавата се јавил на Итната помош, но кога медицинските екипи пристигнале на местото на настанот не им било дозволено да влезат, туку му помогнале на човекот откако била повикана полиција. Бискупот ги повика верниците да се молат за свештениците кои биле вклучени во тоа и другите луѓе кои не направиле ништо лошо, но биле погодени од нивното однесување, пишува дневниот весник Газета Виборца. Свештеникот кој ја организирал забавата во неговиот стан, Томаш З., добил отказ, објави државната агенција ПАП. Епархијата соопшти дека неговото однесување е „причина за голем скандал за верниците и дека тоа го оправдува негодувањето на јавноста“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polski-biskup-podnese-ostavka-poradi-orgija-vo-dom-na-sveshtenik/feed/ 0
Резников поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-podnese-ostavka/#respond Mon, 04 Sep 2023 07:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=874262

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников на Х објави дека поднесе оставка до претседателот на Парламентот. - Го поднесов моето писмо со оставка до Руслан Стефанчук, претседател на Парламентот на Украина. Ми беше чест да му служам на украинскиот народ и да работам за (украинската армија) во изминатите 22 месеци, најтешкиот период од модерната историја на Украина, наведе Резников. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во ножното видео обраќање до нацијата објави дека одлучил да го разреши Резников и да побара од Парламентот да го именува, Рустем Умеров. Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна да се обезбедат милијарди долари западна воена помош за воени цели, но неговото Министерство беше обвинувано за корупција. - Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников, кој помина повеќе од 550 дена војна. Верувам дека на Министерството за одбрана му требаат нови пристапи и други формати на интеракција со армијата и општеството во целина, истакна Зеленски. Промената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од Парламентот, но одлуката најверојатно ќе ја поддржат мнозинството претставници на Врховната рада. Умеров, 41-годишен поранешен адвокат, е директор Фондот за државна сопственост на Украина од септември 2022 година и учествуваше во преговорите за Договорот за извоз на жито преку Црно Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-podnese-ostavka/feed/ 0
Фатон Ахмети поднесе оставка од директорската функција на ФЗО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faton-ahmeti-podnese-ostavka-od-direktorskata-funktsija-na-fzo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faton-ahmeti-podnese-ostavka-od-direktorskata-funktsija-na-fzo/#respond Tue, 15 Aug 2023 11:58:52 +0000 https://kurir.mk/?p=866951

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, во Фејсбук статус сподели дека поднесува оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). - Ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата Генерален Директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, напиша Ахмети, кој доаѓа од редовите на ДУИ. Тој подолу во објавата вели дека својот ангажман ќе го продолжи фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на, како што вели, „визијата на Али Ахмети“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faton-ahmeti-podnese-ostavka-od-direktorskata-funktsija-na-fzo/feed/ 0
Италијанскиот селектор Манчини поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italijanskiot-selektor-manchini-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italijanskiot-selektor-manchini-podnese-ostavka/#respond Sun, 13 Aug 2023 14:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=866241

Италија ќе гостува на 9 септември во Скопје во рамки на евроквалификациите со нов селектор, откако предводникот на актуелниот европски првак Роберто Манчини поднесе оставка, објави попладнево италијанската фудбалска Федерација (ФИГЦ). „Со ова се заокружува една значајна страница во историјата на Азурите, која почна во мај 2018 и заврши со финалето на годинешното издание на Лигата на нации. Во тој период, дојде освојувањето на ЕУРО2022, триумф остварен од група во која сите индивидуи научија како да станат тим“, соопшти ФИГЦ. Во соопштението се прецизира дека новиот селектор, под чие водство Италија ќе ги продолжи квалификациите за ЕУРО2024, ќе биде објавен „во следните денови“. Италија под водство на Манчини ја освои европската титула во 2020 година, но не успеа да обезбеди пласман на ланскиот Мундијал во Катар, откако во полуфиналето од баражот загуби од македонската репрезентација со 1-0 во Палермо. Двете репрезентации ќе се сретнат на 9 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на квалификациската група Ц во која три денови подоцна Италија ќе ја пречека Украина во Милано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italijanskiot-selektor-manchini-podnese-ostavka/feed/ 0
Се огласи Рамиз Мерко: Не давам оставка, јас сум секогаш транспарентен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-ramiz-merko-ne-davam-ostavka-jas-sum-sekogash-transparenten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-ramiz-merko-ne-davam-ostavka-jas-sum-sekogash-transparenten/#respond Mon, 26 Jun 2023 09:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=849660

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД, првпат се огласи во јавноста Тој посочува дека ќе биде отворен за секој процес пред правосудните органи. Додава дека на располагање ја става и документацијата. „Од претседателот Вилсон, па сè до ден-денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и за граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга. По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите за кои ќе бидам отворен, како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Од страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно побргу секоја потребна документација бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции. Притоа, во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите“, додава Мерко. Тој уште посочува: „На крајот, сакам да му се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката во текот на годините, но и за поддршката што не ја штедевте и овие денови, а за кои убеден сум дека ќе ги надминеме заедно за да создадеме услови за подобар живот на стружани и за Струга што ја сакаме“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-ramiz-merko-ne-davam-ostavka-jas-sum-sekogash-transparenten/feed/ 0
Нервоза во СДСМ по лидерската, на Ковачевски му е барано оставка во партијата?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nervoza-vo-sdsm-po-liderskata-na-kovachevski-mu-e-barano-ostavka-vo-partijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nervoza-vo-sdsm-po-liderskata-na-kovachevski-mu-e-barano-ostavka-vo-partijata/#respond Tue, 13 Jun 2023 09:08:06 +0000 https://kurir.mk/?p=845184

Димитар Ковачевски и СДСМ по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМЕ почнаа да шират само лаги и хистерија за наводно попуштање кај ВМРО-ДПМНЕ. Реалноста во СДСМ е сосема поинаква. И од анкетите на јавносто мислење и од изјавите на Мицкоски се гледа само едно дека социјадемократите тонат. Оттука се концентрираат на тоа како да ги поминат одбројаните денови во фотелјите. Според партиски извори во СДСМ информацијата е дека тие не се задоволни ниту од Ковачевски, ниту од политиките кои ги води бидејќи со истите и Македонија, а и партијата ги носи само во пропаст. Неколкумина приврзаници на Ковачевски се обидуваат да се спаси нешто но како и да е нервозата во редовите е огомна. Но, партиски извори од СДСМ велат дека „од Ковачевски се бара оставка, а причините за тоа веќе ги знаат и јасни им се на речиси сите во партијата“. И не само во партијата, вели нашиот извор, тој едноставно ја внесе државата во ќорсокак, а илзезот е тежок без промена на политиката. Од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ, наспроти нервозите во СДСМ, партијата и лидерот Христијан Мицкоски се јасни. Мицкоски му даде две опции на Ковачевски. „ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ му понуди две опции и излез од ќорсокакот во кој ја донесоа Македонија. Двете опции значаи и евроинтеграција и заштита на вековниот идентитет и македонскиот јазик. СДСМ наместо да спинува и да манипилира, треба јасно и гласно да каже која од двете понуди на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа. Тоа што СДСМ не се изјаснува кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ им е прифатлив, може да значи две работи“, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Во истот се наведува дека неодговарањето значи две опции, една е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија. Додека втората, е дека СДСМ не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот иденитет. Оттука е јасно ставот на Димиитар Ковачевски и воопшто СДСМ по Извршниот одбор на партијата и Центарлниот одбор дека има поместувања во ВМРО-ДПМНЕ не е точен и е заблуда во која живее или сака да живее СДСМ. Кузеска по седниците на највисоките партиски тела рече „имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор, а секако и начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“. Нема нови околности, барем не онакви какви ги гледа или халуцинира СДСМ, има само нервоза и незадоволство од СДСМ и од друга барање за оставка на Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nervoza-vo-sdsm-po-liderskata-na-kovachevski-mu-e-barano-ostavka-vo-partijata/feed/ 0
Борис Џонсон поднесе оставка на функцијата пратеник во параментот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dhonson-podnese-ostavka-na-funktsijata-pratenik-vo-paramentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dhonson-podnese-ostavka-na-funktsijata-pratenik-vo-paramentot/#respond Sat, 10 Jun 2023 07:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=844280

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник во Парламентот, што веднаш стапува на сила. Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарна истрага за тоа дали го довел во заблуда Долниот дом кога рече дека се почитувани сите правила воведени поради Ковид-19. Комитетот за привилегии на британскиот Парламент истражува дали Џонсон намерно ги завел пратениците во изјавите што ги дал пред Долниот дом во декември 2021 година за забавите што се одржуваат во Даунинг стрит за време на „карантинот“ поради Ковид-19, на кои присуствувал и тој самиот. Во својот доказен документ од 52 страници, предаден на комисијата во март, Џонсон призна дека го довел парламентот во заблуда, но негираше дека го сторил тоа намерно. Тој призна дека социјалното дистанцирање не било „совршено“ на собирите на Даунинг стрит 10 за време на карантинот за Ковид-19. Но, додаде, дека тоа се „суштински“ работни настани за кои тврдеше дека се дозволени. Тој инсистираше на тоа дека упатствата - како што тој ги разбира - биле следени во текот на целиот период. -Многу е тажно што го напуштам Парламентот - барем засега“, рече Џонсон во изјавата. „Ме избркаа мал број луѓе, без докази за поткрепување на нивните тврдења и без одобрение дури и од членовите на Конзервативната партија, а камоли од поширокото гласачко тело“, оцени поранешниот британски премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dhonson-podnese-ostavka-na-funktsijata-pratenik-vo-paramentot/feed/ 0
Германија: Државен секретар поднесе оставка поради обвиненија за непотизам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-drzhaven-sekretar-podnese-ostavka-poradi-obvinenija-za-nepotizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-drzhaven-sekretar-podnese-ostavka-poradi-obvinenija-za-nepotizam/#respond Wed, 17 May 2023 11:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=835290

Државниот секретар во германското Министерство за економија, Патрик Грајхен поднесе оставка поради критиките дека го вработил својот кум на важна позиција, објавија денеска германските медиуми. Како што објавија неделникот „Шпигел“ и новинската агенција ДПА, Грајхен поднесе оставка поради новите детали околу скандалот со вработувањето во Министерството за економија, кое го предводи вицеканцеларот и претставник на Партијата на зелените Роберт Хабек. Грајхен го предложи Михаел Шефер, политичар од берлинскиот огранок на Партијата на зелените, за директор на Државната агенција за енергетика (Дена). Но, тој не спомнал дека Шефер му е кум. Откако медиумите пишуваа за поврзаноста Грајхен со Шефер, објавен е нов конкурс за директорска функција. Грајхен е обвинет и за поврзаност со Институтот за животна средина, кој редовно добивал наредби од Министерството за скапи вештачења. Сестрата и братот на Грајхен се вработени во Еколошкиот институт. И сестрата на Грајхен е мажена за друг државен секретар во Министерството за економија. Опозицијата и делови од медиумите со недели го напаѓаат министерот Хабек поради неговото инсистирање Грајхен да остане државен секретар и покрај непотизмот. Од Министерството за економија засега не се изјаснија за овој случај, но министерот Хабек најави изјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-drzhaven-sekretar-podnese-ostavka-poradi-obvinenija-za-nepotizam/feed/ 0
Фон дер Лајен ја прифати оставката на еврокомесарката Марија Габриел, мандатарката за состав на новата бугарска Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ja-prifati-ostavkata-na-evrokomesarkata-marija-gabriel-mandatarkata-za-sostav-na-novata-bugarska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ja-prifati-ostavkata-na-evrokomesarkata-marija-gabriel-mandatarkata-za-sostav-na-novata-bugarska-vlada/#respond Mon, 15 May 2023 16:12:31 +0000 https://kurir.mk/?p=834436

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја прифати оставката на еврокомесарката за иновации, Марија Габриел, која денеска од бугарскиот претседател го доби мандатот за формирање нова влада во Бугарија. -Сакам да и се заблагодарам на Марија Габриел за нејзината услуга како комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади. За три и пол години на оваа позиција, таа даде голем придонес во унапредувањето на приоритетите на Комисијата во оваа област, изјави претседателката на ЕК. Фон дер Лајен особено и се заблагодари за одличната имплементација на програмата Хоризонт и силното лансирање на иновации и старт-ап преку Европскиот совет за иновации. -Убедена сум дека нејзиното европско искуство, во овој и претходниот Колегиум на комесари, ќе биде добро искористено за нејзината земја, изјави Фон дер Лајен. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска и го додели мандатот за формирање влада на Марија Габриел предложена од коалицијата ГЕРБ-СДС, објави порталот „Софија глоуб“. Оваа коалиција, како најголема пратеничка група, доби можност прва да предложи кандидат. Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов претходно најави дека ќе ја предложи Габриела за премиерка, бидејќи ниту една партија не успеа да обезбеди мнозинство за формирање стабилна влада и по пет последователни избори. На свеченоста на инаугурацијата во Софија, Габриел изјави дека ќе претстави „професионална влада, обединета околу јасни приоритети“. Таа има рок од една недела да го предложи составот на владата или, доколку не успее, да му го врати мандатот на претседателот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-ja-prifati-ostavkata-na-evrokomesarkata-marija-gabriel-mandatarkata-za-sostav-na-novata-bugarska-vlada/feed/ 0