оставки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 08:21:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оставки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Павле Трајанов бара оставки во Владата: Нема преговори со ЕУ и отворање на кластерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavle-trajanov-bara-ostavki-vo-vladata-nema-pregovori-so-eu-i-otvorane-na-klasterite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavle-trajanov-bara-ostavki-vo-vladata-nema-pregovori-so-eu-i-otvorane-na-klasterite/#respond Tue, 08 Aug 2023 08:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=864507

Бујар Османи, министер за надворешни работи, потврди дека за уставните промени крајниот рок не е ноември, како што цела година ги лажеа граѓаните, медиумите парламентот, САД и другите наши партнери и поддржувачи. Тоа значи дека нема формално започнување на преговорите со ЕУ и отворање на кластерите, вели Павле Трајанов. „Година дена Ковачевски, Маричиќ и Османи лажеа, манипулираа и вршеа невиден притисок за уставни промени и вградување на Бугарите во Уставот, како предуслов за започнување на преговорите со ЕУ, како единствен предуслов, но Бујар Османи јавно призна дека рокот е до крајот на мандатот на оваа Влада, односно до јуни 2024 година. Сосема е јасно дека блокадата за ЕУ, не ја прават граѓаните и опозицијата,туку Владата. Османи ги знае најавите од некои земји членки на ЕУ, дека и по уставните промени нема согласност за почеток на преговорите и отворање на кластерите, поради организираниот криминал и корупцијата, поради некредибилниот и корумпиран судски систем, поради невладеењето на правото и партизацијата, како и поради отсуството на реформи и резултати. После ваквото фијаско, единствено што преостанува е одговорност, оставка на Владата и предвремени парламентарни избори. Господине Ковачевски, ако продолжите и натаму со оваа агонија, да инсистирате уште некој ден да бидете на власт, Вие ја преземате одговорноста за блокадата на евроинтеграциите и хаосот во кој ќе ја вовлечете државата. Мој совет Ви е, поднесете оставка“ - посочува тој!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavle-trajanov-bara-ostavki-vo-vladata-nema-pregovori-so-eu-i-otvorane-na-klasterite/feed/ 0
Министрите на ДУИ ги потпишаа оставките и ги доставија до премиерот Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-na-dui-gi-potpishaa-ostavkite-i-gi-dostavija-do-premierot-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-na-dui-gi-potpishaa-ostavkite-i-gi-dostavija-do-premierot-kovachevski/#respond Tue, 01 Aug 2023 12:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=862357

Сите министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), односно првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска преку нивните профили не Фејсбук соопштија дека ги потпишале оставките и ги доставиле до премиерот Димитар Ковачевски. -Како носител на важна јавна функција, свесен дека благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина несомнено припаѓа во големото европско семејство, имајќи го предвид именувањето на политичкиот субјект на кој му припаѓам и кој начелно се залага за интеграцијата на земјата како во НАТО и ЕУ така и за блиски и продлабочени односи со САД, имајќи го во предвид непристојниот услов на опозицијата за да ги изгласа уставните измени во Собранието, свесен за важноста на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Северна Македонија, Почитувам Претседател на Владата, Ви ја поднесувам мојата оставка од функцијата Министер за економија, која ве молам да ја активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените измени во Собранието и истите ќе стапат во сила, пишува во оставките на министрите објавени на Фејсбук. Тие посочуваат дека се чувствуваат горди и почестени од дадената доверба од страна на лидерот Али Ахмети, Демократската унија за интеграција и граѓаните, како и од довербата на премиерот да бидат дел од реформскиот и интегриран владин кабинет и да им служат на граѓаните. Министрите од ДУИ на 30 јули најавија дека ќе поднесат оставки од функциите што ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени. - Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, стои во објавата на Али Ахмети на Фејсбук. Инаку, едно од барањата на опозицијата на лидерската средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беше да се формира влада во која нема да учествува ДУИ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministrite-na-dui-gi-potpishaa-ostavkite-i-gi-dostavija-do-premierot-kovachevski/feed/ 0
Мицкоски: Потегот на ДУИ со оставки е големо ништо, маневар за дефокус од скандалите кои ги потопија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-potegot-na-dui-so-ostavki-e-golemo-nishto-manevar-za-defokus-od-skandalite-koi-gi-potopija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-potegot-na-dui-so-ostavki-e-golemo-nishto-manevar-za-defokus-od-skandalite-koi-gi-potopija/#respond Mon, 31 Jul 2023 20:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=862155

Планот на власта е да дојдат до редовни избори односно како уште неколку месеци повеќе да останат на позицииите каде што, да можат да испокрадат уште малку од тоа што може да се испокраде и тоа е суштината. План таму не постои друг, бидејќи сетоа она то гледаме што се случува на дневно ниво е токму тоа ден за ден да се купи, да се направи нешто со кое што уште некој месец ќе премостат до редовните избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“. Претседателот Мицкоски во врска со поднесување на оставките од страна министрите од ДУИ потенцираше дека тоа е политички маневар за да се дефокусира јавноста од скандалот со Соравиа, со аудито и слично. -Многумина тоа го нарекоа потег, но јас се чудам зошто во суштина се придава значање на нешто кое во најмала рака не е ништо, зошто тоа нешто не е ништо. Денеска слушнавме од Бујар Османи дека тие утре лично ќе ги потпишале оставките со одложено дејство и ќе ги ставеле на маса кај мандатарот, кај премиерот Димитар Ковачевски. Такво нешто правото, процедурите не познаваат, таква методологија, таков начин на поднесување нити пак правото, ниту пак процедурите во Македонија согласно тоа кое што се прописи, закони и процедури не познава. Ова е чисто некој политички маневар за да се дефокусираме, да не збориме сега за аудито, за Соравија, да не збориме за имот по западна Македонија и така натаму, а од друга страна еве направиме нешто кое што нас ке ни купи уште некој ден повеќе па потоа ќе има нешто друго и така натаму, рече Мицкоски. На крај претседателот Мицкоски порача дека потегот од ВМРО-ДПМНЕ ќе го видат на 18 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-potegot-na-dui-so-ostavki-e-golemo-nishto-manevar-za-defokus-od-skandalite-koi-gi-potopija/feed/ 0
Силјановска Давкова: Оставките на министрите на ДУИ се само политички маневар, се знае како се поднесува оставка преку премиерот до Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-ostavkite-na-ministrite-na-dui-se-samo-politichki-manevar-se-znae-kako-se-podnesuva-ostavka-preku-premierot-do-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-ostavkite-na-ministrite-na-dui-se-samo-politichki-manevar-se-znae-kako-se-podnesuva-ostavka-preku-premierot-do-sobranieto/#respond Mon, 31 Jul 2023 17:32:43 +0000 https://kurir.mk/?p=862118

Се работи за тн. оставки или симулација на оставки, бидејќи Уставот е јасен секој министер може да поднесе оставка и преку премиерот истата се дсотавува до претседателот на Собранието, а тој веднаш и ги доставува до пратениците и на следната седница се констатираат оставките, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на Вести плус што се емитува на телевизија Канал 5, а коментирајќи ги како што велат од ДУИ условените оставки на нивните министри, кои би се ефектуирале доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот. Според неа нивниот чекор е само „политички маневар“. Силјановска се осврна и на тоа што значи Бугарија да има нови барања по промената на Уставот на Македонија. „Преговорите во рамки на тн. историска комисјиа се непресушен извор на барања истото е и во рамки на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или не договореното. Значи господар на прстените е Бугарија“, кажа Силјановска. Прво ќе се прашаат граѓаните дали да се менува Уставот и да се внесат Бугарите, вели Силјановска и додава „јасно е дека ги претставуваме граѓаните, на изборите ќе побараме да кажат што мислат за овие уставни измени, преамбулата не е место каде се гарантираат правата нашиот Устав им гарантира права на сите во член од истиот.“ Според професорката во Македонија не треба да се зборува за дискриминација по етничка основа. „Дискриминари се оние кои плаќаат или не плаќаат струја. Во Македонија се дикриминари граѓаните како поединци. Крајно време е да го ставиме акцентот на стручнот и компетентност и сите ќе останат тука никој нема да си оди од Македонија“, вели Силјановска. На Македонија, укажува таа, најмногу и е важно владеењето на правото. „Во сите устави има други во смисла на народи, и кај нас во Уставот има дел кој вели и правата на други и тука се сите и правата им се заштитени со член 48 и амандман 8 од Уставот“, кажа Силјановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-ostavkite-na-ministrite-na-dui-se-samo-politichki-manevar-se-znae-kako-se-podnesuva-ostavka-preku-premierot-do-sobranieto/feed/ 0
Ковачевски: Не само градоначалникот на Струга, туку оставки треба да поднесат и сите советници што ги поддржувале неговите одлуки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-samo-gradonachalnikot-na-struga-tuku-ostavki-treba-da-podnesat-i-site-sovetnitsi-shto-gi-poddrzhuvale-negovite-odluki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-samo-gradonachalnikot-na-struga-tuku-ostavki-treba-da-podnesat-i-site-sovetnitsi-shto-gi-poddrzhuvale-negovite-odluki/#respond Fri, 30 Jun 2023 13:22:23 +0000 https://kurir.mk/?p=851273

Институциите да ги проверат наодите по сите основи, зошто Рамиз Мерко се нашол на црната листа на Соединетите Американски Држави. Несфатливо како истражители од САД имале информации за нешто што се случило тука, а немале задолжените институции кај нас, изјави премиерот Димитар Ковачевски на седница за пратенички прашања одговарајќи му на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој праша дали премиерот ќе побара оставка од градоначалникот на Струга. Ковачевски рече дека секој избран функционер треба да работи по законите и во интерес на граѓаните и повтори дека тој да бил на црна листа на САД - не само што би поднел оставка, туку тоа би било најголем неуспех во неговата лична и професионална кариера. Смета дека оставка треба да поднесат и советниците во Општината доколку не работеле во интерес на граѓаните и ги поддржувале неговите одлуки и дека најдолг период на функцијата Мерко бил во време на коалицијата на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ. -Доколку ги погледнете основите по кои е донесена одлуката од Стејт департментот за ставање на црната листа, во текот на извршувањето на функцијата бил во коалиција со сите политички партии, вклучително и со вашата во најдолг период од неговата кариера, тогаш мојата порака би била - доколку не работеле во интерес на граѓаните, за што треба да потврдат институциите, не само градоначалникот на Струга, туку и сите советници од сите советнички групи кои поддржувале одлуки во текот на сиот изминат период сите заедно треба да си дадат оставка, рече премиерот. Незадоволен од одговорот, Стојановски рече дека Ковачевски нема храброст да побара оставка од Мерко во страв, како што рече, дека тие (ДУИ) ќе ја напуштат коалицијата и ќе треба да оди на избори. Откако од говорницата Стојановски го нарече премиерот„циркусант“, настана расправија меѓу нив во собраниската сала, по што пратеникот на опозициската партија рече дека нема да му се извини на Ковачевски затоа што „не можел да најде посоодветен збор за неговите постапки“. Стојановски го праша и министерот за правда Кренар Лога, порано вработен во Општина Струга, зошто сѐ уште не е постапено по шест предмети против Рамиз Мерко и дали тоа се „европските вредности“ поради кои неговата партија (Алијанса за Албанците) влегла во Владата. Лога одговори дека го чека извештајот од Судскиот совет од контрола што ќе се изврши во Основниот суд во Струга. Посочи дека во времето кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, од тогашниот градоначалник Зијадин Села најмалку 20 предмети биле поднесени во обвинителството во Струга и до МВР. -Во 2013-2017, кога јас бев секретар на Општината, централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ, државниот обвинител беше избран од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш каде беше ВМРО-ДПМНЕ? Можам да заклучам дека вие го имате заштитено бидејќи четири години немавте постапено. Во тоа време јас лично и до Гордана Јанкулоска имам пуштено писма за наводи за постоење криминал. Жал ми е што денеска прстот го вперувате кон мене, изјави Лога. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-samo-gradonachalnikot-na-struga-tuku-ostavki-treba-da-podnesat-i-site-sovetnitsi-shto-gi-poddrzhuvale-negovite-odluki/feed/ 0
Судиите ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudiite-ke-gi-obrazlozhat-ostavkite-pred-kolegite-od-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudiite-ke-gi-obrazlozhat-ostavkite-pred-kolegite-od-sudskiot-sovet/#respond Thu, 08 Jun 2023 07:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=843497

Судиите Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски денес ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет, а се очекува на седницата да се избере и заменик на Селим Адеми. Герасимовски е апелациски судија, а Радевска-Стефкова е врховна судијка. Тие поднесоа оставки пред два дена, во време кога невладините организации побараа Судскиот совет да се самораспушти бидејќи ја урнисува довербата во правосудството преку секојдневните расправии и начинот на кој ги носат одлуките. Судскиот совет во последниот месец е цел на негативни критики и од страна на меѓународната заедница, откако поранешната претседателка Весна Дамева, на 26 април, беше разрешена од функцијата. На седницата на Судскиот совет дојде до расправија кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика да се гласа за нејзино разрешување. Го поддржаа седум члена и тој констатираше дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата. По скандалот реакција стигна и од амбасадата на САД. Од таму за „Макфакс“ посочија дека членовите на Советот имаат задача да изградат независен судски сектор. По оставките на двајцата судии, Коалицијата „Сите за правично судење“ ги повика и другите членови да си поднесат оставки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudiite-ke-gi-obrazlozhat-ostavkite-pred-kolegite-od-sudskiot-sovet/feed/ 0
Собранието ги констатира оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-konstatira-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-konstatira-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/#respond Mon, 13 Feb 2023 11:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=799833

Собранието на Република Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците. -Констатирам дека на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите, истакна Џафери. Пред почетокот на 103. седница, пратениците им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија со едноминутно молчење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sobranieto-gi-konstatira-ostavkite-na-tupanchevski-nuredini-rendevski-i-nuhiu/feed/ 0
Оставките пристигнаа во македонското собрание: Рендевски ќе се посвети на спиналната неврохирургија, а предолг за замена на Лучи се уште нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkite-pristignaa-vo-makedonskoto-sobranie-rendevski-ke-se-posveti-na-spinalnata-nevrohirurgija-a-predolg-za-zamena-na-luchi-se-ushte-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkite-pristignaa-vo-makedonskoto-sobranie-rendevski-ke-se-posveti-na-spinalnata-nevrohirurgija-a-predolg-za-zamena-na-luchi-se-ushte-nema/#respond Mon, 13 Feb 2023 11:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=799819

Во Собрание се доставени оставките на неколку владини функционири кои ќе бидат сменети со влегувањето на Алијанса на Албанците во Влада. До Собрание се доставени и предлози на премиерот Димитар Ковачевски за разрешување, што е во контекст на реконструкцијата на Владата со која се најавени промена на четири министерски и пет заменик-министерски позиции. Поради промените кои ги најави Владата, од политичката партија Алтернатива најавија напуштање на владината коалција, но енигма останува зошто меѓу оставките нема оставка и од Даим Лучи, заменик-министер за култура кој во владината коалиција влезе како член на Алтернатива. За Лучи нема биту барање за разрешување, ниту најава за негов заменик. Од документите доставени во Собарание се забележува дека има барање за разрешување на Башким Хасани, заменик на министерот за одбрана. Потоа на Абдулшуќур Абедини заменик министер во Министерството за земјоделство и на Лулзим Алиу земеник министер во Министерство за образовение и наука. Меѓу разрешените се и досегашниот министер за здравство, Беким Сали, потоа министерот за информатичко општество Адмирим Алити, како и Џемал Чупи досегашен министер без ресор задолжен за дијаспората. До собранието своја оставка поднесе заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, кој се заблагодари за довербата до премиерот Ковачевски и истакна дека како специјалист неврохирург и доцент по предметите неврохирургија и хирургија во иднина ќе се посвети на неговата струка во матичната установа ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија и Медицинскиот факултет Скопје, нагласувајќи дека особено ќе се посвети на стручно усовршување за воведување нови оперативни методи од областа на спиналната неврохирургија. Заменик министерот за правда Агим Нухиу самиот достави оставка до Собранието, а истото го направи и Министерот за правда Никола Тупачески кој воедно се заблагодари за укажаната доверба и досегашната соработка. Неоповиклива оставка поднесе и министерот за животна средина Насер Нуредини. Нови министри согласно предлогот на Ковачевски ќе бидат Кренар Лога на Министерството за правда, Фатмир Меџити ќе раководи со Министерството за здравство. Азир Алиу ќе биде министер по информатичко општество и администрација, додека Каја Шукова ќе биде новата министерка за животна средина и просторно планирање. Од документите доставени во Собрание може да се види дека за заменици министри премиерот го предлага Трион Јајага во Министерството за одбрана. Викторија Аврамовска-Мадиќ земеник во Министерство за правда. Вјолца Бериша на заменичкото столче во Министерство за земјоделство. Маја Манолева ќе биде заменичка во Министерството за здравство додека Агим Нухиу добива нова позиција, заменик во МОН.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostavkite-pristignaa-vo-makedonskoto-sobranie-rendevski-ke-se-posveti-na-spinalnata-nevrohirurgija-a-predolg-za-zamena-na-luchi-se-ushte-nema/feed/ 0
На Косово досега 578 Срби поднеле оставки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-kosovo-dosega-578-srbi-podnele-ostavki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-kosovo-dosega-578-srbi-podnele-ostavki/#respond Mon, 07 Nov 2022 16:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=757019

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељал Свечља денеска изјави дека досега 578 косовски Срби, припадници на косовската полиција, поднеле оставки. На заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Аљбин Курти тој рече дека тие оставки се резултат на уцени. „Официјално се поднесени 578 оставки, од кои 461 се од полицијата за јавен ред, 107 од граничната полиција и десет од одделот истрага. Тие оставки се поради уцена, загрозени им се животите на самите полицајци доколку не поднесат оставка“, рече Свечља. Според него, евидентно е дека дел од тие „оркестрирани настани“ не биле организирани од локални Срби „туку од одредени групи организирани во соработка со Вучиќ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-kosovo-dosega-578-srbi-podnele-ostavki/feed/ 0
Четворица министри во словачката Влада од партијата Слобода и солидарност поднесоа оставки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvorica-ministri-vo-slovachkata-vlada-od-partijata-sloboda-i-solidarnost-podnesoa-ostavki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvorica-ministri-vo-slovachkata-vlada-od-partijata-sloboda-i-solidarnost-podnesoa-ostavki/#respond Mon, 05 Sep 2022 15:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=729082

Министри на словачката Влада од централно-десничарската партија Слобода и солидарност денеска поднесоа оставки на функциите, откако нивната партија побара да го напуштат кабинетот поради судир со другите коалициски партнери, јавија британските медиуми. Тоа значи дека со овој чекор се изгуби парламентарното мнозинство за поддршка на владата. Во словачката Влада имаше четворица министри од партијата Слобода и солидарност. Премиерот на Словачка Едуард Хегер изјави дека владата ќе продолжи да функционира како малцинска, а за промените во кабинетот ќе го информира словачкиот претседател пред да и ги соопшти на јавноста следната недела.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvorica-ministri-vo-slovachkata-vlada-od-partijata-sloboda-i-solidarnost-podnesoa-ostavki/feed/ 0