остен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Apr 2023 10:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png остен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изложба „Најцрната црна“ на Мице Јанкуловски во галеријата „Остен“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozhba-najtsrnata-tsrna-na-mitse-jankulovski-vo-galerijata-osten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozhba-najtsrnata-tsrna-na-mitse-jankulovski-vo-galerijata-osten/#respond Mon, 24 Apr 2023 10:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=826907

Од 20 април до 4 мај во галеријата „Остен“ е поставена самостојна изложба на слики (карбон на платно) од Мице Јанкуловски, насловена „Најцрната црна“. Уметникот подолго време работи слики во големи формати со црна боја, а од минатата година почна да слика со карбон црна боја (најцрната црна) и сликите од оваа негова најнова фаза ги претстави премиерно на изложби во Њујорк. Во декември 2022, црните слики од циклусот „Најцрно црно“ / „Blackest black“ на Јанкуловски беа премиерно поставени во галериите Артефактс и МЦ Галерија во Њујорк. -Станаа дел од светската уметничка сцена одразувајќи ги сите контроверзии и дубиози, но и сета привлечност, заводливост и убавина на фасцинантниот спектакл кој се вика современа ликовна уметност денес, наведува „Остен“. Уметникот Емил Алексиев во освртот кон изложбата на Јанкуловски наведува дека станува збор за користење боја која ја апсорбира речиси сета светлина. -Сликите на Јанкуловски се црни. Тука се работи за процес во нашето око, предизвикан од прелевањето на црните тонови и нивна интеракција, а не за нешто што може да се наслика и што постои пред самиот чин на сликање... Пред овие слики имате впечаток дека стоите пред бескрајната и бесконечна Вселена од чија длабока темнина допира до вас светлината на одамна мртвите ѕвезди. Чувството е возвишено и застрашувачко, посочува Алексиев. Додава дека воопшто не е случајно премиерното пертставување и големиот интерес на овој циклус слики на Мице Јанкуловски токму во Њујорк. -Овие слики и припаѓаат на американската њујоршка школа и можат да се поврзат со црните слики на некои од најзначајните американски уметници како што се Роберт Раушенберг (1925-2008), Ед Рајнхард (1913-1967), Марк Ротко (1903-1970) и Френк Стела (1936), и на се уште актуелната традиција на американскиот апстрактен експресионизам од педесеттите и шеесеттите години од минатиот век кога Њујорк го победи Париз како светско средиште на модерната уметност, додава Алексиев во освртот кон изложбата на Јанкуловски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozhba-najtsrnata-tsrna-na-mitse-jankulovski-vo-galerijata-osten/feed/ 0
Пендаровски прими претставници на „Остен“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-primi-pretstavnici-na-osten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-primi-pretstavnici-na-osten/#respond Mon, 21 Nov 2022 12:17:05 +0000 https://kurir.mk/?p=764171

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на „Остен“, Мице Јанкуловски и Корнелија Конеска. На средбата, претседателот беше запознаен со досегашните активности на „Остен“, меѓународната соработка што ја остваруваат, спроведените изложби и проекти, како и за подготовките кои ги преземаат за успешна реализација на активностите во наредниот период. Во таа насока, претставниците на „Остен“ информираа за официјалната изложба - Биенале на цртеж, што ќе се одржи на 22 февруари 2023 година во Чифте амам во Скопје, како и за претстојната Светска галерија на карикатури (1969-2023). Неколку децениското традиционално организирање на Светската галерија на карикатури, како и Светската галерија на цртеж, посочи претседателот Пендаровски, е доказ за оригиналноста и квалитетот на брендот „Остен“ кои ја поттикнуваат слободата кај уметникот и неконвенционалното изразување. На средбата, претседателот изрази поддршка на развојните проекти и иницијативи на „Остен“ во областа на културата и уметноста, како и на соработката со уметниците и карикатуристите од целиот свет, преку коишто придонесуваат за меѓународна афирмација на нашата земја. Воедно, претседателот го поздрави формирањето на Музејот на цртеж - збирка од над 15.000 дела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-primi-pretstavnici-na-osten/feed/ 0
Изложба на наградените карикатури на „Остен“ во изминатите 50 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-nagradenite-karikaturi-na-osten-vo-izminatite-50-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-nagradenite-karikaturi-na-osten-vo-izminatite-50-godini/#respond Sat, 21 Sep 2019 14:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=243235

Педесет карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури „Скопје“ од 1969 до 2019 се претставени на изложбата на „Остен“ која од вчера е отворена во „Куќата на Робевци“ во Охрид и ќе трае до 3 октомври. – Скопје, град со релативно скромни традиции во карикатурата, благодарејќи на професионалното организациско обликување на Светската галерија на карикатури од членовите на Редакцијата на македонскиот хумористично-сатиричен весник „Остен“, од 1969 година прераснува во град – Мека на светската карикатура и тоа трае веќе 50 години. За тоа се заслужни многумина: од Блаже Конески (кумот на името „Остен“), Ацо Шопов, Владо Малески, Славко Јанески, Василие Поповиќ Цицо, .., преку Дарко Марковиќ, Дукан Јелен, Владо Јоциќ, Панде Јаревски, Миле Попоски, Димитар Чудо, Ане Василевски, Глигор Костовски, Делчо Михајлов, Ѓуро Варга, Ефтим Проески, Живко Павлов, сите во своите области како работници или соработници во Редакцијата на „Остен“, … па сѐ до Мице Јанкуловски, кој од 2004 година заедно со тимот на „Остен“ успешно ја продолжува традицијата на Светската галерија на карикатури, соопшти „Остен“. Наведува и дека и по половина век постоење ќе продолжи да создава услови за карикатуристите од цел свет да можат „да стрелаат со своите мирнодопски куршуми сочинети од елементи на политика, уметност, хумор и сатира – точно во центарот на сите сомнителни и проблематични точки на светот во кој живееме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-nagradenite-karikaturi-na-osten-vo-izminatite-50-godini/feed/ 0