остетување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Nov 2020 12:05:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png остетување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српските лекари тврдат дека Ковид-19 може да го оштети слухот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskite-lekari-tvrdat-deka-kovid-19-moze-da-go-oshteti-sluhot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskite-lekari-tvrdat-deka-kovid-19-moze-da-go-oshteti-sluhot/#respond Mon, 02 Nov 2020 12:05:47 +0000 https://kurir.mk/?p=423727

Тим на лекари од ОРЛ клиниката на Клиничкиот центар Ниш го испитале влијанието на новиот коронавирус врз слухот, со што се покажало дека Ковид-19 може да доведе од слабо до умерено губење на слухот на високи фреквенции, изјави директорот на клиниката за ОРЛ Душан Милисављевиќ, истакнувајќи дека ова е првата се опфатна студија за ефектите на Ковид-19 врз слухот во светски рамки. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Милисављевиќ изјави дека тим на експерти бил во црвената ковид зона и го испитал влијанието на новиот коронавирус врз слухот кај умерено тешки и тешките пациенти. – Откривме блага до умерена загуба на слухот на високи фреквенции. Ова значи дека коронавирусот може да го нападне и слушниот нерв. Ги евидентиравме пациентите, ги повикавме дополнително да го проверат слухот и ги повикавме да влеземе во втората фаза односно да најдеме соодветна терапија, истакна Милисављевиќ. Врз основа на овие податоци, тој посочи дека кај некои пациенти слухот се враќа за неколку недели, а кај други по неколку месеци. Милисављевиќ наведе дека за време на третманот на пациенти со оштетен слух се корористи дексаместазон, како и дека постојат две теории за тоа како новиот коронавирус го напаѓа и го оштетува слушниот нерв. – Првиот е дека во крвта се формираат микротромби кои удираат на внатрешното уво и ја оштетуваат васкуларизацијата на слушниот нерв, а втората е недостаток на кислород во хемоглобинот, што го оштетува нервот, објасни Милосављевиќ. Тој истакна дека никој во светот сè уште нема спроведено толку сеопфатна студија за ефектите на ковид-19 врз слухот и дека резултатите од студијата ќе бидат испратени до водечкото американско списание кое се занимава со теми за ОРЛ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskite-lekari-tvrdat-deka-kovid-19-moze-da-go-oshteti-sluhot/feed/ 0