острови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Mar 2023 14:52:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png острови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонија пронајде 7.000 острови за кои не знаела дека ги има https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonija-pronajde-7-000-ostrovi-za-koi-ne-znaela-deka-gi-ima/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonija-pronajde-7-000-ostrovi-za-koi-ne-znaela-deka-gi-ima/#respond Sat, 04 Mar 2023 14:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=808056

Јапонија направи детално мапирање на својата територија и откри дека има 7.000 острови повеќе од претходно познатите. Дигиталното мапирање спроведено од Јапонската геодетска управа неодамна откри дека има 14.125 острови на јапонска територија, што е повеќе од двојно повеќе од бројот (6.852) во официјална употреба од извештајот на Јапонската крајбрежна стража од 1987 година. Сепак, како што нагласуваат од Управата, новата бројка сведочи за напредокот на технологијата за геодетско истражување и подетално креирање на карти кои се користат за броење - но вкупната површина на територијата што и припаѓа на Јапонија не е променета. Било потенцирано дека иако не постои меѓународен договор за тоа што се смета за остров, се користел истиот критериум за големина како и во претходната анкета пред 35 години. Тоа значело броење на сите природни копнени површини со обем од најмалку 100 метри. Островите околу Јапонија се предмет на неколку територијални спорови кои оваа земја ги има со соседите. Проблемот со јужните Курилски Острови, кои Јапонија ги нарекува Северни територии, е спор кој трае од Втората светска војна кога оваа територија беше окупирана од советските трупи, а денес тие се дел од територијата на Русија. Јапонија, исто така, вели дека има историски права на ненаселените острови Сенкаку во Источното Кинеско Море, со кои таа моментално управува, но Кина постојано го оспорува тоа тврдење. Покрај тоа, Јапонија и Јужна Кореја се расправаат повеќе од 70 години за суверенитетот на групата острови наречени Докдо во Сеул и Такешима во Токио во Јапонското Море, што е источно море за Корејците.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/japonija-pronajde-7-000-ostrovi-za-koi-ne-znaela-deka-gi-ima/feed/ 0
Ова ќе ве интересира: Што е потребно за патување на островите во Грција? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-kje-ve-interesira-shto-e-potrebno-za-patuvanje-na-ostrovite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-kje-ve-interesira-shto-e-potrebno-za-patuvanje-na-ostrovite-vo-grcija/#respond Thu, 01 Jul 2021 17:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=530724

Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР или рапид тест, од понеделник ќе бидат задолжителни за патување на грчките острови, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката, базирана на препораката на Комисијата на епидемиолози, попладнево ја соопшти заменик- министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој објасни дека од 5 јули, за оние кои имаат сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 нема да има рестрикции, додека пак за останатите задолжителен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 48 часа пред поаѓањето. Децата до 12 годишна возраст ќе патуваат слободно, а за оние од 12 до 17 години, потребен е било каков тест, вклучително и селф тестот, односно тестот за домашна употреба. За враќање од островите, Хардаљас рече дека постои препорака сите над 12 годишна возраст да прават селф тестови. Досега, на островите, можеше да се патува и со направен тест за домашна употреба, откако граѓаните, резултатот го пријавуваа на специјален сајт. Освен неопходните документи поврзани со Ковид-19, за патување со брод на грчките острови, задолжително е и пополнување на специјален формулар, достапен на https://sea.travel.gov.gr/#/.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-kje-ve-interesira-shto-e-potrebno-za-patuvanje-na-ostrovite-vo-grcija/feed/ 0
Грчката владата размислува за масовна имунизација за covid- free острови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vladata-razmisluva-za-masovna-imunizacija-za-covid-free-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vladata-razmisluva-za-masovna-imunizacija-za-covid-free-ostrovi/#respond Fri, 05 Mar 2021 13:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=477808

Масовна имунизација на грчките острови во Егејското и Јонското море, со цел да бидат „covid -free“ острови во пресрет на туристичката сезона е еден од плановите што го разгледува грчката Влада според весникот „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот весник пишува дека намерата е првично да се започне со оние острови кои имаат до 15.000 жители, а потоа да следат и големите, како што се Крит, Родос, Крф, итн. – Владата разгледува специјален план во три точки за острови без коронавирус, па дури и пред Велигден и ги разгледува можностите за прилагодување на операцијата „Слобода“ за островскиот дел од земјата, барајќи решенија за што е можно побргу и безбедно да се вклучат моторите на туристичката сезона, пишува „Та неа“ во текстот под наслов „Планот на Владата за covid –free острови – без коронавирусот до Велигден“. Размислувањата, според весникот, се прво да се издвојат повеќе приоритетни групи за вакцинација на островите, независно од процесот во другите делови од земјата, второ да се отворат дополнителни центри за вакцинација и трето, до почетокот на летото да бидат вакцинирани сите оние што се во првите редови во туристичката индустрија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vladata-razmisluva-za-masovna-imunizacija-za-covid-free-ostrovi/feed/ 0
Грчка доминација: Топ-листа на најубавите острови во Европа за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/grchka-dominacija-top-lista-na-najubavite-ostrovi-vo-evropa-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/grchka-dominacija-top-lista-na-najubavite-ostrovi-vo-evropa-za-2020-godina/#respond Thu, 16 Jul 2020 15:25:23 +0000 https://kurir.mk/?p=377247

Угледното специјализирано списание за патување, “Travel + Leisure” и оваа година направи листа на најубавите европски острови. Интересна е целосната превласт и доминација на грчките острови, од кои дури 7 се најдоа во топ 20, а во листата спаѓа и еден хрватски остров кој се најде на 5-то место – Хвар. Читателите на списанието го прогласија грчкиот остров Парос за најубав европски остров. Ласкавата титула, Парос ја освоил поради комбинацијата од прекрасни плажи, традиционална архитектура, сликовити села, археолошки наоѓалишта и богат ноќен живот.
Парос првото место оваа година го презеде од уште еден “Грк”, Милос, кој се најде на второто место, додека на третото место е италијанската Сицилија. По најголемиот италијански остров, се најдоа Азорските острови, Хвар и повторно – грчкиот Крит. На седмото место е италијанскиот остров сместен близу Неапол – Искја. По неа следуваат Мајорка и Мадеира, а десеттото место повторно го зазедоа Грците – Родос и Додеканези.

Парос, Грција

Милос, Грција

Сицилија, Италија

Азорски острови, Португалија

Хвар, Хрватска

Крит, Грција

Искја, Италија

Мајорка, Шпанија

Мадеира, Португалија

Родос, Грција

Додеканези, Грција

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/grchka-dominacija-top-lista-na-najubavite-ostrovi-vo-evropa-za-2020-godina/feed/ 0
Грците од понеделник повторно ќе можат да патуваат низ континентална Грција и на островот Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcite-od-ponedelnik-povtorno-kje-mozat-da-patuvaat-niz-kontinentalna-grcija-i-na-ostrovot-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcite-od-ponedelnik-povtorno-kje-mozat-da-patuvaat-niz-kontinentalna-grcija-i-na-ostrovot-krit/#respond Wed, 13 May 2020 08:37:52 +0000 https://kurir.mk/?p=345245

Во понеделник се укинува уште една рестриктивна мерка за Грците, односно забраната за движење вон периферијата на постојаното живеалиште, па така ќе биде дозволено патување низ земјата, но само во континенталниот дел и на островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас рече дека во сите периферии каде што ќе биде дозволено патувањето постојат здравствени структури кои имаат капацитет да се справат со нови случаи на Ковид-19, доколку се појават. Во однос на патувањето на островите, Хардаљас рече дека намерата на грчката Влада е тоа да се дозволи на 25 мај 2020 година, доколку работите одат непречено. -Одлуката ќе биде финализирана и го потенцирам ова, кон средината на следната седмица согласно епидемиолошката состојба во земјата, но и на островите, објасни Хардаљас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcite-od-ponedelnik-povtorno-kje-mozat-da-patuvaat-niz-kontinentalna-grcija-i-na-ostrovot-krit/feed/ 0
СИРИЗА: Владата ги претвора островите во затвори за барателите на азил https://arhiva.kurir.mk/svet/region/siriza-vladata-gi-pretvora-ostrovite-vo-zatvori-za-baratelite-na-azil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/siriza-vladata-gi-pretvora-ostrovite-vo-zatvori-za-baratelite-na-azil/#respond Wed, 20 Nov 2019 18:26:32 +0000 https://kurir.mk/?p=266820

Со мерките што денеска ги соопшти владата, ниту ситуацијата на островите ќе се подобри, ниту условите за бегалците и мигрантите ќе станат подобри, велат од грчката опозициска партија СИРИЗА во однос на објавениот оперативен план на владата за справување со бегалското и мигрантското прашање и додаваат дека со мерките, островите ќе бидат претворени во затвори, јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението, од СИРИЗА ја обвинуваат владата дека доцни четири месеци со програмата за прераспределување, „создавајќи хаос на островите, а барателите на азил да достигнат до 37. 000, од 15. 000 на почетокот на јули“. -Владата тврди дека решението се затворени центар за притвор од 5.000 лица. Островите ги претвора во затвори каде ќе бидат затворени сите баратели на азил, семејства и малолетни лица. Така, затворањето се претвора од последна мерка во општо правило. Односно кршејќи ги основните одредби на меѓународното и европското право, но освен тоа, полнењето на нашите острови со затвори создава уште поголема опасност од тензии, соопштуваат од СИРИЗА. Од грчката опозициска партија, ја повикуваат владата да вработи службеници и преведувачи, веднаш да префрли 20. 000 лица од островите, да ја притисне ЕУ за да и наметне на Турција да ги исполни обврските од договорот и „конечно да ги остави зборовите и да премине на дела, секогаш почитувајќи го меѓународното право“. Реакцијата од СИРИЗА доаѓа по објавениот план на владата да се затворат постоечките бегалски кампови на пет острови и на нивно место да се изградат нови, затворени центри (за лицата што не добиле азил и кои ќе треба да бидат депортирани), како и центри за прием и идентификација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/siriza-vladata-gi-pretvora-ostrovite-vo-zatvori-za-baratelite-na-azil/feed/ 0
ФОТО: Топ 5 хрватски острови кои вредат да се посетат! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-top-5-hrvatski-ostrovi-koi-vredat-da-se-posetat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-top-5-hrvatski-ostrovi-koi-vredat-da-se-posetat/#respond Fri, 22 Dec 2017 09:18:39 +0000 http://kurir.mk/?p=625

За да не размислувате премногу каде да се разладите за време на топлите сончеви денови во следното лето, ние ви претставуваме неколку топ дестинации во Хрватска. Се работи за острови кои дефинитивно вредат да се посетат и каде ќе имате загарантирана забава и авантура. 1. Корчула За островот Корчула или Црна Корчула се кријат голем број легенди, приказни и споменици какви што нема да имате можност да погледнете на други места. Корчула е островот на морето, сонцето, каменот и виното. Населението на овој остров претежно се занимава со винарство, па денес можете да уживате во најдобрите пијалаци таму. Островот има специфична местоположба со многу сонце, а богатата традиција и убавото море биле причина за развојот на туризмот. Многубројни необични заливи, топло море и сонце, здрава медитеранска храна и добри домаќини ја направија Корчула позната туристичка дестинација. 2. Брач Овој остров е најголем во Далмација и еден од најголемите на Јадранското море со локација помеѓу Хвар и Сплит. Во светот Брач е познат по производството на белиот камен кој е употребуван за изработка на најпознатите градби како Белата Куќа, Парламентот во Виена и Рајштагот во Берлин. За време на летниот период овој остров има многу што да понуди, активности и избор за сместување. На овој остров постојат толку многу опции за да правите нешто интересно така што е невозможно да не пронајдете нешто што нема да ви одговара. Пучица и Супетар се најголемите места во Брач. Главни производи се маслиново масло, вино и овошје. Почнувајќи од богатата историја и наследството, уникатната гастрономија, прекрасните плажи, кристалното море, високо квалитетното сместување и гостопримството се работи кои гарантираат совршен одмор кој никогаш нема да го заборавите. 3. Хвар Хвар е еден од најсончевите острови на целиот Медитерански простор, а изминатите години е омилена дестинација на премногу туристи. Лоциран е во централна Далмација помеѓу Брач и Корчула. Островот Хвар шири мирис на лаванда, која таму се одгледува во комбинација со мирисот на Јадранското море. Според зборовите на туристите кои еднаш го посетиле ова место, велат дека тие повторно се враќаат таму. На Хвар има фантастичен ноќен живот за време на летниот период, забави кои траат до раните утрински часови. Исто така гостите можат да уживаат во разноврсни културни настани како и да присуствуваат на многу музички настани доколку се љубители на класичната музика. 4. Мљет Вљубениците во природата и историјата, оние кои ги сакаат тајните приказни и легенди, љубителите на кристално чистото море и нуркањето, недопрената природа и врвна кујна, задолжително мораат да го посетат Мљет. Оваа дестинација е позната како Одисеовиот остров, бидејќи се споменува во приказните на Одисеј. На овој остров можете да го погледнете единствениот природен феномен: на средината на островот се наоѓаат две поврзани езера со морска вода при што во средината се наоѓа поголемо островче со стариот бенедиктски манастир на Света Богородица, кој е инаку најважниот споменик за Мљет. 5. Вис Овој остров е веројатно најчистиот дел од Јадранот, бидејќи е најоддалечениот остров од копното. Атракциите на Виса се главно природните убавини, кристалното чисто и незагадено море, земјата и воздухот. На јужната страна се наоѓаат интересни пештери и плажи кои настанале од брановите на морето. Они кои што се во потрага за мир и тишина, изолација од бучавата и племенита природна убавина, Вис е вистинскиот избор. Ова е совршена дестинација за парови, кои сакаат да уживаат во интимните моменти додека се на одмор. За време на летниот период овој остров добива нов живот, се организираат различни музички настани, спортски риболов и останати фестивали. Вис нуди разноврсни кулинарски искуства, храна направена исклучително од локални состојки. Доколку го посетите Вис ќе уживате во прекрасните пејзажи и ќе дознаете повеќе за секојдневниот живот на населението.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-top-5-hrvatski-ostrovi-koi-vredat-da-se-posetat/feed/ 0