осуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 10:14:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ со осуда на трансферот на оружје меѓу Северна Кореја и Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-so-osuda-na-transferot-na-oruzhje-megu-severna-koreja-i-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-so-osuda-na-transferot-na-oruzhje-megu-severna-koreja-i-rusija/#respond Sat, 04 Nov 2023 10:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=896370

Европската Унија е длабоко загрижена од извештаите за воена соработка и трансфери на оружје меѓу Северна Кореја и Руската Федерација наменето за употреба во илегалната, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна на Русија против Украина, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). - Европската Унија силно го осудува секој таков трансфер на оружје. ЕУ ги повикува Северна Кореја и Русија да се воздржат од каква било размена на воена опрема или муниција и да се придржуваат до резолуциите на Советот за безбедност на ОН, вклучително и 1718, 1874 и 2270, кои јасно забрануваат каков било извоз или увоз на оружје поврзан со Демократска Народна Република Кореја, се наведува во соопштението. Според ЕЕАС, кршењето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН на која и самата е коавтор од страна на Москва и продлабочувањето на врските со Пјонгјанг се показател на нејзината зголемена изолација и очај и на ефективноста на рестриктивните мерки на ЕУ кон Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-so-osuda-na-transferot-na-oruzhje-megu-severna-koreja-i-rusija/feed/ 0
Земјите-членки на Г7 го осудија нападот на Хамас врз Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-chlenki-na-g7-go-osudija-napadot-na-hamas-vrz-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-chlenki-na-g7-go-osudija-napadot-na-hamas-vrz-izrael/#respond Thu, 12 Oct 2023 19:24:01 +0000 https://kurir.mk/?p=888214

Категорично ги осудуваме неодамнешните терористички напади на Хамас врз државата Израел и ја изразуваме нашата солидарност со израелскиот народ. Ова го изјави министерот за финансии на Јапонија, Шуничи Сузуки, по состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки од Г-7. Дискусиите се одржаа во рамките на Годишниот состанок на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во мароканскиот град Маракеш. Прес-конференцијата беше одложена за повеќе од еден час „за да се разјаснат“ некои фрази во последното коминике, рече и јапонскиот министер за финансии. Сузуки рече дека земјите од Г7 ќе продолжат да ја поддржуваат Украина да се брани во нелегалната и неоправдана војна што започна со руската инвазија минатата година. Тој посочи дека на состанокот на Г-7 учествувал и министерот за финансии на Украина Серхи Марченко. - Остануваме посветени на унапредување на меѓународната соработка за справување со глобалните економски тешкотии предизвикани од руската војна против Украина и претворањето на енергенсите и храната во оружје, рече Сузуки. - Во овој контекст, ја повикуваме Русија да ги прекине нападите врз украинските резерви и инфраструктурата со жито и брзо да ја обнови Црноморската иницијатива за жито за подобрување на понудата на светскиот пазар и намалување на нестабилноста на цените на храната“, додаде јапонскиот министер за финансии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjite-chlenki-na-g7-go-osudija-napadot-na-hamas-vrz-izrael/feed/ 0
Меркел го осуди нападот врз Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-go-osudi-napadot-vrz-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-go-osudi-napadot-vrz-izrael/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=886838

Поранешната канцеларка на Германија Ангела Меркел најостро го осуди нападот против Израел од страна на исламистичка група Хамас, јави ДПА. -Најостро ги осудувам терористичките напади на Хамас против државата Израел. Моите мисли и солидарност се со израелскиот народ и владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави денеска Меркел. Актуелниот канцелар на Германија, Олаф Шолц, вчера во телефонски разговор со Нетанјаху вети поддршка од Германија. Дополнително, Владата на Шолц најави дека Германија ќе ја преиспита хуманитарната помош за Палестинците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-go-osudi-napadot-vrz-izrael/feed/ 0
Швајцарски фудбалски репрезентативец осуден поради закани https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvajtsarski-fudbalski-reprezentativets-osuden-poradi-zakani/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvajtsarski-fudbalski-reprezentativets-osuden-poradi-zakani/#respond Fri, 23 Jun 2023 12:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=848996

Напаѓачот на швајцарската фудбалска репрезентација Брил Емболо е прогласен за виновен поради закани за време на улична расправија во Базел пред пет години Инцидентот се случил во мај 2018 година во раните утрински часови кога Емболо со своите пријатели влегле во вербална расправија со друга група, објавија швајцарските медиуми. Емболо, кој во тоа време имаше 21 година и настапуваше за германски Шалке, за време на расправијата му се обратил на човек со зборовите „Ќе те докрајчам, јас го поседувам целиот Базел“, додека на друг му се заканил дека ќе го „претепа“. Судот во Базел на Емболо му изрече условна парична казна од 130.000 евра, додека неговиот пријател е осуден на условна затворска казна од десет месеци и глоба од 3.000 евра за нанесување телесна повреда. Емболо е роден во Камерун, како дете живеел во Франција, а потоа во Швајцарија. За швајцарската репрезентација има 63 настапи и 13 голови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvajtsarski-fudbalski-reprezentativets-osuden-poradi-zakani/feed/ 0
Валенсија ги осуди расистички навреди на своите навивачи упатени кон Винисиус https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/valensija-gi-osudi-rasistichki-navredi-na-svoite-navivachi-upateni-kon-vinisius/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/valensija-gi-osudi-rasistichki-navredi-na-svoite-navivachi-upateni-kon-vinisius/#respond Mon, 22 May 2023 09:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=837327 Валенсија излезе со соопштение во врска со расистичките навреди кон Винисиус Жуниор на натпреварот од 35. коло на шампионатот на Шпанија против Реал Мадрид.

– Ги осудуваме сите навреди и напади во фудбалот. Клубот е цврсто посветен на вредностите на почит и спортски дух и го повторува својот став против физичкото и вербалното насилство на стадионите. Тажни сме поради настаните што се случија на натпреварот. Иако ова е посебна епизода, навредите упатени кон секој противнички играч се несоодветни во фудбалот и не се во согласност со вредностите на Валенсија. Клубот го истражува инцидентот и ќе преземе најстроги мерки против одговорните. Исто така ги осудуваме сите навреди и кон нашите навивачи и бараме максимална почит кон нив.

И покрај тоа што најостро ги осудуваме овие изолирани инциденти, Валенсија им е благодарна на над 46.000 навивачи присутни за поддршката на тимот“, се вели во соопштението на клубот.

За време на средбата, Винисиус имаше конфликт со навивачите на Валенсија. Играчот неколку пати го беше изложен на расистичките навреди од трибините.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/valensija-gi-osudi-rasistichki-navredi-na-svoite-navivachi-upateni-kon-vinisius/feed/ 0
Лекарската комора со остра осуда за инцидентот во болницата во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-so-ostra-osuda-za-intsidentot-vo-bolnitsata-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-so-ostra-osuda-za-intsidentot-vo-bolnitsata-vo-tetovo/#respond Sat, 15 Apr 2023 09:15:52 +0000 https://kurir.mk/?p=824193

Лекарската комора најостро го осудува инцидентот кој се случи во болницата во Тетово во кој видео снимка од пациенти се објави на социјалните медиуми. Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки. Со Кодексот за медицинска деонтологија лекарите се обврзуваат дека професија ќе ја вршат совесно и одговорно, дека ќе го почитуваат човековото достоинство и правата на болните и ќе ја чуваат нивната доверба. Лекарската комора како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја продолжува да работи на заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права на докторите на медицина, но со критички однос кон сите оние кои го рушат достоинството, угледот и интегритетот на професијата, како дејност од посебен општествен интерес. Лекарската комора нема да дозволи ваквите изолирани инциденти да бидат на товар на сите лекари кои професионално и одговорно секојдневно постапуваат и лекуваат пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-so-ostra-osuda-za-intsidentot-vo-bolnitsata-vo-tetovo/feed/ 0
МНР испрати реакција со осуда за навредите од навивачите на Партизан, властите во Србија се оградија од нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-isprati-reaktsija-so-osuda-za-navredite-od-navivachite-na-partizan-vlastite-vo-srbija-se-ogradija-od-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-isprati-reaktsija-so-osuda-za-navredite-od-navivachite-na-partizan-vlastite-vo-srbija-se-ogradija-od-niv/#respond Thu, 02 Mar 2023 11:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=807074 partizan navivaci parola

Министерството за надворешни работи, во текот на вчерашниот ден, стапило во контакт со Министерството за надворешни работи на Република Србија, при што упатило реакција со осуда за провокативните навреди и пароли демонстрирани за време на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград од страна на навивачката група на РК Партизан. -Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Министерството укажа дека ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји. Српската страна, преку својата Амбасадорка во Северна Македонија, изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји, се вели во соопштението.
]]>
partizan navivaci parola

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-isprati-reaktsija-so-osuda-za-navredite-od-navivachite-na-partizan-vlastite-vo-srbija-se-ogradija-od-niv/feed/ 0
Папата Франциск ги осуди смртните казни во Иран поврзани со антивладините демонстрации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-gi-osudi-smrtnite-kazni-vo-iran-povrzani-so-antivladinite-demonstracii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-gi-osudi-smrtnite-kazni-vo-iran-povrzani-so-antivladinite-demonstracii/#respond Mon, 09 Jan 2023 14:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=785149

Папата Франциск денеска го осуди изрекувањето смртни казни во Иран на лица кои се осудени во судски процеси поврзани со антивладините демонстрации „на кои се бара поголемо почитување на достоинството на жената“. Во своето годишно обраќање пред амбасадорите во Ватикан, папата рече дека противењето на Ватикан за абортусот е како и неговото противењето на смртната казна, бидејќи и двата чина се нарушување на основното право на живот. Тој додаде дека смртната казна е „недозволива“ во сите околности. – Правото на живот е загрозено и на места каде што сè уште се изрекува смртна казна, како што е случајот деновиве во Иран, каде демонстрантите бараат поголемо почитување на достоинството на жената, рече папата, додавајќи дека правдата не може да се постигне со смртна казна. Тој посочи дека тоа „не претставува заплашување, ниту пак обезбедува правда за жртвите, туку само ја поттикнува жедта за одмазда“. Ова е првпат папата да ги спомне демонстрациите во Иран кои траат од септември кога Махса Амини почина по апсењето, бидејќи наводно неправилно носела хиџаб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-gi-osudi-smrtnite-kazni-vo-iran-povrzani-so-antivladinite-demonstracii/feed/ 0
АВМУ со осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-so-osuda-za-napadot-na-novinarskata-ekipa-na-tv-24-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-so-osuda-za-napadot-na-novinarskata-ekipa-na-tv-24-vesti/#respond Tue, 15 Nov 2022 08:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=760747

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести. Нападите врз медиумските работници претставуваат особено сериозни повреди на основните човекови права и слободи кои истовремено го загрозуваат правото на информирање на граѓаните и ја ограничуваат јавната дискусија која е во сржта на секоја плуралистичка демократија. Агенцијата како и во повеќе наврати досега апелира да им се овозможи на медиумските работници безбедно и професионално да ги извршуваат своите обврски, пред сè, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-so-osuda-za-napadot-na-novinarskata-ekipa-na-tv-24-vesti/feed/ 0
Македонското МНР го осудува однесувањето на навивачите на натпреварот Македонија-Бугарија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskoto-mnr-go-osuduva-odnesuvanjeto-na-navivachite-na-natprevarot-makedonija-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskoto-mnr-go-osuduva-odnesuvanjeto-na-navivachite-na-natprevarot-makedonija-bugarija/#respond Tue, 27 Sep 2022 07:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=737832

Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија. -Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла, се вели во соопштението на Министерството. Посочуваат дека Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskoto-mnr-go-osuduva-odnesuvanjeto-na-navivachite-na-natprevarot-makedonija-bugarija/feed/ 0