осудена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jan 2022 14:38:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осудена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пакистанка осудена на смрт поради „богохулен“ статус на WhatsApp https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanka-osudena-na-smrt-poradi-bogohulen-status-na-whatsapp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanka-osudena-na-smrt-poradi-bogohulen-status-na-whatsapp/#respond Thu, 20 Jan 2022 14:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=621341

Пакистански суд осуди муслиманка на смрт, прогласувајќи ја за виновна поради објавување на „богохулен“ статус – карикатури на пророкот Мухамед – на WhatsApp и испраќање на истата порака до пријател. Анека Атик (26) беше уапсена во мај 2020 година, откако пријател ја обвини дека испратила „богохулни“ карикатури на пророкот и „непристојни“ забелешки за „свети личности“. На овој начин, таа „свесно и намерно ги сквернавела светите праведни лица и ги навредувала верските убедувања на муслиманите“, се вели во обвинението. Судот нареди жената да биде „обесена“ и да плати казна од 200.000 пакистански рупии (1.137 долари).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanka-osudena-na-smrt-poradi-bogohulen-status-na-whatsapp/feed/ 0
Синооката убавица Бар Рафаели осудена на девет месеци општокорисна работа и казнета: Еве ја причината https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinookata-ubavica-bar-rafaeli-osudena-na-devet-meseci-opshtokorisna-rabota-i-kazneta-eve-ja-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinookata-ubavica-bar-rafaeli-osudena-na-devet-meseci-opshtokorisna-rabota-i-kazneta-eve-ja-prichinata/#respond Mon, 14 Sep 2020 12:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=403039

Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо, манекенката Бар Рафаели, во неделата беше осудена на девет месеци општокорисна работа и казнета со повеќе од 600.000 евра, од израелското правосудство, за затајување данок. Израелскиот супермодел, телевизиска водителка и актера Бар и нејзината мајка воедно моден агент Ципи Левин, која исто така се изјасни за виновна и преговараше за изрекување казна, беше осудена на 16 месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони, за заостанати даноци. Израелскиот топ модел, со три милиони следбеници на Инстаграм, беше осудена на 20 јули за давање лажни изјави за период на престој во странство за да ги избегне израелските даноци. Таа се изјасни за виновна според договорот кој предвидува девет месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели, или 610.000 евра, како и компензација за заостанатите даноци. Договорот го потврди судот на Тел Авив во неделата, пренесува АФП. Израелските граѓани кои престојуваат во странство не се обврзани да ги пријавуваат своите приходи надвор од земјата. Но, израелските власти ја обвинуваат манекенката и нејзината мајка дека пријавиле измислен престој во странство за да ја искористат дупката во израелскиот закон и да плаќаат помалку даноци. Бар Рафаели ќе започне со работа за општо добро на 21 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinookata-ubavica-bar-rafaeli-osudena-na-devet-meseci-opshtokorisna-rabota-i-kazneta-eve-ja-prichinata/feed/ 0
ЕСЧП: Романија осудена за разрешувањето на антикорупционерката Лаура Ковеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eschp-romanija-osudena-za-razreshuvanjeto-na-antikorupcionerkata-laura-kovesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eschp-romanija-osudena-za-razreshuvanjeto-na-antikorupcionerkata-laura-kovesi/#respond Tue, 05 May 2020 15:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=342044

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Романија за разрешувањето на директорката на Националната дирекција за борба против корупцијата, Лаура Ковеси, која во меѓувреме стана првиот шеф на Европското обвинителство за спречување измама заради нејзините критики против законодавните реформи, јави дописникот на МИА. Во оваа пресуда, ЕСЧП пресуди дека разрешувањето од јули 2018 година на Лаура Ковеси, магистрат кој стана икона во борбата против корупцијата во Романија, ја наруши нејзината слобода на изразување. Таа беше „разрешена поради критиките што ги упати во вршењето на своите функции, по прашање на јавен интерес“, смета ЕСЧП. Романската Влада не може да го оправда, во името на која било легитимна цел, ова мешање во остварувањето на слободата на изразување на судијата, подвлекува судот. Една од задачите на овој магистрат се состоеше токму во „изразување на нејзиното мислење за законодавните реформи што веројатно ќе имаат последици за судството и врз нејзината независност, како и во борбата против корупцијата“. Ова разрешување, пред крајот на нејзиниот втор мандат како главен обвинител на Националната дирекција за борба против корупцијата (ДНА), беше „спротивно на самата цел за одржување на судската независност“ и можеше да ги обесхрабри другите обвинители и судии да учествуваат во јавните дебати за законодавните реформи кои влијаат врз судството, посочуваат судиите на ЕСЧП. Судот исто така оцени дека Лаура Кодрута Ковеси немала ефикасно средство да го оспори нејзиното разрешување на суд, „бидејќи таквата постапка ќе дозволи решението за претседателско разрешување да биде испитано само во форма“. На чело на ДНА помеѓу 2013 и јули 2018 година, Лаура Кодрута Ковеси влезе во отпор против контроверзната реформа на судскиот систем предводена од Социјалдемократската партија (ПСД) што нејзините противници ја обвинија дека сакаат да го „контролираат правосудниот систем“. Под нејзино водство, обвинителите обвинија 14 министри или поранешни министри, 43 парламентарци и повеќе од 260 локални избрани функционери. Меѓу нив и еден виден политичар од ПСД Ливиу Драгнеа, кој долго време важеше за најмоќен политичар во земјата. Таа ги инспирираше илјадниците романски демонстранти кои од јануари 2017 година редовно излегоа на улиците, носејќи плакати се нејзиното име, за „да го бранат владеењето на правото“. Таа во октомври 2019 година стана првиот шеф на Европското обвинителство за спречување измама, нова клучна позиција во телата на ЕУ. Ова независно тело ќе биде одговорно, од крајот на 2020 година, за пронаоѓање, гонење и изведување пред лицето на правдата, на сторителите на кривични дела кои влијаат на финансиите на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eschp-romanija-osudena-za-razreshuvanjeto-na-antikorupcionerkata-laura-kovesi/feed/ 0