осудени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 08:16:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осудени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израелски војници осудени за злоставување Палестинец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-vojnitsi-osudeni-za-zlostavuvane-palestinets/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-vojnitsi-osudeni-za-zlostavuvane-palestinets/#respond Thu, 25 May 2023 08:16:39 +0000 https://kurir.mk/?p=838467

Израелскиот воен суд осуди тројца израелски војници на кратки затворски казни поради злоставување Палестинец и попречување на истрагата за инцидентот, што е ретка казна за припадниците на тие сили. Стотици случаи на палестински луѓе убиени од израелските сили не се ниту истражени, ниту казнети, а организациите за човекови права редовно го обвинуваат Израел за покренување постапка само за дел од злосторствата што израелските војници наводно ги извршиле врз Палестинците. Израелската армија завчера соопшти дека војниците се осудени за злоставување, а трет е дополнително осуден за пречекорување овластувања и загрозување на животот или здравјето на човек. Во обвинението се наведува дека тројца војници, како и четвртиот, го зеле Палестинецот со воено возило и го однеле на непознато „далечно место“. За време на возењето и по него, врз жртвата било употребено насилство и таа била оставена на оддалечена локација, се наведува во соопштението. Двајца војници се осудени на 60 дена затвор поради злоставување, додека третиот е осуден на 40 дена за пречекорување на овластувањата и загрозување на животот или здравјето на Палестинец. Сите се деградирани и осудени на дополнителни условни казни за попречување на судска постапка, се вели во соопштението. Четвртиот војник, обвинет за напад, злоставување под отежнати околности, закани и дополнителни кривични дела, се уште чека судење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-vojnitsi-osudeni-za-zlostavuvane-palestinets/feed/ 0
Осудениците од „Диво Насеље“ ќе бидат префрлени на Косово, министерот Лога вели дека се работи на комплетирање на докумнентацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudenitsite-od-divo-nasele-ke-bidat-prefrleni-na-kosovo-ministerot-loga-veli-deka-se-raboti-na-kompletirane-na-dokumnentatsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudenitsite-od-divo-nasele-ke-bidat-prefrleni-na-kosovo-ministerot-loga-veli-deka-se-raboti-na-kompletirane-na-dokumnentatsijata/#respond Mon, 08 May 2023 14:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=831865

Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово. 13 затвореници од т.н. Кумановска група, кои сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, ќе бидат префрлени на Косово. Ова го пренесува косовска Коха, повикувајќи се на Радио Слободна Европа. Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово. „Кумановската група“ упадна од Косово на 9 и 10 мај 2015 година и во кумановското „Диво насеље“ уби 8 припадници на специјалните полициски единици. Тројца од нив се осудени на доживотни затворски казни, а останатите на долгогодишни затворски казни. Тие се пожалиле дека во „Идризово“ биле жртви на физичка и психичка тортура и затоа бараат затворските казни да ги издржуваат на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudenitsite-od-divo-nasele-ke-bidat-prefrleni-na-kosovo-ministerot-loga-veli-deka-se-raboti-na-kompletirane-na-dokumnentatsijata/feed/ 0
Осудените поранешни членови на Златна зора Касидиарис и Лагос бараат суспензија на затворската казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/osudenite-poraneshni-chlenovi-na-zlatna-zora-kasidiaris-i-lagos-baraat-suspenzija-na-zatvorskata-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/osudenite-poraneshni-chlenovi-na-zlatna-zora-kasidiaris-i-lagos-baraat-suspenzija-na-zatvorskata-kazna/#respond Wed, 14 Dec 2022 14:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=775558

Барања за суспензија на издржувањето на затворската казна, преку нивните адвокати, доставија поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис и поранешниот европратеник од партијата Јанис Лагос, кои се осудени на 13 години затвор за формирање и учество во криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина. На денешното 16-то рочиште од повторното судење против Златна зора, во судницата беа присутни и поддржувачи на осудените пратеници, како и самиот Касидиарис. Ова е прво негово барање за суспензија на 13-годишната затворска казна, а неговата адвокатка објасни дека веќе има одлежано десет години, а престојот во затвор во затворот му предизвикува „ непоправлива штета“. -Имам да кажам дека издржувам затворска казна за мојата долгогодишна борба против корупцијата. Се чувствувам оправдано, сето она што го зборував се докажува во странски земји, од странски судски системи дека е вистина. Овој домашен систем што незаконски ме затвори не прави такво нешто, рече Касидиарис на почетокот од неговиот исказ пред судот, кое наликуваше на политички говор. Исто барање за ослободување, достави и поранешниот европратеник Јанис Лагос, кое е негово трето барање, откако првите две беа одбиени. Денешното рочиште беше прекинато и ќе продолжи во понеделник, кога ќе биде соопштена одлуката за барањата на Касидиарис и Лагос. Судењето против Златна зора на средината на јуни почна одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен. На почетокот на октомври 2020 година, судот пресуди дека Златна зора е криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, кои веќе ги издржуваат. Во обемниот судски процес, осудени беа 50 лица. Лидерот на Златна зора Никос Михалољакс и пет поранешни пратеници од партијата, меѓу кои и Касидиарис и Лагос добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/osudenite-poraneshni-chlenovi-na-zlatna-zora-kasidiaris-i-lagos-baraat-suspenzija-na-zatvorskata-kazna/feed/ 0
Одбиено барањето на косовскиот заменик-министер за правда за посета на осудените за „Диво Насеље“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baranjeto-na-kosovskiot-zamenik-minister-za-pravda-za-poseta-na-osudenite-za-divo-naselje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baranjeto-na-kosovskiot-zamenik-minister-za-pravda-za-poseta-na-osudenite-za-divo-naselje/#respond Thu, 16 Dec 2021 14:43:05 +0000 https://kurir.mk/?p=609398

Управата за извршување на санкциите не ја дозволи бараната посета на осудените лица за „Диво Насеље“ од страна на заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху. Салиху, како што информираат од Управата, може да го посети КПД Идризово, но не и на осудени лица. Од Управата за извршување на санкциите, информираат дека во согласност со член 199 став 1 и 2 од Законот за извршување на санкциите, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено- поправните установи во Р.С.Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник сообразно со правилата на меѓународното право, под услови на реципроцитет. – Конзуларниот претставник е должен претходно да ја најави и закаже посетата во установата во која лицето ја издржува казната затвор. Во случајов, Амбасадата на Република Косово се обратила со барање да му се овозможи на заменикот министер за правда на Република Косово да ги посети косовските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, а од слобода се лишени на 09.05.2015 година во Куманово. Согласно наведеното, Управата за извршување на санкциите смета дека заменикот министер за правда не е конзуларен претставник на својата држава во Р.С.Македонија, туку е политички претставник на Р.Косово-именуван функционер кој не е истовремено овластен да е конзуларен претставник на Р.Косово за што треба да исполни посебни услови предвидени со меѓународното право. Од оваа причина, почитувајќи го законот, Управата за извршување на санкциите Ве известува дека не сме во можност да ја дозволиме бараната посета на осудените лица наведени погоре во текстот, се вели во соопштението од Управата за извршување на санкциите. Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху на 8 декември, најави дека на 9 декември ќе го посети Скопје, како и затворот „Идризово“ и дека ќе оствари средба со раководството на установата, но потоа посетата беше одложена. Во престрелка во мај 2015 година во кумановската населба Диво Насеље, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и десет членови на вооружената група. За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37. Основниот кривичен суд Скопје во ноември 2017 ја објави првостепената пресуда, а Апелација ја потврди во јули 2019 година. Од 37 обвинети за „тероризам“ и „терористичка организација“, 33 лица беа осудени за делата (седум на доживотна казна затвор, а останатите 26 лица на казни затвор од 12 до 40 години), а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baranjeto-na-kosovskiot-zamenik-minister-za-pravda-za-poseta-na-osudenite-za-divo-naselje/feed/ 0
Косовскиот заменик-министер за правда најави посета на осудените за „Диво насеље“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskiot-zamenik-minister-za-pravda-najavi-poseta-na-osudenite-za-divo-naselje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskiot-zamenik-minister-za-pravda-najavi-poseta-na-osudenite-za-divo-naselje/#respond Wed, 08 Dec 2021 09:50:28 +0000 https://kurir.mk/?p=605648

Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху најави дека утре ќе ги посети косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, кои ги служат казните во македонските затвори за настаните од мај 2015 година во Куманово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Салаху рече дека, по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Северна Македонија, добил дозвола за во четврток да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај. – Како Министерство, имајќи го предвид Законот за државјанство, во кој се нагласува јасно дека државјанинот има тесни врски со државата, ние имаме обврски (кон државјаните на Косово). Имаме потврда од македонскиот заменик министер за правда дека можеме да ги посетиме во четврток. Ќе ги посетиме, ќе ги видиме условите, потоа ќе преземеме мерки, како што е испраќање дописи до тамошната влада за да создадат подобри услови, рече Салаху. Претставникот на Владата во Приштина побара целосно расветлување на случајот и расчистување на дилемите околу тоа што точно се случи во кумановската населба во 2015 година. – Јас целосно се согласувам со потребата овој случај да се расветли, почнувајќи од прашањата како тие луѓе отидоа таму. Значи, зошто се случи тоа што се случи, кој го организираше?, рече Салаху. Осум полицајци – припадници на специјалната единица „Тигар“ и 14 осомничени терористи ги загубија животите во крвавата дводневна битка на 9 и 10 мај 2015 година. Десетици беа приведени од полицијата, а ранети беа уште најмалку 40 лица. Вкупно 33 лица обвинети добија затворски казни во времетраење од 12 години до доживотно, а четворица се ослободени од обвинението. Седуммина се осудени на доживотна затворска казна. Основниот кривичен суд Скопје на уште 13 обвинети им пресуди 40 години затвор, на шестмина по 20 години, на еден обвинет 18 години, на двајца обвинети по 14 години, на двајца по 13 години, и на по 12 години уште двајца од обвинетите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskiot-zamenik-minister-za-pravda-najavi-poseta-na-osudenite-za-divo-naselje/feed/ 0
Заврши судењето за „Двојник“ – вкупно 16 години затвор за осудените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sudenjeto-za-dvojnik-vkupno-16-godini-zatvor-za-osudenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sudenjeto-za-dvojnik-vkupno-16-godini-zatvor-za-osudenite/#respond Fri, 11 Jun 2021 11:19:07 +0000 https://kurir.mk/?p=521994

Судскиот случај „Двојник” заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети. Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот пред „Двојник”. Во судската постапка иницирана од ОЈО Скопје, за издавање на патни исправи со лажен идентитет казна затвор им беше изречена и на Денис Баруфи (2 години и 7 месеци), Ален Личина (2 години и 3 месеци), Раиф Мифтари (2 години и 3 месеци), Ѓорѓе Велков (2 години), Оливера Софрониева (2 години и 5 месеци) и Шемседин Јашари (1 година и 7 месеци). За разлика од обвинетите Буки, сите други обвинети при првите рочишта ја признаа вината за извршено кривично дело „злоупотреба на службена должност”. Судијката Оља Ристова, при изрекување на пресудите наведе дека со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, е нарушен интегритетот и безбедноста на државата. Според Обвинителството, тие во период од јуни 2017 година, па до крајот на 2020 година, правеле лажни исправи со намера да се употребат како вистински. Како застапник на обвинението во овој случај беше јавната обвинителка Спасенка Андонова. Воедно, по однос на прво степените пресудите обвинетите имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sudenjeto-za-dvojnik-vkupno-16-godini-zatvor-za-osudenite/feed/ 0
ДЗС: Во 2020 година зголемен бројот на пријавени, обвинети и осудени лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-vo-2020-godina-zgolemen-brojot-na-prijaveni-obvineti-i-osudeni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-vo-2020-godina-zgolemen-brojot-na-prijaveni-obvineti-i-osudeni-lica/#respond Mon, 31 May 2021 11:38:04 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517204

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители на кривични дела во 2020 година, во споредба со 2019 година, е зголемен за 11.8 отсто. Во 2020 година, во споредба со 2019 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 34.8 проценти, а бројот на обвинетите лица е зголемен за 29.7 отсто. Зголемување на бројот на сторители на кривични дела и осудени има и кај малолетниците. Така, бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела, во 2020 година, во споредба со 2019 година, е зголемен за 16.2 проценти. Во 2020 година, во споредба со 2019 година, бројот на осудените деца во судир со законот – сторители на кривични дела е зголемен за 15.1 отсто, информираат од ДЗС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzs-vo-2020-godina-zgolemen-brojot-na-prijaveni-obvineti-i-osudeni-lica/feed/ 0
Попов со поддршка за граѓаните кои поради револ за неправедно осудените од 27 април деноноќно се пред Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popov-so-poddrshka-za-gragjanite-koi-poradi-revol-za-nepravedno-osudenite-od-27-april-denonokjno-se-pred-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popov-so-poddrshka-za-gragjanite-koi-poradi-revol-za-nepravedno-osudenite-od-27-april-denonokjno-se-pred-sobranie/#respond Wed, 28 Apr 2021 15:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=503347

Денеска во скопски „Жена парк“, претседателот на Унијата на млади сили, Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, ги посети граѓаните кои седат во паркот секојдневно, преку целиот ден, а тие велат дека се таму како знак на револт за неправедно осудените лица за 27-ми април за кои посочуваат дека ќе продолжат да седат во паркот се додека не се ослободат неправедно осудените лица или како што велат не си замине „сатанистичкото здружение“ на власт. Граѓаните во знак на револт дури преспиваат пред Собранието, Попов им даде поддршка и им посочи дека УМС е тука за се што им е потребно, како и дека протестите несомнено ќе продолжат во иднина. Јас сум бил 25 години СДСМ и ќе признаам морам да кажам, но јас сум го прешкртал од мртви и од живи, овој човек знам викаше во Аеродром „Го донеле Заев да го менува името“ , „Ајде мајката“, значи ни смени име и за се не излажа, затоа што немаме ни историја, немаме ништо – вели еден од граѓаните пред Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popov-so-poddrshka-za-gragjanite-koi-poradi-revol-za-nepravedno-osudenite-od-27-april-denonokjno-se-pred-sobranie/feed/ 0
Заврши протестот за осудените за убиството на Никола Саздовски: Бараат прeквалификација на предметот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-protestot-za-osudenite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-baraat-prekvalifikacija-na-predmetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-protestot-za-osudenite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-baraat-prekvalifikacija-na-predmetot/#respond Fri, 09 Apr 2021 15:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=494943

Мирно заврши протестот организиран од роднините на осудените за случајот „Саздовски”. Роднините со разни пароли и вртени со грб кон комплексот судови побараа преквалификација на кривичното дело од “свирепо убиство” во “насилство со смртни последици”. – Осудените не сакаа да му го одземат животот. Тие никогаш не мислеле за убиство и уште помалку за свирепо убиство. Има разни докази, но јасно е дека не сакаат да ги земат предвид. Свирепо убиство беше случајот на Алмир, но велат дека беше собраќајка со смртни последици, изјави Бесар Бела, брат на осудениот Бесир Бела. Тој додаде дека оваа одлука нема да ја прифатат. Барањето за превкафиликација на кривичното дело демонстрантите му ја упатија на Врховниот суд на Република Македонија. Изминатиот период Апелацискиот суд Скопје, ја објави одлуката за случајот ,,Саздо”, со кој на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, се намали казната затвор од 19 на 16 години затвор (поединечно).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-protestot-za-osudenite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-baraat-prekvalifikacija-na-predmetot/feed/ 0
Поради протестите во Хонгконг осудени деветмина опозиционери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-protestite-vo-hongkong-osudeni-devetmina-opozicioneri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-protestite-vo-hongkong-osudeni-devetmina-opozicioneri/#respond Thu, 01 Apr 2021 08:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=490647

Суд во Хонг Kонг денеска осуди деветмина опозиционери поради организирање на еден од најголемите протести во тој град за време на политичката криза во 2019 година. Окружниот суд прогласи за виновни седуммина опозициски ветерани, вклучувајќи ги адвокатот Мартин Ли и медиумскиот тајкун и демократски активист Џими Лаи. Тие се осудени за организирање и учество во нелегален собир. Двајца други опозиционери на судењето се изјаснија за виновни. На осудените им се заканува затворска казна од пет години. Не е познато кога судот ќе ги изрече казните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-protestite-vo-hongkong-osudeni-devetmina-opozicioneri/feed/ 0