ота – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 08:00:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ота – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на ОТА закажа прес-конференција пред Собранието, па го одложи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-ota-zakazha-pres-konferentsija-pred-sobranieto-pa-go-odlozhi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-ota-zakazha-pres-konferentsija-pred-sobranieto-pa-go-odlozhi/#respond Wed, 06 Sep 2023 08:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=875080

Директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, денеска во 11 часот требаше да се појави пред зградата на Собранието и да одржи прес-конференција. Најавата за прес-конференцијата, која до медиумите вчера ја проследија од ОТА, дојде на само два дена пред истекот на петгодишниот мандат на Ангеловски – утре, 7 септември 2023 година. Но, до медиумите утринава стигна ново известување во кое од Агенцијата наведуваат оти денешното појавување на Ангеловски пред новинарите ќе биде одложено на неопределено време „поради итни и неодложни работи“. „Ве известуваме дека поради итни и неодложни работи, најавената прес-конференција на директорот на ОТА пред Собранието на РСМ во 11 часот се одложува на неопределено време“, гласи известувањето кое утринава ОТА го испрати до медиумите. Актуелниот директор на ОТА, Зоран Ангеловски, во одговорите на прашањата на „360 степени“ пред два дена предупреди дека доколку ОТА остане без директор, тоа ќе создаде правен вакуум во раководењето со институцијата. „Во Законот за Оперативно-техничка агенција (‘Службен весник на Република Македонија’ број 71/18 и ‘Службен весник на Република Северна Македонија’ број 98/19), иако се уредени повеќе прашања поврзани со надлежностите и раководењето на ОТА, не е уредено прашањето за раководењето на институцијата по истекот на времетраењето на мандатот на директорот од пет години, во случај кога на денот на истекот на мандатот сè уште не е завршена постапката за избор на нов директор, односно важечкиот закон не предвидува можност во тој случај кога истата е без легитимно избран директор со важечки мандат од страна на Собранието на РСМ, со институцијата да раководи друго лице (в.д. директор, заменик-директор, совет и слично), а со тоа ниту да се даваат овластувања за спроведување на законските надлежности на ОТА кои произлегуваат од директорот како единствено надлежно раководно лице“, изјави Ангеловски за „360 степени“. Тој за раководител на оваа важна институција во синџирот за заштита на националната безбедност и борбата со криминалот беше избран пред точно пет години. Со двотретинско мнозинство во Собранието, Ангеловски беше назначен на чело на Оперативно-техничката агенција на 7 септември 2018 година, откако власта и опозицијата постигнаа договор за името од пристигнатите вкупно 14 кандидатури. Неговиот петгодишен мандат, кој според Законот за ОТА е без право на реизбор, истекува утре. И покрај ваквата околност, Собранието дури вчера попладне со 83 гласа „за“ и без „против“ и „воздржани“ ја изгласа предлог-одлуката за распишување оглас за избор на нов директор на Оперативно-техничката агенција. Но, и покрај одлуката на Собранието да биде распишан оглас, останува прашањето – како ваквиот потег во последен момент ќе го реши проблемот со правниот вакуум што ќе настане, бидејќи ОТА утре останува без директор, а до изборот на нов ќе помине извесен период во кој Агенцијата ќе биде „обезглавена“. Вчера од Делегацијата на ЕУ побараа властите да обезбедат континуитет во работењето на ОТА. За директор на ОТА може да биде избрано лице кое е државјанин на Република Северна Македонија, да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно VII/1 степен на образование во областите информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникациско инженерство, безбедност, компјутерска безбедност, правни или економски науки. Исто така, се бара и минимум десетгодишно работно искуство во овие области по завршеното образование. Огласот, кој треба да биде објавен денеска, ќе трае 10 дена од неговото објавувањето во „Службен весник“ и во уште три дневни весници од кои два на македонски и еден на албански јазик. На 10 мај годинава, на 115. пленарна седница на Собранието, дојде предлог на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, Игор Јанушев, и на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, по скратена постапка да се донесат измени на Законот за ОТА. Тие предвидуваа мандатот на директорот да трае пет години или до изборот на нов директор (за да се обезбеди континуитет во функционирањето). Потребата од носење на измените и дополнувањата по скратена постапка беа изгласани со двотретинско мнозинство – „за“ гласале 84 пратеници, „против“ биле двајца, а воздржани немало. Откако собранскиот спикер констатирал дека предлогот е усвоен, ги задолжил Комисијата за одбрана и бездбедност, како матично тело, и Законодавно-правната комисија да расправаат по предлогот во рамките на собраниската процедура. Но, што се случило потоа, останува мистерија, бидејќи предложените измени не се вратени повторно на пленарна седница и не се изгласани. Оперативно-техничката агенција (ОТА) како самостоен и независен државен орган беше формирана по реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор, односно поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија (ЕК) на чело со Рајнхард Прибе. Со серија законски измени што ги уредуваа овие прашања и за кои беше потребно двотретинско мнозинство, УБК доби свој наследник во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), која задржа (голем) дел од надлежностите, додека ингеренциите врз опремата и уредите за прислушување преминаа во ОТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-ota-zakazha-pres-konferentsija-pred-sobranieto-pa-go-odlozhi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: ОТА надвор од законот набавила шпионски софтвер Предатор кој е проблематизиран од НАТО и може да ги следи сите интернет активност на сите граѓани!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ota-nadvor-od-zakonot-nabavila-shpionski-softver-predator-koj-e-problematiziran-od-nato-i-mozhe-da-gi-sledi-site-internet-aktivnost-na-site-gragani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ota-nadvor-od-zakonot-nabavila-shpionski-softver-predator-koj-e-problematiziran-od-nato-i-mozhe-da-gi-sledi-site-internet-aktivnost-na-site-gragani/#respond Tue, 18 Jul 2023 07:10:56 +0000 https://kurir.mk/?p=857536

Скандалот со шпионската опрема набавена од страна на ОТА е мошне сериозен. За него веќе говорат и странски медиуми. Според информациите во јавноста македонската агенција набавила шпионски софтвер за следење на интернет комуникација на граѓаните, наречен Предатор. Овој контроверзен софтвер е набавен пред извесно време, спротивно на законската рамка и со него може да се следат комуникациите на сите граѓани, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Внимавајте, со овој софтвер може да се следи секоја интернет комуникација на секој еден граѓанин во Македонија и истиот може да биде злоупотребен за политички цели на власта. Овој софтвер е проблематичен и за НАТО, а во Грција веќе изби скандал дека со истиот биле следени политичари и јавни личности. Јавното овинителство за оваа афета беше информирано уште пред неколку недели, но реакција и акција од нивна страна нема никаква. Владата на Ковачевски е најодговорна во овој случај и треба за тоа да биде испитана. Но, како и судството, така и обвинителството во Македонија, кои имаат едвај 1% доверба, се директно поклопени од страна на власта и поголема е веројатноста грчките истражни органи и медиуми да откријат што се правело со софтверот Предатор во Македонија, отколку самите домашни органи, велат од партијата. Од таму додаваа дека но, домашните институции кои сега молчат за овој скандал со шпионскиот софтвер Предатор треба да знаат дека порано или покасно за ова ќе има истрага и после тоа и одговорност за сите оние кои го злоупотребиле законот, но и за оние кои молчеле за тоа и го прикривале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ota-nadvor-od-zakonot-nabavila-shpionski-softver-predator-koj-e-problematiziran-od-nato-i-mozhe-da-gi-sledi-site-internet-aktivnost-na-site-gragani/feed/ 0
Донесена владина Уредба за финансирање на ОТА за време на вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-vladina-uredba-za-finansiranje-na-ota-za-vreme-na-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-vladina-uredba-za-finansiranje-na-ota-za-vreme-na-vonredna-sostojba/#respond Tue, 23 Jun 2020 07:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=361255

Владата на 71-та седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за електронски комуникации во делот на финансирање на Оперативно-техничката агенција (ОТА), за време на вонредна состојба, а со цел обезбедување континуитет на работењето на Агенцијата во текот на 2020 година. Уредбата, стои во денешното соопштение од Владата, се однесува за непречено извршување на дејноста на Оперативно-техничката агенција, како и спроведување на надлежностите на Агенцијата за електронски комуникации утврдени во закон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-vladina-uredba-za-finansiranje-na-ota-za-vreme-na-vonredna-sostojba/feed/ 0
Јавна расправа за законот за АР на собраниската Комисија за одбрана и безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-zakonot-za-ar-na-sobraniskata-komisija-za-odbrana-i-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-zakonot-za-ar-na-sobraniskata-komisija-za-odbrana-i-bezbednost/#respond Thu, 06 Feb 2020 07:04:37 +0000 https://kurir.mk/?p=299896

На денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе се одржи јавна расправа по Предлог-закон за Агенцијата за разузнавање. Имајќи предвид дека првпат по 25 години во собраниска процедура е нов закон за Агенција за разузнавање, што треба да се донесе пред заокружување на процесот за полноправно членство на државата во НАТО, Агенцијата за разузнавање вчера преку соопштение ги сподели, како што стои, најбитните придобивки. Од АР посочуваат дека новиот закон е резултат на повеќемесечна работа на тим од Агенцијата, во консултација со академската заедница, Министерството за правда, партнерските служби од земјите членки на НАТО и ЕУ и специјализираните тела од Алијансата. – Потребата од донесување на новиот закон се наметна поради новонастанатите промени во безбедносното опкружување на државата, во регионални и глобални рамки, што бара итно, ефикасно и навремено реагирање на терен. Со новиот закон, Агенцијата се дефинира како служба надлежна за надворешно разузнавање, која собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и сознанија за асиметрични, хибридни и киберзакани од странство, појаснуваат од АР. Со тоа, се подвлекува во соопштението, се прави јасна дистинкција меѓу надлежностите на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, што досега не беше прецизирано. Новиот закон за АР ги заокружува реформите во безбедносниот систем на државата што официјално започнаа со донесувањето на Законот за оперативно-техничката агенција (ОТА), во април 2018 година, Законот за Агенција за национална безбедност (АНБ), во мај 2019 година и Законот за координација на безбедносно разузнавачката заедница, во мај 2019 година. – Законот ги подобрува и зајакнува професионалните стандарди: ја департизира Агенцијата, го подобрува менаџирањето во Агенцијата, меѓу другото се воведува место заменик-директор, го регулира и прецизира начинот на извршување на задачите и употребата и контролата на методите и средствата на работа и овозможува подобра заштита на класифицираните информациите што ги создава Агенцијата и што ги прима од партнерските служби, а наскоро и од НАТО како нејзина земја членка, се посочува во соопштението од АР. Покрај тоа, се додава, содржи и важен социјален аспект за вработените: ги уредува правата и обврските на вработените, односно ги изедначува со колегите од соодветните безбедносни служби, по однос на условите за пензионирање и платите, согласно специфичноста на разузнавачката работа. Тоа, посочуваат од АР,  истовремено ќе овозможи ново кадровско екипирање и зајакнување со нов потребен профил на млади образовани кадри, кои треба да ја градат својата кариера и иднина во нашата држава. Особено важно е што во новиот закон за АР се имплементирани забелешките и препораките на НАТО, како и партнерските служби од земјите членки на НАТО и ЕУ. Истиот, стои во соопштението од АР, ги дефинира местото и улогата на Агенцијата и овозможува нејзина соодветна регионална и меѓународна позиционираност, со што ќе ја подобри нејзината интероперабилност и ќе ја направи рамноправен партнер на службите – членки на НАТО и ЕУ. – Имајќи го предвид специфичниот временски предизборен период, кој неочекувано ја ограничи работата на Собранието, се надеваме дека пратениците ќе ја препознаат важноста на актуелниот моментум и ќе го изгласаат пристапниот протокол за членство во НАТО со заокружени реформи на безбедносно-разузнавачкиот систем, соопштија од АР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-zakonot-za-ar-na-sobraniskata-komisija-za-odbrana-i-bezbednost/feed/ 0
ОТА следи 159 комуникации- Меѓу нив и поврзани со „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ota-sledi-159-komunikacii-megju-niv-i-povrzani-so-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ota-sledi-159-komunikacii-megju-niv-i-povrzani-so-reket/#respond Fri, 19 Jul 2019 12:05:06 +0000 https://kurir.mk/?p=220169

Оперативно-техничката агенција – ОТА во моментов активно следи 159 комуникации, а постои можност некои од нив да се поврзани со најновиот случај „Рекет“, изјави денеска директорот на ОТА, Зоран Ангеловски. Во посета на ОТА денеска беше собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, со која претседава пратеникот Емил Димитриев. ОТА од почетокот на годината следела 258 комуникации, од кои 159 се се уште активни. Следењето на комуникациите е максимално безбедно и не може да случи истекување на разговорите, беше истакнато на денешната прес-конференција по посетата. На прашањето дали од тие 159 активно следни комуникацвии има и такви за случајот „Рекет“, Ангеловски нагласи дека ОТА нема увид во идентитетот на лицата што се следат. – Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви, изјави Ангеловски. Димитриев нагласи дека нивната главна цел е комуникациите да бидат покриени со соодветна судска наредба. Истакна дека се во исчекување на потпишување договор за ангажирање ИТ експерт, кој е веќе селектиран. Комисијата само врши избор и тој е направен пред два месеци, се чека потписот на претседателот на Собранието. За сите следени комуникации, Комисијата утврдила дека ОТА поседува уредна судска наредба. Ангеловски истакна дека ОТА се залага за максимална транспаретност и контрола во својата работа. -Внатрешни контроли правиме на еден месец. Се е максимално чисто и максимално транспарентно. Работиме законски по судска наредба, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ota-sledi-159-komunikacii-megju-niv-i-povrzani-so-reket/feed/ 0
Решението на власта за контролата на ОТА го критикува и Брисел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-na-vlasta-za-kontrolata-na-ota-go-kritikuva-i-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-na-vlasta-za-kontrolata-na-ota-go-kritikuva-i-brisel/#respond Thu, 24 Jan 2019 14:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=156169

Предлог законските решенија кои во моментов се во првична фаза во Собранието се лоши и ќе влијаат на намалување на квалитетот за надзор над службите кои спроведуваат посебни истражни мерки, е заедничкиот заклучок на Комисијата во Собранието која се занимава со оваа проблематика и експертскиот тим на Европската Унија предводен од Маурицио Варанезе. Тие се согласни дека со ваков текст истите не треба да поминат во Собранието, анализира телевизија Алфа. -Нелогично е од една страна да градиме капацитет за поквалитетен надзор со едни закони, а со други измени да тој надзор го рушиме. Сметаме дека во ситуации кога граѓаните имаат прилично нарушена доверба во овие институции, дека нашите активности односно активностите на законодавецот треба да овозможуваат што е можно поквалитетен надзор, со кој ќе се придобие довербата на граѓаните кон овие институции, изјави Емил Димитриев. Експертите сметаат дека Република Македонија доцни во имплементирањето на законите кои што ја регулираат сферата на надзор над службите за безбедност. Претседателот на комисијата Емил Димитриев, истакна дека проблематичен бил и огласот за избор на Советот за надзор, кој според него требало да биде поништен и да биде распишан нов потранспарентен. -Тука пред се се мисли да доцнењето на формирањето на Граѓанскиот совет, кој што треба да ги контролира овие институции и се уште немаме ангажман на експерти кои што ќе бидат во функција на Комисијата која што ја водам за контрола над службите, изјави Емил Димитриев. Димитриев денеска уште еднаш се пожали дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, се уште нема одобрено буџет за ангажирање на експерти, кои според нив се неопходни за квалитетна контрола над службите.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-na-vlasta-za-kontrolata-na-ota-go-kritikuva-i-brisel/feed/ 0
Калајџиев песимист за функционирањето на ОТА (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-pesimist-za-funkcioniranjeto-na-ota-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-pesimist-za-funkcioniranjeto-na-ota-video/#respond Thu, 24 Jan 2019 09:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=155986

Во вчерашното Отворено студио на 1ТВ гостуваше универзитетскиот професор, Горан Калајџиев кој ја образложи улогата на ОТА и кој има повеќе овластувања. „Искрено да ви кажам јас кога како експерт ја следев работата, не бев многу ентузијаста дека да речеме само со воспоставувањето на ОТА како посредник кој што ќе вклучува и исклучува врз база на аноминизирани судски наредби, ќе се исклучат сите злоупотреби. Ниту тоа го тврдам до ден денес, ниту мислам дека надзорот може да ги елиминира сосема“ – појасни Калајџиев. Калајџиев посочи дека е песимист дека ќе престане злоупотребата на прислушувањето, бидејќи поголема контрола врз ОТА има собраниска комисија, а многу помала граѓанскиот сектор. „Не треба премногу да се очекува од граѓанската контрола, бидејќи иако граѓанскиот сектор се бореше за поголеми овластувања при контролата. Сепак остана со многу помали овластувања за контрола отколку она што има собраниската комисија“- рече Калајџиев.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kalajdziev-pesimist-za-funkcioniranjeto-na-ota-video/feed/ 0
Зоран Ангеловски избран за директор на ОТА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-angelovski-izbran-za-direktor-na-ota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-angelovski-izbran-za-direktor-na-ota/#respond Fri, 07 Sep 2018 12:43:20 +0000 https://kurir.mk/?p=97718

Зоран Ангеловски е избран за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА). Ангеловски е избран едногласно со 83 гласа „за“, како и со двотретинско мнозинство. Неговиот мандат ќе биде пет години. Предлогот Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати. По изборот на Ангеловски, седницата беше прекината и ќе продолжи откако надлежните собраниски комисии ќе ги разгледаат неколкуте закони кои треба да бидат донесени по скратена постапка. На дневен ред на 59. седница, која е последна пред одржувањето на референдумот на 30 септември, е и Предлог- законот за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по скратена постапка, поднесен од Лилјана Затуроска, Диме Велковски и Артан Груби, за кој исто така имаше несогласувања помеѓу владејачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците ќе треба да гласаат и за дополнувањето на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево - Охрид, по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење, двата по скратена постапка, двата поднесени од пратеници на владејачкото мнозинство. Се очекува дека на седницата да бидат ставени и други точки. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-angelovski-izbran-za-direktor-na-ota/feed/ 0
Алфа ги открива имињата на кандидатите за директор на ОТА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-gi-otkriva-iminjata-na-kandidatite-za-direktor-na-ota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-gi-otkriva-iminjata-na-kandidatite-za-direktor-na-ota/#respond Wed, 27 Jun 2018 14:11:25 +0000 https://kurir.mk/?p=70384

Четиринаесет кандидати се пријавиле на огласот за директор на новата агенција за прислушување ОТА, дознава Алфа. Правници, лица од воената служба, од сферата на безбедноста, економисти, електротехнички инженери, меѓу  нив само неколку звучни имиња. На конкурсот се пријавил универзитетскиот професор  за безбедност Стефан Буџаковски, освен професорот, на листата кандидати од сферата на безбедноста доаѓаат уште двајца, кои дипломирале безбедност и самозаштита. Кандидат за директор на ОТА е и екс контраразузнавачот Ѓорги Лазаревски, на кого специјалното јавно обвинителство му го тргна кривичниот товар дека бил вмешан во наводната афера за прислушување позната како ,,Пуч“. Лазаревски е дипломиран електроинженер, со исто образование на листата кандидати за прв човек на ОТА има уште двајца. За директор на ОТА конкурирале и  четворица правници, меѓу нив и еден доктор на науки, јавува телевизијата. Со завршена воена академија во Скопје, доаѓаат тројца кандидати, меѓу кои капетан Димитар Богатинов експерт од сферата на сајбер криминалот и полковникот Драган Ковачки поранешен раководител во службата за Воено Разузнавање. На листата од 14 кандидати има и еден економист. Девет од кандидатите се од Скопје, двајца од Охрид и по еден од Штип и Кочани. О гласот за директор на ОТА траеше 20 дена, изборот треба да биде на собрание. За да се избере директор на ОТА потребна е поддршка од 2/3 од пратениците плус бадинтер со што останува отворено прашањето, дали на политичките партии  ќе им биде важна стручноста и професионалноста на кандидатите или на маса повторно ќе бидат ставени политички калкулации. Според законот за ОТА, истата треба да почне со работа до ноември 2018 година. Кој ќе биде вработен во агенцијата е  лична одлука на директорот на ОТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-gi-otkriva-iminjata-na-kandidatite-za-direktor-na-ota/feed/ 0
Одлука за оглас за директор на ОТА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odluka-za-oglas-za-direktor-na-ota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odluka-za-oglas-za-direktor-na-ota/#respond Mon, 21 May 2018 11:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=56538

Собранието донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА). За избор на директор се објавува јавен оглас во најмалку два дневни весници, на македонски и на албански јазик, кои се издаваат на целата територија на Република Македонија. Директорот го избира и разрешува Собранието на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се бира со двотретински мнозинство и со бадинтерово мнозинство. Има мандат од пет години, без право на повторен избор. Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието и пратеник од СДСМ потсети дека сите политички партии се согласиле дека критериумите за директор треба да бидат многу силни, не само во однос на политичката независност, туку и од аспект на тоа како се избира директорот. Од собраниската говорница таа апелираше до сите професионалци кои ги исполнуваат условите и кои, како што кажа, немаат извалкано име да се пријават на огласот. - На овој оглас треба да се јават професионалци кои немаат извалкано име, тука мислам и на оние можни кандидати кои имаат стручно, професионално знаење од областите и сферите што се дефинирани во законот, рече пратеничката. Ташевска Ременски кажа таа нема да гласа за предлог на директор на ОТА кој бил дел од структура која учествувала во големата афера за следење на комуникациите на граѓаните, вклучувајќи го и самиот начин на непостапување и пропуштање на службени дејствија во случај да знаеле за злоупотреба. - Тоа не амнестира ниту еден вработен во УБК, рече таа. Драган Данев, координатор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека со злоупотреби со прислушпување Македонија се соочува дваесетина години и дека доколку добро се читаат извештаите на Прибе, ќе се види дека таму забелешките се дека во Македонија законите не се имплементираат, а не дека ги нема. Според него, директор на ОТА треба да биде човек со кредибилитет. Изрази надеж дека во иднина нема да се дозволат злоупотреби во следење на комуникациите. Ејуп Алими од ДУИ смета дека верува дека изборот на директор на ОТА ќе овозможи Македонија да чекори по вистинскиот пат и да не се злоупотребува пшрислушувањето. Агенцијата со амандманските измени на Закокот за формирање на ОТА ќе има само директор, а не и заменик, како што претходно беше предвидено. Законите за следење на комуникациите и за ОТА, кои беа дел од пакетот реформски закони беа усвоени на 12 минатиот месец. Тие беа донесени со консензус, постигнат по разговорите во работните групи од страна на пратениците од владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Собранието во рамки на 46. седница донесе одлука за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница како превенција од евентуален нов мигрантски бран до крајот на оваа година. Донесени одлуки за други предлози за распишување огласи и избор на членови на Комисијата за хартии од вредност. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odluka-za-oglas-za-direktor-na-ota/feed/ 0