Отец Партениј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 Mar 2021 11:00:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Отец Партениј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Епископот г. Партениј посака благословен пост: „ Да го прифатиме тој спасоносен рецепт за исцеление и вечен живот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/episkopot-g-partenij-posaka-blagosloven-post-da-go-prifatime-toj-spasonosen-recept-za-iscelenie-i-vechen-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/episkopot-g-partenij-posaka-blagosloven-post-da-go-prifatime-toj-spasonosen-recept-za-iscelenie-i-vechen-zivot/#respond Mon, 15 Mar 2021 11:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=482586

Епископот г. Партениј и игумен на свештената бигорска Обител посака благословен пост и добра Четириесетница. – Светиот и велик четириесетдневен пост е најстариот и најстрог пост во нашата света православна Црква. Ова богоблагословено поприште на воздржанието и христијанските добродетели за своја цел го има соединувањето со Господа и спасителот наш Исус Христос, што подразбира наше со распнување со Него, преку личните крсни страданија, но и наше совоскреснување со Неговото славно Воскресение, преку духовната радост што Светиот Дух ни ја излева. Да го прифатиме тој вистински спасоносен рецепт што води кон потполно исцеление и вечен живот: прошката, постот и вистинското богатство – добрите дела на милосрдието и љубовта, за да можеме да го дочекаме и еднодушно и со радост да го прославиме нашиот распнат и воскреснат Господ Исус Христос, порачува владиката. Посочува дека е неопходно христијаните за време на постот да се трудат во сите добродетели, пожртвувано да се даваат себеси за другите. Треба, додава тој, да се украсиме со најубавата добродетел – љубовта, која произлегува од верата и која ќе трае вечно. – Милосрдието е суштествена добродетел на христијанскиот живот. Оти, доколку постот се состои само од воздржување од одредена храна, тогаш тој не претставува ништо повеќе од една обична диета, од којашто не би имале никаква духовна полза. Христијаните, кога низ историјата се случувале разни тешкотии и искушенија, во зависност од нивниот духовен напредок или давале добар пример и го влечеле целото човештво напред, кон небесната Татковина, кон целта на нашето суштествување, или ,пак, за жал, дејствувале спротивно – влечеле наназад, кон земната распадливост, вели владиката Партениј. Претходно порача дека не можеме да постиме доколку не се помириме и не им простиме на сите, особено на оние на кои ни е тешко да им простиме, зашто тука е подвигот на христијанската љубов. Тој побара прошка од сите и посака благословени, добри и богоугодни пости. -Смирено барам прошка од сите вас, за сè што сум погрешил, со збор, дело или помисла, во сите денови од мојот живот. Нашиот Христос, нашиот Бог на прошката, љубовта и милосрдието, нека ви прости на сите што го љубите. Да сте благословени и добри и богоугодни пости на сите, посака епископ г. Партениј. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/episkopot-g-partenij-posaka-blagosloven-post-da-go-prifatime-toj-spasonosen-recept-za-iscelenie-i-vechen-zivot/feed/ 0
Отец Партениј хиротонисан за нов епископ на МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-partenij-hirotonisan-za-nov-episkop-na-mpc-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-partenij-hirotonisan-za-nov-episkop-na-mpc-oa/#respond Sun, 12 Jul 2020 10:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=374485

Со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид денеска архимандритот Партениј е хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Предлогот Отец Партениј да биде прогласен за епископ го даде неговиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, што беше едногласно прифатено од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА. Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски”, а истовремено ќе ја задржи и својата должност игумен на Бигорскиот манастир каде што ќе биде и неговото постојано седиште. Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во обраќањето до верниците по повод оваа свеченост истакна дека епископите во црковната традиција се наречени приемници на апостолите и продолжители на нивното дело, со што се истакнува важноста на службата и високата мисија на оние удостоените на тој чин. – На начин како што апостолите го примија духот на вистина на Сионската височина, и ти се удостои да примиш дух на мудрост и разум, на совет и крепост, дух на знаење и богобојазливост, и веруваме дека токму тоа ќе ти помогне и преку новата должност уште побудно да ги надгледуваш доверените души, давајќи им пример на сите…Со денешниот чин преку Светиот дух врз тебе се изли љубовта божја и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на љуѓето и да ги исполнуваш задолженијата, рече г.г. Стефан. Поглаварот на МПЦ во словото до верниците посочи на некои од предизвиците со кои се соочува македонскиот народ. – За жал, како народ, држава и Црква се уште сме пред портите на правдата и за црковната и националната македонска вистина. Но, силно веруваме дека ќе истраеме и дека ближи денот кога и последните неверни Томи ќе ја разберат и прифатат сета наша македонска вистина. Во таа борба повикани сме сите да учествуваме, и ијерархијата и монаштвото и свештенството и верниот народ и сите кои оваа земја Македонија ја чувствуваат за своја татковина, а црвката Македонска и Охридска за своја духовна мајка. Преосветен владико, внимавај и чувај ја довербата што ти се дава, сите твои постапки и дела нека бидат за доброто на нашиот народ и Црква, та во се да се прослави Бог преку Исуса Христа чија слава и владеење се вечни, истакна меѓу другото поглаварот Стефан. Честитки за новоименуваниот Епископ Антаниски упатија бројни верници дојдени во Охрид само за да бидат сведоци на оваа свеченост. – Луѓето ширум светот денес имаат насушна потреба од градење мостови на љубовта. Мостот по кој чекорам денес го изгради токму архимантритот Партениј кој денеска се хиротонисува во Епископ Анталиски. Познавајќи го цели 14 години, јас и многумина други секојдневно сведочиме како тој го менува светот кон подобро, му дава еден мирен, радосен и љубовен лик. Неговото милосрдие и љубов ги надминуваат човековите граници на етничкото потекло, националноста, полот, возраста, па дури и религијата. Неговото хиротонисување е благослов за Македонија, но и за поширокиот православен свет, рече во оваа прилика еден од верниците присутен на церемонијата. Самиот настан се одржа со засилени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и за посетителите беа обезбедени заштитни маски. Бројот на верници околу самата црква беше поголем отколку што дозволува просторот, а истовремено се водеше сметка за препораката за одржување социјална дистанца. Црквата „Света Софија“ пред почетокот на церемонијата беше целосно дезинфицирана]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otec-partenij-hirotonisan-za-nov-episkop-na-mpc-oa/feed/ 0