отело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 06:50:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отело – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvori-megunarodniot-teatarski-festival-otelo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvori-megunarodniot-teatarski-festival-otelo/#respond Tue, 10 Oct 2023 06:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=887261

Со изведбата на претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ) по текст на Хенрик Ибзен и во режија на Нина Николиќ, синоќа започна седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Пред гостиварската публика во Центарот за култура „АСНОМ“ беа претставени програмата за оваа издание и жирито кое ќе ги додели наградите за најдобар актер, актерка, режисер и претстава. Освен МНТ, годинава со свои претстави на „Отело ќе настапат и народните театри од Косово и Албанија, и три други државни театри: од Габрово (Бугарија),Тетовскиот и театарот од Лесковац (Србија). Фестивалот продолжува вечерва со претставата „Се надевам ќе играат добро“ по текст на Луц Хибнер во продукција на драмскиот театар „Рачо Стојанов“ од Габрово (Бугарија). Најавените претстави ќе се играат на големата сцена во центарот за култура АСНОМ, а влезот е бесплатен. Фестивалот ќе биде затворен во недела со изведба на „Први и последни“ на Народниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ од Тирана (Албанија) и доделување на наградите.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvori-megunarodniot-teatarski-festival-otelo/feed/ 0
МНТ со „Отело“ вечер на 42. „Скопско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnt-so-otelo-vecher-na-42-skopsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnt-so-otelo-vecher-na-42-skopsko-leto/#respond Tue, 29 Jun 2021 05:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=529145

Македонскиот народен театар во рамки на годинашното 42. издание на манифестација „Скопско лето“ ќе учествува со две претстави. Меѓународниот проект „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нина Николиќ ќе се одигра вечер, на големата сцена во МНТ со почеток во 20 часот. Претставата е копродукција меѓу МНТ, БНП, Зеница ― БиХ и Перипетија продукција ― Скопје, а играат актери од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед. Сценографското решение е на Вишња Вујовиќ, Ивана Каранфиловска-Угуровска е костимограф, а на сценските движења работеше Димитриос Сотириу, текстот го преведоа Маја Трајаноска-Ивановска и Зина Агиќ, Крис Јегер работеше на дизајнот на светло, а композитор на музиката е Дуке Бојаџиев. Втората претстава е комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од авторката Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. „Само глас“ својата премиерна изведба ја имаше на 26 мај оваа година. Оваа претстава е закажана за 7 јули. Билетите за изведбите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnt-so-otelo-vecher-na-42-skopsko-leto/feed/ 0