отфрлање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Dec 2021 16:40:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отфрлање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уставниот суд на Словенија ја отфрли задолжителната вакцинација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ustavniot-sud-na-slovenija-ja-otfrli-zadolzitelnata-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ustavniot-sud-na-slovenija-ja-otfrli-zadolzitelnata-vakcinacija/#respond Mon, 06 Dec 2021 16:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=604913

Уставниот суд на Словенија ја прогласи за неуставна регулативата за задолжителна вакцинација на вработените во јавниот сектор доколку не можат да докажат дека закрепнале од Ковид-19. Владата планираше да воведе задолжителна вакцинација на 1 октомври, но Уставниот суд го блокираше спроведувањето на одлуката до правосилната пресуда. – Таквата состојба е споредлива со задолжителната вакцинација, која најпрво бара промена на законот за заразни болести – соопштија од судот, а пренесе државната агенција СТА. Тамошните владини претставници се уште не се достапни за коментар. Околу 55 отсто од населението во Словенија досега е целосно вакцинирано, што е под просекот на ЕУ, а Владата се обидува да го зголеми процентот на имунизирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ustavniot-sud-na-slovenija-ja-otfrli-zadolzitelnata-vakcinacija/feed/ 0
Македонскиот диломатски синдикат бара повлекување или отфрлање на предложените измени на Законот за надворешни работи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-dilomatski-sindikat-bara-povlekuvanje-ili-otfrlanje-na-predlozenite-izmeni-na-zakonot-za-nadvoreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-dilomatski-sindikat-bara-povlekuvanje-ili-otfrlanje-na-predlozenite-izmeni-na-zakonot-za-nadvoreshni-raboti/#respond Fri, 18 Dec 2020 10:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=445128

Македонскиот дипломатски синдикат изразува големо незадоволство поради најновиот предлог на група пратеници за измена на постојниот Закон за надворешни работи и бара негово итно повлекување или отфрлување. – Сметаме дека во ситуација кога МНР е во завршна фаза на изготвување предлог-текст на нов Закон за надворешни работи, не е целисходно, ниту сериозно да се пристапува кон измени на Законот за надворешни работи „парче по парче”, по брза постапка. Секој нов предлог текст на закон, согласно процедурите, најпрвин треба да помине на увид кај раководните и синдикалните структури во МНР, а потоа по транспарентното разгледување и евентуално усвојување дополнителни коментари и предлози, постапката да продолжи во Владата и на крај, Собранието. Предупредуваме дека релевантните инстанци во МНР кои се најстручни за оваа материја се флагрантното прескокнати и тоа никако не може да биде во интерес на донесување интегрирано, квалитетно и издржано законско решение. Овој предлог од околу му се наметнува на Министерството за надворешни работи, кое би требало да живее со овој закон. МДС бара донесување Закон во чие изготвување на транспарентен начин ќе учествуваат дипломати, односно Закон за надворешни работи „од дипломати – за дипломати”, се вели во денешното соопштение од Македонскиот дипломатски синдикат. Од овој синдикат укажуваат на фактот дека поднесениот Предлог за измена на постојниот Закон за надворешни работи е во спротивност со член 4, став 1, алинеа 2 од Законот за класифицирани информации. – Имено, по природа на својата работа, амбасадорите како луѓе од врвна доверба во времето на својот мандат мора да поседуваат личен безбедносен сертификат со највисок степен на класификација на доверливи информации. Имајќи предвид дека согласно Законот за класифицирани информации кој беше донесен во декември минатата година, неопходен предуслов е кандидатот „за безбедносен сертификат со степен Државна тајна да не е државјанин и на друга држава”, од тука јасно произлегува дека лице кое покрај македонското поседува и второ, странско државјанство, нема можност да добие безбедносен сертификат, а со тоа ниту да ја извршува функцијата амбасадор, велат од Македонскиот дипломатски синдикат. Оттаму апелираат, како што се потенцира во соопштението, да не се пристапува кон паушални и парцијални промени на Законот за надворешни работи, особено со релативизирање на условите за стаекнување звање амбасадор во време кога масовно се оспоруваат националните атрибути на државата и нашиот јазик. На македонската дипломатија, додаваат од Синдикатот, и е потребен Закон што ќе овозможи модернизирање на македонската дипломатија, како едно од најсилните средства за меѓународно промовирање на земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-dilomatski-sindikat-bara-povlekuvanje-ili-otfrlanje-na-predlozenite-izmeni-na-zakonot-za-nadvoreshni-raboti/feed/ 0