отказ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 13:09:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отказ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Боби Милевски доби отказ!? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bobi-milevski-dobi-otkaz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bobi-milevski-dobi-otkaz/#respond Mon, 10 Jul 2023 13:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=855037

Според информациите на „Спорт1“, Благоја Милевски веќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација, наскоро се очекува оваа одлука и официјално да биде потврдена. „Спорт1“ од извори блиски до Федерацијата, дознава дека Благоја Милевски е минато, раководството на ФФМ одлучило да му врачи отказ. Одлуката доаѓа по речиси еден месец од највисокиот пораз во историјата на нашата фудбалска репрезентација, 7-0 од Англија на Олд Трафорд. „Членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е кормилар на националниот тим, но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот“, се вели во веста на Спорт1. Најдобриот резултат на Македонија под водство на Милевски беше победата над Италија во Палермо, потоа следуваа низа лоши и неубедливи игри кои кулминираа со поразот на Олд Трафорд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bobi-milevski-dobi-otkaz/feed/ 0
Фудбалерите на Милан се бесни поради отказот на Малдини https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalerite-na-milan-se-besni-poradi-otkazot-na-maldini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalerite-na-milan-se-besni-poradi-otkazot-na-maldini/#respond Tue, 06 Jun 2023 07:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=842599

Паоло Малдини повеќе не е спортски директор на Милан, објавија бројни италијански медиуми. Состанокот помеѓу Малдини, Даниеле Масаро и сопственикот на клубот Гери Кардинале била тензична, поради што газдата решил да ги отпушти Малдини и Масаро. Италијанските медиуми тврдат дека фудбалерите на Милан не го прифатиле добро отказот на Малдини. Се пишува дека останале во шок и дека се бесни поради ваквата одлука на сопственикот Кардинале. Најдобриот играч на Милан, Рафаел Леао, на социјалните мрежи, објави емотикон кој размислува, токму во моментот кога се појави веста дека Малдини го напушта клубот. Малдини го убеди Леао да остане во клубот и да потпише нов договор. По неговата реакција се поставува прашањето дали сега тој сака да остане во клубот. Свој револт го изразија и Сандро Тонали и Тео Ернандез кои сметаат дека Малдини е дел од клупската историја и дека не треба да биде испратен на ваков начин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalerite-na-milan-se-besni-poradi-otkazot-na-maldini/feed/ 0
Стефано Пиоли ќе добие отказ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefano-pioli-ke-dobie-otkaz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefano-pioli-ke-dobie-otkaz/#respond Tue, 16 May 2023 08:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=834693

Италијанските медиуми пишуваат дека Стефано Пиоли ќе добие отказ на крајот на сезоната. „ТВ Дело Спорт“, пишува дека еден од газдите на Милан, Гери Кардинале веќе почнал да бара нов тренер. Според овој тој сака Антонио Конте да биде новиот тренер на Милан. Конте е без клуб откако се раздели со Тотенхем оваа пролет, а во кариерата веќе беше шампион на Италија со Јувентус и Интер. Пиоли минатата година ја освои Серија А, што беше 19. шампионска титула во историјата на клубот. Минатата есен тој го продолжи договорот со Милан до 2025 година, но оваа сезона резултатите не се добри. Милан на три кола пред крајот е на петтото место во Серија А, а во полуфиналето од Лигата на шампионите загуби со 2:0 од градскиот ривал Интер во првиот натпревар како домаќин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stefano-pioli-ke-dobie-otkaz/feed/ 0
Ал Пачино за малку ќе добиел отказ во „Кум“: „Имав многу доверба во тебе, а ти ме нервираш…“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/al-pachino-za-malku-ke-dobiel-otkaz-vo-kum-imav-mnogu-doverba-vo-tebe-a-ti-me-nervirash/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/al-pachino-za-malku-ke-dobiel-otkaz-vo-kum-imav-mnogu-doverba-vo-tebe-a-ti-me-nervirash/#respond Wed, 26 Apr 2023 14:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=827915

Едно е сигурно – дека улогата во „Кум“ на Ал Пачино му отворила многу врати во Холивуд, но сега за странските медиуми актерот открил дека за малку ќе добиел отказ во култниот филм. Имено, иако бил прв избор на режисерот Френсис Копола да го глуми Мајкл Корлеоне, постоело време додека се снимал филмот „Кум“ каде Пачино за малку ќе добиел отказ. Присетувајќи се на разговорот којшто тој и Копола го воделе во тоа време, некои директори на студијата не биле воодушевени од настапот на Пачино и сакале да го заменат. „Френсис рече: Знаеш, имам само многу доверба во тебе. А, ти ме нервираш“, се присетил Пачино на разговорот со Копола и додал: „Стојам таму и размислувам – што направив?“. Тогашните критичари едноставно не биле восхитени како го глуми ликот на Мајкл Корлеоне. „Сакав да се вратам од никаде и до крајот на филмот да создадам некој вид на енигма. Неговата транзиција ме заинтересира и мислев дека не можам да ја спасам. После првиот ден од снимањето, Дајан Китон и јас се напивме. Мислевме: Тоа е тоа, нашите кариери се завршени. Ова е хаос“, изјавил легендарниот Ал Пачино. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/al-pachino-za-malku-ke-dobiel-otkaz-vo-kum-imav-mnogu-doverba-vo-tebe-a-ti-me-nervirash/feed/ 0
Полицајка имала односи со 6 колеги на работа, деталите од с*кс скандалот шокираат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/politsajka-imala-odnosi-so-6-kolegi-na-rabota-detalite-od-s-ks-skandalot-shokiraat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/politsajka-imala-odnosi-so-6-kolegi-na-rabota-detalite-od-s-ks-skandalot-shokiraat/#respond Fri, 20 Jan 2023 10:50:21 +0000 https://kurir.mk/?p=789665

Омажена полицајка наводно имала сексуални однони со шест машки колеги на должност, а гласините за сексуално недолично однесување ја потресоа малата полициска станица во Тенеси и доведоа до отпуштање на пет полицајци. Полицајката Меган Хол и полицајците во пределот во Тенеси беа во центарот на секс скандал поради испраќање експлицитни фотографии, при што полицаец наводно и го соблекол горниот дел од костимот за капење на забава во када и имала орален секс со двајца други полицајци во полициската станица. Наводно, Хол се фалела со големината на пенисот на еден од колегите и тврдела дека тој е во „отворен брак“, што резултирало со отказ, како и отпуштање на уште четворица колеги. Двајцата полицајци обвинети дека имале афери со Меган ги задржале своите работни места, но на крајот биле суспендирани. Според извештајот од внатрешната истрага од 28 декември, Хол е обвинета за орален секс на колеги додека работела во полициската станица и полициската теретана. Средбите се случувале во хотели, на забави, во домовите на други службеници и на чамци. Кога градоначалникот, Џејсон Кол добил пријави дека Хол има афери со бројни колеги, но и дека има тројка со еден колега и неговата сопруга, почнала подетална истрага за нејзиното однесување и живот. Во извештајот се наведува дека еден од колегите на полицајката признал дека има односно со неа во повеќе наврати. Признал дека Хол го информирала за големината на половиот орган на еден од колегите и му признала дека имала односи со него додека двајцата биле на работа. Истиот полицаец наводно сведочел на бакнеж меѓу Хол и негов колега додека гледале фудбал, а тврдел и дека Хол се бакнала со неговата сопруга Ејми откако дознала за нивниот „отворен брак“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/politsajka-imala-odnosi-so-6-kolegi-na-rabota-detalite-od-s-ks-skandalot-shokiraat/feed/ 0
ССМ: Претседателот на синдикатот на „Водовод“ незаконски е избркан од работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pretsedatelot-na-sindikatot-na-vodovod-nezakonski-e-izbrkan-od-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pretsedatelot-na-sindikatot-na-vodovod-nezakonski-e-izbrkan-od-rabota/#respond Fri, 11 Nov 2022 10:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=759064

Сојузот на синдикати на Македонија денеска објави дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација“ Стојанче Кашински добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски. Од ССМ, ваквата постапка на в.д. директорот ја оценуваат како спротивна на закон и на колективниот договор. – Согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски, кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од главните барања за разрешување на в.д директорот, се вели во соопштението од ССМ. Од ССМ бараат итна седница на Управниот одбор кој како второстепен орган во претпријатието е надлежен да одлучува по приговори и жалби и да се укине решението за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работен однос. Од Управниот одбор бараат да утврди и зошто Митовски не ги спроведува нивните одлуки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-pretsedatelot-na-sindikatot-na-vodovod-nezakonski-e-izbrkan-od-rabota/feed/ 0
По осум порази, хрватскиот клуб Горица му даде отказ на Мрме https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-osum-porazi-hrvatskiot-klub-gorica-mu-dade-otkaz-na-mrme/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-osum-porazi-hrvatskiot-klub-gorica-mu-dade-otkaz-na-mrme/#respond Sat, 05 Nov 2022 10:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=756099

Претседателот на хрватскиот фудбалски клуб Горица, Ненад Чрнко го разреши Игор Ангеловски од функцијата тренер и спортски директор на екипата. Одлуката за прекин на соработката е донесена по поразот во 16 лигашко коло против Истра 1961 година. – Сакаме да му се заблагодариме на досегашниот тренер за соработката во неполни три месеци кои ги помина на клупата на Горица. Клубот до понеделник ќе ја информира јавноста за назначувањето на нов тренер – информираат од ХНК Горица. Горица моментно е на последното 10 место во најсилниот хрватски шампионат со седум бодови. Ангеловски од клупата ја водеше екипата на 10 натпревари сезонава, но не забележа ниту една победа. Запиша осум порази и само двапати ремизираше.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-osum-porazi-hrvatskiot-klub-gorica-mu-dade-otkaz-na-mrme/feed/ 0
Рекорден број Французи дале отказ во потрага по постојана работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-francuzi-dale-otkaz-vo-potraga-po-postojana-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-francuzi-dale-otkaz-vo-potraga-po-postojana-rabota/#respond Fri, 19 Aug 2022 09:53:33 +0000 https://kurir.mk/?p=720944

Работници во Франција ги напуштија своите работни места во рекорден број на крајот на 2021 година и на почетокот на 2021 година, главно во потрага по постојана работа, покажа извештајот на Министерството за труд. Повеќе од милион Французи ги напуштиле своите работни места во периодот од октомври минатата година до март оваа година, според студијата на истражувачкото тело на министерството Дарес, а 90 отсто од нив сакале договори за трајно вработување кои нудат ниво на заштита меѓу најдобрите во светот. Бројката е рекордно висока, забележува Дарес. Француските податоци не укажуваат на огромно намалување на работната сила, тврди Дарес. Според нивното истражување, стапката на оставки во Франција во првиот квартал изнесувала 2,7 отсто и била највисока во периодот по финансиската криза 2008/2009 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-francuzi-dale-otkaz-vo-potraga-po-postojana-rabota/feed/ 0
ТикТок ја чинеше работно место: Кога нејзините шефови виделе што таа збори во видеата веднаш ја избркале од работа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tiktok-ja-chineshe-rabotno-mesto-koga-nejzinite-shefovi-videle-shto-taa-zbori-vo-videata-vednash-ja-izbrkale-od-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tiktok-ja-chineshe-rabotno-mesto-koga-nejzinite-shefovi-videle-shto-taa-zbori-vo-videata-vednash-ja-izbrkale-od-rabota/#respond Tue, 26 Jul 2022 11:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=710332

Една девојка од Денвер одлучила да го сподели на ТикТок своето покачување на платата од 20.000 долари во технолошка компанија – но, вели дека на крајот добила отказ откако шефовите ја виделе снимката. Во јуни, Лекси Ларсон споделила видео на ТикТок во кое вели дека добила покачување на платата од 70.000 на 90.000 долари, откако се вработила во технолошката индустрија. Таа раскажала и за трошоците во Денвер и како се вработила. Ларсон вели дека откако компанијата за која работи го пронашла нејзиниот ТикТок налог, таа почнала да ги брише видеата за да не ги налути нејзините шефови. Била свесна дека има право да разговара за нејзината плата според Националниот закон за работни односи, но сепак одлучила да го отстрани видеото.
@itslexilarson How much my paychecks increased when I went from $70k to $90k per year #paycheckbreakdown #salarytransparency #paytransparency ♬ all i need - 🎧
Сепак, нејзините шефови виделе се. На компанијата воопшто не и се допаднало тоа што Ларсон ја открила висината на нејзината плата. „TикТок ме чинеше работа“, вели Ларсон, додавајќи дека тоа се случило две недели откако била ангажирана. „Два дена подоцна, откако разговараа со мене за мојот профил на оваа социјална мрежа, на крајот ме отпуштија затоа што рекоа дека мојот налог на ТикТок е безбедносен проблем“. Како што објаснија адвокатите, отказот бил оправдан од гледна точка на компанијата. Секоја бизнис – компанија во САД има свој интерес да се погрижи да не давате дискриминаторски изјави, да откривате трговски тајни, да се заканувате со насилство или да се вклучите во незаконско однесување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tiktok-ja-chineshe-rabotno-mesto-koga-nejzinite-shefovi-videle-shto-taa-zbori-vo-videata-vednash-ja-izbrkale-od-rabota/feed/ 0
Што треба да знаете пред да дадете отказ на вашето работно место? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-treba-da-znaete-pred-da-dadete-otkaz-na-vasheto-rabotno-mesto-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-treba-da-znaete-pred-da-dadete-otkaz-na-vasheto-rabotno-mesto-2/#respond Wed, 08 Jun 2022 14:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=688434

Многумина од нас го поминале животот подготвувајќи се за кариера за која или имаме или немаме искуство. Типично, сѐ уште не сме ниту возрасни кога ги формираме овие идеи за остатокот на нашиот живот и кариерата. Често се поведуваме од родителите, учителите, професорите за тоа како треба да изгледа успехот и нашиот пат го градиме по тие модели. Иако интересот на нашето семејство, пријателите и познаниците за нашите избори е добронамерен, сепак има и големо влијание врз нашата способност да одлучиме што е најдобро за нас. Во продолжените прочитајте ги 4-те клучни работи кои треба да ги знаете доколку планирате да ја промените вашата кариера. 1. Промената не е моментна Кога ќе сфатите дека промената на работното место е неизбежна и потребна, можеби ќе се почувствувате како да сте тргнале голем товар од својот грб и дека сѐ останато што ќе се случува понатаму ќе биде лесно. Но, за жал, промената не се случува како во филмовите. Да се има реалистични очекувања од и за вашата кариера е витален елемент за вашиот успех. 2. Стравот за парите е неизбежен Постојат многу стравови со кои луѓето се соочуваат кога ќе одлучат да направат каква било промена, а најчести меѓу нив се финансиските грижи кои прават да се чувствуваме многу нестабилно. Кога парите се поврзани со вашите чувства на сигурност и безбедност, како што е и случајот со многу луѓе, тогаш очекувајте промените во вашите приходи да имаат голем емотивен ефект врз вас. 3. Правилната поддршка е неопходна Промената не е лесна ниту за вашите најблиски. Родителите и пријателите, дури и оние кои најмногу ве поддржуваат, се сепак луѓе, полни со емоции и желби. Тие можат да бидат и загрижени, посебно ако сакате да ја промените кариерата на едно сосема некарактеристично работно место за вас. Дозволете им да ви ја пружат потребната поддршка, бидејќи таа ви е повеќе од потребна. Поддршката од истомислениците или оние кои поминуваат во слична ситуација како вашата исто така може да биде од најголема помош. 4. Давањето отказ не е секогаш првиот чекор Промената на кариерата е процес кој ќе ви помогне најпрво да истражите што значи за вас некоја позначајна кариера, потоа да дефинирате која промена е добра промена и за крај, да станете едно со вашиот план за промена на кариерата. Нема ништо лошо во тоа да сакате да го промените своето работно место, баш напротив, тоа е многу здраво. Дајте си време да размислите и избегнувајте да бидете импулсивни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shto-treba-da-znaete-pred-da-dadete-otkaz-na-vasheto-rabotno-mesto-2/feed/ 0