откажана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Aug 2022 11:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png откажана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откажана средбата на шефовите на дипломатијата на Кина и на Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazana-sredbata-na-shefovite-na-diplomatijata-na-kina-i-na-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazana-sredbata-na-shefovite-na-diplomatijata-na-kina-i-na-japonija/#respond Thu, 04 Aug 2022 11:36:06 +0000 https://kurir.mk/?p=714017

Средбата помеѓу министрите за надворешни работи на Кина и на Јапонија, Ванг Ји и Јошимасе Хајаши е откажана поради тоа што Пекинг е назадоволен од заедничкото соопштение на Г-7 и на ЕУ за Тајван, во кое се повикува Кина на мирен начин да ги реши тензиите. Ванг и Хајаши требаа да се сретнат на маргините на Самитот на Асоцијацијата на нации на Југоисточна Азија (АСЕАН) што се одржува во главниот град на Камбоџа, Пном Пен. Портпаролот на кинеското МНР наведе дека Пекинг ја откажал средбата поради тоа што во заедничкото соопштение на Г-7 и на ЕУ „неосновано се обвинува Кина и се искривува вистинската состојба на работите“. Тој исто така наведе и дека ако земјите-членки на Г-7 не го сменат својот „погрешен став“ за Тајван, Кина може да го преиспита својот однос кон дијалогот со нив. Според него воените вежби на Пекинг во близина на Тајван се предупредување за провокаторите, а Кина нема да им наштети на оние кои со своите акции не ја поддржуваат независноста на Островот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazana-sredbata-na-shefovite-na-diplomatijata-na-kina-i-na-japonija/feed/ 0
ФИА ја откажа трката во Сочи https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-ja-otkaza-trkata-vo-sochi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-ja-otkaza-trkata-vo-sochi/#respond Fri, 25 Feb 2022 14:19:03 +0000 https://kurir.mk/?p=636756

ФИА ја избриша од календарот трката за Големата награда на Русија. Одлуката била донесена на состанокот на акционерите. Заклучиле дека не е возможно трката да се одржи во вакви околности. Според календарот, Големата награда на Русија требаше да се вози на 25.септември. Новата сезона ќе започне од Бахреин на 20.март. Од пред два дена тимовите се во Барселона, каде во тек се официјалните тестирања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-ja-otkaza-trkata-vo-sochi/feed/ 0
Лондон ја откажа прославата на Нова година на Трафалгар сквер поради омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-ja-otkaza-proslavata-na-nova-godina-na-trafalgar-skver-poradi-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-ja-otkaza-proslavata-na-nova-godina-na-trafalgar-skver-poradi-omikron/#respond Tue, 21 Dec 2021 11:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=611186

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан објави дека ја откажува планираната новогодишна прослава во британската престолнина поради драстичното зголемување на бројот на заразени со новиот, омикрон сој на коронавирусот. – Поради рекордното ниво на инфекции со Ковид-19 во нашиот град и во Велика Британија, решен сум да направам се што е можно за да го забавам ширењето на новиот вид и да се погрижам нашите здравствени служби да не бидат преоптоварени оваа зима, изјави синоќа Кан. Тој додаде дека тоа значи дека градот нема да организира прослава со 6.500 луѓе планирани на Трафалгар сквер за Нова година. – Ќе биде разочарувачки за многу граѓани на Лондон, но мора да преземеме добри мерки за да го намалиме ширењето на вирусот, истакна Кан.. Со ова Лондон го следи Париз, кој во саботата објави дека ги откажува огнометите и концертите планирани на Елисејските полиња, како и Мароко, кој забрани организирање на собири и воведе полициски час од полноќ до шест часот наутро. Според британските власти, во земјата најмалку 14 лица заразени со сојот омикрон на Ковида-19 починале, а 129 се хоспитализирани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-ja-otkaza-proslavata-na-nova-godina-na-trafalgar-skver-poradi-omikron/feed/ 0
Откажана Ф1 трката за Големата награда на Австралија 2021 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/otkazana-f1-trkata-za-golemata-nagrada-na-avstralija-2021/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/otkazana-f1-trkata-za-golemata-nagrada-na-avstralija-2021/#respond Tue, 06 Jul 2021 07:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=532543

Формула 1 објави дека трката за Големата награда на Австралија нема да се одржи во 2021 година. Трката во Мелбурн беше закажана за 19-21 ноември. Причините за ваквата одлука се ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус. Ф1 истакна дека остануваат на намерата да одржат 23 трки оваа сезона. Во следните недели, серијата ќе обезбеди дополнителни информации за тоа која Гран при ќе го заземе ослободениот викенд во натпреварувачкиот календар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/otkazana-f1-trkata-za-golemata-nagrada-na-avstralija-2021/feed/ 0
УЕФА ја откажа Елитната фаза и ЕП до 19 години https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-ja-otkaza-elitnata-faza-i-ep-do-19-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-ja-otkaza-elitnata-faza-i-ep-do-19-godini/#respond Wed, 21 Oct 2020 12:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=419015

Европската фудбалска асоцијација официјално соопшти дека ја откажува Елитната рунда квалификации за Европско првенство за играчи до 19 години, како и финалната фаза закажана за ноември 2020 и март 2021 година. Одлуката на Извршниот комитет на УЕФА значи дека македонската репрезентација до 19 години (генерација 2001) нема да учествува во Елитната рунда на натпревари и нема да добие шанса да се бори за место на Европското првенство во конкуренција на Шпанија, Белгија и Бугарија. Причината за откажувањето на турнирите е епидемиолошката состојба во Европа и големите проблеми при патувањата на репрезентациите. УЕФА соопшти дека е одлучено петте места резервирани за европски тимови на ова СП да се доделат на селекциите кои ги заземаат првите пет позиции во рангирањето според коефициентот од квалификациите за сезоната 2019/20. Тоа се селекциите на: Англија, Франција, Италија, Холандија и Португалија. – Одлуката е непосакувана за нашата репрезентација до 19 години која обезбеди место во Елитната рунда квалификации за Европско првенство. Ова не го говорам од аспект дека ние ќе станевме Европски прваци, но факт е дека селекцијата направи голем успех со обезбеденото место меѓу најдобрите репрезентации на два турнира во низа. Жал ни е што нашите млади фудбалери нема да учествуваат на турнирот, изјави Зоран Стратев, технички директор во Фудбалската федерација на Македонија. Разочаран од ваквата одлука е и селекторот Горан Станиќ. – Голема штета за оваа генерација на фудбалери што не добиваме шанса за настап во Елитна фаза квалификации. Ние по втор пат обезбедуваме место во Елитна фаза и ќе беше драгоцено искуство доколку настапевме на турнирот во Шпанија. Уште повеќе што наша главна цел е да создаваме фудбалери за репрезентацијата до 21 години, па дури и најдобриот национален тим. На оваа возраст фудбалерите веќе настапуваат на професионално клупско ниво и ќе беше одлично доколку се спротивставевме на големи репрезентации од типот на Шпанија и Белгија, изјави Станиќ, селектор на репрезентацијата до 19 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-ja-otkaza-elitnata-faza-i-ep-do-19-godini/feed/ 0
Формула 1 трката во Виетнам е откажана поради коронавирус https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-trkata-vo-vietnam-e-otkazana-poradi-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-trkata-vo-vietnam-e-otkazana-poradi-koronavirus/#respond Fri, 16 Oct 2020 12:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=417211

Организаторите на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Виетнам најавија откажување. Во соопштението на официјалната веб-страница на трката на патеката Ханој се вели дека одлуката е донесена во врска со пандемијата на коронавирусот. Забележано е дека организаторите се согласија да ја откажат сцената поради потешкотии во обезбедувањето безбедни услови за пилотите, екипите и гледачите. Првично, етапата во Виетнам требаше да се одржи од 3 април до 5 април, но беше одложена на неодредено време поради пандемијата. Беше објавено дека трката може да се одржи во ноември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/formula-1-trkata-vo-vietnam-e-otkazana-poradi-koronavirus/feed/ 0
Етапата од Мото ГП во САД откажана поради коронавирус https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/etapata-od-moto-gp-vo-sad-otkazana-poradi-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/etapata-od-moto-gp-vo-sad-otkazana-poradi-koronavirus/#respond Thu, 09 Jul 2020 06:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=372217

Трката од Мото ГП во Остин (САД) е откажана поради коронавирус, соопшти прес-службата на натпреварувањето. Првично, трката требаше да се одржи на 5 април и со неа да се отвори сезоната 2020 година, но беше решено да се одложи до 15 ноември. Оваа недела организаторите објавија дека следната трка во Мото ГП на патеката „Траса Америка“ ќе се одржи во април 2021 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/etapata-od-moto-gp-vo-sad-otkazana-poradi-koronavirus/feed/ 0
НБА ќе изгуби огромна сума ако сезоната биде откажана https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-kje-izgubi-ogromna-suma-ako-sezonata-bide-otkazana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-kje-izgubi-ogromna-suma-ako-sezonata-bide-otkazana/#respond Sat, 16 May 2020 10:18:24 +0000 https://kurir.mk/?p=346610

Националната кошаркарска асоцијација веќе беше лошо погодена поради сопирање на сезоната, но ова е само почеток. Доколку Лигата ја откаже последната фаза од сезоната и не се игра плеј-офот, загубата ќе изнесува приближно 900 милиони американски долари од ТВ правата, информира „Атлетик“. Ова не вклучува приходи што ќе се изгубат од трансакциите со локалните телевизии, доколку не се продолжи со редовната сезона. Регионалните спортски мрежи имаат право да емитуваат најмалку 70 натпревари во нивните договори со НБА, но повеќето тимови сè уште не ги достигнале. Неодамнешната анализа покажа дека 40 проценти од приходите во НБА лигата доаѓаат од навивачите кои одат на натпревари. Без нив, единствениот најголем извор на приход е телевизијата. Тие се движечка сила зад потенцијалното рестартирање на сезоната од финансиски аспект. Губењето на плеј-офот ќе биде погубно за финансиите на Лигата, додаваат од американското издание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-kje-izgubi-ogromna-suma-ako-sezonata-bide-otkazana/feed/ 0