откажани летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 09:13:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png откажани летови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поплави во Германија, откажани десетици летови од аеродромот во Франкфурт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-vo-germanija-otkazhani-desetitsi-letovi-od-aerodromot-vo-frankfurt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-vo-germanija-otkazhani-desetitsi-letovi-od-aerodromot-vo-frankfurt/#respond Thu, 17 Aug 2023 09:13:28 +0000 https://kurir.mk/?p=867791

Десетици летови беа откажани денеска на аеродромот во Франкфурт, најпрометниот и еден од најголемите во Европа, поради поплави предизвикани од обилните врнежи од дожд. Аеродромот соопшти дека синоќа на пистата се насобрало многу вода, јави ДПА. На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека синоќа до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови за Франкфурт се пренасочени кон други аеродроми. Делови од југозападна и централна Германија беа поплавени поради обилните врнежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-vo-germanija-otkazhani-desetitsi-letovi-od-aerodromot-vo-frankfurt/feed/ 0
ТУРЦИЈА ВО КОЛАПС – откажани стотици авионски летови кон Истанбул! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-vo-kolaps-otkazhani-stotitsi-avionski-letovi-kon-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-vo-kolaps-otkazhani-stotitsi-avionski-letovi-kon-istanbul/#respond Mon, 06 Feb 2023 08:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=796598

Поради лошите временски услови, авиокомпаниите денеска ги откажаа летовите за и од Истанбул, а локалните власти ги отпуштија студентите на одмор. Метеоролошката состојба во метрополата, како и речиси во цела Турција, е значително влошена. Аеродромот Сабиха Ѓокчен на азиската страна на Истанбул денеска практично е затворен. Сите летови на авиокомпанијата Пегасус до и од аеродромот на меѓународни и домашни линии се откажани. Анадолу Џет, подружница на Туркиш ерлајнс, исто така ги откажа своите домашни летови. Вчера националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека од меѓународниот аеродром во Истанбул на европскиот брег се откажани 238 меѓународни и домашни летови. Откажувањето на летовите продолжува и денеска, информираат од авиокомпанијата. Силни ветрови и врнежи го зафатија Истанбул, придружени со силен дожд или снег. Силниот ветер синоќа ги скрши железните огради на осмиот кат на кулата Галата, еден од симболите на Истанбул, објави интернет страницата Интернет Хабер. Екипите на противпожарната служба ги обезбедија железните елементи со јажиња, а кулата беше опкружена со заштитна сигнална лента за да ги оддалечат минувачите. Мештаните од Истанбул го прогласија денешниот ден за неприсуство на сите училишта во метрополата. Гувернерот Али Јерликаја и градоначалникот на Митрополитот на Истанбул, Екрем Имамоглу, ги повикаа граѓаните да бидат внимателни со оглед на лошото време. Училиштата во вкупно 40 области во земјата се затворени. Во билтен на Генералната дирекција за метеорологија, се наведува дека денеска врнежи од снег, како и силно невреме и дожд се очекуваат во речиси целата земја – во регионот на Мраморното Море, во регионот на Егејот, Медитеранот и Црното Море. Во Источна Анадолија ќе има и обилни врнежи од снег и температури под нулата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-vo-kolaps-otkazhani-stotitsi-avionski-letovi-kon-istanbul/feed/ 0
Ледена бура предизвика колапс во САД – откажани летови и тешки сообраќајки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ledena-bura-predizvika-kolaps-vo-sad-otkazhani-letovi-i-teshki-soobrakajki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ledena-bura-predizvika-kolaps-vo-sad-otkazhani-letovi-i-teshki-soobrakajki/#respond Wed, 01 Feb 2023 07:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=794493

Зимското невреме, проследено со ледена бура, вчера парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз. Додека ледената бура вчера се движеше кон исток, од западен Тексас сè до западна Вирџинија беа издадени предупредувања за опасност од невреме. И во текот на денешниот ден се очекуваат неколку серии мешани врнежи, вклучувајќи и замрзнат дожд и лапавица, што значи дека некои региони би можеле да бидат погодени од невремето повеќе пати предупреди Федералната метеоролошка служба. Повеќе сообраќајни несреќи беа пријавени во Остин, Тексас, со најмалку една жртва, регистрира противпожарната служба во Остин. Во округот Тревис, Тексас, кој го опфаќа Остин, полицијата на секои три минути добивала повици за несреќи, соопштија локалните власти. Само вчераутро во Тексас биле пријавени околу 7.000 прекини на електричната енергија,а тоа се должело на мраз на далноводите или соборени дрвја. Флота од возила за итна помош беше испратена на дури 1.600 и патишта под мраз. Во Арканзас, републиканската гувернерка Сара Хакаби Сандерс. вчера прогласи вонредна состојба поради ледената бура и кажа дека лошите услови на патиштата ја запреле утринската испорака на намирници до продавниците. Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас најавија дека ќе бидат затворени, а наставата ќе се изведува онлајн.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ledena-bura-predizvika-kolaps-vo-sad-otkazhani-letovi-i-teshki-soobrakajki/feed/ 0
Бајден: Авиокомпаниите треба да се сметаат за одговорни за откажувањето на летовите во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-aviokompaniite-treba-da-se-smetaat-za-odgovorni-za-otkazuvanjeto-na-letovite-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-aviokompaniite-treba-da-se-smetaat-za-odgovorni-za-otkazuvanjeto-na-letovite-vo-sad/#respond Wed, 28 Dec 2022 07:35:58 +0000 https://kurir.mk/?p=781468

Многу авиокомпании во Соединетите Американски Држави откажаа илјадници летови поради смртоносната арктичка зимска бура, а американскиот претседател Џо Бајден истакна дека неговата администрација ќе ги смета за одговорни. „Илјадници летови низ земјата беа откажани за време на празниците. Нашата администрација работи на тоа да ги повика авиокомпаниите на одговорност“, напиша Бајден на Твитер. Бајден ги упати луѓето чии летови беа откажани во Одделот за транспорт заради компензација. Според FlightAware, веб-страница која ги следи дневните доцнења и откажувања на летови, околу 20.000 летови се откажани низ САД од 22 декември. Најмалку 63 лица ги загубија животите во големата зимска бура што го погоди поголемиот дел од Средниот Запад и северниот дел на САД за време на Божиќ.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-aviokompaniite-treba-da-se-smetaat-za-odgovorni-za-otkazuvanjeto-na-letovite-vo-sad/feed/ 0
„Еуровингс“ откажа стотици летови пред тридневниот штрајк на пилотите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurovings-otkaza-stotici-letovi-pred-tridnevniot-shtrajk-na-pilotite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurovings-otkaza-stotici-letovi-pred-tridnevniot-shtrajk-na-pilotite/#respond Mon, 17 Oct 2022 06:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=746201

Германската ниско-буџетска авиокомпанија „Еуровингс“ соопшти дека е принудена од утре до среда да откаже стотици летови поради вториот штрајк на пилотите во рок од неколку недели, јави ДПА. Од 400-те летови планирани за утре се очекува да се реализираат повеќе од 230, соопшти денеска подружницата на „Луфтханза“. „Еуровингс“ очекува дека во вторник и среда ќе може да реализира повеќе од половина од планираниот распоред на летови. Синдикатот на кабинскиот персонал ги повика пилотите на „Еуровингс“ да престанат да работат од полноќ во понеделник до среда. Оттаму наведуваат дека причината за штрајкот е недоволната понуда од страна на работодавачот за подобри услови за работа во колективниот договор. Компанијата побара од патниците редовно да го проверуваат статусот на нивниот лет преку веб-страницата или апликацијата за клиенти на „Еуровингс“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eurovings-otkaza-stotici-letovi-pred-tridnevniot-shtrajk-na-pilotite/feed/ 0
На португалските аеродроми откажани 90 летови поради штрајк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-portugalskite-aerodromi-otkazani-90-letovi-poradi-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-portugalskite-aerodromi-otkazani-90-letovi-poradi-shtrajk/#respond Fri, 26 Aug 2022 12:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=724360

Вработените во португалскиот аеродромски оператор Портовеј (Portoway) денеска започнаа тридневен штрајк на неговите главни аеродроми во Лисабон, Порто, Фаро и Фуншал, што досега доведе до откажување на околу 90 летови. Околу 90 отсто од работниците на Портвеј го напуштија аеродромот во Лисабон, каде што се откажани 60 летови до и од главниот град на Португалија, изјави Педро Фигеиредо, портпарол на Националниот сојуз на вработени во цивилното воздухопловство (СИНТАЦ). Синдикалците бараат подобри услови за работа, зголемување на платите и платен годишен одмор без намалување на платите. Протестот е организиран во пресрет на еден од најфреквентните викенди во годината, кога голем број туристи се враќаат од летниот одмор, а други заминуваат на одмор во последните денови од август. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-portugalskite-aerodromi-otkazani-90-letovi-poradi-shtrajk/feed/ 0
„Бритиш ервејс“ откажа над 10.000 летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/british-ervejs-otkaza-nad-10-000-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/british-ervejs-otkaza-nad-10-000-letovi/#respond Thu, 25 Aug 2022 07:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=723636

Британскиот национален авиопревозник „Бритиш ервејс“ откажа повеќе од 10.000 летови од својот зимски распоред, отстранувајќи од продажба речиси два милиони места. Откажувањето на летовите на кратки релации, од крајот на октомври до крајот на март, има за цел да се минимизираат прекините во сообраќајот во текот на зимата. Авиокомпанијата, исто така, ги откажува летовите на долги релации до Кина и Бангкок, повикувајќи се на ограничувања за Ковид-19. Портпаролот на компанијата истакна дека продолжувањето на летовите за Хонг Конг ќе биде одложено до декември, кога ќе има еден лет дневно. „Бритиш ервејс“ од почетокот на летото откажал 38.000 летови. Откажаните зимски летови се еднакви на речиси една десетина од планираните летови. Одлуката е резултат на потресите во секторот на воздушниот транспорт, објави весникот „Тајмс“. Европските авиокомпании трпат рекордни доцнења во европскиот воздушен простор поради недостиг на персонал, големи отсуства поради болести и метеж предизвикан од затворањето на воздушниот простор над Русија и Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/british-ervejs-otkaza-nad-10-000-letovi/feed/ 0
ВИДЕО: Снежна бура во Истанбул, откажани над 400 летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-snezna-bura-vo-istanbul-otkazani-nad-400-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-snezna-bura-vo-istanbul-otkazani-nad-400-letovi/#respond Sat, 12 Mar 2022 13:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=645991

Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа 407 летови денеска, поради обилните снежни врнежи. -Од аеродромот во Истанбул откажани се 357 летови, од кои 105 на меѓународни линии, соопшти компанијата. Операторот на аеродромот истакнал дека бројот на летови е намален за 30 проценти поради временските услови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-snezna-bura-vo-istanbul-otkazani-nad-400-letovi/feed/ 0
Снежна бура во централниот дел на САД, откажани илјадници летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezna-bura-vo-centralniot-del-na-sad-otkazani-iljadnici-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezna-bura-vo-centralniot-del-na-sad-otkazani-iljadnici-letovi/#respond Fri, 04 Feb 2022 11:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=626963

Големата зимска бура, која погоди милиони Американци, донесе леден дожд и снег во централниот дел на САД, додека авиокомпаниите откажаа илјадници летови. Властите ги повикаа жителите да не патуваат, бидејќи сообраќајот е во колапс. Голем број училишта се затворени, а во некои делови од земјата има и прекини на електричната енергија. Според веб-страницата FlightAware.com која ги следи летовите, речиси 8.000 летови во САД кои беа закажани за среда или четврток се откажани. Речиси 700 летови беа откажани само во четвртокот на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт, а повеќе од 300 на аеродромот Далас Лав Филд. Повеќе од 200.000 домаќинства и компании останаа без струја. Предупредувањата за зимска и ледена бура се на сила во областа од Тексас до Среден Запад и Нова Англија, соопшти Националната метеоролошка служба. Повеќе од 100 милиони жители во најмалку 25 сојузни држави се предупредени за временските неприлики, јавуваат американските медиуми. Метеоролошката служба предупреди дека температурите, поради невремето, на повеќе места во наредните денови ќе бидат екстремно ниски, некаде и до шест степени под просекот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snezna-bura-vo-centralniot-del-na-sad-otkazani-iljadnici-letovi/feed/ 0
Поради зимска бура во североисточниот дел на САД, откажани повеќе од 1.400 лета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad-otkazani-povekje-od-1-400-leta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad-otkazani-povekje-od-1-400-leta/#respond Mon, 31 Jan 2022 15:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=625087

Повеќе од 1.400 лета во Соединетите Американски Држави беа откажани во неделата откако еден ден претходно зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што неколку држави прогласија вонредна состојба. Според веб-страницата за следење летови flightaware.com, вкупниот број откажани летови внатре, во или надвор од САД изнесуваше околу 1 450 во неделата попладне. Одложени се уште 1 774 лета поврзани со САД. Аеродромот „Ла гвардија“ и меѓународните аеродроми „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк и „Логан“ во Бостон беа меѓу најтешко погодените со одложувања и откажувања. Во Масачусетс околу 31 000 од 2,6 милиони корисници беа без електрична енергија претходно во текот на неделата, според веб-страницата poweroutage.us. Времето предизвика и три смртни случаи во Њујорк. Постара жена во саботата беше пронајдена на паркинг во хотел во Униондејл, Њујорк, со отворен прозорец од автомобилот, а властите пријавија и смрт на двајца мажи, на возраст од 53 и 75 години, кои паднале во саботата додека чистеле снег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-zimska-bura-vo-severoistochniot-del-na-sad-otkazani-povekje-od-1-400-leta/feed/ 0