откази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 07:09:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png откази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откази за сите вработени новинари на „Нејшнл џиографик“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazi-za-site-vraboteni-novinari-na-nejshnl-dhiografik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazi-za-site-vraboteni-novinari-na-nejshnl-dhiografik/#respond Thu, 29 Jun 2023 07:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=850669

„Нејшнл џиографик“ (National Geographic) ги отпушти своите последни вработени новинари и најави дека од следната година повеќе нема да се продава на киосците во САД, но ќе продолжи да објавува месечни изданија. Откази добија 19 вработени новинари, а редакцијата отсега ќе биде составен од хонорарни уредници и соработници. „Нејшнл џиографик“ најави дека сепак ќе остави неколку вработени новинари и објасни дека кратењето на трошоците го вовела матичната компанија Дизни. - Промените во бројот на вработени нема да влијаат на квалитетот на нашата работа, но ќе ни овозможат поголема флексибилност да раскажуваме различни приказни и да се дружиме со нашата публика преку нашите многубројни платформи. Секоја инсинуација дека овие промени негативно ќе влијаат на списанието или на квалитетот на нашето известување едноставно се неточни, изјави портпаролот на „Нејшнл џиографик“. „Нејшнл џиографик“ е во сопственост на Волт Дизни од 2019 година. Списанието за природата, што се публикува 135 години, во изминатите години имаше повеќекратно намалување на работните места. Списанието е основано од „Нејшнл џиографик сосајети“ (National Geographic Society) во 1888 година, беше продадено на „Твенти-Фрст Сенчари Фокс“ (Twenty-First Century Fox) во 2015 година. Дизни (Disney) се здоби со мнозински удел, кога ја купи компанијата „Твенти-Фрст Сенчари Фокс“ под контрола на Руперт Мардок за 71 милијарда долари во 2019 година. Колекционерското списание имаше 12 милиони претплатници во САД и неколку милиони повеќе ширум светот во 80-тите години од минатиот век. На крајот на 2022 година, имаше помалку од два милиона претплатници во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkazi-za-site-vraboteni-novinari-na-nejshnl-dhiografik/feed/ 0
Нетфликс отпушта уште 300 вработени поради губење на претплатници https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/netfliks-otpushta-ushte-300-vraboteni-poradi-gubenje-na-pretplatnici/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/netfliks-otpushta-ushte-300-vraboteni-poradi-gubenje-na-pretplatnici/#respond Fri, 24 Jun 2022 10:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=695101

Компанијата Нетфликс објави дека ќе отпушти уште 300 вработени, најголем дел од САД, поради намалување на бројот на претплата и раст на конкуренцијата. Ова отпуштање од околу четири проценти од работната сила на компанијата за стриминг на филмови доаѓа откако во април, Нетфликс го пријави првото губење на претплатници. -Додека продолжуваме интензивно да вложуваме во работата, мораме да го повлечеме овој потег за нашите трошоци да бидат во согласност со успорениот раст, соопштуваат од компанијата. Нетфликс има 220 милиони претплатници ширум светот и останува лидер на полето на стриминг сервиси, но се соочува со жестока конкуренција од Дизни Плус и Амазон Прај ВИдео. Компанијата објави поскапување на своите услуги во САД, Велика Британија и други држави што влијаеше на падот на бројот на претплатници. Нетфликс соопшти дека очекува во наредните два месеци да загуби уште два милиони претплатници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/netfliks-otpushta-ushte-300-vraboteni-poradi-gubenje-na-pretplatnici/feed/ 0
СКАНДАЛ: НИКОБ ЛАБ остави на улица над 30 вработени, избркани без отказен рок – нечовечност сокриена со дрска спогодба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-nikob-lab-ostavi-na-ulica-nad-30-vraboteni-izbrkani-bez-otkazen-rok-nechovechnost-sokriena-so-drska-spogodba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-nikob-lab-ostavi-na-ulica-nad-30-vraboteni-izbrkani-bez-otkazen-rok-nechovechnost-sokriena-so-drska-spogodba/#respond Fri, 06 May 2022 09:33:15 +0000 https://kurir.mk/?p=672578

Без отказен рок, без претходна најава и од причини познати само за раководството, НИКОБ ЛАБ остави на улица над 30 од своите вработени. Доктори, лаборанти, други медицински лица, возачи... кои минатава година беа во прва борбена линија во битката со коронавирусот како "признание" и "благодарност" добија нож во грб и останаа без работа и без месечни примања Дознале од “денес за денес“ дека остануваат без работа и без средства за егзистенција. Избрканите лица, жртви на неправедноста од фирмата во која посветено работеле како хумани работници кои ја избрале медицината за своја професија. Дел од вработените кои до завчера биле во редовен работен однос, а од вчера се оставени на улица, револтирани и понижени, ја контактираа редакцијата на КУРИР. „Ова е скандалозно и нечовечки. Вчера добив распоред за работа и дежурство, а денес немам работа. Ме натераа да потпишам спогодба, без претходна најава или предупредување. Ми пратија распоред за работа за еден месец, а не ми овозможија да сработам ниту еден ден од распоредот кој го добив. Немам ниту една дамка во работата, па да можат да се правдаат дека ме избркале поради некоја грешка. Причината не ми беше кажана. Едноставно, на дрзок начин, бев принудена да потпишам спогодба и да си одам“ – вели една од вработените со која разговаравме вчера. Редакцијата на КУРИР дојде до бланко спогодбата која раководните лица од НИКОБ ЛАБ буквално им ја наметнале на своите вработени. Како што може да се види, од лабораторијата не се ни обиделе да сокријат каков дрзок потег прават, па јасно потенцирале дека се раскинува договорот за вработување БЕЗ ОТКАЗЕН РОК. Како тоа да не е доволно, во спогодбата е вметнат и член 3 со кој избрканите работници се принудени да немаат никакви други побарувања по ниту еден основ, како што е можеби отштета за непочитување на првичните договори и законот кој налага отказен рок. КУРИР, по пријавата која ја доби, стапи во контакт уште со две екс-вработени во НИКОБ ЛАБ. „Да, вистина е. По година дена посветена работа, како куче бев избркана на улица. Срамно и понижувачки. Нашата професија се одликува со хуманост и грижа за пациентите, а ние од претпоставените добивме НУЛА грижа. Иако ништо не ми беше најавено, па не знаев дека ќе останам без работа така одеднаш, телефонски бев повикана да дојдам на работа иако тогаш не бев на смена. Навистина не знаев што се случува, па стресно го доживеав таквиот повик. Не знаев дека стресот допрва следува. На маса пред мене гледам спогодба, слушнав некои недолични коментари и да бидам искрена, речиси несвесно што правам, ја потпишав спогодбата. Ми беше објаснето дека немам друг избор“ – ни објасни нашата соговорничка. Второто лице кои дополнително го контактиравме ОДБИЛО да стави потпис и да остане без работа. Како што бевме информирани, во овој случај паднале и закани. „Веднаш помислив дека морам да се консултирам со адвокат за вакво нешто и како опција ми текна да побарам решение за одмор, денови кои ми следуваат и кои ги немам искористено. Не ми дозволија. Едноставно ми рекоа тоа е тоа“. И дел од другите вработени пред да потпишат наговестиле дека имаат за користење денови од одмор. Добиле уште еден срамен одговор дека „поднесените барања за користење на годишен одмор биле ИЗГУБЕНИ ОД ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ“! Како што дознаваме, добиле срамна “утеха“ дека ќе добијат потврди за годишен одмор кој можат да го искористат во некоја следна фирма каде би се вработиле откако беа оставени на улица од страна на НИКОБ ЛАБ. Не го добиле ниту одморот кој законски им следува иако биле “жртви“ и на други кршења на правила и закони, па работеле викенди и празници без да добијат дополнителен надоместок како што предвидува законот. Овој случај е скандалозен и нехуман чин од оние на кои хуманоста треба да им биде главна одлика поради дејноста со која се занимаваат. Надлежните, а пред се Трудовиот инспекторат, треба да ги засукаат ракавите и конечно да застанат на страната на работникот. Според информациите кои ги доби КУРИР, НИКОБ ЛАБ остави на улица околу 20 вработени од Скопје и над 10 од други градови. Тоа се нечии родители, деца на постари луѓе, хумани и посветени работници... Тоа се луѓе кои чесно во пожртвувана професија, го заработувале лебот кој им го носат на своите семејства! И тоа не е се! Како што дознаваат дел од вработените со кои остваривме контакт, тие нема да бидат единствени кои останеле без работа. Следуваат и нови вакви скандалозни спогодби. Македонските граѓани долго време живеат на работ на егзистенцијата, во постојан страв од кризите кои владеат во нашата држава. Да се оставаат вака безмилосно луѓе без работа е недозволиво, а вака составените “спогодби“ се вистинска дрскост. КУРИР по добивање на овие информации, вчера испрати прашања до НИКОБ ЛАБ, но од таму немаме добиено одговор!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-nikob-lab-ostavi-na-ulica-nad-30-vraboteni-izbrkani-bez-otkazen-rok-nechovechnost-sokriena-so-drska-spogodba/feed/ 0
„Јунајтед Ерлајнс“ отпушти 232 вработени кои не сакале да се вакцинираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junajted-erlajns-otpushti-232-vraboteni-koi-ne-sakale-da-se-vakciniraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junajted-erlajns-otpushti-232-vraboteni-koi-ne-sakale-da-se-vakciniraat/#respond Thu, 14 Oct 2021 06:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=578743

Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ вчера соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени, кои одлучиле да не се вакцинираат против Ковид-19. „Јунајтед Ерлајнс“ е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените. Првиот човек на компанијата, Стив Кирби, јави дека 232 од 67.000 вработени одбиле да се вакцинираат. „Јунајтед Ерлајнс“ во моментов е единствениот голем американски авиопревозник што прибегна кон процесот на отпуштање на вработените кои одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19. „Делта Ерлајнс“ воведе месечна обврска од 200 американски долари за невакцинираните вработени, додека „Американ Ерлајнс“ и „Саутвест Ерлајнс“ преземаат различни мерки за мотивирање на вработените да се вакцинираат. До вчера во „Делта Ерлајнс“ беа вакцинирани 90 проценти од вработените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junajted-erlajns-otpushti-232-vraboteni-koi-ne-sakale-da-se-vakciniraat/feed/ 0
Разрешени шефовите на три американски меѓународни медиумски куќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razresheni-shefovite-na-tri-amerikanski-megjunarodni-mediumski-kukji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razresheni-shefovite-na-tri-amerikanski-megjunarodni-mediumski-kukji/#respond Sat, 23 Jan 2021 09:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=458853

Шефовите на три американски меѓународни медиумски куќи, финансирани од американската федерална Влада, доцна синоќа ненадејно се отпуштени, а беа назначени на тие позиции за време на Доналд Трамп во американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ). Двајца функционери запознаени со измените, рекоа дека вршителот на должност генерална директорка на УСАГМ Келу Чао ги разрешила директорите на Радио Слободна Европа / Радио Слобода, Радио Слободна Азија и Радиодифузни мрежи на Блискиот исток, само еден месец по нивното назначување. Измените се случија еден ден по разрешувањето на директорот на Гласот на Америка и неговиот заменик, и оставката на шефот на „Канцеларијата за Куба броадкастинг“. Извршниот директор на Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ), Мајкл Пек, поднесе оставка од позицијата во средата попладне, на барање на американскиот претседател Џозеф Бајден, само два часа откако Бајден положи заклетва. По оставката на Пек, следуваа дополнителни отпуштања. Демократите и другите го обвинија шефот на Трамп на УСАГМ, Мајкл Пек, дека се обидел да ги претвори Гласот на Америка и нејзините сестрински радиотелевизии во пропагандни машини за Трамп, потсетува агенцијата Бета. Пек дури во декември ги именуваше оние кои беа отпуштени вчера и во четвртокот. Белата куќа во средата ја назначи Келу Чао, долгогодишна новинарка во Гласот на Америка, за вршител на должноста претседател на УСАГМ, веднаш откако од Пек беше побарана оставка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razresheni-shefovite-na-tri-amerikanski-megjunarodni-mediumski-kukji/feed/ 0
80 лица на ден во септември останувале без работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/80-lica-na-den-vo-septemvri-ostanuvale-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/80-lica-na-den-vo-septemvri-ostanuvale-bez-rabota/#respond Thu, 22 Oct 2020 11:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=419389

Расте бројот на отпуштања на работници во Македонија. И покрај четирите пакет мерки на владата за помош и поддршка на стопанството за справување со последиците со корона кризата. Мерките на владата не даваат ефекти. Забелешки за мерките дека тие се ненавремени нетранспаренти и задоцнети имаше и од невладиниот сектор, бизнис секторот и стопанската комора. За еден месец бројот на отпушени поради корона кризата се зголемил за 2.239 лица, евидентира Агенцијата за вработување за периодот од 31 август до 30 септември. Или дневно останувале без работа нешто помалку од 80 лица. Ова се должи на намалување на обемот на работа на компаните, затварањето на границите како и скратеното работно време поради полицискиот час и карантинот. Од 31 август до 30 септември бројот на отпуштени се зголемил за 2.239 лица според агенцијата за вработување. Кон крајот на август годинава, бројот на останати граѓани без работа изнесуваше 12.580 граѓани. Бројот на отпуштањата особено се зголеми откако престанаа да важат мерките за помош на фирмите за плати на вработените. Според состојбата во Агенцијата за вработување на 30 септември 2020 година по основ на прилив од работен однос евидентирани се 14.819 невработени лица, за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11 март 2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид 19, се вели во објавата од Агенцијата за вработување. Инаку, ако се погледнат податоците за тоа колку лица се евидентирани како невработени, на крајот на септември таа бројка изнесувала 151.359 лица. Тоа е за 6.600 повеќе во однос на крајот на август, односно од пред еден месец, кога како невработени биле евидентирани 144.759 невработени. Додека, пак, во однос на февруари, или за седум месеци колку што трае ковид кризата, борјот на невработени кои се евидентирани се зголемен за 45.543 лица, бидејќи на крајот на вториот месец од годинава тој изнесувал 105.816 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/80-lica-na-den-vo-septemvri-ostanuvale-bez-rabota/feed/ 0
Откази секојдневно се нижат: Од „8 Септември“ заминува главниот инфектолог, отказ дала и докторка од Инфективна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkazi-sekojdnevno-se-nizat-od-8-septemvri-zaminuva-glavniot-infektolog-otkaz-dala-i-doktorka-od-infektivna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkazi-sekojdnevno-se-nizat-od-8-septemvri-zaminuva-glavniot-infektolog-otkaz-dala-i-doktorka-od-infektivna/#respond Sat, 10 Oct 2020 11:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=414761

Една докторка – инфектолог дала отказ од Клиниката за инфективни болести и планира да замине да работи во приватна болница, а исто така и докторката која го раководеше Инфективното одделение во Градската болница „8 Септември“ најавила дека ќе замине во приватна болница, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. -Не знам дали е формализирано сето тоа, јас разговарав со неа, но таа е решена за тоа. Таму има други двајца инфектолози. Размислуваме и веќе разговаравме за начинот на којшто ќе се засили тоа одделение. Засега, заедно со интернистите, имајќи го овој број на пациенти кои се хоспитализирани и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволно, рече Филипче. За медицинските сестри од Инфективната клиника рече дека тие на иницијалниот состанок, иако тврделе дека нема да заминат во приватна институција, тоа го направиле. -Искомунициравме уште еднаш за потоа да кажат дека планираат да ја напуштат клиниката и согласно тоа, Инфективната клиника одлучила да ја преземат нивната функција, рече Филипче. На прашањето зошто си заминува кадарот од државните клиники, министерот одговори дека тоа е тешко да се каже. Дел рекле се преморени, а дел имале други причини, но според Филипче, сепак, тешко е да се каже зошто даваат откази. Доколку се зголеми бројот на заболени од Ковид-19, министерот за здравство Филипче на денешната прес-конференција рече дека доаѓа во предвид затворање на училиштата и градинките или во некои општини и региони согласно епидемиолошката слика, или ако се случи да имаме сериозен притисок и во целата држава. -Засега нема сериозен проблем во градинките, во училиштата има спорадични случаи. Нема внатрешна трансмисија. Обично од надвор дојде вирусот, но и тие прекратко работат за да може да носиме одлука, рече Филипче. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkazi-sekojdnevno-se-nizat-od-8-septemvri-zaminuva-glavniot-infektolog-otkaz-dala-i-doktorka-od-infektivna/feed/ 0
Нови откази: Здравствен персонал продолжува да ја напушта Инфективната клиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-otkazi-zdravstven-personal-prodolzuva-da-ja-napushta-infektivnata-klinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-otkazi-zdravstven-personal-prodolzuva-da-ja-napushta-infektivnata-klinika/#respond Tue, 06 Oct 2020 10:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=412931

Уште една медицинска сестра ја напушта Клиниката за инфективни болести во Скопје, објави Телевизијата „Алсат-М“. Станува збор за медицинската сестра Ирена Попкочева, која не сакала да ја коментира нејзината одлука по телефон. Сепак, како што објавува телевизијата, уште некои други нејзини колеги на одделот за пациенти со Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести се на работ да дадат отказ. И покрај притисокот да не се објави ситуацијата во клиниката, друга медицинска сестра се обратила до „Алсат“. Таа во услови на анонимност зборува за бројните проблеми. -Како бројка се намаливме, имајќи предвид дека не го искористивме ниту годишниот одмор, ситуацијата стана неподнослива како меѓу колегите, така и во однос со лекарите. За ситуацијата да стане уште полоша, секое одење на работа беше под стрес, со мобинг, навреди, недолично однесување дури и од некои пациенти – вели медицинската сестра од Клиниката за инфективни болести. Некои од медицинските сестри велат дека дури и биле заразени од директен контакт со пациентите за кои се грижат 8 часа на ден. Покрај здравствените последици, тие се жалат и на психички последици. -Овие искуства веќе почнаа психички да не уништуваат 90% од медицинските сестри. Парите што ги добиваме од дежурствата мора да ги потрошиме за миење и дезинфекција по дома. Има и случаи кога работат две лица од исто семејство, тоа значи дека трошиме се за да го зачуваме нашето здравје, со купување шампони и средства за дезинфекција – вели анонимна медицинска сестра од Клиниката за инфективни болести. По отказот на трите медицински сестри минатата недела, медицинските сестри се жалат дека само две од нив се грижат низ целиот оддел давајќи им терапија на пациентите и сите други третмани. За да продолжи битката против пандемијата, медицинските сестри на Клиниката за инфективни болести бараат итно подобрување на условите за работа .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-otkazi-zdravstven-personal-prodolzuva-da-ja-napushta-infektivnata-klinika/feed/ 0
Нови откази – Си одат и вработени од странските инвеститори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-otkazi-si-odat-i-vraboteni-od-stranskite-investitori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-otkazi-si-odat-i-vraboteni-od-stranskite-investitori/#respond Wed, 16 Sep 2020 09:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=403916

Странските инвеститори Џонсон Мети и Ван Хол го редуцирале својот работен персонал во скопската индустриска развојна зона, а кризата предизвикана од пандемијата и натаму удира по компаниите кои се едни од најголемите работодавачи и најголеми извозници во Македонија. Сепак вакви процеси биле почнати и во Аптив, Кромберг и Шуберт, ODW Електрик. Според она што го дознава „Фактор“ од вработени во Џонсон Мети, околу 60 работници со постојано вработување и повеќето од нив вработени од основањето на компанијата во земјата, се отпуштени на крајот од минатата недела во две групи од по 30-мина. Со работниците биле постигнати договори да добијат како технолошки вишок шест просечни плати пресметано од последните шест месеци. Велат дека иако првично тоа не им се допаднало, на крајот сето тоа требало да изгледа како спогодба со производителот на катализатори, кој на глобално ниво донесе одлука за систематизација, според која од 1 октомври треба да се намалат 20 отсто од работните позиции и да се укинат одредени оддели. Џонсон Мети во претходен одговор ова го демантираше и најави дека останува на заокружената бројка од 1.000 вработени. -Може да потврдиме дека се консултираме со мал број колеги во Скопје, но се однесуваат само на неколку работни позиции. Овие разговори се одвиваат за да ни овозможат да направиме мали промени за да бидат во тек со Оперативниот Модел на фабриката. Ова гарантира начин на работа со стандард во секоја од нашите фабрики и се имплементира во нашата мрежа за да се осигуриме дека нашите објекти се подготвени за иднината. Нашиот објект во Скопје останува еден од најголемите, со повеќе од 1000 вработени луѓе. Остануваме целосно посветени на локалното подрачје, кое има критична улога во нашите идни успеси. Само за да се избегнат какви било недоразбирања, ова нема никаква поврзаност со Covid-19 и освен овие мали промени, нема да има никакви отпуштања, гласи одговорот на компанијата. Од Ван Хол одбиваат да кажат за колкава бројка на новоотпуштени работници станува збор, но потврдуваат дека на дел од нив им истекол договорот и со истите не е продолжен, додека на преостанатите, иако биле ангажирани на неопределено, им се заблагодариле за услугите. - Имаме намален обем на работа што се должи на намалената побарувачка во странство. Поради тоа бевме принудени да го редуцираме бројот на вработените. Согласно нашите планови, до крајот на годината не планираме дополнителни отпуштања, меѓутоа за 2021 не се знае, ни изјави Аврам Стојчевски директор на производителот на автобуси, приколки и други комерцијални возила. Стојчевски вели дека збирот на откази е интерно прашање на инвеститорот и дека не станува збор за драматична бројка, како и дека се гласини некои најави дека Ван Хол планира затворање на одреден период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-otkazi-si-odat-i-vraboteni-od-stranskite-investitori/feed/ 0
Здравствената преминува во криза на пазарот на трудот: На стопанството му требаат преструктурирање и државна помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenata-preminuva-vo-kriza-na-pazarot-na-trudot-na-stopanstvoto-mu-trebaat-prestrukturiranje-i-drzavna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenata-preminuva-vo-kriza-na-pazarot-na-trudot-na-stopanstvoto-mu-trebaat-prestrukturiranje-i-drzavna-pomosh/#respond Sun, 12 Apr 2020 07:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=330860

Како да се крене на нозе стопанството? Во ситуација од опасноста од заразата со коронавирусот да ги затвори фабриките, работодавците на работ на опстојувањето да ги испуштат работниците и кога работниците не знаат што би правеле во ситуација на принуден одмор? Првите примери на околу 2 000 работници на привремена „пауза“ зашто имало заразени од коронавирусот во Прилеп го вклучија алармот. Станува збор за текстилна фирма и за компанијата „Гентерм“ од развојно-технолошката зона „Алинци“, која вработува околу 1 900 работници.  Дел фирми, како превентивни мерки, извршуваат комплетна дезинфекција, дел погони, со работниците, се на принуден одмор. Но нема отпуштања, уверуваат прилепските компании. Текстилната индустрија, индустријата за мебел се во незавидна ситуација. Прилепската компанија „Дени-мебел“ со погони во Прилеп и со подружници во Скопје и во Охрид произведува мебел за угостителството и за институциите: градинките, училиштата. Но со вонредната ситуација, пропадна работењето. Сега едвај се преживува. – Ситуацијата е алармантна. Со над 80 вработени, 40 отсто се на принуден одмор, зашто нема работа, нема репроматеријали. Не ги остваруваме трошоците за кирија и секојдневните потреби. Ги прифаќаме мерките на Владата за минимална плата на вработените, но тоа не ја решава ситуацијата, вели Тони Златески. Моменталната ситуација со пандемијата на Ковид-19 не го одминува ни Мермерен комбинат. – Фактот што работиме на отворен коп во рудникот и во големи производствени хали во фабриката за нијанса нè прави можеби помалку изложени на ризикот од вирусот додека сме на работните позиции. Во моментов производствениот процес се одвива со мали отстапувања од планот, но во полн обем. Притоа строго се придржуваме до препораките на Министерството за здравство и Владата. Што се однесува до пласманот, во моментов е многу слаб, пред сѐ, поради спецификата на продажбата на нашиот бренд Sivec®, но се обидуваме да се приспособиме на ситуацијата и да најдеме алтернативни начини на продажба. Континуирано работиме на подготовка на материјал за, кога ќе заврши оваа вонредна ситуација, да сме подготвени да ги услужиме купувачите. Економските мерки на Владата, од денешна перспектива, ние како компанија не сме со намера да ги користиме. Сепак, се трудиме позитивно да гледаме на целата ситуација, дека сето ова ќе заврши најдоцна до крајот на првиот семестар, па оттука и очекуваме да надоместиме дел од загубеното во втората половина на годината. Во овој момент, целта ни е да работиме со полн капацитет, со надеж дека ситуацијата ќе го дозволи тоа. За нас заштитата на работните места на сите наши вработени и обезбедувањето редовни месечни примања, особено во оваа тешка ситуација, се од исклучително значење, вели Јасна Ажиевска Петрушева, извршна директорка на Мермерскиот комбинат од Прилеп. Извозните компании со проблем зашто пласманот е ограничен. Прилепската компанија „Бимфуд“ за преработка и пласман на зеленчук и овошје, како и печурки, има проблеми зашто производството е, главно, наменето за италијанскиот, шпанскиот и за францускиот пазар. – Се трудиме она што го имаме да го пласираме. Сега е пробивот на германскит пазар, но има проблеми. Сè уште ги користиме ресурсите. Не размислуваме за намалување на вработените, но нам владините мерки не ни одговараат, вели Милан Бичанин од прилепски „Бимфуд“. Ирена Јакимоска, претседателка на Регионалната стопанска комора во Прилеп, смета дека секоја компанија и дејност има различни проблеми. – Доколку разговараме за одржливоста на компаниите, треба да се имаат предвид областа и профилот на производството. Некои дејности и компании имаат зголемена активност и профит, некои не може да состават „крај со крај“ и се на работ на егзистенцијата. Еве, ние во „Комфи Ангел“ работиме со 50 отсто од капацитетите и главни цели ни се одржливоста на компанијата и ликвидноста. Постојат, за жал, компании што во овој период не функционираат. Проблемот е токму кај нив, за да најдат начин да ја одржат компанијата „во живот“. Тоа е прво, за да може компанијата да се адаптира и да функционира и да придонесува за себе и за општеството, вели Јакимоска. Јакимоска смета дека најбитна е финансиската помош за тие компании. Битно е компаниите да постојат за по кризата да го продолжат функционирањето. – Најбитно е да има, би рекле, „замрзнување“ на тие компании, за потоа да може да го продолжат процесот на функционирање. Битно е да не генерираат трошоци. Во овој момент главниот фокус треба да ни биде на одржливоста на компаниите и нивната ликвидност. Се надевам дека за брзо ќе има преструктурирање. Најпогодени се компаниите со производи што не се од клучно значење во ситуацијава. Една од нив е текстилнта индустрија. Сега не се купуваат текстилни производи. А тука се и компаниите за производство на мебел. Целта во овој момент е населението да троши, да се зголеми потрошувачката. Не секогаш решението е во помошта од државата, објаснува Јакимоска. Јакимоска смета дека во најлоша позиција се услужните дејности. – Рецептот сметам е дека овие фирми да бидат во овој период во мирување, а вработените на некој начин да бидат преземени од државата. Најбитно е преструктурирањето на стопанството. – Сè додека не се преструктурираме, нема да се вратиме во, условно речено, „нормална ситуација“, иако не знаеме што е дефиницијата за нормално. Битно е да се преструктурираме и да имаме доволно време за работа. Главно, сметам дека прилепското стопанство функционира. Двете фабрики (текстилната и компанијата „Гентерм“) не се затворени, туку се времено затворени зашто се дезинфицираат. Не е запрено производството, иако извозот е отежнат. Отежната е работата, но во овој момент е битно да се одржат компаниите. Повикувам да нема паника и сите заедно да го надминеме овој критичен период, смета претседателот на Прилепската регионална стопанска комора. Според македонскиот синдикат, здравствената преминува во криза на пазарот на трудот. Нема да се толерираат подметнувањата на работодавците за отказ. Прилепските дуќанџии, пак, со реакција и барање мерки без условувања. Велат во прашање е опстојувањето на околу 700 дуќани во градот, кои вработуваат по неколку работници. – Сетот мерки што ги донесе Владата донесе услови кои работодавецот мора да ги исполнува воопшто не ни се од полза. Напротив. Мислиме дека само ќе се одложи нашето пропаѓање. Затоа бараме мерки без условување и да се однесуваат на: исплата на плати за март, април, мај на секој вработен за кои досега се плаќани придонеси, без оглед дали е основач, управител или работник. Мораториум за 2020 година на аконтациите за ДДВ, да се замрзнат кредитите во деловните банки, да не се пресметува камата во тие месеци и да им се остави време на трговските друштва да се приспособат по кризата. Неповратни средства од 3.000 до 5.000 евра за набавка на стока. Мерките да важат до завршувањето на кризата. Бараме од закупниците да нè ослободат од кријата овие кризни месеци, а помош во кредити кои не може да ги враќаме е неиздржливо за нас. Владата да земе предвид дека како мали и микрофирми повеќе од 25 години сами придонесуваме и со одреден процент го полниме буџетот. Без поддршка од Владата ќе ги затвориме фирмите и ќе одиме под Заводот за вработување и да искажеме граѓанска непослушност, изјави Мариче Најдоска, стопанственик од Прилепската чаршија. Во секој случај, на стопанството му е потребна владина инјекција да преживее. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvenata-preminuva-vo-kriza-na-pazarot-na-trudot-na-stopanstvoto-mu-trebaat-prestrukturiranje-i-drzavna-pomosh/feed/ 0