откажување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Oct 2022 16:06:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png откажување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не се само Македонија и Црна Гора: Еве кои држави се повлекоа од учество на Евровизија следната година https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ne-se-samo-makedonija-i-crna-gora-eve-koi-drzavi-se-povlekoa-od-uchestvo-na-evrovizija-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ne-se-samo-makedonija-i-crna-gora-eve-koi-drzavi-se-povlekoa-od-uchestvo-na-evrovizija-slednata-godina/#respond Sun, 16 Oct 2022 16:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=746068

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во мај следната година во Ливерпул, Велика Британија откако поради војната во Украина се одличи оваа земја да не биде домаќин иако ја однесе победа. Бидејќи Велика Британија беше второпласирана организацијата ќе ја има токму оваа држава. Сепак, како што се наведува, многу земји нема да имаат свои претставници на ова натпреварување. Македонија и Црна Гора се повлекоа од овогодинешната Евровизија. Покрај овие две земји, потврда дека нема да учествуваат на следниот натпревар доаѓа и од Бугарија и Босна и Херцеговина. Од натпреварувањето се повлекоа и Словачка, Андора, Монако, Луксембург и Турција. Речиси сите земји како причина за повлекување од конкуренцијата ја наведоа економската криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ne-se-samo-makedonija-i-crna-gora-eve-koi-drzavi-se-povlekoa-od-uchestvo-na-evrovizija-slednata-godina/feed/ 0
Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mal-procent-na-otkazani-letovi-na-makedonskite-aerodromi-zgolemeni-troshocite-za-patuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mal-procent-na-otkazani-letovi-na-makedonskite-aerodromi-zgolemeni-troshocite-za-patuvanje/#respond Fri, 19 Aug 2022 05:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=720748

На аеродромите во државава има откажани летови, но процентот е мал и ситуацијата не е толку изразена како на европските, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем. Од ТАВ Македонија велат дека состојбата од европските аеродроми се прелева, но кај нас не е толку драматично и оти немаат проблеми со капацитетите на двата македонски аеродрома кои би можеле да предизвикаат доцнења или откажувања на летови. – Откажани летови има, но процентот е мал, на пример во јули, од вкупно 1.572 планирани летови на скопскиот аеродром, 30 лета беа откажани, што претставува 1,9 проценти од вкупниот сообраќај. Значи дека откажувањата се случуваат, но ситуацијата не е толку изразена како на европските аеродроми, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем, изјавија за МИА од ТАВ Македонија. Над 75 проценти од патничкиот сообраќај на двата македонски аеродроми е концентриран кон дестинации во Европа, поради што, наведува концесионерот, нормално е дека состојбата со доцнењата и откажувањата на летовите која се случува на европските аеродроми, се прелева и на македонските, но, овде тоа не е толку драматично како што е случај со аеродромите на европските дестинации. Авијацијата, укажуваат од ТАВ Македонија, функционира како систем на врзани садови, авионите кои денеска треба да одлетаат од Скопје, претходно треба да дојдат од друг аеродром, од дестинациите со кои сме поврзани. Така што, ако авионот доцни на пристигнување во Скопје, автоматски ќе доцни и неговото поаѓање одовде и ние тука не можеме ништо да направиме, освен да се прилагодиме на ситуацијата која ни доаѓа однадвор. Доцнењата и откажувањата на летовите што се случуваат на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид се одлука на авиокомпаниите. Според она што аеродромскиот оператор го добива како информација од нив, доцнењата и откажувањата се случуваат од различни причини, кои може да бидат или оперативни или пак поради неповолни временски услови. Ги советуваат патниците доколку имаат жалби и/или потреба да бараат некаков надомест во врска со неисполнети услови поврзани со нивниот лет, да се обратат кај авиокомпанијата. Кога патниците купуваат авионски карти од авиокомпанијата, тие практично склучуваат договор со неа, односно се согласуваат со правилата и условите на користење на услугата кои ги пропишува самата авиокомпанија. – Она што е важно за патниците и јавноста да знаат е дека ние како аеродромски оператор немаме проблеми со капацитетите на двата македонски аеродроми кои би можеле да предизвикаат доцнења или откажувања на летови. Во ТАВ Македонија немаме недостиг на персонал. Работевме плански со цел да имаме доволно кадар да ги опслужи операциите со авиони, патници и багаж во оваа летна сезона, за која очекувавме дека ќе имаме зголемен авиосообраќај, имајќи предвид дека луѓето веќе од почетокот на пролетта почнаа поинтензивно да патуваат, како што ковид рестрикциите на странските држави за македонските граѓани се креваа, велат од ТАВ Македонија. Зголемени трошоци и за патниците и за авиоиндустријата И воздухопловниот, како и останатите сектори, се соочува со зголемени трошоци поради кризата со енергенсите, а тоа се одразува и на цените за патување. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат пораст на трошоците за живот во воздухопловниот патнички транспорт во државава за 36 проценти во јули во однос на јуни годинава. Глобалните случувања и кризата со енергенси влијае и на работењето на аеродромскиот оператор. – Во ТАВ Македонија, како и секој бизнис, се соочуваме со зголемени трошоци за инпутите во нашето работење, бидејќи цените на енергенсите ги зголемија цените на речиси сите производи и услуги. Како пример, годинава плаќаме 4 пати повисока цена на електричната енергија за двата македонски аеродрома, споредено со 2021 година. Но, ги следиме глобалните случувања, економските проекции и ги прилагодуваме нашите бизнис-чекори согласно проекциите на добавувачите, велат од ТАВ. Се разгледува нов модел за субвенционирање авиолинии Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека закрепнувањето на македонскиот авиосообраќај кое почна лани, продолжи годинава. Сега сме на -18 проценти од патничкиот сообраќај во 2019 година, што се смета за референтна година во авијацијата, пред почетокот на кризата со Ковид-19. Аеродромскиот оператор моментно нема потврдени информации за отворање нови авиолинии на аеродромите во Скопје и во Охрид, но истакнуваат дека постојано работат на тоа и на привлекување нови авиокомпании кои би почнале да летаат од двата македонски аеродрома. Во државава од 2012 година се применува модел на субвенционирање на авиолинии од страна на Владата. Последниот од вкупно трите тригодишни договори што беа склучени со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“ истече на 1 март годинава. Министерството за транспорт и врски најави дека ќе распише нов тендер за таа намена, но, како што велат оттаму, се разгледува нов модел за распределба на поддршката од државата. – Со сегашниот модел имаме рекорден број патници, над два милиона. Поддршката даде резултати за што говорат податоците за зголемен бројот на патници од 600 000 до 800 000 пред субвенцинирањето на сегашните над два милиона. Со преземените активности придонесовме за развој на авиосообраќајот. По падот поради ковид пандемијата годинава има подобрување и сме излезени од кризата, изјавија за МИА од Министерството за транспорт и врски. Според нивните податоци, по основ на финансиска поддршка на „Виз Ер“ во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а годинава не се исплатени средства. Договорот беше суспендиран во период додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. Во првите седум месеци од годинава (јануари-јули) на двата македонски аеродроми се опслужени вкупно 1,3 милиони патници (1 242 524) и 10.622 летови. Бројот на летови на сезонските авиолинии и на двата македонски аеродрома е зголемен во летната сезона (март-октомври), за разлика од лани. На Меѓународниот аеродром Скопје од јануари заклучно со јули се реализирани 457 сезонски лета, што е за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, додека пак на Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид годинава се реализирани 831 сезонски лет, што е зголемување за 136 проценти во однос на лани, кога имало 352 сезонски лета. Зголемувањето е и поради промени во листите на дестинации, но особено поради зголемување на фрекфенцијата/честотата на летовите. Годинава сезонски дестинации до кои авиокомпаниите летаат од скопскиот аеродром се Анталија, Бодрум, Измир, Хургада, Базел, Џеда/Медина, Монастир (Тунис). Во 2021 од Скопје се леташе сезонски за Анталија, Бодрум, Хургада, Базел и Дизелдорф. Од охридскиот аеродром, пак, годинава се опслужуваат сезонски авиолинии и до Тел Авив и Амстердам, како и до Цирих, Ајндховен и Катовице, што беа на располагање и во минатата летна сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mal-procent-na-otkazani-letovi-na-makedonskite-aerodromi-zgolemeni-troshocite-za-patuvanje/feed/ 0
АКО ПЛАНИРАТЕ ОДМОР ВО ИТАЛИЈА ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Денеска откажани над 200 летови, еве за што се работи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-planirate-odmor-vo-italija-ova-mora-da-go-znaete-deneska-otkazani-nad-200-letovi-eve-za-shto-se-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-planirate-odmor-vo-italija-ova-mora-da-go-znaete-deneska-otkazani-nad-200-letovi-eve-za-shto-se-raboti/#respond Sun, 17 Jul 2022 16:03:51 +0000 https://kurir.mk/?p=706630

Повеќе од 200 летови се откажани денеска во Италија поради четиричасовниот штрајк на вработените на аеродромите и авиокомпаниите. Имаше откажани летови во Италија, но и голем број откажувања кон Франкфурт, Париз, Лондон и Цирих. Неколку италијански синдикати свикаа штрајк, што влијаеше на италијанскиот авиопревозник ЕНАВ, како и на авиокомпаниите Рајанер, Изи Џет и Волотеа. Како што наведуваат италијанските медиуми, штрајкот е поради спор околу правата на вработените, условите за работа и минималните плати. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ako-planirate-odmor-vo-italija-ova-mora-da-go-znaete-deneska-otkazani-nad-200-letovi-eve-za-shto-se-raboti/feed/ 0
Во изминативе 20 години над 90.000 лица се откажале од државјанството на БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-izminative-20-godini-nad-90-000-lica-se-otkazale-od-drzavjanstvoto-na-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-izminative-20-godini-nad-90-000-lica-se-otkazale-od-drzavjanstvoto-na-bih/#respond Mon, 17 Jan 2022 14:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=620355

Во изминатите дваесет години од државјанството на БиХ се откажале 93.210 лица, а само лани, до 10 декември, од книгата на државјани се испишале 2.802 лица. Трендот на откажување од државјанството на БиХ продолжи и покрај пандемијата, која е присутна речиси две години, објавија локалните медиуми. – Во постапката за откажување од државјанството на БиХ, странките не се обврзани да наведат други причини освен фактот дека веќе поседуваат или дека им се гарантира стекнување државјанство на друга држава, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ. Тие додаваат дека во неформални разговори оние кои се откажуваат од државјанството на БиХ како реална причина најчесто го наведуваат поповолниот работен статус, правото на поседување недвижен имот, полесно патување и студирање во странство. Се наведува дека поголем број луѓе кои се откажуваат од државјанството се целосно интегрирани во средините во кои живеат во странство, дури и повеќе отколку во БиХ. Граѓаните најчесто се откажуваат од државјанството на БиХ поради стекнување на германско и австриско државјанство. Надоместокот за повлекување од државјанство изнесува 800 конвертибилни марки (околу 400 евра), освен оние кои земаат државјанство на некоја од земјите од поранешна СФРЈ, кои плаќаат такса од 200 конвертибилни марки (околу 100 евра). Според Министерството за цивилни работи на БиХ, во 2021 година државјани на БиХ станале 431 лице. – Нашето државјанство најмногу го барале граѓани на Црна Гора, Турција, Сирија и Египет, тврди Министерството. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-izminative-20-godini-nad-90-000-lica-se-otkazale-od-drzavjanstvoto-na-bih/feed/ 0
ОД НИВ НЕМА ФАЈДЕ: Личностите родени во овие три знаци многу лесно се откажуваат, не се потпирајте на нив! https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/od-niv-nema-fajde-lichnostite-rodeni-vo-ovie-tri-znaci-mnogu-lesno-se-otkazuvaat-ne-se-potpirajte-na-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/od-niv-nema-fajde-lichnostite-rodeni-vo-ovie-tri-znaci-mnogu-lesno-se-otkazuvaat-ne-se-potpirajte-na-niv/#respond Thu, 01 Jul 2021 13:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=530584

Постојат три хороскопски знаци кои водат кон откажување. Не можат да туркаат ништо до крај и тешко им е да го задржат фокусот. Вага Вагите сакаат да живеат во нивната зона на удобност. Не им се допаѓа секој излез од тоа, затоа имаат тенденција да се откажат од сè што ќе започнат многу брзо. Понекогаш тие повеќе сакаат да останат на работа што им носи помалку, а кои веќе работат автоматски, отколку да напредуваат во некои нови предизвици за кои ќе биде потребен напор и посветеност од нив. Близнаци Луѓето родени во знакот на Близнаци честопати се прилично несериозни. Ако нешто не ги забавува, тие ќе се откажат од тоа без никакво каење. Заради нивниот весел и сочувствителен дух, тие имаат тенденција да ги убедуваат другите луѓе да ја завршат својата работа наместо нив, што го сметаат за еден вид успех, бидејќи не мораа да работат напорно, но беа во можност да направат нешто што им е поинтересно . Риба Иако на почетокот се крајно заинтересирани за одлука, цел или проект, кога ќе видат дека работите не се толку едноставни, се разочаруваат и се откажуваат. Рибите имаат исклучително слаба волја и тешко им е да бидат доследни на што било. Успешни Риби многу веројатно се оние кои зад себе имале поддршка од еден од знаците, чија волја е доволна за двајца, како Лав, Водолија или Бик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/od-niv-nema-fajde-lichnostite-rodeni-vo-ovie-tri-znaci-mnogu-lesno-se-otkazuvaat-ne-se-potpirajte-na-niv/feed/ 0
СЗО: Во Македонија да се обезбедат подобри услуги за поддршка на пушачите за откажување од пушење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-vo-makedonija-da-se-obezbedat-podobri-uslugi-za-poddrshka-na-pushachite-za-otkazuvanje-od-pushenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-vo-makedonija-da-se-obezbedat-podobri-uslugi-za-poddrshka-na-pushachite-za-otkazuvanje-od-pushenje/#respond Mon, 31 May 2021 07:46:11 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517098

Светската здравствена организација укажува на штетните последици од употребата на тутун и од пасивната изложеност на чадот од тутунските производи, и советува да не се употребува тутун во каква било форма. Во согласност со темата „Заложба за откажување од пушење”, овогодинешната кампања на СЗО по повод 31 мај, Светски ден без тутун става акцент на тоа колку е важно на пушачите да им се обезбедат алатките и ресурсите што им се потребни за да се обидат да се откажат од пушење и да успеат во таквиот свој обид, соопшти канцеларијата на СЗО во Скопје. – Откажувањето од тутунот не е лесно, особено со дополнителниот социјален и економски стрес што го предизвика пандемијата. Сепак, откажувањето од пушење е поважно од било кога затоа што најновите докази покажуваат дека луѓето кои пушат се под поголем ризик од заболување од тешка форма на Ковид-19 и смрт од истата, вели д-р Елена Ќосевска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје во Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Тутунот е значаен фактор на ризик за заболување од незаразни болести како што се кардиоваскуларните, малигните и респираторните заболувања и дијабетесот. Придобивките од откажувањето од пушење се речиси моментални. Така, пулсот паѓа по само 20 минути од откажувањето. Во рок од 12 часа, нивото на јаглерод моноксид во крвта се намалува до нормална вредност. Во рок од две до 12 недели се подобрува циркулацијата и се зголемува функцијата на белите дробови. Во рок од еден до девет месеци се намалуваат проблемите со кашлање и отежнато дишење. Во рок од пет до 15 години ризикот од мозочен удар се намалува на вредност карактеристична за непушач. Во рок од 10 години стапката на смртност од рак на белите дробови е околу половина од таа кај пушачите. Во рок од15 години ризикот од срцево заболување е ист како и кај непушачите. – Пандемијата на Ковид-19 доведе до тоа голем број корисници на тутунски производи да искажат подготвеност да се откажат од пушење, но не сите имаат пристап до алатки кои може да им помогнат во таквата намера. Ова е причината зошто СЗО апелира до владите да се погрижат нивните граѓани да имаат пристап до сеопфатни услуги за откажување од пушење од типот на кратки совети, бесплатни телефонски линии за поддршка, мобилни и дигитални услуги за престанување со пушење, заменски терапии за никотинот и други алатки кои се покажале како успешни. Зајакнувањето на политиките и услугите за откажување од пушење може да го подобри здравјето, да спаси животи и да заштеди пари, изјави д-р Жихан Тавила, претставничка на СЗО во Македонија. Корисниците на тутун имаат за 84 отсто поголеми изгледи успешно да се откажат од пушење тогаш кога добиваат интензивни совети од лекар. Со цел да им помогне на корисниците на тутун да престанат да пушат, СЗО употребуванови дигитални алатки како што е Флоренс–првиот емпатичен дигитален здравствен работник на СЗО. Флоренс е систем за поддршка заснован на вештачка интелигенција кој имитира здравствен работник што се бори против дезинформациите околу Ковид-19 и тутунот, обезбедува кратки совети за корисниците на тутун во функција на нивно откажување. Други ресурси за откажување од пушење, препорачани од СЗО има на: https://www.who.int/campaigns/world-no-tobacco-day/world-no-tobacco-day-2021/quitting-toolkit , стои во соопштението од канцеларијата на СЗО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/szo-vo-makedonija-da-se-obezbedat-podobri-uslugi-za-poddrshka-na-pushachite-za-otkazuvanje-od-pushenje/feed/ 0
Планинар „се вратил од мртвите“ – неговото срце буквално 45 минути не му чукало https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/planinar-se-vratil-od-mrtvite-negovoto-srce-bukvalno-45-minuti-ne-mu-chukalo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/planinar-se-vratil-od-mrtvite-negovoto-srce-bukvalno-45-minuti-ne-mu-chukalo/#respond Tue, 17 Nov 2020 13:35:05 +0000 https://kurir.mk/?p=430710

Планинар кој што е спасен откако во тек на една ноќ се изгубил во американски национален парк, вратен е во живот, откако неговото срце застанало да работи на цели 45 минути. Мајк Напински (45), мината недела се изгубил во националниот парк Маунт Рајнер, каде што температурите се многу ниски, пренесува Би-Би-Си. Откако го пронашле спасувачи, бил пренесен во болница во Сиетел. По доаѓањето во болницата, Напински имал пулс, но срцето му престанало. - Умре додека беше на одделението на итната служба, изјавила др. Џенел Баднук за Сиетел Тајмс. Медицинскиот тим го реанимирал, па го приклучиле на апарат за оксигенација на екстракорпорална мембрана, кој ја гарантира функцијата на измена на гасовите во крвта. Тоа е форма на екстракорпорална животна поддршка при која надворешниот вештачки систем ја пренесува венската крв на пациентот до уредот за размена на гасови, каде што крвта се збогатува со кислород, додека се отстранува јаглерод диоксид. Крвта потоа повторно влегува во крвотокот на пациентот. Таквиот проток на циркулаторна крв е оптимизиран за да обезбеди соодветна поддршка на пациентот во отсуство на природна срцева или белодробна функција. По приближно 45 минути, срцето на пациентот повторно почна да работи и тој се разбудил два дена подоцна. - Кога се разбуди, заплака, сите заплакавме.., рече медицинската сестра Витни Холен. Напински, кој сè уште се опоравува, за CBS изјавил дека започнал со планинарење, откако успеал да се справи со тешката зависност од дрога. - Бев болен, но планинарењето го смени мојот животен стил. Медицинскиот персонал направи напорна работа одржувајќи ме жив, рекол Напински.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/planinar-se-vratil-od-mrtvite-negovoto-srce-bukvalno-45-minuti-ne-mu-chukalo/feed/ 0
„Кроација ерлајнс“ откажа над 80 отсто од летовите во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kroacija-erlajns-otkaza-nad-80-otsto-od-letovite-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kroacija-erlajns-otkaza-nad-80-otsto-od-letovite-vo-septemvri/#respond Mon, 31 Aug 2020 14:33:10 +0000 https://kurir.mk/?p=397417

Хрватскиот авиопревозник „Кроација ерлајнс“ вкупно откажал над 80 отсто од летовите во периодот меѓу 1 и 21 септември годинава на меѓународните линии од Загреб, Сплит и Дубровник. Според објавениот распоред на летови, компанијата ќе продолжи со летовите до ист број дестинации како и во август, но откажувања на летовите има речиси на сите линии, пренесува порталот „Хрватска авијација“. Најмногу летови се откажани од Загреб, дури кон 12 дестинации – Амстердам (еден лет), Дубровник-Атина (четири), Брисел (четири), Копенхаген (три), Даблин (два), Лондон Хитроу (четири), Минхен (шест), Париз (четири), Сплит-Дубровник-Рим (пет), Сараево (шест), Скопје (три) и Виена (четири лета). Откажани се и линиите од Сплит до Франкфурт (еден лет), Виена (седум) и Цирих (два), а од Дубровник четири лета за Атина, еден за Франкфурт, три за Париз и седум за Цирих, пренесува порталот Индекс.хр. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kroacija-erlajns-otkaza-nad-80-otsto-od-letovite-vo-septemvri/feed/ 0
Шпанските власти препорачаа откажување на септемврискиот тениски турнир во Мадрид https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shpanskite-vlasti-preporachaa-otkazuvanje-na-septemvriskiot-teniski-turnir-vo-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shpanskite-vlasti-preporachaa-otkazuvanje-na-septemvriskiot-teniski-turnir-vo-madrid/#respond Sat, 01 Aug 2020 16:02:57 +0000 https://kurir.mk/?p=384872

Властите во Шпанија препорачаа да не се одржи тенискиот турнир закажан за средината на септември, поради неповолната епидемиолошка состојба, пренесува „Марка“. Оваа одлука доби поддршка од претставникот на локалното Министерство за здравство Антонио Запатеро. Во Мадрид, од 12 до 20 септември, предвидено е да се одржат турнири на во женска конкуренција (ВТА) и во машка конкуренција (АТП). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shpanskite-vlasti-preporachaa-otkazuvanje-na-septemvriskiot-teniski-turnir-vo-madrid/feed/ 0
Извесно е дека во август нема да има фестивали: Егзит, Бирфест, Нишвил издадоа заедничко соопштение https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/izvesno-e-deka-vo-avgust-nema-da-ima-festivali-egzit-birfest-nishvil-izdadoa-zaednichko-soopshtenie/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/izvesno-e-deka-vo-avgust-nema-da-ima-festivali-egzit-birfest-nishvil-izdadoa-zaednichko-soopshtenie/#respond Mon, 06 Jul 2020 15:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=370084

Водечките српски манифестации меѓу кои се и Егзит, Бирфест, Нишвил, Ловфест и други, се обратија во јавноста со ново заедничко писмо, во кое порачуваат дека заради влошената епидемиолошка ситуација, извесно е дека домашните фестивали нема да се случат во август во планираниот формат. -Ја потсетуваме јавноста дека српските манифестации се закажани за во август оваа година по препорака на надлежните органи, по драстичното опоравување на епидемиолошката ситуација во мај. Имајќи ја во предвид моменталната влошена здраствена ситуација, она што е веќе сигурно, вообичените фестивалски изданија со повеќе од дестици илјади луѓе оваа година нема да ги има. Како алтернатива за потполното откажување, разгледуваме опции со кои  фестивалите симболично би се одржале со неколку стотини, или ако здраствената ситуацијата дозволи, неколку илјади луѓе, колку е дозволено во текот на летото ширум низ Европа,  изјавиле организациите на српските манифестации, пренесуваат српските медиуми. -Исто така, ја користиме оваа прилика да искажеме протест против сигматизација на манифестацијата како најопасен сегмент на нашето друштво. Настанот на отворено, со смален капацитет и до 99 посто во одност на вообичаен број на посетители и со примена на сите здравствени мерки, далеку се побезбедни од секојдневната циркулација на милион луѓе во трговски центри, теретани, ресторани, ноќни клубови, јавни превози и други затворени објекти, и затоа одбиваме да бидеме прогласени за легло на зараза во година која не сме ја ни одржале, посочиле организациите, пренесуваат српските медиуми. -Како што е општо познато, туристичката и манифестационата економија се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот и се заканува со потполно гасење. Падот на туристичката економија во Србија од почетокот на годината е дури 87 посто, што ќе доведе до негативно влијание на целокупната српска економија. Манифестациите, кои претставуваат важен сегмент на српскиот туризам,  со потполното запирање, доживеа максимален пад од 100 посто.Имајќи го на предвид сето наведено, апелираме до државата и друштвото во целина да не дозволат потполно гасење на српските манифестации, со кои Србија се гордее пред целиот свет, апелираат организациите, апелираат организациите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/izvesno-e-deka-vo-avgust-nema-da-ima-festivali-egzit-birfest-nishvil-izdadoa-zaednichko-soopshtenie/feed/ 0