откритие – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 Aug 2022 09:04:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png откритие – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ново големо откритие кое ги изненади астрономите: Дали ова е најмладата планета која била некогаш пронајдена во нашата галаксија? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/novo-golemo-otkritie-koe-gi-iznenadi-astronomite-dali-ova-e-najmladata-planeta-koja-bila-nekogash-pronajdena-vo-nashata-galaksija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/novo-golemo-otkritie-koe-gi-iznenadi-astronomite-dali-ova-e-najmladata-planeta-koja-bila-nekogash-pronajdena-vo-nashata-galaksija/#respond Mon, 15 Aug 2022 09:04:54 +0000 https://kurir.mk/?p=718662

Ѕвездата оддалечена 395 светлосни години би можела да биде стара само 1,6 милиони години и да открие многу од тоа што не знаеме за формирањето на Сончевиот систем. Користејќи Atacama Large Millimetars/submillimeter Arry за истражување на формирање на планети, астрономите првпат откриле гасови во циркупланетарниот диск. Ова откритие укажува дека во тој дел од универзумот би можела да се наоѓа и многу млада егзопланета. Резултатите од истражувањето биле објавени во „The Astrophisical Journal Letters“. Циркупланетарните дискови се кластери од гас, прашина и отпад околу младите планети. Тие содржат материјал којшто може да формира сателити и други помалку карпести објекти, како и да го контролираат растот на младите џиновски планети. Проучувањето на таквите дискови може да ни даде одговори на прашањето за потеклото на нашиот Сончев систем, особено Галилеевите сателити кои кружат околу Јупитер за кои се верува дека настанале пред 4,5 милијарди години. Додека ја проучувале AS 209, младата ѕвезда оддалечена околу 395 светлосни години од Земјата во соѕвездието Ophiucus, астрономите забележале емисија на светлина среде инаку празен простор на гас којшто ги опкружува ѕвездите. Така го откриле циркупланетарниот диск околу планетите со големина на Јупитер што е трето такво откритие досега. Оддалечена е повеќе од 200 астрономски единици (приближно 30 милијарди километри) од својата матична ѕвезда. Оваа оддалеченост ја доведува во прашање актуелната теорија за потеклото на планетите. Доколку се процени дека ѕвездата е стара само 1,6 милиони години и се докаже дека тоа е точно, откриената егзопланета би можела да биде најмладата која некогаш била откриена. Астрономите се надеваат дека набљудувањето на Џејмс Веб и натаму ќе помогне во тоа, пренесува „SciTech Daily“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/novo-golemo-otkritie-koe-gi-iznenadi-astronomite-dali-ova-e-najmladata-planeta-koja-bila-nekogash-pronajdena-vo-nashata-galaksija/feed/ 0
Ексклузивно откритие во прилепскиот архив: Пронајдена географска карта од 19 век на која е исцртана „Виа Игнација“  https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ekskluzivno-otkritie-vo-prilepskiot-arhiv-pronajdena-geografska-karta-od-19-vek-na-koja-e-iscrtana-via-ignacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ekskluzivno-otkritie-vo-prilepskiot-arhiv-pronajdena-geografska-karta-od-19-vek-na-koja-e-iscrtana-via-ignacija/#respond Sat, 06 Nov 2021 14:07:55 +0000 https://kurir.mk/?p=591916

Прилепскиот архив пронајде ретка и интересна мапа на која, се смета, првпат во јавноста е откриено исцртување на познатиот римски стопанско-трговски пат „Виа Игнација“ што поминува низ Македонија. Според директорката на прилепскиот архив, Елена Чагороска, станува збор за многу значајна историска карта која има обележја од многу важни историски места и знаменитости. Мапата е османлиски документ, датира од 1883 година. Тогашниот Хусреф бег-паша, заминувајќи од Прилепскиот регион, на месното население му го подарил имотот со ниви, воденици и ан. Сакал да ја покаже вредноста на имотот, но и дека Прилеп се наоѓа до битни крстосници. -Интересната карта ја пронајдовме во одделението за имотно-правни работи, во подарување имоти и беше сместена во документите од 1952 година. Станува збор за многу значајна историска карта која има обележја од многу значајни историски места и знаменитости. Не е толку интересен подарокот на имотот што го дал Хусреф бег-паша при заминувањето од прилепската територија, но интересен момент е што на делот од Прилеп што е на оваа карта, се опишуваат патиштата кои Прилеп го поврзуваат со Велес. Тоа се две патишта – едниот преку Крстец, другиот преку селото Присад. Најважниот дел што нѐ изненади, и многу ми е драго што е тоа првпат во земјава. За да покажат колку е значајно местото од каде се подарува имотот, исцртано е со кои градови Прилеп се поврзува. Покрај тоа што се поврзува со Битола, интересно е дека е прикажан патот „Виа Игнација“. Прикажан е и во еден дел, во друг сооднос од картата, и тоа Виа Игнација од Драч, Албанија, поврзувајќи ги Радожда, Струга, Охрид-Лихнида, Ресен, Битола-Хераклеја до Лерин и потоа до Солун. Даден е тој дел од  Виа Игнација. Од Битола, даден е друг пат кој се поврзува со Прилеп. Кога и во кој период е поврзан, не знаеме. Но, битен ни е стариот пат што е користен во тој период, објаснува Чагороска. Досега, додава, нема сретнато така да е исцртана Виа Игнација на мапа. -Колку што имам податоци, „Виа Игнација“ прват е прикажана на мапа. Инаку, патот е граден 146 година од нашата ера. Граден е 44 години, според археолошките истражувања. Во изградбата учествувало месното население. Целта на патот бил да се поврзе Исток со Запад, односно Јадранот до Солун па во Византија, Цариград, денешен Истанбул. А кога се поврзува од Битола преку Прилеп, Велес, Скопје, Куманово, тоа сѐ уште не знаеме. Инаку, како исцртана на мапа, првпат е прикажана Виа Игнација. Ова нека биде поттик за натамошни истражувања, зашто имам сознанија, во Радожда, повеќе од еден километар „газиме“ по Виа Игнација. Исто и кај Хераклеа еден период беше пронајден дел од патот. Целта со патот е Римското царство да се шири економски, политички и стратешки, нагласува Чагороска. Географската карта или мапа е многу голем доказ за обележјата во Прилепскиот регион. Прецизно се дадени значенитости, височини, реки. -Освен тоа што Прилеп се потврдува како гео-стратешки, трговски град, поврзан со многу патишта и комуницира со тогаш важни градови со поголем економски развој, битно е што го опишува и делот од Прилеп кој, до ден-денес, е познат со историските обележја. На пример, како Дервенските кули, односно Дервенскиот премин дадено со надморските височини до врвот. На мапата се обележани местата кои Бегот ги подарува на населението, конкретно на жителите на селото Крстец,  109 декари со две воденици и Ан каде одморале патниците, а обележани се и воденици каде се сливале две води. Опишано е местото и ден-денес познато во Прилеп – Поводенци. Тоа е една убава приказна која се поврзува. Се споменуваат  повеќе објекти кои во 1883 година се прикажани на мапата. Не само што го обележале имотот што се продава, туку обележувале точно на кој начин е добиено одреденото место. За сето да има правна основа, постоел судски совет, а е верификувано на печатите на мапата. Судскиот совет бил составен од селаните и на непристрасен начин бил доделен имотот. На мапата се прецизни податоците за висина на планина, одредени места, раздел на водите на реките и сите па и најмали села покрај двата патишта кои воделе до Велес. Не очекувавме дека ќе биде прикажана „Виа Игнација“, тоа е големо изненадување за нас. Многу труд вложи колегата Мустафа Алиоски од османлиското одделение при Државниот архив и многу прецизно ја објасни мапата, вели директорката на прилепскиот архив Елена Чагороска. Податоците од необичната, раритетна мапа што ја пронајде прилепскиот архив со превод електронски ќе се внесат за да бидат поттик за истражувачите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ekskluzivno-otkritie-vo-prilepskiot-arhiv-pronajdena-geografska-karta-od-19-vek-na-koja-e-iscrtana-via-ignacija/feed/ 0
НЕОБИЧНО ОТКРИТИЕ ВО ВСЕЛЕНАТА: Пронајдени непознати организми, се огласија генетичарите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neobichno-otkritie-vo-vselenata-pronajdeni-nepoznati-organizmi-se-oglasija-geneticharite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neobichno-otkritie-vo-vselenata-pronajdeni-nepoznati-organizmi-se-oglasija-geneticharite-foto/#respond Wed, 17 Mar 2021 13:16:50 +0000 https://kurir.mk/?p=483704

Четири нови соеви на бактерии се откриени на Меѓународната вселенска станица, од кои три се целосно непознати за научниците. Истражувачи од САД и Индија, заедно со агенцијата НАСА, изолираа три од четирите нови соеви, од кои едниот беше пронајден во куполата (опсерваторија), а другиот на површината на масата. Едниот вид бил пронајден во стариот филтер кој бил вратен на Земјата во 2011 година. Сите четири соеви припаѓаат на семејството на бактерии кои се наоѓаат во почвата и свежата вода, кои помагаат во растот на растенијата и елиминирање на растителните патогени. Астронаутите со години одгледуваат помали количини храна на вселенската станица, па не е ни чудо што таму се пронајдени растителни микроби, пишува Science Alert. Бактериите пронајдени во филтерот припаѓаат на веќе познатиот вид Methylorubrum rhodesianum. Сепак, по секвенционирањето на преостанатите три соеви, утврдено е дека сите припаѓаат на исти, претходно неидентификувани видови. Овие соеви беа именувани: IF7SW-B2T, IIF1SW-B5 и IIF4SW-B5. Генетичарот Свати Бијлани од Универзитетот во Јужна Калифорнија и неговите колеги предложија овој нов вид бактерија да го носи името Methylobacterium ajmalii по Ајмал Кан, познат индиски научник. - Одгледувањето растенија на екстремни места со минимални ресурси бара изолација на нови микроби кои им помагаат на растенијата да растат во стресни услови, објаснуваат генетичарите Кастури Венкатесваран и Нитин Кумар Синг од ЈПЛ, институт на НАСА. Бидејќи веќе знаеме дека овие микроби можат да преживеат тешки услови на ISS, научниците спроведоа генетска анализа на овие четири соеви за да ги идентификуваат гените што можат да се користат за стимулирање на растот на растенијата. Откриле дека еден од соевите, IF7SW-B2T, има гени вклучени во растот на растенијата. Меѓу нив е и оној што поттикнува поделба на клетките во корените и ластарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neobichno-otkritie-vo-vselenata-pronajdeni-nepoznati-organizmi-se-oglasija-geneticharite-foto/feed/ 0
Ново откритие: Лилјаците се отпорни на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-otkritie-liljacite-se-otporni-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-otkritie-liljacite-se-otporni-na-koronavirusot/#respond Fri, 24 Jul 2020 12:20:59 +0000 https://kurir.mk/?p=380840

Со изолирање на генот на лилјакот, научниците дошле до заклучок дека ова животно има уникатен имунолошки систем и е отпорно на коронавирусот, изјави Ема Тилинг, професор на Универзитетот во Даблин. Според неа, доколку научниците би можеле да најдат начин да го имитираат имунолошкиот систем на лилјакот, можеби во природата ќе може да се најде лек за коронавирусот. – Се тоа би можело да им укаже на научниците на чекорите кои треба да ги преземат за да дојдат до лек против коронавирусот, нагласи Тилинг. Таа го започна научниот проект Bat1K, со цел да се декодираат гените на секој од 1.421 познат вид на лилјаци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-otkritie-liljacite-se-otporni-na-koronavirusot/feed/ 0
Надал со сензационално откритие за легендарен натпревар со Федерер https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-so-senzacionalno-otkritie-za-legendaren-natprevar-so-federer/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-so-senzacionalno-otkritie-za-legendaren-natprevar-so-federer/#respond Fri, 03 Jul 2020 10:08:23 +0000 https://kurir.mk/?p=368130

19-кратниот освојувач на Гренд Слем титули, Рафаел Надал направи сензационално откритие за легендарното финале на Вимблдон во 2008 година, кога го победи Роџер Федерер по епска битка и го освои трофејот на „светата трева“ за прв пат во својата кариера. Тој ја прекина серијата од 5 последователни триумфи на Швајцарецот откако победи по 4 часа и 48 минути игра со 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 9:7. 34-годишниот Шпанец изјави за „Мовистар +“ дека поради силна болка во нозете морал да игра финале против Федерер под инјекција. – Никогаш порано не сум разговарал за тоа, но во овој меч играв под инјекција.. И не само во него, туку и на неколку претходни мечеви. Прекинот поради дождот ги искомплицира работите, затоа што инјекцијата функционира некое време, а без тоа не можев. Морав да ми ставаат инјекции затоа што без нив едноставно не можев да издржам. Пред финалето скоро и да не тренирав затоа што не можев да стојам на нозе. Бев многу нервозен поради инјекцијата бидејќи не знаев колку долго ќе функционира, рече Надал, кој има 2 титули на „Вимблдон“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-so-senzacionalno-otkritie-za-legendaren-natprevar-so-federer/feed/ 0