откупна цена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Oct 2022 06:51:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png откупна цена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оризопроизводителите утре излегуваат на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-utre-izleguvaat-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-utre-izleguvaat-na-protest/#respond Mon, 10 Oct 2022 06:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=743281

Kочанските оризопроизводители утре излегуваат на протест и со комбајните ќе ги блокираат патиштата на четири локации. Жетвата на оризот годинава започна со најава на протест, кој ќе се одржи во вторник. Производителите на ориз се незадоволни од откупната цена, која се движи од 22 до 25 денари за килограм и е за 2 денари пониска од производствената цена. Иако субвенциите се зголемени и се најавени други мерки, земјоделците се жалат дека со помошта од државата не можат да ги покријат ниту трошоците за жетвата. Тие од годинешната реколта ќе натрупаат само нови долгови. Комбајните сепак влегоа во нивите, а жетвата почна. Родот е просечен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-utre-izleguvaat-na-protest/feed/ 0
Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа, ќе се утврдува откупната цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/institutot-za-oriz-utvrdi-proizvodna-cena-od-27-denari-za-kilogram-arpa-kje-se-utvrduva-otkupnata-cena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/institutot-za-oriz-utvrdi-proizvodna-cena-od-27-denari-za-kilogram-arpa-kje-se-utvrduva-otkupnata-cena/#respond Sat, 24 Sep 2022 13:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=736930

Институтот за ориз од Кочани при Земјоделскиот факултет во Скопје утврдил дека реалните трошоци за производство на килограм арпа изнесуваат 27 денари. Во оваа сума се вклучени давачките за подготовка на земјоделската површина и за сеидба, за набавка на ѓубрива, заштитни препарати, воден надоместок, како и за жетва и транспорт на произведените количини. Трошковникот за производство е утврден по барање на Министерството за земјоделство, откако по минатонеделната средба на заменик министерот Трајан Димковски со оризопроизводителите и со откупувачите беше договорено производната цена да биде основа за утврдување на откупните цени. – Ние сме задоволни од производната цена што ја утврдил Институтот и сметаме дека таа е реална. Сепак, откупната цена треба да биде уште за 30 отсто повисока, со што ќе можеме да оствариме приход за репродукција и за да преживееме. Тоа значи дека не треба ни да се размислува за откупна цена под 30 денари за килограм арпа, а заедно со субвенциите да се стигне до прифатлив износ. Протестите и блокадите ги ставаме во мирување затоа што очекуваме дека ќе се најде заедничко решение и откупот ќе почне навреме, односно во почетокот на октомври, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството. На средбата со министерот Љупчо Николовски, што земјоделците ја имале вчера попладне, договорено е на почетокот на идната недела стручниот тим од ресорното министерство да се сретне и со претставниците на откупно-преработувачките претпријатија за да се постигне конечен договор околу откупните цени на арпата. Оризопроизводителите биле информирани дека за оризот веќе е почната постапката да стане стратешка култура, а со што државата ќе може да го откупува за потребите на стоковите резерви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/institutot-za-oriz-utvrdi-proizvodna-cena-od-27-denari-za-kilogram-arpa-kje-se-utvrduva-otkupnata-cena/feed/ 0
НФФ: Oткупната цена на пченицата е многу ниска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nff-otkupnata-cena-na-pchenicata-e-mnogu-niska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nff-otkupnata-cena-na-pchenicata-e-mnogu-niska/#respond Thu, 21 Jul 2022 10:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=708407

Жетватата на пченицата е во полн ек, но и оваа година полјоделците се соочуваат со истите маки. Откупната цена е многу ниска 18 денари по килограм. Според трошоците за производство таа треба да изнесува минимум 23 денари по килограм, е ставот за тековната жетва на пченицата на Националната федерација на фармери. Според статистичките показатели производството на пченица опаѓа од година во година, се наведува во денешното соопштение од НФФ и се додава дека за период од последните 19 години производството е опаднато за просечни 20 проценти, а од најголемиот подем во 2004 година со 356.825 тони до 200.112 тони во 2019 година, разликата е 44 проценти. – Најголема причина за ваквата ситуација е што производната цена со години се зголемува, оваа година со поскапувањета е драстично зголемена и според пресметката направена на Националната федерација на фармери во март 2022 година таа изнесуваше 20-23 денари по килограм, но сега со поскапувањата на горивата таа е уште зголемена. Продажната цена во моментот на пазарот изнесува 18/19 денари по килограм, а Националната федерација на фармери со години бара да се воведе интрвентен откуп на пченица кое согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кога продажбата е поголема од откупната цена на пченицата, потенцира Мемет Синани, полјоделецв од полошкиот регион и член на управниот одбор на НФФ. Земјоделците од велешкиот, пелагонискиот и полошкиот регион, како што стои во соопштението, сметаат дека таа е со солиден квалитет, но приносите се намалени. Националната федерација на фармери преку својот потсекторски систем ги анализира состојбите со пченицата и предизвиците со кои се соочуваат полјоделците. Најголем проблем со кои се се соочувуваат полјоделците, посочуваат, се климатските промени, односно брзите промени на температурата. На ваков начин, како што велат земјоделците, се прави стрес на пченицата и се губи во квалитет на производот, a се појавуваат и болести. Голем проблем за нив е продажната цена односно со години на назад производната цена е повисока од продажната. – Она што посебно претставува проблем за полјоделците оваа година се зголемените цени за нафта, бензин и ѓубрива за прихранување. Според пресметката на НФФ производната цена за пченица оваа година во зависност од регионот изнесува од 20 – 23 мкд по килограм, вели Стеванче Јорданоски, поледелец од пелагонискиот регион и член на УО на НФФ. Во соопштението се појаснува дека пченицата е единствениот производ во Северна Македонија кој има стратешко значење кое е дефинирано во Законот за земјоделство и рурален развој, а пченицата е најважната култура која има најголем удел во вкупната површина под жита од околу 63 проценти во 2021 година. Според податоците добиени од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство просечното годишно производство на пченица во периодот 2014-2020 изнесува околу 235.000 тони што е намалување од околу 16 проценти во однос на периодот пред 2014 година кога просечното годишно производство изнесуваше околу 281.000 тони. Северна Македонија за да ги задоволи своите потреби увезува пченица. Најголемиот увоз на пченица имаме од Србија која е најголемиот регионален производител (Војводинската житница).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nff-otkupnata-cena-na-pchenicata-e-mnogu-niska/feed/ 0
Лозарите бараат повисока откупна цена на грозјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-baraat-povisoka-otkupna-cena-na-grozjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-baraat-povisoka-otkupna-cena-na-grozjeto/#respond Mon, 30 May 2022 13:20:44 +0000 https://kurir.mk/?p=683615

Претседателот на здружението „Лозаро овоштари“ - Кавадарци Дано Јошев како претставник на лозарите денеска побара повисока откупна цена на грозјето. -Ние како здружение предлагаме 20 денари за „Вранецот“ со 18 шеќ. единици плус за секоја шек. единица и 16 денари за „Смедеревката“, плус за секоја шеќерна единица, побараа денеска од здружението на лозари „Лозаро овоштари“ - Кавадарци. Во продолжение прослетеја прес-конференцијата на претседателот на здружението на лозарите: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-baraat-povisoka-otkupna-cena-na-grozjeto/feed/ 0
Јагнето се бара за извоз, сточарите незадоволни од откупната цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jagneto-se-bara-za-izvoz-stocharite-nezadovolni-od-otkupnata-cena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jagneto-se-bara-za-izvoz-stocharite-nezadovolni-od-otkupnata-cena/#respond Sat, 09 Apr 2022 11:25:37 +0000 https://kurir.mk/?p=660654

Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија. Според Тони Павлоски од кланична индустрија, извозот е непречен, а со домашниот пазар „тешко оди“. – Откупот на јагнињата тече непречено, понудата секоја година е послаба, побарувањата за извоз се поголеми, полека се појавува недостиг на јагнешко месо. Во споредба со лани, побарувачката е поголема за извоз, ама за домашниот пазар тешко оди. Нашата фирма извезува во Хрватска и во Италија. Откупната цена во моментов е околу 180 денари за килограм жива мера. На сточарите секогаш им е малку, на откупувачите, многу. Како што се работите, најверојатно ќе се појави недостиг од јагнешко, најмногу поради цената. Моментално, продажната цена е 380 денари. Тешко некако е и со продажбата и со побарувачката за домашен пазар. За понатаму, ништо не се знае, пазарот ја одредува цената. Извоз има, има и за домашен пазар, ама потрошувачката не е како порано, објаснува Павлески. Ѕвонко Мицески е сточар од Штавица, Прилепско. Чува преку 300 овци, и од дете е со стадата. Мицески не е задоволен со отгкупната цена, сѐ уште чека подобра. Бара државата ветените 400 денари за заклано јагне побрзо да ги ислплаќа, а вели, потребни се и други субвенции. Мицески знае дека е намален сточниот фонд. – Не сум задоволен, цената е 170 денари, храната за јагнињата е 25 денари од килограм. Ни ветија по 400 денари од заклано јагне, ама кога ќе ги дадат парите?! Многу ни е битно што побрзо да ни ги дадат. Но, и други субвенции ни требаат, трошоците се големи. Јагнињата уште не ми се продадени. Чекам прифатлива цена. Ќе почекам уште неколку дена и ќе мора да ги дадам. Храната за нив е многу скапа. Јас чувам овци уште од дете, ама полека се намалува бројот, вели Мицески. Граѓаните се скептични и не знаат колку јагнешкото ќе го има на велигденската трпеза. Сметаат дека цените се високи, а до Велигден може да бидат уште поголема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jagneto-se-bara-za-izvoz-stocharite-nezadovolni-od-otkupnata-cena/feed/ 0
Заев сега: Државата не може да интервенира во откупот, Заев пред една година: Македонија мора да го воведе државниот интервенционизам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zaev-sega-drzavata-ne-moze-da-intervenira-vo-otkupot-zaev-pred-edna-godina-makedonija-mora-da-go-vovede-drzavniot-intervencionizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zaev-sega-drzavata-ne-moze-da-intervenira-vo-otkupot-zaev-pred-edna-godina-makedonija-mora-da-go-vovede-drzavniot-intervencionizam/#respond Tue, 28 Aug 2018 11:05:26 +0000 https://kurir.mk/?p=93096

Јас не можам реално вечерва да кажам слушај да ти дадам. Не е чесно, не сум сам што носам одлука, има закони во државата, се работи за јавни пари. Трошењето на јавни пари, ако не е по закон се смета за ненаменско и незаконско трошење пари и се одговара по закон со казна затвор, затоа мора да се донесат соодветни одлуки или слично, изјави Зоран Заев пред производителите на грозје во Кавадарци минатата недела. Тој дополнително рече дека државата не може да интервенира и да го откупи производството, а со цел решавање на проблемите на земјоделците со откупот на земјоделските производство. - Да може како ние да гарантираме цени тоа би го направиле, ама пазарна држава, која што е ориентирана спрема пазарот не може да прави вакви работи, рече Заев. Владата потфрли на сите нивоа. Оваа година откуп немаше за доматите, оризот, праските, зелката, пченицата, а сега нема ни за сливите и грозјето. Земјоделците со право се револтирани, затоа што сегашниот премиер Заев од опозиција ветуваше државен интервенционизам, со што државата ќе интервенира и ќе реагира во откупот на, како што тој рече, стратешките земјоделски култури. -За стратешките култури кои што Македонија ги има, за грозјето, јаболкото, тутунот, градинарските култури, житото, мора Македонија да има државен интервенционизам. Државниот интервенционизам значи да го заштитеме граѓанинот, од тоа што живее да заработи, за да може да троши пари, да има пари, да има за егзистенција, изјави Заев пред парламентарните избори во 2016 година. Заев тврдеше дека секаде во светот е дозволено државното интервенирање и дека и во Македонија треба да се направи. - Ако сме искрени во развојот и намерите на нашата економија, Македонија мора да го воведе државниот интервенционизам во сите оние пазарни гапови кои ни се јавуваат за да и помогнеме и на економијата и на граѓаните, кажа Заев лани пред парламентарните избори. Земјоделците со право се разочарани, особено кога пред нив сегашниот премиер Заев пред скоро две  години едно ветуваше, а сега сосема друго.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zaev-sega-drzavata-ne-moze-da-intervenira-vo-otkupot-zaev-pred-edna-godina-makedonija-mora-da-go-vovede-drzavniot-intervencionizam/feed/ 0
Производителите на лубеници со блокади бараат повисоки откупни цени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-lubenici-so-blokadi-baraat-povisoki-otkupni-ceni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-lubenici-so-blokadi-baraat-povisoki-otkupni-ceni/#respond Fri, 06 Jul 2018 12:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=73824

Производители на лубеници од неколку села од подбеласичкиот регион денеска со двочасовна блокада на клучката за селото Смоларе, на магистралниот пат Ново Село-македонскобугарска граница, го искажаа својот револт од ниските откупни цени. Тие бараат средба со министерот за земјоделество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и повисоки откупни цени. Велат дека има откуп, но цената е многу ниска Додаваат дека тракторска приколка со 4,5 тони лубеници трговците ја откупуваат за 2 - 3.000 денари, а внатре има околу 450 парчиња лубеници. - Државата да ни даде отштета, како што беше лани и затоа сме многу благодарни. Лани добивме по два денара за килограм предадени лубеници. Исто така, бараме надлежните да го разгледаат и нашето барање за решавање на проблемите што ги имаме со тие од кои ги земаме нивите под закуп. Дел од вистинските сопственици се починати или не се тука и затоа бараме тоа да реши за да можеме да добиеме субвенции, рече Панче Тилев производител на лубеници од село Колешино. На откупниот пункт во истоименото село откупот тече нормално, а началникот на Подрачната единица на Министерството заземјоделство, шумарство и водостопанство, Васил Коцев повика да не се манипулира со земјоделците и дека откуп има секојдневно. - Откупот нормално тече и досега има откупено 800 тони лубеници, а во наредните денови ќе се откупат уште 300 тони со што треба да се реши проблемот со вишок на лубеници, рече Коцев. Додаде дека во одснос на земјоделците кои не се сопственици на нивите и земаат под наем површини за садење, во собраниска постапка е измената на законот за земјоделство и рурален развој токму за таа област. Со законските измени, посочува, субвениците нема да ги зема сопственикот на нивите, туку тој што на неа одгледува одредена култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proizvoditelite-na-lubenici-so-blokadi-baraat-povisoki-otkupni-ceni/feed/ 0
Има криза со откупот на бостанот, земјоделците бесни на Министерството за земјоделие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-kriza-so-otkupot-na-bostanot-zemjodelcite-besni-na-ministerstvoto-za-zemjodelie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-kriza-so-otkupot-na-bostanot-zemjodelcite-besni-na-ministerstvoto-za-zemjodelie/#respond Thu, 28 Jun 2018 09:57:54 +0000 https://kurir.mk/?p=70670

Производителите на бостан загрижени поради достигнатата ниска цена на бостанот. Тој овие денови се продава по само 5 денари за килограм што е исклучително ниска цена ако се знае дека тоа не ги покрива минимум трошоците за производство на овој земјоделски производ. Дополнително грижата е уште поголема ако се знае дека се откупени само 30 отсто од бостанот и таа цена ќе паѓа засилено наредниот период. Досега нема никаква реакција од Министерството за земјоделие и министерот Љупчо Николовски кон кого се насочени земјоделските барања за интервенција во откупната цена и зголемена поддршка. Но засега нема слух за земјоделските барања. Стојан Петрески од струмичко кој е долгогодишен производител на бостан изјавува дека бостанот наместо на трпеза заврши во реките, владата нема никаков слух. -15 години садам бостан, како што е оваа година лошо, никогаш не било порано. 5 денари е потценувачка  цена, не стига ниту за основните трошоци на крај поисплатлив ќе ни биде да го фрлиме во река, вели земјоделецот Петрески. Најпогоден регион е струмичкиот, струмичкото поле, Босилево, Василево, Ново село, но со истиот проблем го има и во другите делови од државатакаде има насадено бостан. Земјоделците најавуваат порадикални мерки доколку нема брза реакција од владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-kriza-so-otkupot-na-bostanot-zemjodelcite-besni-na-ministerstvoto-za-zemjodelie/feed/ 0