откупни цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 16:23:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png откупни цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЗШВ: Замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот нема да влијае на откупните цени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-zamrznuvaneto-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-nema-da-vlijae-na-otkupnite-tseni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-zamrznuvaneto-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-nema-da-vlijae-na-otkupnite-tseni/#respond Mon, 27 Mar 2023 16:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=817011

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство попладнево соопшти дека подготвило и до Министерството за економија доставило анализа на цените за земјоделските производи, пред се на овошје и зеленчук. Од МЗШВ нагласуваат дека ги следат трошоците кои земјоделците ги имаат за производството и согласно тоа се креираат мерките за поддршка на домашното производство. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посочува дека даваат поддршка за замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот, бидејќи, како што велат, таквото замрзнување во овој период нема да влијае на намалувањето на откупните цени за земјоделците. - Притоа следиме два параметри преку кои ги креираме мерките, а тоа е системот за следење на производствената цена на фарма, односно колку се реалните трошоци за производство на земјоделците и пазарниот информативен систем каде се следат цените на големо и мало за земјоделските производи. Истите се формирани од производствените трошоци кои ги имаат земјоделците и од маржата на трговците со земјоделски производи. Оттука, согласно анализите, сакаме да напоменеме дека цената на пазарот е значително повисока од цената која што ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците, се наведува во соопштението на МЗШВ. Од Министерството потенцираат дека врз основа на сите параметри, крајната одлука по ова прашање ја има Министерството за економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-zamrznuvaneto-na-tsenite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-nema-da-vlijae-na-otkupnite-tseni/feed/ 0
Пораст на откупните цени на градинарските култури во Струмичко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porast-na-otkupnite-ceni-na-gradinarskite-kulturi-vo-strumichko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porast-na-otkupnite-ceni-na-gradinarskite-kulturi-vo-strumichko/#respond Tue, 21 Jun 2022 12:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=693651

Откупните цени на градинарските култури во Струмичко денеска бележат раст. Доматите се откупуваат од 25 до 40 денари за килограм, пиперките од 40 до 50 денари, краставиците од 10 до 30, а лутите пиперки за 20 денари за килограм. Градинарите од Струмичко се задоволни од откупните цени и велат дека во споредба со изминатите неколку недели, кога цените беа ниски, денешните се добри за нив. Додаваат дека доколку се задржат на тоа ниво во наредниот период тогаш ќе се исплатливи за производителите. -Во овој период завршува бербата од првите реколти, но почнува и новата така што со пласманот на производството од новата реколта се надеваме дека ќе ги покриеме производствените трошоци, но и да заработиме, изјави Драги Памуков, земјоделец од село Куклиш. Според Ристо Велков од Сојуз на синдикати на земјоделски производители Струмица добро е што овој период има зголемена побарувачка за градинарското производство. -Од денешните откупни цени сме задоволни и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и понатаму. Со овие цени ќе успееме да ги покриеме производствените трошоци, кои се многу поголеми во споредба со лани заради енергетската криза, рече Велков. Градинарските култури од Струмичко се извезуваат во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и други земји од ЕУ, а покрај странците големи количини треба да откупат и домашните преработувачки капацитети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porast-na-otkupnite-ceni-na-gradinarskite-kulturi-vo-strumichko/feed/ 0