отпадни води – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 13:30:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отпадни води – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dotsni-izgradbata-na-prechistitelnata-stanitsa-za-otpadni-vodi-za-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dotsni-izgradbata-na-prechistitelnata-stanitsa-za-otpadni-vodi-za-tetovo/#respond Wed, 08 Feb 2023 13:30:16 +0000 https://kurir.mk/?p=797933

Општина Тетово во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање организираше јавна дебата на тема „Изградба и реконструкција на колекторски и канализациски системи и изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Тетово“. На дебатата, претставниците на надлежните институции елаборираа зошто сè уште неизградената станицата, а експертите објаснија за влијанието врз животната средина на тој систем. Проектот за изградба на пречистителна станица започна во 2019 година кога на просторот каде требаше да биде изградена се отстранија илјадници тони складиран смет. Тогашната локална самоуправа и Министерствата најавија дека системот треба да биде готов до 2022 година. Според Хисен Џемаили, директор на Управата за животна средина при Министерството за животна средина оваа година треба да почне градбата на пречистителна станица. -Ние се надеваме дека до крај на април или почеток на јуни дека ќе почне овој процес и планираме да трае три години затоа што е голем проект. Оваа станица е планирана да ги опфати населените места во полошкиот дел, урбаното место на Тетово, селата Порој, Џепчиште, Мала Речица, Голема Речица, Фалише со станица во близина на Фалише и со тоа ќе се заокружи целиот овој дел. Во иднината Министерството за животна средина и просторно планирање изготвува проекти за филтер станици и во населените места во планинскиот дел и со тоа ќе се заокружи целиот концепт на пречистителни станици во Општина Тетово, рече Хисен Џемаили. На прашањата зошто се доцни со изградбата, тој вели дека е поради процесот на експропријација на земјиште. Допрва треба да се доградуваат и канализациски мрежи во делови од Тетово и неколкуте села затоа што имаат септички јами. -Се работи за многу земјиште и парцели што треба да се експроприират. Имаше процес на експропријација, беше предвидено да се гради, едно време беше натрупано со отпад, требаше да се обезбедат средства да се исчисти, тоа е исчистено, почната процедура за експропријација, имаше неколку процедури и тоа беше причина што доцни реализацијата, истакна Хисен Џемаили. Марјан Михајлов, консултант за животна средина рече дека станицата е проектирана за 95 илјади жители со можност за нејзино проширување и зголемување. Проектирана е да ги постигне граничните вредности за испуштање на пречистени отпадни води во реципиент. -Студијата врши оценка на она што е предвидено како проект врз основа на воспоставување на основната состојба за животна средина. Ќе се земаат предвид аспектите на воздух, миризба, што е еден од карактеристичните аспекти на овој тип на проект, бучава, отпад, биодиверзитет, карактеристични аспекти кои се анализираат и како генерален заклучок е, онака што е предвидено, самиот проект за собирање и третман на отпадни води нема значително влијание врз животната средина, секако доколку се изведе онака како што е предвидено. Во рамките на оценката земено е предвид и направени се моделирања на миризба со оглед на локацијата и во однос на другите аспекти, предвидена е програма која вклучува низа на мерки заштита кои се инженерски и кои се предвидени во самиот проект, истакна Михајлов. Старата тетовска депонија во близина која се расчистуваше во 2019 година е местото предвидено за пречистителна станица за отпадни води. Расчистувањето на депонијата се направи со финансирање од Владата на Кралството Норвешка. За градење на пречистителната станица, два колектори и нови канализациски мрежи добиени се средства од ИПА фондовите во висина од 30 милиони евра. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dotsni-izgradbata-na-prechistitelnata-stanitsa-za-otpadni-vodi-za-tetovo/feed/ 0
Ќе се гради колектор за отпадни води во с.Орман – општина Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-gradi-kolektor-za-otpadni-vodi-vo-s-orman-opshtina-gjorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-gradi-kolektor-za-otpadni-vodi-vo-s-orman-opshtina-gjorche-petrov/#respond Tue, 23 Aug 2022 11:36:31 +0000 https://kurir.mk/?p=722603

Општина Ѓорче Петров денеска беше домаќин на јавната презентација на проектот „Пилот интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион“. Преку овој проект, с.Орман добива колектор и станица за третман на отпадни води кој ќе стартува со реализација во ноември, а се очекува да биде готов во август 2023 година. Ова е најзначајна инфраструктурна инвестиција во овој дел на општина Ѓорче Петров. Станува збор за прекуграничен проект во соработка со партнерската општина Ново Брдо од Косово, локална самоуправа во која преку проектот ќе се воведе нова услуга за организирано собирање и управување со цврст отпад со набавка на нова опрема. -Општина Ѓорче Петров особено внимание насочува кон сочувување на животната средина, преку конкретни активности за управување со отпадните води. Ова е уште еден доказ дека се движиме во вистински правец кога станува збор за прашања од интерес на граѓаните. Остануваме фокусирани на справување со сите идентификувани ризици по животната средина и здравјето на луѓето – рече градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. На презентацијата се обратија и заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, заменик-градоначалникот на Ново Брдо Светислав Ивановиќ, Самире Јаха-координатор на Програмата за прекугранична соработка во Министерството за локална самоуправа и администрација на Косово и Амаја Оливарес Запианин, програмски менаџер на ЦБЦ-Канцеларија на ЕУ. Едногласно го поздравија проектот во двете општини и нагласија дека сите страни и во иднина преку вакви активности активно ќе работат на подобрување на состојбите во екологијата. Проектот е финансиран од Програмата за прекугранична соработка ИПА 2 2017 и 2018 на Европската унија, преку Европската комисија. Вкупниот износ на проектот е 466.590 евра од кои со 85 проценти учествува ЕУ, а 15 отсто се средства кофинансирани од Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и буџет на општина Ново Брдо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-gradi-kolektor-za-otpadni-vodi-vo-s-orman-opshtina-gjorche-petrov/feed/ 0
Се решава проблемот со отпадните води, ќе се гради пречистителна станица во Орман https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-reshava-problemot-so-otpadnite-vodi-kje-se-gradi-prechistitelna-stanica-vo-orman/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-reshava-problemot-so-otpadnite-vodi-kje-se-gradi-prechistitelna-stanica-vo-orman/#respond Thu, 31 Mar 2022 12:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=656323

Во општина Ѓорче Петров се одржа официјална Мониторинг Посета во рамките на проектот за Прекугранична Соработка- Косово - Република Македонија, финансиран од IPA II Програмата на Европска Унија. Како што информира градоначалникот Александар Стојкоски преку оваа програма општина Ѓорче Петров во партнерство со општина Ново Брдо од Косово користат Грант средства за реализација на проектот “Пилот интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион”. -Со овој проект ќе се изгради пречистителна станица во с. Орман и ќе се реши проблемот со отпадните води во овој дел на општината, пишува Стојкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-reshava-problemot-so-otpadnite-vodi-kje-se-gradi-prechistitelna-stanica-vo-orman/feed/ 0
Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fumio-kishida-otstranuvanjeto-na-otpadnite-vodi-od-nuklearnata-centrala-fukushima-ne-moze-da-se-odlozi-i-pokraj-zagrizenosta-na-lokalnoto-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fumio-kishida-otstranuvanjeto-na-otpadnite-vodi-od-nuklearnata-centrala-fukushima-ne-moze-da-se-odlozi-i-pokraj-zagrizenosta-na-lokalnoto-naselenie/#respond Mon, 18 Oct 2021 06:00:22 +0000 https://kurir.mk/?p=581183

Новиот јапонски премиер Фумио Кишида рече дека отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима, оштетена во 2011 година за време на земјотрес и цунами, не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население. Во говорот за време на неговата прва посета на објектот откако ја презеде функцијата, премиерот Кишида рече дека неговата влада ќе работи на убедување на локалното население во техничката безбедност на проектот за отстранување на отпадните води. Нуклеарната централа Фукушима Даичи претрпе сериозни оштетувања во 2011 година по силен земјотрес и цунами, а за време на неговата кратка посета на Фукушима со експерти од Токиската електрична компанија (ТЕПКО), што управува со централата, Кишида беше фокусиран на затворање на реакторот на електраната и отстранување на огромни количини прочистена, но сепак радиоактивна вода складирани таму. – Имам силно чувство дека отстранувањето на водата е клучно прашање што не смее да се одложи, изјави новиот јапонски премиер пред новинарите по посетата на нуклеарната централа. Владата и ТЕПКО ги објавија плановите во април да почнат со испуштање радиоактивна вода во Тихиот Океан во пролетта 2023 година, што ќе трае неколку децении, но на овие планови жестоко се спротивставија рибарите, жителите и соседните земји, вклучувајќи ги Кина и Јужна Кореја. Загадена вода за ладење продолжува да протекува од реакторите оштетени за време на катастрофалниот земјотрес и цунами. Јапонските власти тврдат дека отстранувањето на водата е неопходно за чистење на фабриката и дека испуштањето во океанот е најреална опција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fumio-kishida-otstranuvanjeto-na-otpadnite-vodi-od-nuklearnata-centrala-fukushima-ne-moze-da-se-odlozi-i-pokraj-zagrizenosta-na-lokalnoto-naselenie/feed/ 0
Над 200 отсто зголемено присуството на Ковид-19 во отпадните води во Солун и Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-200-otsto-zgolemeno-prisustvoto-na-kovid-19-vo-otpadnite-vodi-vo-solun-i-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-200-otsto-zgolemeno-prisustvoto-na-kovid-19-vo-otpadnite-vodi-vo-solun-i-atina/#respond Wed, 21 Jul 2021 09:49:51 +0000 https://kurir.mk/?p=539648

Во девет од 12 анализирани региони во Грција, регистрирано е заголемено присуство на Ковид-19 во отпадните води, зголемување кое е најголемо во Солун – за 260 отсто, во Александруполи за 255 проценти и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, за 219 отсто, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Анализирани биле примероци од Атика и од Солун, Лариса, Волос, Патра, Ксанти, Александруполи, Јанина и од четири градови на островот Крит, а резултатите се однесуваат на отпадните води на 100.000 жители за периодот од 12 до 18 јули, во споредба со една седмица претходно. Зголемувањето во деветте региони се движи од 34 до 260 отсто, намалување има само во Волос (за 68 проценти) и во Ираклио на Крит (за 74 отсто), додека пак во Ксанти има многу мала присутност на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-200-otsto-zgolemeno-prisustvoto-na-kovid-19-vo-otpadnite-vodi-vo-solun-i-atina/feed/ 0
Во 9 грчки градови зголемено присуство на коронавирусот во отпадните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-9-grchki-gradovi-zgolemeno-prisustvo-na-koronavirusot-vo-otpadnite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-9-grchki-gradovi-zgolemeno-prisustvo-na-koronavirusot-vo-otpadnite/#respond Wed, 17 Mar 2021 11:18:44 +0000 https://kurir.mk/?p=483634

Зголемување на присуството на коронавирусот што достигнува и до 1.000 отсто е регистрирано во отпадните води во девет грчки градови, според резултатите од анализите направени од Националната мрежа за епидемиологија на отпадни води, јави дописничката на МИА од Атина. Податоците се однесуваат на периодот од 8 до 14 март по анализите во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун, Лариса, Волос, Патра и во четири градови од островот Крит. Споредбено со една седмица претходно, најголемо зголемување е регистрирано во Ираклио и Агиос Николаос на Крит што достигнува до 683, односно 695 проценти. Во Атина зголемувањето е за 87 отсто, во Солун за 74 проценти, а единствено во Волос има намалување од 7 отсто. Податоците за градот Хања на Крит, се во споредба со последната седмица од февруари и зголемувањето е за 1.000 отсто. Според епидемиолозите во Грција, резултатите на анализите на отпадните води најчесто се показател за бројот на позитивните случај што ќе следат една или неколку седмици подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-9-grchki-gradovi-zgolemeno-prisustvo-na-koronavirusot-vo-otpadnite/feed/ 0
Во Финска ќе се истражуваат отпадните води за траги од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-finska-kje-se-istrazuvaat-otpadnite-vodi-za-tragi-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-finska-kje-se-istrazuvaat-otpadnite-vodi-za-tragi-od-kovid-19/#respond Tue, 21 Apr 2020 14:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=335103

 Националниот институт за здравство и социјален развој во Финска ќе спроведе истражување на отпадните води во земјата за траги од новиот коронавирус, соопштија од организацијата. „Институтот започна да собира примероци од финските отпадни води за траги од коронавирусот. Собирањето е во соработка со Универзитетот во Тампере“, пишува во соопштението. Организацијата соопшти дека претходните студии во Холандија, САД и Австралија укажуваат на тоа дека РНК на коронавирусот е откриена во нечиста отпадна вода. Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Финска денеска достигна до 4.014, односно за 24 часа се заразени 146 лица, а починати се 98 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-finska-kje-se-istrazuvaat-otpadnite-vodi-za-tragi-od-kovid-19/feed/ 0
Испуштани отпадни води во Бардовци- загадувачот заработи казна од 50 евра https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ispushtani-otpadni-vodi-vo-bardovci-zagaduvachot-zaraboti-kazna-od-50-evra/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ispushtani-otpadni-vodi-vo-bardovci-zagaduvachot-zaraboti-kazna-od-50-evra/#respond Thu, 05 Dec 2019 08:52:33 +0000 https://kurir.mk/?p=273602

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок- испуштање на отпадни води на јавна површина, во населеното место Бардовци, соопштуваат од општина Карпош. Од Општината велат дека инспекциските служби на Општина Карпош вчера го санкционираа ова лице кое беше забележано како фрла отпадни води од превозно средство, со што придонесува во загадување на животната средина. -Ве известуваме дека Општина Карпош ги интензивираше инспекциските контроли. Континуирано се врши надзор кај затворените депонии во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), во Бардовци (долж р. Лепенец), по течението на реката Вардар и на други покритични, јавни површини. Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат правилата и правилно да го одлагаат отпадот. Општина Карпош спроведува и информативна кампања за правилно фрлање на комуналниот, џебниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ispushtani-otpadni-vodi-vo-bardovci-zagaduvachot-zaraboti-kazna-od-50-evra/feed/ 0