отплата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Sep 2020 14:28:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отплата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните кои сакаат одложување на отплатата на кредитите да се обратат во своите банки, порачуваат од МБА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-koi-sakaat-odlozuvanje-na-otplatata-na-kreditite-da-se-obratat-vo-svoite-banki-porachuvaat-od-mba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-koi-sakaat-odlozuvanje-na-otplatata-na-kreditite-da-se-obratat-vo-svoite-banki-porachuvaat-od-mba/#respond Fri, 11 Sep 2020 14:38:32 +0000 https://kurir.mk/?p=402124

Македонската банкарска асоцијација ги потсетува граѓаните кои имаат потреба од втор период на одложена отплата на кредитните обврски да пристапат до својата банка и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата. Граѓаните, како што наведуваат, треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата по што барањата ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука за која тие ќе бидат известени. Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година. Граѓаните при променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените шест месеци. Детални информации деловните банки и штедилници веќе објавуваат на своите интернет-страници а се достапни и на интернет-страницата на Македонска банкарска асоцијација www.mba.mk. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-koi-sakaat-odlozuvanje-na-otplatata-na-kreditite-da-se-obratat-vo-svoite-banki-porachuvaat-od-mba/feed/ 0