отпор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Apr 2021 13:10:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отпор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се зголемува отпорот против Царовска, учениците не сакаат дигитални учебници! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zgolemuva-otporot-protiv-carovska-uchenicite-ne-sakaat-digitalni-uchebnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zgolemuva-otporot-protiv-carovska-uchenicite-ne-sakaat-digitalni-uchebnici/#respond Thu, 29 Apr 2021 13:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=503775

Засегнатите ученици, но и родители пружат се поголем отпор и се погласно се спротивставуваат на одлуките на министерката за образование, Мила Царовска за во училиште место од печатени учебници да се учи од дигитални. Група на родители именувана како „Книги и настава мора да има“ формирана на Фејсбук од пред околу една недела и која брои веќе над 70 илјади членови, најави бојкот на часовите во четврток. На овој начин тие сакаат да го искажат својот револтот против нацрт-законот за дигитализација на учебниците. Администраторот на групата, Драгана Спасевска која со група поддржувачи од пред МОН изјави дека освен бојкот, се бара прекинувањето на процедурата за донесување на законот, одобрување на протоколи за враќање на учениците во училиштата, повлекување на концептот за спојување на наставните предмети и вклучување на професионалци во подготовка на законите. -Компјутерот не може да биде алатка за учење со целосно игнорирање на книгата. Има деца со здравствени проблеми со очите, имаат попречености. Тоа е сериозен проблем, тие не може ни од книги да учат, а камо ли со компјутер. Некој нема ниту услови, рече Спасевска која ги преставување над 70 илјадитите членови на иницијативата за оставување на печатените учебници и враќање на сите ученици во училишните клупи. Освен ова, родителите исто така бараат навремено да бидат информирани за содржината на учебниците. И од Средношколскиот сојуз се против укинувањето на печатените учебници. Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи смета дека образовниот систем мора да ги почитува индивидуалните желби и преференции на секој ученик, зашто секој има различен начин на учење – некои преферираат од учебник, а други од дигитални уреди. Тој додава дека според нивни информации, нема ниту една земја која целосно користи дигитални учебници во наставата и дигиталните учебници не смеат да бидат единствено решение. Министерството за образование, пак, соопшти дека промената носи квалитет и напредок и оти поради тоа не треба да биде причина за бојкот на наставата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zgolemuva-otporot-protiv-carovska-uchenicite-ne-sakaat-digitalni-uchebnici/feed/ 0
Се крупни отпорот, Македонија реагира, протестира и блокира за оставка на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-krupni-otporot-makedonija-reagira-protestira-i-blokira-za-ostavka-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-krupni-otporot-makedonija-reagira-protestira-i-blokira-za-ostavka-na-zaev/#respond Tue, 01 Dec 2020 15:53:54 +0000 https://kurir.mk/?p=437082

Протестира цела Македонија. Денес протести во Скопје, вчера вечер протести се случија во Крива Паланка, Кратово, Струмица, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Македонски брод, Крушево, Кичево, Гостивар и Струга, но не изостануваат ниту реакциите во јавноста за срамното однесување на македонскиот премиер Зоран Заев, па секојдневно е на мета на негативни реакции од граѓаните. Се чини дека отпорот се крупни, Македонија протестира за конечна оставка на Заев. Не стивнаа ниту реакците на социјалните мрежи по скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев. Тој по сите напади и навреди,  по острата реторика кои доаѓаат од Софија, нашиот премиер го нема нигде да одговори на истите, ниту пак Министерството за надворешни работи и актуелниот или екс-министерот Никола Димитров се произјасни деновиве за понижувањата од страна на бугарските политичари. По реакцииите кои следуваа во јавноста очигледно е дека Македонија е на нозе, па протестите во дури 11 градови од исто време на кои со свиреше од автомобили, со македонски песни и македонски знамиња се вееја со порака Заев да си даде оставка. Жаклина Пешевска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ од Кратово меѓу граѓаните порача „Протести со цел да се чуе гласот на македонскиот народ на кого навистина му е дојдено преку глава од понижувања и виткање на кичма“. Во Кичево, пратеникот Антонијо Милошоски порача дека се “одброени деновите на корумпираниот Заев кој тргува со националните интереси, како и тоа дека „ треба што побрзо Заев да си даде оставка за Македонија да да може да биде понормална и развиена држава“. „Ако сега се откажеме од македонската историја и идентитет, ние свесно се откажуваме од нашето минато и сегашност, да не го дозволиме тоа„. Оваа порака од Гевгелија ја упати пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова. Таа додаде дека „е недозволиво актуелната власт и Зоран Заев да преговараат за македонскиот идентите, јазик и историја. Расипничката политика на СДСМ во однос со преговорите и Договорот со Бугарија е на штета на македонскиот народ и бараме итно повлекување и оставка на Заев“. На протестот во Неготино, пратеникот Златко Пенков побара извинување од Владата и Заев за искажаните ставови и откажување на македонската историја и идентитет во интервјуто за бугарската национална агенција БГНЕС. Пратеничката Благица Ласовска од Свети Николе порача: „Скандалозните изјави на Зоран Заев, во она срамно и понижувачко интервју ја доотворија пандорината кутија која што ја отвори со Преспанскиот договор. Неговото срамно хазардерство го понижи македонскиот народ и храброста на загинатите борци од народноослободителната борба“, како и дека „секој граѓанин очекува одбрана на националната чест и достоинство“. Во Струга пратеникот Ѓоргија Сајковски и стружани порачаа да се прекине со катастрофалните лоши политики и Заев да поднесе оставка. „Не може да се посегне по меморијата на граѓаните што ни ја пренеле нашите претци. Не може да ни биде одземен мајчиниот јазик, македонскиот јазик. Не може да ни биде одземена државата“, беа дел од пораките на протестот. На протестот во Гостивар пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ порача меѓу гостиварчани дека Македонија има синови и ќерки на кои не може Заев со пари да им ја купи гордоста, а гордоста е Македонија, затоа Заев треба да отстапи веднаш и да си замине. Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ порача меѓу гостиварчани дека Македонија не е своина на Заев, и тој нема право да ја распродава, затоа што не ја поседува, па го нарече Заев најголем предавник на својот народ, а неговиот срам ќе престане кога ќе си даде оставка. Васил Дрвошанов македонски јазичар и поет, на протестот во Струмица порача дека помина времето на страв, затоа што „отвораме нова страница на отпор на македонскиот народ“, и „нема да се дозволи да се избришат нашите корени“, ги повика сите граѓани да бидат единствени за да ја зачуваат Македонија. Не изостануваат реакциите на граѓаните на социјалните мрежи кои прикажуваат историски факти на најразлични начини со слики и текстови, наспроти тврдењата на премиерот дека историјата треба да се заборави. Граѓаните порачуваат „Заев да си замине, затоа што доаѓа Македонија“, „Заев не може да се испере од срамот“ пишува жителка на Ресен, од Крушево граѓани порача „Македонија не е на продажба“, „Време е срамот да запре“, вели еден граѓанин од Скопје. Силен отпор има и на Твитер мрежата каде граѓаните со иронизирање на состојбата и со исмејување на Заев и Димитров, како и целовкупната власт во најголем број на негативни коментари.       Не изостануват ниту реакции од академската фела, лингвистите во свој блог за лингвистика на македонскиот јазик наречен Јазичарница, се пишуваше вчера за „осумте разлики помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик“. Се повеќе повици за поголем отпор, се повеќе луѓе на улиците низ Македонија, како и апели до меѓународната заедница за поддршка и осуда на премиерот Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер ги најави денешните блокади во Скопје, една блокада пред Владата во 12:30 часот и една пред Министерството за надворешни работи во 13:00 часот, и посочи дека во наредниот период како се зголемуваат реакциите од граѓаните, силно ќе се спротивстави народот и нема да се дозволи тргување со историјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-krupni-otporot-makedonija-reagira-protestira-i-blokira-za-ostavka-na-zaev/feed/ 0
Круемади: 2020, година на отпор против криминалната Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kruemadi-2020-godina-na-otpor-protiv-kriminalnata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kruemadi-2020-godina-na-otpor-protiv-kriminalnata-vlada/#respond Sun, 05 Jan 2020 10:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=285781

Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, од партиската Конвенција за Тирана, порача дека 2020 година ќе биде година на отпор против Владата на премиерот Еди Рама. Според неа, земјата е во длабока економска и политичка криза. -Ние денес сме мала нација, на една мала земја,на една сиромашна земја, во моментов под власт на антиалбанска криминална група, но ние сме голема нација на богата земја која секогаш наоѓала сили да се крене против диктатурата,рече Круемади. Таа се задржа и на последиците од катасрофалнот земјотрес што земјата ја погоди на 26 ноември и обвини дека „владината корупција ги оставила граѓаните без домови“. -Виртуелната и лажна реалност што Рама смета дека Албанците ја консумираат секој ден не може да функционира,порача таа и ги повика младите да се приклучат кон ЛСИ „политичка сила која се бори за европска Албанија“. Круемади, која е сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Рама го обвини и за,како што рече, неговото „видливо анти – албанско однесување кон Косово“. – Не може да се нарече на друг начин една патерналистичка политика кон Косово, кога оваа нова држава се обидува да го зацврсти својот меѓународен углед, не може да се нарече на друг начин промовирањето на размената на териториите помеѓу Косово и Србија, кое што го поделува не само Косово, туку го запалува и целиот регион или неговиот демагошки огномет за Голема Албанија, кога Косово е на врвот од обидите за членство во регионалните и меѓународните организации како и обидите за нови признавања, обвини Круемади во обраќањетона партиската Конвенција за Тирана. Додаде дека не може да се наречат на друг начин овие однесувања освен анти-албански, како што е „таканаречениот мал Шенген, каде осуствува Косово, или јавните навредувања кон косовските политичари“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kruemadi-2020-godina-na-otpor-protiv-kriminalnata-vlada/feed/ 0