отповикување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 May 2021 13:47:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отповикување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Црна Гора: Владејачкиот Демократски фронт најавува отповикување на Ѓукановиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-vladejachkiot-demokratski-front-najavuva-otpovikuvanje-na-gjukanovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-vladejachkiot-demokratski-front-najavuva-otpovikuvanje-na-gjukanovikj/#respond Wed, 19 May 2021 13:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=512489

Владејачкиот Демократски фронт (ДФ) денеска објави дека ќе побара изјаснување од Уставниот суд и ќе иницира отповикување на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ поради изјавите за тоа кој би можел да биде амбасадор на Црна Гора. Претходно на годишната конференција во Цетиње, Ѓукановиќ рече дека оние кои биле против обновување на црногорската независност и против реализацијата на државата во претходните 15 години немаат морално право да бараат согласност на Црна Гора да бидат нејзини претставници. ДФ објави дека Ѓукановиќ ги прекршил Уставот и основните човекови права на одредени луѓе со таа изјава. „Се мисли на амбасадорите и луѓето кои не гласаа за независност на Црна Гора на 21 мај. Граѓаните на оваа земја кои учествуваа во една декларација, плебисцит заради тоа како се изјасниле, не можат да вршат јавна функција во земјата каде што Мило Ѓукановиќ е претседател и шеф на режимот 30 години“, рече пратеникот на ДФ, Славен Радуновиќ. Ѓукановиќ денеска изјави дека започнал процесот на консултации за избор на нови амбасадори во странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-vladejachkiot-demokratski-front-najavuva-otpovikuvanje-na-gjukanovikj/feed/ 0
По вторпат за еден месец се гласа за отповикување на перуанскиот претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-vtorpat-za-eden-mesec-se-glasa-za-otpovikuvanje-na-peruanskiot-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-vtorpat-za-eden-mesec-se-glasa-za-otpovikuvanje-na-peruanskiot-pretsedatel/#respond Tue, 03 Nov 2020 07:32:18 +0000 https://kurir.mk/?p=424064

Опозицијата во перуанскиот Парламент по вторпат во изминатите два месеца, успеа да иницира гласање за отповикување на претседателот Мартин Вискара. Во септември, претседателот избегна отповикување иницирано поради обвинувања од неговите политички противници за попречување на истрага за договор со нејасна личност од јавната сцена, кој беше ангажиран да одржува мотивациски говори на вработените во јавниот сектор за надомест од 50 илјади американски долари. Овојпат, Вискара е обвинет за примање мито во износ од 670 илјади долари од градежна компанија додека бил гувернер на провинцијата Мокаега, на југ на Перу. Претседателот ги негираше обвинувањата и ги предупреди своите политички противници дека ја дестабилизираат државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-vtorpat-za-eden-mesec-se-glasa-za-otpovikuvanje-na-peruanskiot-pretsedatel/feed/ 0
Трамп го смени главниот разузнавач кој ја водеше истрагата за неговото отповикување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-glavniot-razuznavach-koj-ja-vodeshe-istragata-za-negovoto-otpovikuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-glavniot-razuznavach-koj-ja-vodeshe-istragata-za-negovoto-otpovikuvanje/#respond Sat, 04 Apr 2020 08:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=327093

Во писмо до американските законодавци, претседателот на САД Доналд Трамп најави дека ќе го разреши од функцијата генералниот инспектор на разузнавачките служби Мајкл Аткинсон, пишува весникот „Њујорк тајмс“. Трамп одлучи да го разреши Аткинсон поради недоверба во него, се наведува во писмото испратено до Адам Шиф, претседател на Комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом и Девин Нунс, републиканец од таа Комисија. – Важно ми е да имам доверба во вршителот на должноста генерален инспектор. Тоа веќе не е случај со овој генерален инспектор, напиша Трамп. Шиф ја оцени смената на Аткинсон како „бесрамен обид за нарушување на независноста на разузнавачката заедница и одмазда кон оние кои се осмелуваат да ги разоткријат криминалите на претседателот“. Аткинсон минатата есен го информираше Конгресот за поплаки од свиркачи поради активностите на американскиот претседател во Украина, што иницираше започнување постапка за импичмент на Трамп. Според „Њујорк тајмс“, еден претставник на администрацијата на Трамп, кој инсистирал на анонимност, укажал дека судбината на Аткинсон била запечатена веднаш по завршувањето на постапката за отповикување во Конгресот. Американските закони му овозможуваат на шефот на државата да го смени генералниот инспектор на разузнавачките служби еден месец откако ќе ги извести безбедносните структури за својата намера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-glavniot-razuznavach-koj-ja-vodeshe-istragata-za-negovoto-otpovikuvanje/feed/ 0
Претставничкиот дом гласаше за отповикување на Трамп од должноста претседател на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-glasashe-za-otpovikuvanje-na-tramp-od-dolznosta-pretsedatel-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-glasashe-za-otpovikuvanje-na-tramp-od-dolznosta-pretsedatel-na-sad/#respond Thu, 19 Dec 2019 06:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=279445

Претставничкиот дом синоќа изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп од власт. Разултатите од гласењето покажаа дека во законодавниот дом на САД постои ненадминлив раскол по партиска линија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. По првиот предмет на обвинувањето, злоупотреба на власта, „за“ гласаа 230 законодавачи, а „против“ 197. По вториот предмет, попречување на законот, „за“ гласаа 229 членови, „против“ беа 198. За утврдување на импичмент беа потребни гласови од најмалку 216 законодавачи. Двајца демократи, Колин Петерсон и Џеф Ван Дру, гласаа против. Џаред Голден гласаше „за“ по првото обвинение а против по второто, додека демократката Тулси Габард беше воздржана. Во објаснување на својот став Габард порача дека таа се позиционирала во центарот. – Кога пред три месеци гласав за спроведување на истрагата за импичмент, кажав дека тоа не треба да стане еднопартиски проект… За жал, имено тоа и се случи, изјави таа. Општо земено, и такви беа очекувањата, синоќешното гласање е уште една потврда за длабоката меѓупартиска поделеност во законодавниот дом на САД. Претходно, само двајца американски претседатели, Ендрју Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година, беа отповикани, но и двајцата останаа да ги завршат своите мандати до крај. Ричард Никсон си поднесе оставка во 1974 година, без да дочека гласање за импичмент. Иако Претставничкиот дом објави негов импичмент, Трамп и понатаму е претседател. Неговата судбина сега се префрла во Сенатот на американскиот Конгрес, каде специјално оформен суд ќе је разгледа одлуката на Претставничкиот дом по предметите на обвинението, а бранители ќе ја докажуваат неговата невиност. Процесот треба да го води судијата Џон Робертс, претседател на Врховниот суд на САД. За отстранување на Трамп од должност треба да гласа една третина од сенаторите, или не помалку од 67. Процедурата се определува од лидерите во Сенатот, во кој републиканците се мнозинство. Според Уставот, оваа фаза од процесот нема рокови. Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, синоќа по гласањето укажа дека нема брзање утврдениот импичемент да се префрли во Сенатот, се додека демократите не добијат гаранции за продлабочен и непристрасен суд. И со оние сведоци кои тие побараа лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, да ги повика да сведочат. Се очекува и поинаков развој на настаните. Изјавата на Пелоси значи дека судењето во Сенатот можа да се одложи, Трамп да не биде ослободен од обвинувањата, и да остане етикетиран како отповикан претседател во текот на добар дел од изборната 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-glasashe-za-otpovikuvanje-na-tramp-od-dolznosta-pretsedatel-na-sad/feed/ 0