отпушта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 May 2020 10:42:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отпушта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ер Канада“ ќе отпушти 20.000 вработени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-kanada-kje-otpushti-20-000-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-kanada-kje-otpushti-20-000-vraboteni/#respond Sun, 17 May 2020 10:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=346907

Најголемата канадска авио-компанија „ Ер Канада“ планира на почетокот на јуни да отпушти најмалку 20.000 вработени поради ефектите од пандемијата на коронавирусот. „Ер Канада“, во која има повеќе од 38.000 вработени, соопшти дека отпуштањата ќе влијаат врз повеќе од половината вработени, пренесуваат француските медиуми. Оттаму додаваат дека Ковид-19 ја ​​принуди компанијата за 95 отсто да го намали бројот на летови и затоа не очекуваат бизнисот наскоро да се врати во нормала. Канадската авио-компанија соопшти дека работна сила ќе им се намали за 50 до 60 проценти, а мерката ќе стапи на сила на 7 јуни. „Ер Канада“ во март објави дека ќе отпушти речиси половина од своите вработени како дел од намалувањето на трошоците. Во април беа вратени на работа 16.500 веќе отпуштени стјуардеси, механичари и агенти за услуги на клиентите, откако владата објави план за субвенционирање на платите, но не презеде обврска да ја задржи програмата по 6 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-kanada-kje-otpushti-20-000-vraboteni/feed/ 0
Ербнб отпушта четвртина од вработените https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbnb-otpushta-chetvrtina-od-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbnb-otpushta-chetvrtina-od-vrabotenite/#respond Wed, 06 May 2020 14:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=342533

Онлајн платформата за наем на сместување за туристи Ербнб (Airbnb) ќе отпушти околу 25 отсто од своите вработени, откако пандемијата на Ковид-19 силно ја погоди индустријата на патувања и туризам и ја доведе во прашање основната дејност на компанијата. Ербнб информира дека наскоро ќе отпушти речиси 1.900 лица од вкупно 7.500 вработени ширум светот, јави Си Ен Ен Бизнис. „Колективно минуваме низ најтешката криза во нашите животи и со развојот на пандемијата запреа глобалните патувања, рече извршниот директор на Ербнб и ко-основач на фирмата Брајан Чески во писмо до вработените. Тој додаде дека бизнисот на Ербнб е „тешко погоден“ и оти се очекува годинешните приходи да бидат намалени за повеќе од половина од она што го заработила компанијата во 2019 година. Според Си-Ен-Ен, Ербнб, исто така, наводно ги одложил плановите за деби на Вол Стрит оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erbnb-otpushta-chetvrtina-od-vrabotenite/feed/ 0