отпуштања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 14:41:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отпуштања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стотици вработени во Гугл во Лондон прекинаа со работа поради отпуштања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotitsi-vraboteni-vo-gugl-vo-london-prekinaa-so-rabota-poradi-otpushtana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotitsi-vraboteni-vo-gugl-vo-london-prekinaa-so-rabota-poradi-otpushtana/#respond Tue, 04 Apr 2023 14:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=820110

Стотици вработени во Гугл денеска ја прекинаа работата во канцелариите на компанијата во Лондон, по спорот околу отпуштања. Во јануари, матичната компанија на Гугл, Алфабет, соопшти дека отпушта 12.000 вработени ширум светот, што е еквивалентно на шест отсто од глобалната работна сила. Овој потег доаѓа во време на бран отпуштања во американските компании, особено во технолошкиот сектор, кој од почетокот на годината отпушти повеќе од 290.000 работници, покажуваат податоците на сајтот Layoffs.fyi. Синдикатот „Јунајт“, во кој членуваат стотици вработени во Гугл во Британија, соопшти дека компанијата ја игнорирала загриженоста на вработените. - Нашите членови се јасни: „Гугл мора да го слуша сопствениот совет да не биде злобен, рече Мет Вејли, регионален службеник на „Јунајт“. Според него, тие и „Јунајт“ нема да се откажат сè додека Гугл не им дозволи на работниците целосно синдикално претставување, не се вклучи во консултации и не ги третира своите вработени со почит и достоинство што го заслужуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotitsi-vraboteni-vo-gugl-vo-london-prekinaa-so-rabota-poradi-otpushtana/feed/ 0
Анализа: Се повеќе компании во САД планираат отпуштања поради опасноста од рецесија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-se-poveke-kompanii-vo-sad-planiraat-otpushtana-poradi-opasnosta-od-retsesija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-se-poveke-kompanii-vo-sad-planiraat-otpushtana-poradi-opasnosta-od-retsesija/#respond Mon, 23 Jan 2023 09:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=790578

Се поголем број американски компании предвидуваат кратења на работни места и за првпат по пандемијата очекуваат помалку развојни инвестиции, покажуваат податоците од најновото истражување на Американската национална асоцијација за бизнис-економија (NABE). Зголемувањето на каматите дава резултати и се забележува одредено забавување на економијата. Но, сопствениците на бизниси сè уште се загрижени дека Федералните резерви на САД можат да извршат преголем притисок врз економијата и потенцијално да ја турнат економијата во рецесија оваа година, се наведува во последниот извештај. Запрашани дали планираат нови вработувања анкетираните субјекти посочија просечна вредност од седум негативни поени, што е пад од претходната анкета спроведена во октомври кога индикаторот беше на ниво од +8 поени. Поради инфлацијата, американските бизниси очекуваат да издвојуваат повисоки плати на вработените, што дополнително ги загрижува. „Резултатите од истражувањето на Националната асоцијација за бизнис-економија од јануари 2023 година за деловните услови покажуваат широко распространета загриженост за влегување во рецесија оваа година“, објасни претседателката на Асоцијацијата, Џулија Коронадо. За да се справи со инфлацијата, ФЕД агресивно ги зголемува каматните стапки во обид да ја залади американската економија, но не и да ја стави во рецесија, барајќи таканаречено „меко приземјување“. На претстојниот состанок за монетарната политика на крајот на месецот, ФЕД се очекува повторно да ги зголеми стапките, иако со побавно темпо отколку во минатото, бидејќи податоците последните месеци покажуваат инфлаторно ладење. Повеќето анкетирани компании со очекувања за намалување на материјалните трошоци оваа година. Соодветниот индекс падна на 47 поени, пет поени помалку од октомвриските податоци и далеку под нивото од 76 поени забележано во јули.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analiza-se-poveke-kompanii-vo-sad-planiraat-otpushtana-poradi-opasnosta-od-retsesija/feed/ 0
Брутално: Вака работниците на Твитер денеска дознаа дека се отпуштени, „фрчат“ исповеди (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brutalno-vaka-rabotnicite-na-tviter-deneska-doznaa-deka-se-otpushteni-frchat-ispovedi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brutalno-vaka-rabotnicite-na-tviter-deneska-doznaa-deka-se-otpushteni-frchat-ispovedi-foto/#respond Sat, 05 Nov 2022 11:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=756127

Очекувано, Илон Маск брутално почна да со отказите во Твитер. На работниците им најави дека денеска многу од нив ќе добијат мејл со тој наслов. Некои луѓе веќе не можат да се логираат на Slack и официјалните сметки, што значи дека се отпуштени. Оние кои ќе останат на работа ќе добијат информации на нивната деловна е-пошта, а оние кои ќе бидат отпуштени ќе добијат известување на нивната приватна е-пошта. Отказот доаѓа во време кога Маск зборува за намалување на бројот на вработени и до 50 отсто. Ова може да значи губење на илјадници работни места бидејќи, според податоците од крајот на 2021 година, Твитер имал околу 7.000 вработени. Работниците меѓусебно се поддржуваат Додека сето ова се случува, работниците на Твитер си споделуваат пораки со поддршка меѓу себе. Многумина го користат хаштагот „OneTeam“. Некои споделуваат слики од екранот како не можат да се логираат на официјалната е-пошта и прашуваат дали отпуштањата веќе започнале. Други пишуваат дека останале без пристап до Твитер и Слек. Некои така дознаа дека останале без работа, немале пристап до платформите на кои вообичаено работат. Високиот менаџер Сајмон Балмен твитна дека му е жал што вака заврши. Друг шеф, Џејмс Лодука, го твитна прашањето: „Дали срцето може да биде полно и скршено во исто време?“, а потоа ги отстрани сите референци од неговиот профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brutalno-vaka-rabotnicite-na-tviter-deneska-doznaa-deka-se-otpushteni-frchat-ispovedi-foto/feed/ 0
Азески: Aко Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/azeski-ako-vladata-ne-pomogne-kje-ima-zatvoranja-na-kompanii-i-otpushtanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/azeski-ako-vladata-ne-pomogne-kje-ima-zatvoranja-na-kompanii-i-otpushtanja/#respond Thu, 21 Jul 2022 11:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=708415

Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски. -Во Комората во овој момент 1 000 отсто ќе се третира само едно прашање – цената на струјата. Ако Владата не интервенира и не помогне во оваа ситуација, нема друго решение освен да затвораме. Се надеваме дека нема да дојде до тоа, сите ги знаеме проблемите кои се трупаат 30 години и со тоа ниско држење и субвенционирање на цената на струјата сега изгледа огромно тоа покачување во ваква ситуација. Тоа е прв и основен проблем на компаниите и има најава од неколку компании дека ќе почнат да размислуваат за намалување или за затворање на производството и отпуштање на вработените, изјави Азески пред посетата на компанијата „Костал Македонија“ во Охрид заедно со останатите членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Тој потсети дека Комората веќе побарала помош од Владата. -Побаравме енергично Владата да помогне и да се произнесе по ова прашање. Вечерва имаме средба со премиерот, а вчера е формирана меѓуресорска комисија која наредните десет дена треба да го подготви предлогот врз основа на предлози што ги даде Комората, да оцени дали се прифатливи или не, а потоа средба со премиерот веројатно ќе одржи за десетина дена, истакна Азески. Според него, искуствата од регионот покажуваат дека во сите шест држави компаниите се во поповолна позиција зашто имаат субвенционирана струја, односно струја со определна цена која е директно од сопственото производство. -Ние сме на слободниот пазар и плаќаме огромни суми кои се движат и до 350 евра, а при комплицирана ситуација на прекин на рускиот гас во Европа, може да дојде до уште двојно поголемо зголемување на цените, рече Азески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/azeski-ako-vladata-ne-pomogne-kje-ima-zatvoranja-na-kompanii-i-otpushtanja/feed/ 0
Tекстилната индустрија тоне, сопствениците се закануваат со 20 % отпуштања ако државата не им даде помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tekstilnata-industrija-tone-sopstvenicite-se-zakanuvaat-so-20-otpushtanja-ako-drzavata-ne-im-dade-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tekstilnata-industrija-tone-sopstvenicite-se-zakanuvaat-so-20-otpushtanja-ako-drzavata-ne-im-dade-pomosh/#respond Tue, 16 Mar 2021 13:57:13 +0000 https://kurir.mk/?p=483235

Целосен колапс со масовно отпуштање на работниците  ѝ претстои на текстилната индустрија владата системска поддршка за поголема продуктивност во секторот и  помош за задржување на вработените за време на пандемијата владата реши да остане глува  барањата на текстилниот сектор. Имено, во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, но и во моментов, состојбата  е катастрофална, бидејќи според инфомрациите  капацитетите речиси воопшто не работат. Претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, Ангел Димитров кажа дека производството скоро и да е запрено и дека текстилната индустрија е пред сериозни предизвици за преживување. Тој рече дека доколку не се донесе закон за финансиска подршка на платите 20 % од вработените во текстилната индустрија ќе останат на улица. -Компаниите гледаат спас во донесувањето на законот за финансиска поддршка на платите. Ако ги добијат средствата навреме, ќе ги задржат вработените. Во спротивно, огромен број, до 20 проценти од вработените ќе останат на улица, па наместо тие да ги полнат фондовите и Буџетот, ќе бидат под Агенцијата за вработување, ќе користат финансиска помош, а потоа ќе станат социјални случаи. Затоа, ги повикувам пратениците и од власта и од опозицијата партискиот интерес да не го ставаат на прво место, туку интересот на државата, економијата и граѓаните, потенцираше  Димитров. Во оваа индустрија работат над 30.000 квалификувани работници, на возраст од 50 – 55 годишна возраст и дека отпуштањата силно ќе влијјаат врз зголемување на целокупната невработеност во државата. Текстилната и индустријата за облека во вкупното индустриското производство на државата учествуваат со 12,82 отсто, вработуваат над 37.000 работници и опфаќаат околу 10 проценти од извозот на земјава и според експертите доколу власта не се заангажира посериозно за спас на оваа индустрија тогаш последиците ќе бидат катастрофални.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tekstilnata-industrija-tone-sopstvenicite-se-zakanuvaat-so-20-otpushtanja-ako-drzavata-ne-im-dade-pomosh/feed/ 0
Рекордна стапка на невработеност и отпуштања во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-stapka-na-nevrabotenost-i-otpushtanja-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-stapka-na-nevrabotenost-i-otpushtanja-vo-velika-britanija/#respond Tue, 10 Nov 2020 09:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=427225

Отпуштањата и невработеноста во Велика Британија достигнаа рекорд во текот на третиот квартал на 2020 година, според официјалните податоци, кои покажуваат дека пазарот на трудот го забрзал падот пред министерот за финансии Риши Сунак да донесе нови мерки за ублажување на ефектите од Ковид-19 за да се обезбеди пресврт на овој тренд. Бројот на отпуштања се зголеми за рекордни 181.000 во рок од три месеци до септември, достигнувајќи историски највисоко ниво од 314.000 работници, соопшти денеска Националното биро за статистика (ОНС). Стапката на невработеност се зголеми, како што се очекуваше, на 4,8 проценти. Ова е највисока стапка на невработеност од ноември 2016 година, кога исто така беше забележан нејзино рекордно квартално ниво. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-stapka-na-nevrabotenost-i-otpushtanja-vo-velika-britanija/feed/ 0
Заев најави отпуштање на 20% од јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-najavi-otpushtanje-na-20-od-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-najavi-otpushtanje-na-20-od-javnata-administracija/#respond Thu, 08 Oct 2020 09:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=413813

Синоќа премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата Економски Магазин на Алсат телевизија каде на едно од прашањата за тоа дали ќе има силна реформа за да може да се преструктуира стопантството, посочи дека еден начин за да се помогне во економијата е намалувањето на јавната администрација. -Рековме 20% намалување на администрацијата, тоа значи сигнал за кратење на непродуктивни трошоци за да ја помагаме економијата преку капитални инвестиции. Реформите мораат да се случат во државата. Јас кажав во една изјава сите сакаме швајцарски плати ама никако не ни се работи со продуктивност како што е просекот во западна Европа. Тоа мораме да го промениме сите, рече Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-najavi-otpushtanje-na-20-od-javnata-administracija/feed/ 0
Најпознатата нафтена компанија „Шел“ најавува отпуштање на речиси 9.000 работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpoznatata-naftena-kompanija-shel-najavuva-otpushtanje-na-rechisi-9-000-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpoznatata-naftena-kompanija-shel-najavuva-otpushtanje-na-rechisi-9-000-rabotnici/#respond Wed, 30 Sep 2020 08:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=410479

Мултинационалната нафтена компанија Ројал Дач Шел (Royal Dutch Shell) соопшти денеска дека планира да скрати од 7.000 до 9000 работни места како дел од големото преструктуирање за да ги намали трошоците поради падот на побарувачката и цените на нафтата. Околу 1.500 луѓе веќе ја напуштиле компанијата доброволно, додека останатиот дел ќе ја напуштат до 2022 година. Реорганизацијата треба да овозможи заштеда од две до 2,5 милијарди долари годишно. Шел прецизира дека очекува надомест за амортизација од една милијарда до 1,5 милијарди долари во третиот квартал. Како и неговиот ривал БП, кој исто така најави укинување на 10.000 работни места, и Шел се соочува не само со последиците од пандемијата на вирусот, туку и со предизвикот за енергетска транзиција. Во денешното соопштение, Шел прецизира дека „околу 80 проценти од продажбата на течен природен гас во 2020 година биле поврзани со цената на нафтата“, чиј остар пад од почетокот на годината се рефлектира на маржите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpoznatata-naftena-kompanija-shel-najavuva-otpushtanje-na-rechisi-9-000-rabotnici/feed/ 0
Луфтханза продолжува да отпушта работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/lufthanza-prodolzuva-da-otpushta-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/lufthanza-prodolzuva-da-otpushta-rabotnici/#respond Tue, 22 Sep 2020 09:02:01 +0000 https://kurir.mk/?p=406621

Кризата предизвикана од Ковид-19 ја погоди германската авиокомпанија Луфтханза потешко отколку што се очекуваше, што значи дека ќе бидат затворени уште повеќе работни места. „Луфтханза“ ги засилува мерките за штедење и повлекува од сообраќај повеќе авиони отколку што првично беше планирано, пренесува Дојче веле. Причината е многу побавното закрепнување на воздушниот сообраќај, кој беше сериозно погоден од пандемијата на коронавирусот. Од флота со 760 авиони, најмалку 150 остануваат трајно приземјени. Ова важи и за најголемиот патнички авион во светот А380 ќе биде исфрлен од употреба доколку производителот Ербас не сака да ги прими назад. А авионите А340-600 повеќе нема да летаат. Извршниот директор на Луфтханза, Карстен Шпор, исто така, планира дополнително да го намали бројот на работни места со цел да ги намали трошоците. Без никакви детали, соопштено е дека ќе бидат укинати повеќе од 22.000 работни места со полно работно време. Во договор со синдикатите, бројот на технолошки вишоци треба да биде ограничен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/lufthanza-prodolzuva-da-otpushta-rabotnici/feed/ 0
„Wells Fargo“ продолжува со отпуштањата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/wells-fargo-prodolzuva-so-otpushtanjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/wells-fargo-prodolzuva-so-otpushtanjata/#respond Sat, 22 Aug 2020 11:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=393857

Американската банка „Wells Fargo“ го продолжи прекинот на работните места на почетокот на август, откако привремено го напушти процесот во март поради пандемијата со ковид-19, одбјави портпаролот на банката, а го цитираше „Reuters“. „Wells Fargo“ уште во јули најави дека ќе започне голема иницијатива за намалување на трошоците во оваа година, бидејќи банката се подготвува за големи загуби од кредирањето, откако пандемијата ја погоди способноста на нивните клиенти да ги покријат своите заеми. Во исто време, банката продолжува да се соочува со потешкотии во врска со низата скандали во 2016-та година што ја чинеа милијарди долари казни и отписи. Намалувањето на персоналот, затворањето на филијалите и намалувањето на трошоците се трите теми на масата за преговори, велат доверителите. На почетокот на годината, „Wells Fargo“ објави квартален пад на профитот од дури 55% на 2,55 милијарди долари (или 0,60 долари по акција) од 5,71 милијарди американски долари (или помалку од 1,12 долар по акција) една година порано. За првиот квартал, добивката на банката достигна само еден процент по акција. Во април, банката соопшти дека ќе го ограничи учеството во програмата за спасување за да ги неутрализира ефектите од коронавирусот врз малите бизниси во САД на 10 милијарди американски долари како резултат на регулаторните ограничувања. На почетокот на 2018-та година, Федералните резерви на САД и наредија на „Wells Fargo“ да ги задржи своите средства под 1,95 трилиони долари додека не го подобри управувањето и контролата на ризикот по бројните скандали. Банката ја започна 2020-та година со околу 20 милијарди американски долари простор под поставениот максимум. Банката соопшти дека ќе обезбеди бенефиции и ќе помогне да се најдат нови работни места за вработените погодени од отпуштањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/wells-fargo-prodolzuva-so-otpushtanjata/feed/ 0