отпуштање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Feb 2023 21:53:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отпуштање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаху отпушта 1000 вработени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jahu-otpushta-1000-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jahu-otpushta-1000-vraboteni/#respond Sat, 11 Feb 2023 20:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=799306

Јаху ќе отпушти повеќе од 20 отсто од својата работна сила до крајот на 2023 година, елиминирајќи 1.000 работни места само оваа недела, соопшти компанијата. Компанијата за приватен капитал Apollo Global Management купи 90 отсто од Yahoo од Verizon во септември 2021 година. Компанијата имаше околу 10.000 вработени во тоа време, според PitchBook. Аксиос објави дека повеќе од 1.600 работници ќе ги загубат своите работни места со најновите кратења, што укажува дека сегашниот број на вработени на компанијата е близу 8.000 вработени. Отпуштањата се дел од пошироките напори на компанијата да ги насочи операциите во одделот за огласување на Јаху. Стратегијата на сегментот Yahoo for Business „се бореше да ги исполни нашите високи стандарди насекаде“, рече портпаролот на Јаху, додавајќи: Со оглед на новиот фокус на новата Yahoo Advertising група, ќе ја намалиме работната сила на поранешниот дел на Јаху за бизнис за речиси 50 отсто до крајот на 2023 година. Јаху соопшти дека компанијата ќе се фокусира на своето 30-годишно партнерство со Tabool, компанија за дигитално рекламирање, за да ги задоволи огласните услуги.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jahu-otpushta-1000-vraboteni/feed/ 0
До 20 отсто отпуштања во текстилните компании ако нема навреме финансиска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-20-otsto-otpushtanja-vo-tekstilnite-kompanii-ako-nema-navreme-finansiska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-20-otsto-otpushtanja-vo-tekstilnite-kompanii-ako-nema-navreme-finansiska-pomosh/#respond Mon, 15 Mar 2021 11:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=482623

Пратениците побрзо да го донесат законот за финансиска поддршка на плати зашто во спротивно, 20 отсто од вработените ќе останат без работа, апелираа денеска текстилните компании. Тие бараат и одложување на роковите за поднесување на барањата за финансиска помош. Во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, но и во моментов, како што рекоа на прес-коференција, ситуацијата е катастрофална, бидејќи капацитетите речиси воопшто не работат. Според претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, Ангел Димитров, од јануари наваму, скоро запре производството на текстил, со исклучок на производството на работна облека. -Компаниите гледаат спас во донесувањето на законот за финансиска поддршка на платите. Ако ги добијат средствата навреме, ќе ги задржат вработените. Во спротивно, огромен број, до 20 проценти од вработените ќе останат на улица, па наместо тие да ги полнат фондовите и Буџетот, ќе бидат под Агенцијата за вработување, ќе користат финансиска помош, а потоа ќе станат социјални случаи. Затоа, ги повикувам пратениците и од власта и од опозицијата партискиот интерес да не го ставаат на прво место, туку интересот на државата, економијата и граѓаните, истакна Димитров. Тој е информиран дека собраниската седница на чиј дневен ред е Законот за финансиска поддршка на плати треба да се одржи на 23 март. -Со оглед дека веќе се доцни, компаниите до 15 март мораа да ги исплатат платите, неопходно е во овој Закон да се предвидат одредби со кои би се одложиле роковите за поднесување на барањата за финансиска помош и за поднесување ипсправка на образецот за февруари. Уште еднаш ги повикувам пратениците, за вакви прашања каде што не смее да има партиски интереси, заедно да ги донесат мерките кои се од интерес за граѓаните, нагласи Димитртов. Домашните компании на почетокот на пандемијата делумно успеаја да ги намалат негативните влијанија од кризата. Намалувањето на нарачките во делот на модните производи беше компензирано со преориентирање на производство на заштитни маски и друга заштитна облека, за која се јави поголема побарувачка. -Моменталната сутуација според проценките и секојдневните контакти со текстилните компании, кои се базирани на најавите на странските купувачи, за следниот период се очекува намалување на продажбата на производите кое би се движело помеѓу 40 отсто до 50 проценти во однос на претходните години. За исто толку би се намалиле и нарачките од странските партнери, рече Димитров. Според него, новиот бран на ширење на коронавирусот и воведувањето строги мерки на затворање низ европските земји, доведе до дополнително намалување на продажбите на европскиот пазар, а со тоа и дополнителни проблеми за македонските текстилни компании. -Поради мерките за заштита од пандемијата кај најголемите трговски партнери на домашните компании и намалената потрошувачка на текстилни производи, во изминатиот период е евидентна тенденцијата на намалување и откажување на налозите од странство, а со оглед на дополнителните актуелни затворања на европските држави, првенствено на Германија и во следниот период се очекува откажување или намалување на обемот на нарачките, односно нарачки на помали серии, истакна Димитров. Тој оцени дека укинувањето на царините за увоз на репроматеријали во текстилната и кожарската индустрија е реална и вистинска помош за компаниите од овие дејности. -Придобивките од одлуката со која се укинаа царинските стапки за повеќе од 40 суровини и репроматеријали кои се употребуваат во текстилната и кожарската индустрија, а со важност до крајот на 2021 година се повеќекратни за македонските компании и нудат можности за реорганизирање на нивното производство, да почнат со сопствено производство и да го пласираат и на европските пазари. Со оглед дека 90 отсто од овие компании во земјава работат по лон-систем, оваа одлука многу влијае за подобра конкурентност што е битно за задржување на вработените. Компаниите не може преку ноќ да го намалат лон-производството и да почнат да произведуваа сопствени брендови, затоа одлуката многу значи за фирмите, а со тоа нашиот извоз би пораснал, нашите компании би добиле некоја додадена вредност што ќе значи нивен опстанок, зголемување на конкурентната способност и задржување на вработените, напомена Димитров. Тој смета дека, сепак, се неопходни дополнителни економски и други релевантни мерки, кои ќе овозможат директна финансиска поддршка на овие трудоинтензивни индустриски сектори, поддршка за развој на конкурентноста, автоматизација и дигитализација на одредени сегменти од производниот процес, набавка на нова опрема согласно со промените на пазарот, со цел зачувување на работните места и опстојување на текстилните компании во наредниот период. Според Димитров, пандемијата во светски рамки ја намали побарувачката за текстилни производи и облека што влијаеше на намалување на глобалното производство. Текстилната и индустријата за облека во вкупното индустриското производство на државата учествуваат со 12,82 отсто, вработуваат над 37000 работници и опфаќаат околу 10 проценти од извозот на земјава. -Индустриското производство во 2020 година кај текстилот и облеката бележи намалување за околу 14 отсто во однос на 2019 година, а истиот тренд продолжи и во јануари 2021. Статистичките податоци покажуваат дека извозот на текстил, облека и кожарски производи за 2020 година изнесувал 493 милиони евра и истиот е намален за 10,6 отсто или за 58 милиони евра во споредба со претходната година кога изнесувал 551 милион евра. Тоа е доказ дека има и огромно намалување на производството кај текстилните комапнии, што доведе до голем негативен економски ефект во поглед на намалена профитабилност и ликвидност, рече Димитров. м МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-20-otsto-otpushtanja-vo-tekstilnite-kompanii-ako-nema-navreme-finansiska-pomosh/feed/ 0
СРАМНА ГРЕШКА – познат новинар отпуштен поради самозадоволување за време на видео-состанок https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sramna-greshka-poznat-novinar-otpushten-poradi-samozadovoluvanje-za-vreme-na-video-sostanok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sramna-greshka-poznat-novinar-otpushten-poradi-samozadovoluvanje-za-vreme-na-video-sostanok/#respond Thu, 12 Nov 2020 10:34:03 +0000 https://kurir.mk/?p=428428

Новинарот на „Њујоркер“, Џефри Тобин доби отказ поради непримерното однесување минатиот месец за време на видео-конференција со неговите колеги. Од „Њујоркер“ соопштија дека Тобин добил отказ после истрагата на видео-состанокот. 60-годишниот новинар на социјалната мрежа „Твитер“ напиша дека „секогаш ќе го сака магазинот, ќе му недостигаат колегите и дека ќе продолжи да ги чита нивните текстови“. Тобин кој работеше и во „СиЕнЕн“, стана дел од тимот на „Њујоркер“ во 1993-та година. Сепак, управата на магазинот експресно му врачи отказ откако новинарот мастурбирал за време на видео-состанок одржан преку апликацијата "Zoom". Тој изјавил дека мислел дека камерата му е исклучена и го опишал случајот како „срамна и глупава грешка“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sramna-greshka-poznat-novinar-otpushten-poradi-samozadovoluvanje-za-vreme-na-video-sostanok/feed/ 0
Штипските институции со намален број на вработени поради ширењето на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-institucii-so-namalen-broj-na-vraboteni-poradi-shirenjeto-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-institucii-so-namalen-broj-na-vraboteni-poradi-shirenjeto-na-koronavirusot/#respond Thu, 05 Nov 2020 14:34:38 +0000 https://kurir.mk/?p=425474

Работници во неколку штипски конфекции, двајца наставници од училиштата „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ се позитивни на коронавирусот, со што од денеска во изолација се 45 ученици од вторите одделенија во овие две училишта. Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов вели дека вирусот се шири и меѓу вработени во државните и локалните институции, а според информациите на епидемиолозите на Центарот за јавно здравје пациентите се сомневаат дека се заразиле надвор од работното место, при семејни или пријателски контакти. Поради поголем број на заразени, но и во изолација општините почнаа и да работат во две смени. Миланов вели дека засега немаат проблеми при тековното работење на општинската администрација. -За жал имајќи го во предвид растечкиот тренд на новозаразени со овој вирус проблеми се очекува да има и ќе биде многу неодговорно ако кажам дека ќе нема. Но, сега засега функцираме и работата на институциите не е доведена во прашање. Сите институции функционираат можеби со намален интензитет, со одредени проблеми во работат. Меѓутоа функционираат и се надевам дека така и ќе остане и покрај овој растечки тренд, вели Миланов. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека во изминатото деноноќие на Инфективното одделение починале тројца пациенти, а најмладиот е 38 годишен жител на Виница. На ова одделение денеска се лекуваат 45 пациенти, од кои 20 на кислородна поддршка, а на Кожното одделение се сместени седум пациенти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-institucii-so-namalen-broj-na-vraboteni-poradi-shirenjeto-na-koronavirusot/feed/ 0
Демант од ТАВ, нема да бидат отпуштени 400 вработени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-tav-nema-da-bidat-otpushteni-400-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-tav-nema-da-bidat-otpushteni-400-vraboteni/#respond Wed, 02 Sep 2020 15:54:24 +0000 https://kurir.mk/?p=398403

Компанијата ТАВ не отпушта вработени и бројката од 400 вработени е апсолутно неточна. Нема никаква логика, бидејќи функционирањето на нашите аеродромски операции не би било возможно со толкаво намалување на бројот на луѓе, се истакнува во демнатот на операторот со скопскиот аеродром. „Како резултат на кризата предизвикана од ковид-19, која сериозно ја погоди авијацијата во глобални рамки, по повторното отворање на аеродромите нашите операции се намалени, следствено и нашите приходи се намалени исто така, додека трошоците останаа исти. Поради ова, работиме да го балансираме континуитетот на бизнисот и вработувањата“, се наведува во дописот на ТАВ. Претходно од ТАВ и во самиот прилог на телевизија Алфа беа негирани информациите дека отказите се процесуираат веднаш откако заврши рокот до кој не смееше да има отпуштања во фирмите кои зеле државна помош поради коронакризата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-tav-nema-da-bidat-otpushteni-400-vraboteni/feed/ 0
Ер Франс отпушта 1.022 вработени од својата нискотарифна ХОП! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-frans-otpushta-1-022-vraboteni-od-svojata-niskotarifna-hop/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-frans-otpushta-1-022-vraboteni-od-svojata-niskotarifna-hop/#respond Fri, 03 Jul 2020 11:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=368182

Ер Франс се подготвува да затвори 1.022 работни места во својата нискобуџетна авиокомпанија ХОП! со цел да се справи со економските последици од корона-кризата, изјави денеска претставникот на синдикатот ЦГТ Жоел Рондел. Раководството на „Ер Франс“ има состанок со синдикатите за плановите за реструктуирање и отпуштања на вработени. Истовремено, според локалните медиуми, членови на синдикатот протестираат во базата на компанијата на парискиот аеродром Шарл де Гол. Синдикалците се посебно огорчени што француската Влада не инстистирала на тоа Ер Франс да ги заштити работните места кога во мај на компанијата и одобриле седум милијарди евра државна помош. Синдикатите предупредуваат дека бранот укинување работни места ќе се прошири на целата француска економија. Француските медиуми, уште напоменуваат, дека авиокомпанијата сака да намали 7.500 работни места, првенствено по пат на доброволно заминување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/er-frans-otpushta-1-022-vraboteni-od-svojata-niskotarifna-hop/feed/ 0
„Бритиш Ервејз“ размислува за привремено отпуштање на 36.000 вработени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/british-ervejz-razmisluva-za-privremeno-otpushtanje-na-36-000-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/british-ervejz-razmisluva-za-privremeno-otpushtanje-na-36-000-vraboteni/#respond Thu, 02 Apr 2020 06:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=325906

„Бритиш Ервејз“ размислува привремено да отпушти 36.000 вработени, јави Би-Би-Си. Според медиумот, компанијата добила принципелна согласност од синдикатите за изведување на оваа непопуларна мерка, а двете странки работат врз деталите на договорот. Би-Би-Си забележува дека не станува збор за отпуштање на вработените, туку тие само привремено ќе прекинат со својата работа. Во целина оваа мерка ќе зафати 80 отсто од екипажите, персоналот на земја, инженерите и службениците во централата на овој воздушен превозник. „Бритиш Ервејџ“ на  31 март соопшти дека привремено ги запира сите свои летови од лондонскиот аеродром  Гетвик поради пандемијата од коронавирусот. На 23 март во Велика Британија беше воведен карантин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/british-ervejz-razmisluva-za-privremeno-otpushtanje-na-36-000-vraboteni/feed/ 0