отруени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Dec 2022 10:38:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отруени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Индија најмалку 31 лице почина поради труење со токсичен алкохол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najmalku-31-lice-pochina-poradi-truenje-so-toksichen-alkohol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najmalku-31-lice-pochina-poradi-truenje-so-toksichen-alkohol/#respond Thu, 15 Dec 2022 10:38:50 +0000 https://kurir.mk/?p=775975

Најмалку 31 лице почина, а 20 се хоспитализирани во тешка состојба, бидејќи пиеле отровен пијалок продаден без дозвола во источна Индија, соопштија денеска властите. Смртта се случила во вторникот и средата, а жртвите биле од три села во областа Саран во државата Бихар каде што е забрането производството, продажбата и консумирањето алкохол. Продажбата и консумирањето алкохол беше забранета во Бихар во 2016 година, откако женски групи започнаа кампања за да ги спречат сиромашните работници да ги трошат своите скромни приходи на алкохол. Полицијата соопшти дека некои од 20-те пациенти кои се наоѓаат на лекување ослепеле поради токсините во пијалокот. Неколку опозициски партии, меѓу кои и хинду-националистичката партија Бхаратија Џаната, протестираа денеска пред зградата на парламентот со барање да се укине забраната за алкохол и да се обезбеди финансиска отштета за семејствата на починатите. Три лица се приведени на распит поради наводна продажба на нелегално произведен алкохол во таа област. Смртните случаи предизвикани од нелегално произведен алкохол се вообичаени во Индија, каде што таквите пијалоци се евтини, но содржат хемикалии како што се пестициди. Најмалку 28 лица починаа, а 60 се разболеа откако конзумирале токсичен алкохол во западната индиска држава Гуџарат претходно оваа година. Во северната индиска држава Пенџаб, најмалку 120 луѓе починаа од истите причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najmalku-31-lice-pochina-poradi-truenje-so-toksichen-alkohol/feed/ 0
Вучиќ повторно бара од ЕУ да каже од што се отруени членовите на ЦИК во Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-povtorno-bara-od-eu-da-kaze-od-shto-se-otrueni-chlenovite-na-cik-vo-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-povtorno-bara-od-eu-da-kaze-od-shto-se-otrueni-chlenovite-na-cik-vo-prishtina/#respond Sun, 03 Nov 2019 12:25:34 +0000 https://kurir.mk/?p=259545

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска повторно ја праша портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич дали може да каже со каков отров се имаат отруено членовите на Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина, додавајќи дека му е жал што ниту ЕУ, ниту американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер не се занимавале со толку важно прашање. Вучиќ на својот Твитер профил, потсети дека се поминати три недели од случајот со „труењето“ на членовите на ЦИК на Косово и повтори дека додека бил жив, нема да се откаже од трагањето за одговорот на ова важно прашање. -Поминаа повеќе од три недели откако Албанците тврдеа дека имало масовно труење на етничка основа во ЦИК во Приштина. Те молам, драга Мајо, конечно да ни кажете дали станува збор за антракс, новичок или за средство за чистење на мебел. П.С. Додека сум жив, нема да се откажам од потрагата за одговорот на ова важно прашање. Жал ми е што оваа важна работа, во која, наводно, учествувале Срби, очигледно не се разгледува ниту од ЕУ, ниту од Метју Палмер. Јас ќе се занимавам со ова. Однапред благодарен, напиша Вучиќ. Тој пред неколку дена испрати писмо до Маја Коцијанчич, во кое инсистира на тоа ЕУ да одговори по повод случајот за наводното труење на членовите на косовската ЦИК од албанска етничка припадност. Коцијанчич одговори дека резултатите од истрагата се чекаат и дека мисијата за набудување на изборите на ЕУ во Косово внимателно го следи случајот. Инаку денеска од Кабинетот на срспкиот претседател најавија дека тој утре ќе има средба со американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-povtorno-bara-od-eu-da-kaze-od-shto-se-otrueni-chlenovite-na-cik-vo-prishtina/feed/ 0