отштета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Aug 2022 07:34:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отштета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Просјак од САД ќе доби 100 милиони долари отштета по повреда од полицаец https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prosjak-od-sad-kje-dobi-100-milioni-dolari-otshteta-po-povreda-od-policaec/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prosjak-od-sad-kje-dobi-100-milioni-dolari-otshteta-po-povreda-od-policaec/#respond Mon, 29 Aug 2022 07:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=725306

Федералниот суд во Атланта, САД, донесе одлука на просјак да му се исплатат 100 милиони долари, бидејќи полицаец пред четири години го соборил со шок-пиштол на земја, по што човекот при падот си го повредил вратот и останал парализиран. На тешко повредениот Џери Блесингејм (69), му е потребна 24-часовна нега што чини милион долари годишно, па досега има доспеано медицински сметки од 14 милиони долари, наведува неговиот адвокат. Поротата одлучи дека полицаецот Џон Грабс употребил прекумерна сила против Блесингејм, кој просел пари пред возач на автомобил, на 10 јули 2018 година. По инцидентот тој останал парализиран од вратот надолу. Адвокатот на Блесингејм, Кит Едвардс го тужеше градот Атланта и службеното лице, барајќи компензација за медицинските трошоци. Тужбата наведува дека кога пристигнале Грабс и уште еден полицаец, питачот разговарал со човекот во возилото. Грабс излегол од полициското возило и му рекол на Блесингејм да застане, но тој побегнал, па почнала потера по просјакот. Поротата утврди дека Полицискиот оддел на Атланта треба да плати 60 милиони долари, а Грабс – останатите 40 милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prosjak-od-sad-kje-dobi-100-milioni-dolari-otshteta-po-povreda-od-policaec/feed/ 0
АСО: 308.000 евра отштета на осигурен имот, највисока исплатена во првите девет месеци од 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-308-000-evra-otshteta-na-osiguren-imot-najvisoka-isplatena-vo-prvite-devet-meseci-od-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-308-000-evra-otshteta-na-osiguren-imot-najvisoka-isplatena-vo-prvite-devet-meseci-od-2021/#respond Thu, 30 Dec 2021 09:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=614822

Осигуреник наплатил 18,9 милиони денари (308.000 евра) штета за осигурен имот, што е највисока поединечна исплатена штета во сите 18 класи на неживотно осигурување за првите девет месеци од годинава. Станува збор за осигурен имот на правно лице, а штетата е исплатена во третиот квартал годинава, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Во наведениот период, кај најголемата доброволна осигурителна класа – осигурување имот, исплатени се штети во вкупна вредност од 469,6 милиони денари (7,6 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизја на осигурување. Втората највредна исплатена штета е за одговорност од осигуран воздухоплов. За настаната штета од тоа осигурување се исплатени 14,3 милиони денари (232.000 евра). Во петте најголеми исплатени штети по една е за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, за зелена карта и за осигурување од финансиски загуби. По основ на задолжителна автомобилска одговорност осигурителна компанија, во овој период, исплатила 10,7 милиони денари (173.000 евра). За покривање финансиски загуби осигуреник од осигурително друштво наплатил 8,65 милиони денари (141.000 евра). За штета покриена со зелена карта осигурителна компанија на осигуреник му исплатила 6,2 милиони денари (100.000 евра). – Во првите девет месеци најголемата штета исплатена за осигурани стоки во превоз (карго) изнесува 4,9 милиони денари (80.000 евра). Кај каско осигурување моторни возила по една штета биле исплатени 2,75 милиони денари (45.000 евра). Кај осигуран имот на физичко лице најголемиот износ за штета што го исплатила компанија за осигурување изнесува 2,9 милиони денари (48.000 евра), информира АСО. Во доброволната класа со најмногу активни договори – осигурување од незгода, во првите девет месеци највисоката исплатена штета изнесува 3,6 милиони денари (58.000 евра). Кај приватното здравствено осигурување најголемата исплатена штета за овој период изнесува 615.000 денари (10.000 евра), а кај патничкото осигурување 1,4 милиони денари (23.000 евра). –Осигуреници наплатија вкупно 2,89 милијарди денари (47 милиони евра) штети од осигурителните компании за неживотно осигурување во првите девет месеци годинава. Вкупниот износ на исплатените штети за овој период е за 422 милиони денари (6,9 милиони евра) или 17 отсто повисок во однос на истиот период лани. Вкупно 11 компании за неживотно осигурување во овој период исплатиле 55.008 штети, што е за 20 отсто повеќе од истиот период минатата година, наведува Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Таа е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-308-000-evra-otshteta-na-osiguren-imot-najvisoka-isplatena-vo-prvite-devet-meseci-od-2021/feed/ 0
Отштета од 100 милиони долари за семејството на Мајкл Џексон за филмот „Ливинг Неверленд“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otshteta-od-100-milioni-dolari-za-semejstvoto-na-majkl-dzekson-za-filmot-living-neverlend/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otshteta-od-100-milioni-dolari-za-semejstvoto-na-majkl-dzekson-za-filmot-living-neverlend/#respond Fri, 18 Dec 2020 09:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=445109

Семејството на Мајкл Џексон победи на судски процес против каналот Ејџ-Би-О, кој во 2019 година го прикажа филмот за поп-кралот „Ливинг Неверленд“ (Leaving Neverland). Според „Варајети“, наследниците на големиот музичар треба да добијат 100 милиони долари. Семејството го наведува фактот дека во 1992 година, Џексон потпиша договор со телевизискиот канал, според кој Ејџ-Би-О нема да шири клевети за него, неговото семејство и вработените во период од 27 години. Апелацискиот суд на САД донесе одлука дека договорот е сè уште во сила. Во 2019 година, Долниот суд им дозволи на наследниците на Џексон да поднесат тужба. Ејџ-Би-О поднесе жалба, но Апелацискиот суд ја потврди претходната одлука. Документарецот следи настани во кои се вклучени 37-годишниот режисер Џејмс Сејфчук и 41-годишниот кореограф Вејд Робсон. Како деца, тие беа блиски пријатели со поп-ѕвездата, но како возрасни сфатиле дека се жртви на насилство од страна на Џексон. Малиот Џејмс се среќава со пејачот на снимање реклама, а Вејд бил поканет од Џексон откако победи на детски танцов натпревар. Според жртвите, Вејд имал седум години кога првпат бил малтретиран, а Џејмс имал 10 години. Децата со другите „мали пријатели“ на Џексон честопати престојувале во неговиот ранч „Неверленд“ со своите родители, каде ја поминувале ноќта. Но, тие велат дека биле единствените во спалната соба со Мајкл без нивните родители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otshteta-od-100-milioni-dolari-za-semejstvoto-na-majkl-dzekson-za-filmot-living-neverlend/feed/ 0
Свештеникот Стојчев бара отштета од таткото на Боки 13 – три години немав ниту една крштевка или венчавка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sveshtenikot-stojchev-bara-otshteta-od-tatkoto-na-boki-13-tri-godini-nemav-nitu-edna-krshtevka-ili-venchavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sveshtenikot-stojchev-bara-otshteta-od-tatkoto-na-boki-13-tri-godini-nemav-nitu-edna-krshtevka-ili-venchavka/#respond Mon, 18 Nov 2019 18:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=265653

Свештеникот Виктор Стојчев најави дека ќе бара отштета од Миле Јовановски, таткото на Боки 13, кој денес беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот. За ,,Фокус” тој појаснува дека се решил да бара отштета од Јовановски во граѓанска постапка, бидејќи цели три години, по нападот, луѓето биле убедени дека тој е тепачот, па не му доаѓале во црквата ниту за венчавки, ниту за крштевки. –За отштетата, верувам дека има стручни лица кои ќе пресметаат и земат во предвид дека свештеничката работа зависи од угледот и честа. Во последните три години немав ниту една крштевка или венчавка, црквата ми беше празна, бидејќи по нападот до ден денешен јас бев тепачот. Па така, за македонски услови таа отштета би била далеку пониска од вообичаената пракса. Но, најважно од се е што злосторниците го признаа злосторот, а никаква материјална отштета не може да ми го врати угледот и здравјето – вели Стојчев, кој не прецизираше колкава би била сумата која што ќе ја бара од Јовановски. Стојчев вели дека доколку добие отштета, планира да ја донира, односно ќе била во насока на човекољубие. Тој додава дека како човек и како свештено лице, веќе му простил на семејството Јовановски. Настанот поради кој Миле заработи шест месеци затвор се случил во јануари 2017 година, поради расправија, односно тепачка за паркинг пред нивните домови. Тогаш Стојчев бил удиран со тупаници и со нозе од страна на Јовановски, а се здобил и со скршеница на клучниот зглоб на левата нога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sveshtenikot-stojchev-bara-otshteta-od-tatkoto-na-boki-13-tri-godini-nemav-nitu-edna-krshtevka-ili-venchavka/feed/ 0
Ученик бара отштета од 250 милиони долари од „Вашингтон Пост“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchenik-bara-otshteta-od-250-milioni-dolari-od-vashington-post/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchenik-bara-otshteta-od-250-milioni-dolari-od-vashington-post/#respond Wed, 20 Feb 2019 07:40:08 +0000 https://kurir.mk/?p=165861

Шеснаестгодишниот ученик Николас Сандман, од мал град во американската сојузна држва Кентаки, поднесе тужба против весникот „Вашингтон Пост“ со барање за исплата на отштета од 250 милиони долари, поради клевета. Тужбата е покрената откако весникот објавил фотографија со која Сандман погрешно е обвинет за расистичко однесување и за предизвикување конфронтации со активисти за заштита на правата на Индијанците. Во тужбата се посочува дека весникот „погрешно го обвинил и малтретирал“ тинејџерот, како дел од „пристрасната кампања“ на „Вашингтон Пост“ против претседателот на САД, Доналд Трамп. Станува збор за фотографија објавена во весникот во голем формат, на која се гледа Сандман со капа со мотото на Трамп „Да ја направиме Америка голема повторно“, како стои лице в лице со активистот за правата на Индијанците, Нејтан Филипс. Фотографијата е снимена за време на протести во Вашингтон.

Фотографијата предизвика осуди на Сандман на социјалните мрежи, но видео снимка објавена подоцна покажа дека тинејџерот и неговите пријатели во ниту еден монет не се однесувале агресивно, ниту го провоцирале Филипс,

Отштетата од 250 милиони долари што ја бара Сандман е идентична со сумата што најбогатиот човек во светот, Џеф Безос ја плати за купување на „Вашингтон Пост“ во 2013 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchenik-bara-otshteta-od-250-milioni-dolari-od-vashington-post/feed/ 0
Жена останала неподвижна поради лекарска грешка, па ја зема најголемата отштета во историјата на земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zena-ostanala-nepodvizna-poradi-lekarska-greshka-pa-ja-zema-najgolemata-otshteta-vo-istorijata-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zena-ostanala-nepodvizna-poradi-lekarska-greshka-pa-ja-zema-najgolemata-otshteta-vo-istorijata-na-zemjata/#respond Wed, 12 Dec 2018 11:41:39 +0000 https://kurir.mk/?p=139156

На жената која по рутинска операција останала неподвижна судот во Љубљана и доделил отштета од 740.000 евра, што досега е најголема отштета на љубљанскиот Универзитетски клинички центар, јавиле словенечките медиуми. Пациентката во 2002 година, кога имала 38 години, по операцијата останала парализирана. Пред судот не успеала да докаже дека инвалидноста е последица на лекарската грешка до која дошло при спинална анестезија, како што тврдела во тужбата, ниту поради нестручната постапка при зафатот. Судот утврдил дека болницата е одговорна за последиците, бидејќи лекарите воочи операцијата не ја предупредиле дека спиналната анестезија може да предизвика одземеност, пишува љубљанско „Дело”. Нејзе и била доделена отштета по 15 години и 11 различни судски одлуки. Дел од високата отштета, која делумно ќе ја покрие осигурувањето, веќе е исплатен. Против најголемата медицинска установа во Словенија од 2005. до 2014 година се поднесени 89 тужбeни барања од таков вид, пишува љубљанско „Дело”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zena-ostanala-nepodvizna-poradi-lekarska-greshka-pa-ja-zema-najgolemata-otshteta-vo-istorijata-na-zemjata/feed/ 0
Села бара отштета од 30 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-bara-otshteta-od-30-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-bara-otshteta-od-30-milioni-denari/#respond Thu, 08 Feb 2018 10:22:52 +0000 http://kurir.mk/?p=19513

Адвокатот на Зијадин Села на денешната главна расправа побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв. Во моментов на распит пред судот е првиот сведок Горданче Соколовски, кој е вработен во фирмата што го поставувала видео надзорот во Собранието на Република Македонија. Во Кривичниот суд денеска почна главната расправа од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во македонското Собрание. На денешното рочиште изјави даваат сведоци, а се презентираат и докази и искази на вешти лица. Според Абедин Абдулаи, адвокат на Села, се очекува лидерот на Алијансата на Албанците да се појави на денешната главна расправа. Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски - Кобра. За настаните во Собранието веќе се изречени судски пресуди за два предмета. Во првиот, девет лица учесници во насилства добија условни казни, а во вториот случај Панче Ангелов, напаѓачот на Радмила Шекеринска доби казна затвор од четири години. Во тек е истражна постапка и за предметот што го отвори Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-bara-otshteta-od-30-milioni-denari/feed/ 0