отсуство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Jun 2023 14:15:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отсуство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од денеска Шпанките ќе можат да одат на менструално отсуство од работа – лекар одредува колку дена, а државата плаќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-shpankite-ke-mozhat-da-odat-na-menstrualno-otsustvo-od-rabota-lekar-odreduva-kolku-dena-a-drzhavata-plaka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-shpankite-ke-mozhat-da-odat-na-menstrualno-otsustvo-od-rabota-lekar-odreduva-kolku-dena-a-drzhavata-plaka/#respond Fri, 02 Jun 2023 14:15:07 +0000 https://kurir.mk/?p=841536

Шпанскиот закон за сексуално и репродуктивно здравје, кој го вклучува правото на жените на менструално отсуство, денеска стапи на сила. Предлог-законот беше одобрен во парламентот во февруари. Министерката за еднаквост Ирене Монтеро тогаш рече дека тоа е „историски ден за унапредување на правата на жените“. Оттогаш, усвоени се некои амандмани за да се олесни пристапот до абортус и промена на полот. Менструалното отсуство не е вообичаена практика. Во Тајван жените можат да останат дома само три дена во годината, а потоа добиваат само 50 отсто од платата. Во Јужна Кореја, работодавците мора да им дадат на жените еден слободен ден во месецот доколку тоа го побараат, но законот не регулира кој плаќа за тоа. За да го остварат правото на менструално отсуство, на жените во Шпанија им е потребно одобрение од лекар. Времетраењето на отсуството во принцип не е ограничено. Според законот, зависи од тоа колку жената има болни менструации и колку дена трае болката. Трошоците за отсуство ги покрива државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-shpankite-ke-mozhat-da-odat-na-menstrualno-otsustvo-od-rabota-lekar-odreduva-kolku-dena-a-drzhavata-plaka/feed/ 0
Австралија ќе исплати надомест за отсуство од работа поради карантинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-kje-isplati-nadomest-za-otsustvo-od-rabota-poradi-karantinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-kje-isplati-nadomest-za-otsustvo-od-rabota-poradi-karantinot/#respond Mon, 03 Aug 2020 09:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=385416

Австралија ќе воведе надомест за отсуство од работа за време на пандемијата за сите работници кои немаат боледување, но мора да бидат во карантин поради новиот коронавирус, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон. Компензацијата за двонеделно отсуство од рабта поради неопходната самоизолација ќе изнесува 1.500 австралиски долари. Новата мерка е најавена во време кога Австралија се соочува со вториот бран на Ковид-19, а во државата Викторија воведени се ригорозни мерки за да се запре ширењето на заразата. Во Австралија вкупно се регистрирани 18.318 луѓе инфицирани со новиот коронавируис, од кои починале 221, а оздравеле 10.622 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-kje-isplati-nadomest-za-otsustvo-od-rabota-poradi-karantinot/feed/ 0