отварање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Aug 2021 12:01:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отварање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ ОВА ДО СЕГА: Стручните лица советуваат – еве со која рака е најбезбедно отворање на возачката врата и зошто! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sigurno-ne-ste-go-znaele-ova-do-sega-struchnite-lica-sovetuvaat-eve-so-koja-raka-e-najbezbedno-otvoranje-na-vozachkata-vrata-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sigurno-ne-ste-go-znaele-ova-do-sega-struchnite-lica-sovetuvaat-eve-so-koja-raka-e-najbezbedno-otvoranje-na-vozachkata-vrata-i-zoshto/#respond Thu, 19 Aug 2021 12:01:07 +0000 https://kurir.mk/?p=552615

Отворањето на возачката врата од автомобилот со десната рака треба да стане навика на секој возач. Според стручните лица и познавачите, причината е повеќе од сериозна. Имeно, кога излегуваат од возилото, повеќето возачи ја отвораат вратата со лева рака. Но, кога ја отвораме со десната рака, на овој начин ја вртиме главата нaстрана и има можност навреме да се види дали покрај автомобилот поминува велосипедист или мотоциклист кој би можел да биде соборен со отворање на вратата, или можеби друго возило што може да ја откорне вратата или притоа некој да биде повреден. Во таа смисла, за совозачите се препорачува отворање со левата рака. Незгоди се случуваат почесто отколку што повеќето луѓе мислат. На пример, велосипедист не може да знае дека возачот ќе излезе од возилото во тој миг, ако возачот не гледа што се случува на патот, туку автоматски ја фаќа рачката на вратата со левата рака и ја отвора. Ова се секунди што можат да значат живот или смрт. Отворањето на возачката врата со десната рака всушност го тера возачот да го сврти горниот дел од телото, а со тоа и патот е во неговото видно поле. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sigurno-ne-ste-go-znaele-ova-do-sega-struchnite-lica-sovetuvaat-eve-so-koja-raka-e-najbezbedno-otvoranje-na-vozachkata-vrata-i-zoshto/feed/ 0
Шефови на 15 држави и меѓународни организации ќе присуствуваат церемонијата на отворање на Олимпијадата https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shefovi-na-15-drzavi-i-megjunarodni-organizacii-kje-prisustvuvaat-ceremonijata-na-otvoranje-na-olimpijadata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shefovi-na-15-drzavi-i-megjunarodni-organizacii-kje-prisustvuvaat-ceremonijata-na-otvoranje-na-olimpijadata/#respond Wed, 21 Jul 2021 07:05:38 +0000 https://kurir.mk/?p=539513

Шефови на 15 држави и меѓународни организации се најавени за присуство на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри во Токио. Ова го соопшти генералниот секретар на јапонскиот кабинет на министри Кацунобу Като на прес-конференција. -Досега очекуваме посета на шефови на 15 земји и меѓународни организации, како и министри за спорт од 70 земји во светот, соопшти Като. Свеченото отворање на Олимписките игри во Токио ќе се одржи в петок (23 јули). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/shefovi-na-15-drzavi-i-megjunarodni-organizacii-kje-prisustvuvaat-ceremonijata-na-otvoranje-na-olimpijadata/feed/ 0
УНИЦЕФ и УНЕСКО: Повторното отворање на училиштата не смее да чека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unicef-i-unesko-povtornoto-otvoranje-na-uchilishtata-ne-smee-da-cheka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unicef-i-unesko-povtornoto-otvoranje-na-uchilishtata-ne-smee-da-cheka/#respond Tue, 13 Jul 2021 09:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=535984

Повторното отворање на училиштата не смее да чека. Сите училишта треба што поскоро да обезбедат настава со физичко присуство, без бариери за пристап и без да налагаат вакцинација пред да се влезе в училиште. Загубите што ќе ги претрпат децата и младите од неодењето на училиште никогаш нема да бидат надоместени, велат во заедничка изјава извршниот директор на УНИЦЕФ Хенриета Фор и генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулај. Училиштата треба последни да се затворат, а први пак да се отворат, порачуваат тие, посочувајќи дека по 18 месеци од почетокот на епидемијата на КОВИД-19, образованието за милиони деца сè уште е нарушено и дека заклучно со денеска, затворени се основни и средни училишта во 19 земји – факт што директно влијае на над 156 милиони ученици. Првите луѓе на двете организации на ОН потсетуваат дека во напорите да го ограничат ширењето на пандемијата, владите најчесто ги затвораа училиштата и ги држеа затворени подолго време, дури и кога епидемиолошката состојба не го оправдуваше тоа. Ваквите постапки, велат во изјавата, честопати беа прво средство, наместо последна мерка. Во многу случаи училиштата беа затворени, додека баровите и рестораните остануваа отворени. –Загубите што ќе ги претрпат децата и младите од неодењето на училиште никогаш нема да бидат надоместени. Почнувајќи од загуба на знаење, преку вознемиреност, изложеност на насилство и злоупотреба, па сè до пропуштени оброци и вакцинации во училиште или намален развој на социјални вештини, последиците по децата ќе се почувствуваат во нивните образовни резултати и општествен ангажман, како и по физичкото и менталното здравје. Често, најпогодени се децата во средини со недоволно средства, кои немаат пристап до алатки за далечинско учење, и најмалите деца кои се наоѓаат во клучните фази на развој, наведуваат во изјавата Фор и Азулај. Загубите за родителите и за старателите се подеднакво големи, посочуваат претставниците на УНИЦЕФ и УНЕСКО, затоа што „чувањето на децата дома ги принудува родителите низ светот да ги напуштат работните места, особено во земјите без или со ограничена политика за семејно отсуство“. – Токму затоа, повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство не смее да чека. Не смее да се чека случаите да стигнат до нула. Има јасни докази дека основните и средните училишта не се меѓу главните двигатели на ширењето. Во меѓувреме, ризикот од ширење на КОВИД-19 во училиштата може да се контролира со соодветни стратегии за ублажување во повеќето средини. Одлуката за отворање или затворање на училиштата треба да биде врз основа на анализа на ризикот и епидемиолошките согледувања во заедниците каде што се наоѓаат. Повторното отворање на училиштата не смее да чека да се вакцинираат сите наставници и ученици. Со оглед на тоа што општиот недостиг на вакцини ги мачи земјите со низок и среден приход, вакцинирањето на работниците од првите редови и оние во ризик од тешка болест и смрт ќе остане приоритет. Сите училишта треба што поскоро да обезбедат настава со физичко присуство, без бариери за пристап и без да налагаат вакцинација пред да се влезе в училиште, се наведува во заедничката изјава на извршниот директор на УНИЦЕФ и генералниот директор на УНЕСКО. Пред денешната Средба за глобалното образование, тие ги повикуваат носителите на одлуки и владите да дадат приоритет на безбедно отворање на училиштата за да се избегне генерациска катастрофа. –Затворањето на училиштата ја става под залог нашата иднина за нејасни придобивки во сегашноста. Ние мора приоритетите да ги утврдиме подобро. Можеме и мораме безбедно да ги отвориме училиштата, апелираат Хенриета Фор и Одри Азулај во заедничката изјава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unicef-i-unesko-povtornoto-otvoranje-na-uchilishtata-ne-smee-da-cheka/feed/ 0
Од утре се отвораат трговските центри во Грција : Мора да се направи претходна резервација од најмногу 3 часа за шопинг – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-se-otvoraat-trgovskite-centri-vo-grcija-mora-da-se-napravi-prethodna-rezervacija-od-najmnogu-3-chasa-za-shoping-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-se-otvoraat-trgovskite-centri-vo-grcija-mora-da-se-napravi-prethodna-rezervacija-od-najmnogu-3-chasa-za-shoping-eve-gi-detalite/#respond Fri, 23 Apr 2021 17:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=501331

Во рамките на постепеното укинување на рестрикциите во Грција, од утре повторно се отвораат трговските центри и моловите, но под истите правила под кои работи и малопродажбата, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти генералниот секретар од Министерството за развој на Грција Панајотис Стамбулидис, на денешната прес конференција, моловите исто како и продавниците, ќе работат само со услугите „click inside“ и „click away“, односно посета на продавница по претходно закажан термин или подигнување на направена нарачка, а задолжително е и испраќање смс порака, со времетраење од три часа за шопинг. Стамбулидис ги објасни и правилата под кои ќе работата угостителските објекти што ќе се отворат само во надворешните делови на 3 мај. Масите ќе треба да бидат на растојание од 0,9 до 1,8 метар, во зависност од поставеноста на столчињата, дозволени се до шест лица на една маса, само седнати, забрането е стоење, на масите задолжително треба да има антисептик, а угостителските објекти ќе бидат затворени за време на полицискиот час од 23 до 5 часот наутро. Од понеделник селф тестовите, односно брзите тестови за домашна употреба ќе бидат задолжителни еднаш седмично за вработените во јавните служби, но и за свештените лица, поповите и останатиот црквен персонал. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-se-otvoraat-trgovskite-centri-vo-grcija-mora-da-se-napravi-prethodna-rezervacija-od-najmnogu-3-chasa-za-shoping-eve-gi-detalite/feed/ 0
Унгарија почнува повторно да се отвора откако администрира 2,5 милиони вакцини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-pochnuva-povtorno-da-se-otvora-otkako-administrira-2-5-milioni-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-pochnuva-povtorno-da-se-otvora-otkako-administrira-2-5-milioni-vakcini/#respond Wed, 07 Apr 2021 08:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=493499

Унгарија им дозволи на луѓето кои обезбедуваат услуги со близок контакт, како што се фризери и козметичари, од денеска да ги отворат своите бизниси. Олеснети се уште неколку други мерки воведени за борба против пандемијата, откако централноевропската земја направи напредок во спречување на нови зарази и вакцинирање на населението. Продавниците за несуштинска стока исто така можат да отворат, но мора да го ограничат бројот на клиенти за да спречат метеж. Ноќниот полициски час во Унгарија сега почнува во 22 часот, наместо во 20 часот и трае до 5 часот наутро. Сепак, рестораните остануваат затворени, а хотелите можат да примаат само деловни патници. Министерот за внатрешни работи Сандор Пинтер издаде декрет во кој се наведени новите правила. Уредбата се однесува на претходна наредба на премиерот Виктор Орбан, според која фазите за отворање треба да стапат во сила откако 2,5 милиони луѓе ќе примат барем прва доза од вакцина против Ковид-19. Унгарија ја достигна таа граница во вторникот, што значи дека повеќе од 25 проценти од луѓето примиле барем една доза. Земјата администрира вакцини од Русија и Кина кои сè уште не се одобрени од регулаторното тело за лекови на Европската унија. Но, според правилата на Унијата, секоја влада може да издаде дозвола за вакцина во итни ситуации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-pochnuva-povtorno-da-se-otvora-otkako-administrira-2-5-milioni-vakcini/feed/ 0
Влошената епидемиолошка и временска состојба Албанија ќе ги отвора регионалните ковид центри https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vloshenata-epidemioloshka-i-vremenska-sostojba-albanija-kje-gi-otvora-regionalnite-kovid-centri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vloshenata-epidemioloshka-i-vremenska-sostojba-albanija-kje-gi-otvora-regionalnite-kovid-centri/#respond Sun, 14 Feb 2021 18:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=468686

Се поголемиот број заразени со Ковид-19 на кои им е потребно болничко лекување и невремето што ја зафати Албанија, обилен снег и минусни температури, кои го отежнуваат транспортот на болните до Тирана, најавено е отворање на ковид центрите во регионалните болници. Според министерката за здравство Огерта Манастирлиу ситуацијата во четирите ковид болници е под контрола, но „бројот на пациенти кои добиваат услуги секојдневно се зголемува“. -Во овој период, регионалните болници третираа пост-ковидни случаи, затоа тие се подготвени и ние инвестиравме во зголемување на капацитетот на овие болници. Регионалните болници се подготвени да обезбедат услуги. Најпрво планираме отворање на 5 регионални болници а доколку има потреба, се молиме да нема и останатите, најави Манастирлиу. Четирите ковид болници во Тирана, располагаат со 550 легла а заедно со регионалните болници тој број е 1.600. Според денешните податоци на министерството во четирите ковид болници се хоспитализирани 531 пациент, од нив 11 интубирани. Во земјата продолжува негативниот тренд на новозаразени. Во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 1.088 лица, од направените 3.885 тестови, што е 28 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 781 или 56.764 од вкупно заразените 93.075, додека битката со опасниот вирус ја загубиле 12 пациенти (1.555 досега).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vloshenata-epidemioloshka-i-vremenska-sostojba-albanija-kje-gi-otvora-regionalnite-kovid-centri/feed/ 0
Оваа земја од регионот ги отвора ски-центрите, училиштата, градинките и други услужни дејности https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-zemja-od-regionot-gi-otvora-ski-centrite-uchilishtata-gradinkite-i-drugi-usluzni-dejnosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-zemja-od-regionot-gi-otvora-ski-centrite-uchilishtata-gradinkite-i-drugi-usluzni-dejnosti/#respond Thu, 21 Jan 2021 09:31:34 +0000 https://kurir.mk/?p=457896

Благодарение на подобрувањето на епидемиолошката состојба во поголемиот дел од Словенија, скијачките центри наскоро ќе бидат „отворени“ под одредени услови. Следната недела повторно ќе почнат часовите во пониските одделенија во основните училишта, а ќе се отворат и пазари, фризерски салони, механичарски сервиси, соопшти синоќа словенечката Влада. Во девет од 12-те региони, оние со подобра епидемиолошка слика, ски-центрите ќе бидат повторно отворени од сабота, а оние со негативен тест за коронавирус ќе можат да скијаат, потврди премиерот Јанез Јанша. Од следниот вторник во истите региони ќе бидат отворени градинки и паралелки за ученици во првите три одделенија од основното училиште, но со сите анти-епидемиски мерки и негативен тест за коронавирус за воспитувачи и наставници кои ќе бидат тестирани претходниот ден. Пазари, киосци, услуги за чистење, фризери и слични услуги, услуги за чистење оџаци повторно им е дозволено да работат, а се отвораат и продавници со опрема за деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovaa-zemja-od-regionot-gi-otvora-ski-centrite-uchilishtata-gradinkite-i-drugi-usluzni-dejnosti/feed/ 0
Се отвораат и градинките во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-otvoraat-i-gradinkite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-otvoraat-i-gradinkite-vo-grcija/#respond Wed, 06 Jan 2021 10:09:05 +0000 https://kurir.mk/?p=452365

Заедно со забавиштата и основните училишта, во понеделник се отвораат и градинките во Грција, што се во надлежност на Министерството за труд и социјални прашања, а одлуката е донесена по соодветната препорака од надлежната Комисија на епидемиолози, јави дописничката на МИА од Атина. Почетокот ќе биде под конкретни превентивни мерки за заштита од Ковид-19, а според упатствата, употребата на маска е задолжителна за вработените, а произволна за децата. Со воведувањето на карантинот во Грција на 7 ноември, училиштата, забавиштата и градинките продолжија да работат, меѓутоа една седмица подоцна и тие беа затворени по препорака на Комисијата на епидемиолози за да се намали раздвиженоста на возрасните. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-otvoraat-i-gradinkite-vo-grcija/feed/ 0
Мизрахи: Нашите училишта не се како во Финска, со стерилизација на секој час, избрзаното отворање на градинки и училишта би било погубно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-nashite-uchilishta-ne-se-kako-vo-finska-so-sterilizacija-na-sekoj-chas-izbrzanoto-otvoranje-na-gradinki-i-uchilishta-bi-bilo-pogubno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-nashite-uchilishta-ne-se-kako-vo-finska-so-sterilizacija-na-sekoj-chas-izbrzanoto-otvoranje-na-gradinki-i-uchilishta-bi-bilo-pogubno/#respond Mon, 07 Sep 2020 17:46:30 +0000 https://kurir.mk/?p=400332

Во вечерната „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија, истакна дека во споредба со останати земји напите училишта не се како во Финска каде има строги протоколи а се стерилизираат училниците на секој час, кај нас би било погубно избрзаното отворање на градинките и училиштата. Таа вели дека ако се решаваме за онлајн настава не може да има ваков варијабилитет во одлуките дали постарите ученици кои што имаат повисоко ниво на свесност и самоконтрола за да се изолираат ќе останат онлајн, а помладите да бидат оние кои ќе одат на училиште, незнаејќи со какви капацитети располагаме. -Генералната слика во Македонија е дека не се ова фински училишта. Финска и Шведска не ги затвоорија своите училишта затоа што основните училиштатаму имаат во просек 15тина ученици во паралелка, во средните училишта по 20тина ученици, имаат стриктни протоколи за движење, за користење тоалет, за секвенционирано користење на простории, стерилизација еднаш на еден час, учителите не смеат да користат исти простории како учениците, вели Мизрахи. Мизрахи порача дека е страшно ризично да се носат брзи одлуки , и препораката на УНИЦЕФ е да не се избрзува со одлуките. Таа исто така посочи дека ако се одлучело да има онлајн настава, требало да се види достапноста за интернет на учениците и дали имаме програми за онлајн настава,дали имаме спремни наставници, по статистика од Светска банка 15% од нашите ученици немале достапност до комјутер, застојот од присуството може да направи и регрес во знаењето кое веќе го имаат, вели Мизрахи. Таа посочи дека не се направија доволно анализи и аналитички пресметки по сите овие посочувања, но и од многу други значајни фактори, и дека избрзаното одлучување на ова поле може да биде погубно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-nashite-uchilishta-ne-se-kako-vo-finska-so-sterilizacija-na-sekoj-chas-izbrzanoto-otvoranje-na-gradinki-i-uchilishta-bi-bilo-pogubno/feed/ 0
Италија се подготвува за почеток на учебната година: „Мораме да ги отвориме училиштата“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italija-se-podgotvuva-za-pochetok-na-uchebnata-godina-morame-da-gi-otvorime-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italija-se-podgotvuva-za-pochetok-na-uchebnata-godina-morame-da-gi-otvorime-uchilishtata/#respond Mon, 17 Aug 2020 20:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=391863

Италија се подготвува за почеток на школската година кон средината на септември, вели министерот за здравство Роберто Сперанца. -За помалку од еден месец мораме да ги отвориме училиштата и факултетите. Тоа зависи од совесното однесување на сите нас, рече Сперанца. Во уредба потпишана во неделата вечер, министерот нареди да се затворат сите дискотеки и носење маски во јавност помеѓу 18 часот и 06 часот наутро, на места каде има групирања на луѓе. Во понеделникот преку звучници, полицијата во Рим ги предупредуваа туристите да носат заштитни маски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italija-se-podgotvuva-za-pochetok-na-uchebnata-godina-morame-da-gi-otvorime-uchilishtata/feed/ 0