отворање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Nov 2022 07:07:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отворање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Светот гледаше во раката на Морган Фримен на отворањето на Мундијалот, еве зошто актерот носеше ракавица https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-svetot-gledashe-vo-rakata-na-morgan-frimen-na-otvoranjeto-na-mundijalot-eve-zoshto-akterot-noseshe-rakavica/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-svetot-gledashe-vo-rakata-na-morgan-frimen-na-otvoranjeto-na-mundijalot-eve-zoshto-akterot-noseshe-rakavica/#respond Mon, 21 Nov 2022 07:07:20 +0000 https://kurir.mk/?p=763969

Морган Фримен вчера учествуваше на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Катар, а сите оние кои го следеа овој настан ја забележаа неговата ракавица на едната рака. Многумина се интересираа за причината за ова, а медиумите потсетија дека славниот актер во 2008 година доживеа сообраќајна несреќа, по што левата рака му остана парализирана. Оваа рака повеќе не е функционална, што значи дека е изложена на ризик од трајно отекување. За да се спречи оток, Фримен носи специјална ракавица за компресија. - Знаете ли дека вообичаено мрдаме со тупаници по милион пати на ден, ја коментираше еднаш актерот својата здравствена состојба кога новинарите го прашаа за тоа. Бидејќи сега тоа не е можно, неопходно е ракавицата да врши притисок за да се одржува протокот на крв и лимфниот проток во добра состојба. Ракавицата е дизајнирана во боја слична на неговата кожа, но сепак се забележува и тој тоа не го крие. Учеството на Фримен на свеченото отворање во Катар беше проследено со разни коментари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-svetot-gledashe-vo-rakata-na-morgan-frimen-na-otvoranjeto-na-mundijalot-eve-zoshto-akterot-noseshe-rakavica/feed/ 0
Демократски сојуз ќе испрати делегација на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-kje-isprati-delegacija-na-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-kje-isprati-delegacija-na-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Sat, 29 Oct 2022 08:24:05 +0000 https://kurir.mk/?p=752263

Делегација на Демократскиот сојуз утре ќе присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија, соопштија од партијата. Демократскиот сојуз смета дека отворањето на овој прв македонски културен клуб во Бугарија, ќе биде добра основа за негување на културните особености на Македонците, како и подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија. Универзално демократско право претставува здружувањето, формирањето граѓански здруженија, културни центри, политички партии и други форми на меѓусебно поврзување, афирмирање на културните различности и меѓусебно почитување и разбирање. Демократскиот сојуз очекува топол прием од граѓаните на Благоеврад, велат оттаму. Во Благоевград ќе присуствува делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Од владејачката СДСМ нема да има ниеден претседавник.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-kje-isprati-delegacija-na-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
ФОТО ВЕСТ: Се отвори српскиот конзулат во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vest-se-otvori-srpskiot-konzulat-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vest-se-otvori-srpskiot-konzulat-vo-ohrid/#respond Sat, 23 Jul 2022 10:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=709269

]]>

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vest-se-otvori-srpskiot-konzulat-vo-ohrid/feed/ 0
Свечено отворање на Олимписки игри во Токио https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoranje-na-olimpiski-igri-vo-tokio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoranje-na-olimpiski-igri-vo-tokio/#respond Fri, 23 Jul 2021 05:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=540601

На „Националниот стадион“ во Токио, денес со почеток во 13 часот по македонско време ќе започне Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020. Церемонијата на стадионот изграден во 2019 година специјално за Игрите ќе се одржи без гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Најавено е и присуство на 15 шефови на држави и меѓународни организации. Од репрезентациите Грција ќе влезе прва во арената, а Јапонија последна. Македонската експедиција ќе има осум натпреварувачи: Знаменосецот Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо – категоријата +80 килограми Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри Филип Деркоски – пливање, 400 метри Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри Јованоска Пулексенија – карате, кати Стојоски Јован – атлетика, трка на 400 метри Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил, 97 килограми. На Олимпијадата која ќе трае до 8 август се очекува да учествуваат приближно 12.500. Игрите во јапонската престолнина требаше да се одржат минатата година, но пандемијата ги одложи 12 месеци. Сепак, проблемот со коронавирусот не е целосно надминат. Напротив, ситуацијата во Токио, од ден на ден се влошува. Северна Кореја и Гвинеја, веќе донесоа одлука да се повлечат од Игрите, а повеќе врвни спортски работници, како и луѓе од организацијата се скептични дека во услови на пандемија, најголемиот спортски светски настан може да помине без проблеми. Од Меѓународниот олимписки комитет се децидни дека Олимписките игри ќе се одржат според зацртаниот натпреварувачки календар и дека со мерките на претпазливост, спортистите ќе бидат безбедни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoranje-na-olimpiski-igri-vo-tokio/feed/ 0
Ќе бидат отворени и граничните премини со Македонија: Денеска ќе биде презентиран планот за отворање на туризмот во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kje-bidat-otvoreni-i-granichnite-premini-so-makedonija-deneska-kje-bide-prezentiran-planot-za-otvoranje-na-turizmot-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kje-bidat-otvoreni-i-granichnite-premini-so-makedonija-deneska-kje-bide-prezentiran-planot-za-otvoranje-na-turizmot-vo-grcija/#respond Thu, 13 May 2021 08:08:36 +0000 https://kurir.mk/?p=509779

Планот на грчката Влада за безбедно отворање на туризмот, како и кампањата на грчката национална туристичка организација, вечерва ќе бидат презентирани на прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис се очекува да го презентира целосниот план за почетокот на сезоната закажан за утре. Во однос на тоа дали со отворањето на туризмот ќе се отворат и копнените граници на Грција за државјаните од соседните земји, како што се Македонија и Албанија, дописничката на МИА од Атина во понеделникот, на брифингот со новинарите побара одговор од портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, која објасни дека „постои конкретен план за безбедното отворање на туризмот и од копнените гранични премини, но сите детали, здравствените протоколи и на кој начин ќе биде отворен туризмот, ќе бидат соопштени кон крајот на неделава од министерот за туризам Харис Теохарис“. Пред два месеца, во рамки на Меѓународниот саем во Берлин, Теохарис соопшти дека Грција ќе го отвори туризмот на 14 мај, под слоганот „All you want is Greece“, под здравствени протоколи, со сертификат за вакцинација или негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 за посетителите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kje-bidat-otvoreni-i-granichnite-premini-so-makedonija-deneska-kje-bide-prezentiran-planot-za-otvoranje-na-turizmot-vo-grcija/feed/ 0
Две години од пожарот што ја уништи Нотр Дам: Причината можеби никогаш нема да се дознае – еве кога ќе се отвори повторно катедралата! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-godini-od-pozarot-shto-ja-unishti-notr-dam-prichinata-mozebi-nikogash-nema-da-se-doznae-eve-koga-kje-se-otvori-povtorno-katedralata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-godini-od-pozarot-shto-ja-unishti-notr-dam-prichinata-mozebi-nikogash-nema-da-se-doznae-eve-koga-kje-se-otvori-povtorno-katedralata/#respond Wed, 14 Apr 2021 08:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=496910

Голем пожар ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз на 15 април 2019 година. Кулата се сруши и голем дел од покривот беше уништен, но пожарникарите сепак успеаја да ја спасат грандиозната средновековна зграда. Патот до обновување, сепак, е долг и тежок и се очекува неговата стара слава да биде вратена дури во април 2024 година, пет години по пожарот. Причината за пожарот сè уште не е утврдена, иако истражителите ја отфрлаат идејата дека тој бил предизвикан намерно. Тие се фокусирани на краток спој или дури и дел од цигара како можни причини. Најмалку две телевизиски драми и еден долгометражен филм за тоа се подготвуваат, така што кобната ноќ и трката за спасување на зградата стара 850 години ќе бидат цврсто запишани во меморијата на јавноста. Претседателот Емануел Макрон утврди веднаш по пожарот дека катедралата треба да се обнови за пет години, што значи дека може да биде отворена за посети кога Париз ќе ги организира Олимписките игри летото 2024 година. - Ќе се вратиме во катедралата за богослужба во 2024 година. Но, има уште многу работа да се заврши, рече Жан-Луис Георгерин, поранешен генерал кого Макрон го имаше за задача да го води реновирањето. Работата допрва треба да започне. Досега е направена работа за обезбедување на зградата, вклучително и макотрпно отстранување на 40.000 парчиња скелиња калцифицирани во пожарот. Тоа треба да заврши до летото, така што вистинското реновирање ќе може да започне на почетокот на следната година. Целта е да се одржи првата комплетна богослужба во реновираната катедрала на 15 април 2024 година, и покрај одложувањата заради пандемијата. Причината за пожарот можеби никогаш нема да се дознае На реконструкцијата ќе и помогнат скоро 833 милиони евра донации собрани на национално и меѓународно ниво веднаш по пожарот, иако само тоа можеби не е доволно за да се заврши. Од таа сума, 70 милиони евра дојдоа од странство, половина од САД. Веќе се сушат 1.000 специјално избрани дабови трупци, кои ќе се користат за обнова на кулата, која ќе биде изградена како што беше, иако Макрон беше во искушение да се модернизира. Внатрешноста на катедралата денес е полна со скелиња опкружени со мрежи и церади и работници кои трчаат наоколу. Заедно со стотици експерти кои се обидуваат да ја обезбедат и реновираат катедралата, се спроведува истрага за причините за пожарот. Таа фаза сега е завршена, па може да започне повеќемесечен процес на анализа на собраните докази, изјави извор близок на истрагата. Неколку пропусти беа откриени во безбедноста на катедралата, пред се во алармниот систем, што значи дека пожарникарите биле известени доцна, како и во електрониката на еден лифт. Интервјуирани се околу сто сведоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-godini-od-pozarot-shto-ja-unishti-notr-dam-prichinata-mozebi-nikogash-nema-da-se-doznae-eve-koga-kje-se-otvori-povtorno-katedralata/feed/ 0
Отворањето на Европското фудбалско првенство со навивачи во Рим https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/otvoranjeto-na-evropskoto-fudbalsko-prvenstvo-so-navivachi-vo-rim/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/otvoranjeto-na-evropskoto-fudbalsko-prvenstvo-so-navivachi-vo-rim/#respond Fri, 26 Mar 2021 17:49:50 +0000 https://kurir.mk/?p=488312

Натпреварот меѓу Италија и Турција, со кој на 11 јуни во Рим ќе биде отворено Европското првенство (ЕП) во фудбал, ќе се одигра во присуство на гледачи и покрај пандемијата со Ковид-19, потврди претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина. Тој денеска на прес-конференција во Рим соопшти дека публиката ќе биде присутна на стадионот „Олимпико“, но не ја прецизираше бројката на навивачи. – Сè уште не знам колку гледачи ќе има, но сигурно ќе има многу луѓе, најави првиот човек на италијанскиот фудбал. Италија е една од 12-те земји домаќини на претстојното ЕП, а во услови на пандемија на коронавирус на европскиот континент плановите за одржување на едномесечниот турнир сè уште не се прецизирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/otvoranjeto-na-evropskoto-fudbalsko-prvenstvo-so-navivachi-vo-rim/feed/ 0
Во Чешка повторно отворени баровите, рестораните и продавниците (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-cheshka-povtorno-otvoreni-barovite-restoranite-i-prodavnicite-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-cheshka-povtorno-otvoreni-barovite-restoranite-i-prodavnicite-video/#respond Thu, 03 Dec 2020 20:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=438440

Откако со недели се бореа со една од најлошите локални епидемии на коронавирус и покрај стравувањата дека повторното отворање може да го разгори, Чесите побрзаа во продавниците,на фризери, ресторани и кафулиња, со ограничен број луѓе. „Ова е голема работа и мислам дека придонесува за божиќната атмосфера“, рече Марсела Jудлова која купувала на централниот плоштад во Прага.Дневните инфекции, сепак, сè уште се бројат со илјадници, а стапката на смртност е сè уште една од највисоките во Европа. Соседните земји засега остануваат затворени. Германија вчера објави дека ќе ги продолжи мерките, вклучително и затворање на рестораните до 10 јануари 2021 година. „Го чекавме ова два месеци“, вели универзитетскиот професор Јан Кочи, кој заедно со колегите бил во паб во Прага. „Пиевме едно пиво за ручек и уште три после тоа.Хавел Паркан, сопственик на барот „Џерихо“ во Прага, рече дека е полн во наредните два дена, што е големо олеснување откако неговиот промет опаднал за 80 проценти минатиот месец. За продавниците за облека, повторното отворање дава трошка надеж дека нешто сè уште може да заразботат во сезоната на празници.„Беше апсолутно катастрофално, бидејќи бевме затворени 40 дена и без никакви приходи“, изјавил сопственикот Вацлав Хрбек. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-cheshka-povtorno-otvoreni-barovite-restoranite-i-prodavnicite-video/feed/ 0
Земјите во регионот разговараат за отворање на границите без тестови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjite-vo-regionot-razgovaraat-za-otvoranje-na-granicite-bez-testovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjite-vo-regionot-razgovaraat-za-otvoranje-na-granicite-bez-testovi/#respond Sun, 27 Sep 2020 10:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=409137

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во регионот разговараат во еден момент да ги отворорат границите со изедначена политика во однос на ПЦР тестовите. Идејата е да се отворат границите без тие тестови, истакна Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали македонските граѓани ќе можат да излезат од границите во регионот. -Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција, ќе заземеме заеднички став, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjite-vo-regionot-razgovaraat-za-otvoranje-na-granicite-bez-testovi/feed/ 0
Нефи Усеини од бегство си отвори фирма во Битола (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nefi-useini-od-begstvo-si-otvori-firma-vo-bitola-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nefi-useini-od-begstvo-si-otvori-firma-vo-bitola-foto/#respond Tue, 25 Aug 2020 11:38:27 +0000 https://kurir.mk/?p=395161

Охридскиот советник, бизнисмен и бегалец од правдата Нефи Усеини го проширува бизнисот. Тој е во бегство, но тоа не го спречи да си отвори нова фирма во Битола за производство на градежни материјали. Фирмата Бетон 2020 Н&О ДОО Битола е партнерска заедно со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител. Денес е шестиот ден како полицијата не може да го лоцира Усеини за кого е определена мерка притвор и е во бегство. За овој случај полицијата и охридското обвинителство ги гонат Нефи Усеини и неговиот брат за две кривични дела, насилство и недозволено држење на оружје откако на снимки од безбедносните камери на местото на инцидентот е снимен инцидентот. Потрагата по Усеини продолжува и покрај пишаната амнестирачка изјава од неговата жртва Спирко Топалоски кој ја смени првичната изјава и сега тврди дека само се скарале со советникот и не видел пиштол. По барање на судот, обвинителството му определи притвор од осум дена, но наместо да биде во ќелија тој си отвори нова фирма. 42- годишниот Усеини е советник на ДУИ во општината Охрид и истовремено бизнисмен кој гради и поседува дивоградби во градот и околината и кои досега не се урнати, освен бетонската база на влезот во Охрид. Нефи Усеини низ годините имал многу кривични пријави, но само една условна пресуда. Тој бил гонет за насилство, тешки кражби, предизвикување општа опасност, фалсификување патни исправи, загорзување на безбедност, но не одлежал ниту еден ден затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nefi-useini-od-begstvo-si-otvori-firma-vo-bitola-foto/feed/ 0