Отворен Балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 13:42:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Отворен Балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Иницијативите најдобро се мерат според резултатите, Отворен Балкан ќе остане отворен за сите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-initsijativite-najdobro-se-merat-spored-rezultatite-otvoren-balkan-ke-ostane-otvoren-za-site/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-initsijativite-najdobro-se-merat-spored-rezultatite-otvoren-balkan-ke-ostane-otvoren-za-site/#respond Thu, 06 Jul 2023 13:42:16 +0000 https://kurir.mk/?p=853652

Отворен Балкан е произлезен од регионот и таа иницијатива во никаков случај не е во спротивност со која било друга иницијатива, особено не со Берлинскиот процес. Произлезен како идеја од три земји од регионот е секогаш отворена и за сите други земји од регионот, без разлика дали се тие членки на ЕУ или не се членки на ЕУ и таа секогаш ќе остане отворена за сите. Ова го истакна премиерот Ковачевски на заедничката прес – конференција со албанскиот колега Еди Рама кој денеска престојува во еднодневна работна посета на земјава. Тој при тоа потсети дека на дел од состаноците на оваа иницијатива присуствуваа и министри за надворешни работи на Турција, Унгарија, а како гости на Самитот учествува и премиер на БиХ и на Црна Гора. -Иницијативите најдобро се мерат според резултатите. Значи нешто кога работите најдобро ќе дадете оценка кога ќе го видите резултатот. Јас сега ќе ви кажам, дел од резултатите коишто произлегоа за граѓаните и за компаниите во овие три земји. Значи во Македонија, Албанија и Србија. Надворешно трговската размена помеѓу Македонија и Србија во однос на 2019 година е зголемена за 50 проценти. Надворешна трговската размена помеѓу Албанија и Македонија во однос на 2019 година е зголемена за 40 проценти. Туристичката размена односно бројот на туристи од Србија во Македонија е зголемена минатата година во однос на 2021 за 500 проценти. Македонија не можеше да замисли, ниту пак Албанија сама или Србија вклучително, да го имаат најголемиот штанд на најголемиот саем за вино во Италија, светски саем. Трите земји заедно во Верона, на Винитали го имавме најголемиот штанд на најголемиот саем. Тоа е можно ако отидете заедно. И тоа ќе го потврдат сите наши винарии. Благодарение на тоа Макеоднија , нејзините вино производители го зголемуваат своето учество во продажбата на вино не само во регионот, туку во светот. Ние сме втор регионален извозник на вино, посочи Ковачевски на новинарско прашање. Тоа што во Берлинскиот процес, вели, се мачеа со години да го направат – признавање на висококвалификуван кадар, на дипломи, слободно движење со лични карти и тн. беше направено во рамки на Отворен Балкан. Сега, вели, ќе го направиме и во рамки на Берлински процес, бидејќи покажавме дека може да се направи. -Резултатите коишто ги даде Отворен Балкан и којшто има поддршка над 70 проценти меѓу граѓаните и компаниите, во сите три држави остануваат, ќе се работи на нови бидејќи мисијата на интеграцијата како императив, а којшто финална цел е интеграција на сите земји во ЕУ, не завршена. Берлинскиот процес е поширока иницијатива, ќе работиме заедно на неа во рамки на Берлинскиот процес конечно се потпишаа три договори, коишто се депонирани во нашето МНР, што значи дека со самото тоа Македонија има свој значаен углед во Берлинскиот процес, додаде Ковачевски. Потсети дека пред една недела се сретна со германскиот канцелар Шолц при што разговарале за Берлинскиот процес и за потребата на зголемување на економската соработка меѓу земјите од Западен Балкан и на зголемена поддршка од земјите од ЕУ за земјите од регионов. -Секоја земја која што не се приклучила кон Отворен Балкан, таа всушност не можела да им овозможи на своите граѓани зголемена трговија, зголемена мобилност и зголемен животен стандард. Јас многу пати повторувам и пак повторувам најлесно е да бидете политичар којшто зборува за минатото, бидејќи тогаш ништо не ветувате. Кога зборувате за минатото тогаш не можете нешто да ветите. Тешко е да бидете политичар којшто зборува за иднината, за соработка за интеграции, бидејќи тогаш давате ветувања од коишто луѓето очекуваат подобар живот. Затоа би ги повикал сите лидери на Западен Балкан да се посветат кон интеграциските процеси во регионот и кон забрзано имплементирање на реформите за побрза интеграција на нивните земји,а со тоа и регионот во ЕУ, порача премиерот Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovachevski-initsijativite-najdobro-se-merat-spored-rezultatite-otvoren-balkan-ke-ostane-otvoren-za-site/feed/ 0
Отворен Балкан на културно поле почнува со Гала-концерт на Зубин Мехта и Филхармонијата во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvoren-balkan-na-kulturno-pole-pochnuva-so-gala-kontsert-na-zubin-mehta-i-filharmonijata-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvoren-balkan-na-kulturno-pole-pochnuva-so-gala-kontsert-na-zubin-mehta-i-filharmonijata-vo-belgrad/#respond Mon, 19 Jun 2023 12:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=847407

Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува утре со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а потоа следи гостување на 22 јуни во Тирана и на 24 јуни во Скопје, со што ќе се означи почетокот на соработката на оваа иницијатива на полето на културата, јави дописникот на МИА од Белград. Во неделата што претстои, иницијативата Отворен Балкан (ОБ) ќе ја открие и својата културна димензија. Помирување и културна толеранција, отворањето нови канали за комуникација за независните културни организации, нудење можност за регионално вмрежување, ќе биде нов чекор и задача во соработката на земјите од регионот. Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ, најавувајќи го почетокот на реализација на Отворен Балкан на културно поле, за РТС изјави дека иницијативата ОБ беше создадена најпрвин како платформа важна за економска соработка на земјите од ОБ или на оние кои ќе се приклучат во иднина, но на самитот во Охрид на министрите за култура се роди идејата, таа дефинитивно да се прошири и на културниот сегмент. - По тој повод во Охрид ние тројцата како министри за култура на Србија, Северна Македонија и Албанија потпишавме меморандум за соработка во сите сегменти на културата, рече Гојковиќ. „Сега веќе имаме соработка во областа на националниот театар што го почна Светислав Гонциќ, потпишаа и договори, три претстави, опери, балети, а се договоривме иницијативата Отворен Балкан во областа на културата да започне токму со прославата на стогодишнината на Белградската филхармонија, каде Зубин Мехта предложи да се одржат три концерти, првиот е во Белград, утрешниот Гала-концерт во присуство на министерката за култура на Северна Македонија, а потоа ќе се оди во Скопје и Тирана, со што ќе го означиме почетокот на нашата голема соработка во областа на културата, рече таа. Гојковиќ најави и дека уметници од сите три земји на 13 јули во Културниот центар на Србија во Париз со голема премиера заеднички ќе имаат изложба „што е значајно за креативност на овие земји да се претстават во странство и ќе покажеме што ги обединува овие три земји во областа на културното и природното наследство“. - Кустосот е личност која е многу позната во меѓународните кругови, како некој што е значаен за уметничкото творештво, таа избра тројца автори од трите земји, а Србија ја претставува Нина Кнежевиќ. Сите тројца уметници добија задача да го проучуваат она што не обединува на Балканот и во областа на заштитата на животната средина, културното наследство и сите тројца уметници ќе одговорат токму на таа тема, рече Гојковиќ. Таа додаде дека наредната година во КИЦ на Србија во Париз, за време на Олимпијадата, уметниците од Отворен Балкан ќе имаат шест месеци настап и презентација. Диригентот Зубин Мехта со својот успешен настап во Белград ја започнува својата регионална турнеја како дел од иницијативата Отворен Балкан, а ќе ја предводи Филхармонијата на концертите во Тирана на 22 јуни и во Скопје на 24 јуни. На програмата на сите три концерти се Симфонијата бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз. - Многу сум среќен што ќе свириме во Северна Македонија и Албанија. Прв пат ќе настапам во Тирана, а по втор пат ќе бидам во Скопје. Бев во Скопје во 1963 година по разорниот земјотрес … Сигурен сум дека и во Скопје и во Тирана ќе имаме одлични концерти со Белградската филхармонија, изјави Мехта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvoren-balkan-na-kulturno-pole-pochnuva-so-gala-kontsert-na-zubin-mehta-i-filharmonijata-vo-belgrad/feed/ 0
Момировиќ: Приоритет на Србија е понатамошен развој на иницијативата Отворен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/momirovik-prioritet-na-srbija-e-ponatamoshen-razvoj-na-initsijativata-otvoren-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/momirovik-prioritet-na-srbija-e-ponatamoshen-razvoj-na-initsijativata-otvoren-balkan/#respond Wed, 07 Jun 2023 13:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=843241

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ, денеска на панелот „Градење доверба: Србија, Отворен Балкан и ЕУ“ во рамки на Конференцијата „Отворен Балкан - Форум 2“ изјави дека еден од политичките приоритети на Србија е натамошниот развој на иницијатива „Отворе Балкан“ и подлабока економска интеграција на Србија, Албанија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Од јули очекуваме дополнителна либерализација на пазарот на труд, кога работниците од која било од овие три земји со идентификациони броеви на „Отворен Балкан“ ќе можат да се вработат во овие земји без дополнителни административни бариери, подвлече Момировиќ, се наведува во соопштението од ресорното министерство. Момировиќ додаде дека нема успешна и брза европска интеграција на регионот ако ние како соседи на Балканот прво не се интегрираме економски, бидејќи нашите пазари се поврзани, нашите компании се поврзани и регионалната економска интеграција „Отворен Балкан“ веќе покажува индиректен ефект на процесот на пристапување во ЕУ и дека регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ има за цел да создаде единствен регионален пазар заснован на принципите на единствениот пазар на ЕУ, а ние во Србија сакаме да видиме и други земји во регионот како дел од оваа економска иницијатива. -За само неколку години од економската иницијатива „Отворен Балкан“ успеавме да укинеме голем број такси и сертификати, непотребни административни процедури и бариери на границите, потсети министерот. Момировиќ нагласи дека тоа придонесе во некои случаи времето за извоз-увоз на прехранбени производи да се намали и до 50 отсто, а директните трошоци за даноци и такси се намалени и до 80 отсто, што резултираше со зголемување во обемот на трговската размена во регионот „Отворен Балкан“ за повеќе од 30 проценти. Тој истакна дека трговската размена на Србија со Босна и Херцеговина (БиХ) е поголема од трговската размена со сите други земји во регионот заедно, а тоа е голем и недоволно искористен економски сојуз на кој мора да работиме уште поинтензивно. Момировиќ истакна дека местото на БиХ е во иницијативата „Отворен Балкан“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/momirovik-prioritet-na-srbija-e-ponatamoshen-razvoj-na-initsijativata-otvoren-balkan/feed/ 0
Хил: Отворен Балкан е создавање на смисла за добрососедство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hil-otvoren-balkan-e-sozdavane-na-smisla-za-dobrososedstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hil-otvoren-balkan-e-sozdavane-na-smisla-za-dobrososedstvo/#respond Wed, 03 May 2023 12:19:32 +0000 https://kurir.mk/?p=830130

Отворен Балкан е создавање на смисла за добрососедство. Тој прави границите да не разделуваат, туку да спојуваат и она што е важно за секоја регионална интеграција, особено во Западен Балкан е да се биде отворен, истакна Кристофер Хил, амбасадор на САД во Република Србија и поранешен американски амбасадор во Северна Македонија. На денешната конференција „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, Хил посочи дека поентата на Отворен Балкан е да се креира чувство на заедништво и начин на функционирање со соседството. Според него, регионалната интеграција е важна, како и границите кои не ги делат луѓето, туку обединуваат. -Отворен Балкан создава добрососедство и го олеснува протокот на движење на границите. Поентата на иницијативата е да се создадат начини на соработка со соседите, истакна амбасадорот Хил, по што се осврна на дијалогот меѓу Србија и Косово, како и ситуацијата во Босна и Херцеговина, како најголеми регионални предизвици во моментов. На прашањето дали има надеж да се донесе американскиот оптимизам на Балканот, тој одговори дека смета оти имаме репутација за оптимизам. -Искрено, ако одите во САД може и да се соочите со некои други работи во тој дел. Но, искрено, бев тука во 1996 година и немаше многу причини да се чувствувате многу оптимистични, а видете што се случува во овој период, рече тој, дополнувајќи дека луѓето имаат свои очекувања, а кога ќе го подигнете нивото на очекувања, тогаш оптимизмот се намалува. Според Хил, доколку погледнеме што се случува во оваа земја во последните 30 години, како што рече „не може да бидете ништо друго, само оптимистичен“. Во делот со корупцијата и трговијата со наркотици, тој одговори дека тоа е проблем, но, како што рече, не е ексклузивен проблем само на Балканот, постои и во другите делови на светот. - Моето лично гледиште е дека граѓаните треба да ги сметаат лидерите за одговорни. Но, сметам дека фокусот треба да биде на институциите, рече тој. Хил смета дека раководството на Русија, како што рече, „ја однесе цивилизацијата во шумата“. -Ваквото раководство во Русија ја однесе цивилизацијата во шумата. Трагедија е што направија на Украина, огромна трагедија, но, исто така, огромна трагедија што самите си направија на себе. Мораме и кога ќе кажам ние, зборувам за САД и сојузниците, мора да бидеме победници, мора да бидеме јасни дека не смеете да го нападнете соседот и да им ги убивате децата на своите соседи, ова е многу емоционално. Но, една од оние работи што во животот не се соочуваме секоја година, но, има работи за кои што мора да бидеме на чисто и да бидеме подготвени да се справиме сè додека не надвладееме, рече тој. На настанот прашање во врска со кибер нападите му беше поставено и на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој истакна дека што се однесува до безбедносната состојба, Северна Македонија има особено важна геостратешка позиција, а тогаш и безбедносните проблеми се сериозни. -Ние како МВР предупредувавме години наназад. Сега во нашата држава и регионот се случува тоа што се случуваше три години пред инвазијата на Русија врз Украина. Кибер заканите обзнанија дека институциите треба да се подготват. Имавме неколку месеци жестоки напади преку електронски закани токму во образованието, а засегнати беа сите во општеството, родителите, учениците, наставниците. Тоа беше сериозен предизвик, но, со меѓуинституционален одговор, соработка и комуникација со безбедносните служби, АНБ, АР, како и нови упатства и протоколи за сериозно дејствување против заканите, истите практично престанаа. Ова само укажува на хибридна војна во целиот регион, со лажни вести и обиди за рушење на перспективите на Република Северна Македонија во ЕУ, рече министерот Спасовски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hil-otvoren-balkan-e-sozdavane-na-smisla-za-dobrososedstvo/feed/ 0
Од јуни или јули либерализација на пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-juni-ili-juli-liberalizatsija-na-pazarot-na-trud-vo-zemjite-od-otvoren-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-juni-ili-juli-liberalizatsija-na-pazarot-na-trud-vo-zemjite-od-otvoren-balkan/#respond Sun, 02 Apr 2023 14:44:37 +0000 https://kurir.mk/?p=819128

Во текот на јуни или јули се очекува да стартува либерализацијата на пазарот на трудот со што ќе бидат отстранети работните дозволи за граѓаните од трите земји - еден од најважните проекти на иницијативата Отворен Балкан, беше кажано на заедничката прес-конференција по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со албанскиот колга Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ во Бардолино, Италија. -Наместо дозволите за работа да се добиваат за шест месеци ако некој од Крушевац сака да работи во Скопје, или од Врање во Куманово, или од Струга во Елбасан, сега секоj граѓанин на националниот портал е-услуги ќе може да го добие идентификацискиот број за Отворен Балкан и со тоа ќе може да апликацира за одреди дозволи, социјално осигурување и за неколку дена да ги добие. Зошто е тоа важно, бидејки ќе им овозможи на компаниите побрзо да ангажираат работници. Со тоа што побрзо ќе добиваат работни дозволи, тие ќе можат веднаш да почнат да работат. Што побрзо почнат да работат, побрзо ќе произведуваат, а со тоа и ќе остваруваат побрз раст на БДП, а тоа е она што им теба на нашите луѓе. Потребен им е животен стандард на ниво на ЕУ, но во нашите земји, рече Ковачевски, одговрајќи на новинарско прашање. Со значењето на овој проект се согласни и Вучиќ и Рама, а тоа било и едно од прашањата за које разговарале на трилатералната средба. Пo прес-конференцијата Ковачевски, Вучиќ и Рама присуствуваа на презентацијата на вината од трите земји на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan“/Винска визија на Отворен Балкан на саемот „ВинИтали“. Тројцата лидери заедно со италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани посетија и некои од штандовите на италијанските производители на вина кои се претставени по региони. Република Македонија на годинашниот Саем на вино и алкохолни пијалоци во Верона учествува со над 60 видови најквалитетно македонско вино, со присуство на 14 македонски винарии и тројца врвни сомелиери. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-juni-ili-juli-liberalizatsija-na-pazarot-na-trud-vo-zemjite-od-otvoren-balkan/feed/ 0
Ангеловска–Божоска за „Новости“: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bozoska-za-novosti-blagodarenie-na-otvoren-balkan-razmenata-so-srbija-zgolemena-za-20-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bozoska-za-novosti-blagodarenie-na-otvoren-balkan-razmenata-so-srbija-zgolemena-za-20-otsto/#respond Mon, 19 Dec 2022 13:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=777601

Гувернерката на Народната банка на Северна Македонија, Анита Ангеловска Божоска, оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати бидејќи трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. -Ефект може да има и напорите за поврзување на пазарот на трудот во услови кога сите три земји се соочуваат со намалување на работоспособното население. Зголемената интеграција може да ги направи економиите поконкурентни и поатрактивни за директни странски инвестиции, заклучи гувернерката на НБСМ во интервју за белградски „Вечерње новости“. Таа оцени дека НБРСМ има добра соработка со Народната банка на Србија и го наведе примерот со вклучувањето на динарот и денарот во курсевите на две национални банки, што овозможило тргување со тие валути на домашните пазари и ја олеснило економската соработка меѓу двете земји. Ангеловска Божоска рече дека централните банки на Северна Македонија и Србија постигнале високо ниво на подготвеност да преминат на еврото. -Двете земји видно работат во континуитет за да обезбедат, кога ќе дојде моментот, побрзо да поминат низ процесот на монетарна интеграција. Првиот услов е полноправно членство во ЕУ. Вториот е исполнување на критериумите од Мастрихт, а двете земји на овој план покажаа добри перформанси, што укажува на висок степен на подготвеност. На крајот на краиштата, извештајот на Европската комисија укажува на ваквите констатации, рече гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска Божоска за „Вечерње новости“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bozoska-za-novosti-blagodarenie-na-otvoren-balkan-razmenata-so-srbija-zgolemena-za-20-otsto/feed/ 0
Земјите-членки на Отворен Балкан потпишаа Договор за обезбеденост со храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjite-chlenki-na-otvoren-balkan-potpishaa-dogovor-za-obezbedenost-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjite-chlenki-na-otvoren-balkan-potpishaa-dogovor-za-obezbedenost-so-hrana/#respond Fri, 02 Sep 2022 13:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=727842

Во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ денеска, Северна Македонија, Србија и Албанија, потпишаа Договор за обезбеденост со храна. Како што објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил, Договорот ќе овозможи земјите членки на Отворен Балкан да си помагаат меѓусебно во случај на прекин на синџирите на снабдувањето со храна како последица од глобалната криза. -Денеска постигнавме уште еден голем успех, уште една цел од која најголем бенефит ќе имаат нашите народи. Ви честитам на сите, нашите влади со потпишувањето на Договорот за обезбеденост за храна покажаа вистинска грижа за својот народ. Овој Договор е само почеток на една многу поголема идеја, а тоа е развивање на сеопфатен акциски план за долгорочна обезбеденост со храна, кој е проектиран до 2030 година. Ја реафирмираме солидарноста како основен принцип на Отворен Балкан, ја зајакнуваме регионалната соработка, ги отвораме границите за непрекината трговска размена и овозможуваме стабилен и непречен проток во снабдувањето на основните земјоделско-прехранбени производи без никакви ограничувања, наведува Николовски. Договорот, дополнува министерот, е уште една потврда дека Србија, Албанија и Северна Македонија се заедно во овие тешки времиња. -Благодарение на Отворен Балкан, водени од една заедничка цел, сега кога е најтешко, во услови на криза, со отворени граници обезбедуваме доволно храна за нашите три соседни народи, за нашите пријателски земји. За таа цел денеска потпишуваме Договор за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан. Согласно Договорот, доколку некоја од земјите се соочи со недостаток на храна, другите две земји искажуваат силна подготвеност да помогнат со тоа што нема да има забрани за тргување со основните земјоделско прехранбени производи. Ова е Отворен Балкан, ова се три пријателски влади, три соседни народи соединети со јасна визија за тоа како треба да изгледа вистинско добрососедство, базирано на солидарност, потенцира Николовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjite-chlenki-na-otvoren-balkan-potpishaa-dogovor-za-obezbedenost-so-hrana/feed/ 0
Вучиќ и Рама на Винска визија Отворен Балкан: Имаме со што да се гордееме https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-rama-na-vinska-vizija-otvoren-balkan-imame-so-shto-da-se-gordeeme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-rama-na-vinska-vizija-otvoren-balkan-imame-so-shto-da-se-gordeeme/#respond Thu, 01 Sep 2022 14:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=727335

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград изјави дека денеска е голем и посебен ден и дека на саемот нема човек кој не насмеан, јави дописиникот на МИА од Белград. Тој истакна дека има посетено многу европски саеми, но дека малку места во Европа го направиле тоа така добро како Отврен Балкан во Белград. – Имаме многу да се гордееме и со она што го направивме, заедно покажавме не само дека можеме да бидеме дел од светот, туку дека можеме да се натпреваруваме во многу работи и да бидеме подобри во различни сфери на општествениот живот и во сите важни работи, нагласи Вучиќ. Тој рече дека денеска се гледа колку е важна и отворена иницијативата Отворен Балкан. Вучиќ истакна дека е задоволен затоа што, и покрај тоа што септември е тежок за винарите, на саемот во Белград се собраа винари од Србија, Северна Македонија, Албанија, Италија, Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и многу други земји. Тој ги повика граѓаните на Белград и Србија од денеска попладне до недела да дојдат да ги вкусат најдобрите вина од регионот и светот. – Денеска Белград и Отворениот Балкан се светска престолнина на виното, а гостите ги пречекуваме со отворено срце, нагласи Вучиќ. Албанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Саемот за вино рече дека регионалната иницијатива Отворен Балкан е многу повеќе од економија и трговија, но и многу повеќе од политика. – Отворениот Балкан е производ на мирот кој ќе биде одржлив, проект на единство во мир со визија за иднината, за ова мало соседство во срцето на Европа повеќе да не страда од остатоците од минатото, туку да стане место на иднината на нашите млади, рече Рама. Тој изјави дека решил да не го чита говорот што му бил напишан, а кој започнал со тоа што во Албанија првото вино го направиле уште во бронзеното време и истакна дека не знам колку е тоа точно, но дека знае дека изгубивме многу време во докажуваме кој бил најстар, кој прв направил нешто и кој полага право да живее овде. Тој наведе дека сите научивме дека од овде никој нема да оди никаде на друго место, бидејќи ние ќе останеме овде и по многу векови. – Нашиот избор е едноставен, како можеме да останеме на овој простор и да бидеме заедно во исто европско соседство обидувајќи се да го направиме помирно за нашите народи или можеме да фрламе камења едни на други и да се подметнуваме едни на други, како што тоа го правиме со години, рече албанскиот премиер. Рама изјави и дека саемот Винска визија на отворен Балкан е на високо европско ниво. Повеќе од 350 компании од 39 земји закажаа 420 деловни средби во рамки на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, што трае до 4 септември. Саемот се одржува под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“. Настанот ја собира винската елита, најеминентните винари, лозари, мајстори на визби, енолози, сомелиери, дистрибутери и трговци со вино и ќе го промовира Балканот како оригинална туристичка и географска дестинација и богатството на автохтони вински сорти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-rama-na-vinska-vizija-otvoren-balkan-imame-so-shto-da-se-gordeeme/feed/ 0
Хил: Отворен Балкан е ефикасна алатка за зближување на државите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hil-otvoren-balkan-e-efikasna-alatka-za-zblizuvanje-na-drzavite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hil-otvoren-balkan-e-efikasna-alatka-za-zblizuvanje-na-drzavite/#respond Wed, 31 Aug 2022 17:23:25 +0000 https://kurir.mk/?p=726880

Регионалната иницијатива Отворен Балкан е ефективна алатка за земјите да ги користат границите со цел да за да се зближат, а не да се делат, порача на Твитер американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, пред самитот Отворен Балкан во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Хил, како одговор на прашањето поставено до него преку Твитер, дали Отворен Балкан е исклучок во рамките на координираните настапи и комплементарни интереси на САД и клучните европски земји на овие простори и дали САД сметаат дека овој проект може да заживее и без поддршка од ЕУ и од клучните членки на ЕУ, рече дека е важно што идејата за ОБ дојде од самиот Балкан, а не е наметната од некои странски влади. – Навистина се работи за тоа земјите од Балканот да бараат начини за подобра соработка. Мислам дека тоа е многу ефикасна алатка за земјите да ги користат границите за да ги зближат, а не да ги делат, така што американската влада и јас го поддржуваме тоа, рече Хил во видео – порака. Американскиот амбасадор во Белград истакна дека Отворен Балкан, исто така, им помага на земјите да постигнат договори, од намалување на метежот на границите до овозможување дипломи да се прифатат во различни земји. Тој додаде дека иницијативата Отворен Балкан е пример за нови форми на соработка. Како што рече, сосема е јасно дека иднината на земјите од Отворениот Балкан е во Европска Унија. – Мислам дека Отворениот Балкан ќе и помогне на ЕУ и ќе донесе решение, а не проблеми, заклучи Хил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hil-otvoren-balkan-e-efikasna-alatka-za-zblizuvanje-na-drzavite/feed/ 0
Вучиќ: „Винска визија на Отворен Балкан“ е можност сите гости на вистински начин да го запознаат Балканот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-vinska-vizija-na-otvoren-balkan-e-moznost-site-gosti-na-vistinski-nachin-da-go-zapoznaat-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-vinska-vizija-na-otvoren-balkan-e-moznost-site-gosti-na-vistinski-nachin-da-go-zapoznaat-balkanot/#respond Wed, 31 Aug 2022 17:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=726879

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска им посака добредојде на учесниците на претстојниот меѓународен саем Винска визија на Отворен Балкан, што почнува утре во Белград, нагласувајќи дека тоа е можност сите гости на вистински начин да го запознаат Балканот. – Драги пријатели, ве очекуваме на најдобриот настан за оваа година – саемот Винска визија на Отворен Балкан! Белград го отвори своето срце за сите гости кои во наредните денови на вистински начин ќе го запознаат нашиот Балкан и најдоброто што има да го понуди. Добредојдовте во Белград, наведе српскиот претседател на Инстаграм. Претседателот Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Македонија Димитар Ковачевски утре ќе присуствуваат на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, што ќе трае до 4 септември. Саемот се одржува под покровителство на владите на Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија, а се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 43 винарии и три дестилерии ќе дојдат од Северна Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, се очекуваат изложувачи и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. Со оглед дека и храната ќе биде во фокусот, како вид традиција, ќе има по пет мастер шефови од Северна Македонија, од Србија и од Албанија, како и специјален гостин изненадување. На манифестацијата ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, се резервирани за туризмот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-vinska-vizija-na-otvoren-balkan-e-moznost-site-gosti-na-vistinski-nachin-da-go-zapoznaat-balkanot/feed/ 0