отворен ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 14:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отворен ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворен ден за посета на спомен собата на Киро Глигоров во Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-za-poseta-na-spomen-sobata-na-kiro-gligorov-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-za-poseta-na-spomen-sobata-na-kiro-gligorov-vo-shtip/#respond Tue, 02 May 2023 14:09:10 +0000 https://kurir.mk/?p=829764

Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ утре организира отворен ден за посета на спомен собата на Киро Глигоров. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип вели дека по повод денот на раѓањето на Глигоров, граѓаните може да ја посетат спомен собата и да се запознаат преку фотографии, предмети, експонати со личниот и професионален живот на Глигоров. -Ја продолжуваме таа традиција, утре е отворен ден на спомен собата на Глигоров и ќе дојдат има веќе најавено и организирани посети ама и граѓани кои по сопствена инцијатива ќе дојдат да ја посетат спомен собата. Ние во рамките на тоа ќе им понудиме да може да ја погледнат изложбата од фотографии кои го отсликуваат животот на Глигоров, од неговото раѓање, школување, учеството во НОБ, во СФРЈ, сведоштво од двата мандати на претседателот Глигоров, како и фотографии од неговиот личен живот, вели Панајотов. Тој истакна Глигоров беше скромна личност и за која вреди да се научи нешто плус. -Во суштина претседателот Глигоров беше многу скромна личност. Тој не истакнуваше некои работи кои навистина биле важни, значајни чекори кои ги преземал и како функционер, но и како човек. Лично задоволство ми е што имав прилика да допрам до документи кои многу малку се знаат од јавноста за Глигоров и тука неговата скромност доаѓа до израз, рече Панајотов. Тој ги повика граѓаните да ја посетат спомен собата на Глигоров која утре е отворена. Забележува дека оваа спомен соба може да се посети и секој работен ден од понeделник до петок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-za-poseta-na-spomen-sobata-na-kiro-gligorov-vo-shtip/feed/ 0
Отворен Ден за граѓаните во касарните во Скопје, Штип и Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-za-graganite-vo-kasarnite-vo-skopje-shtip-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-za-graganite-vo-kasarnite-vo-skopje-shtip-i-tetovo/#respond Tue, 04 Apr 2023 05:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=819790

Армијата на Република Северна Македонија денеска, со почеток од 10 часот, организира отворен ден за граѓаните во касарните „Илинден“ во Скопје, „Јане Сандански“ во Штип и „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово, како дел од активностите за одбележување на Денот на НАТО и три години од нашето полноправно членство во Алијансата. - За време на отворениот ден ќе се прикажат дел од средствата и опремата, како и воено показни вежби од единиците на Армијата стационирани во наведените касарни со кои присутните ќе имаат можност поблиску да се запознаат со опремата и обученоста на припадниците на АРСМ, информираат од Армијата. Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на наведените активности потребно е да пристигнат пред влезот во касарните во период од 09.30 до 10.00 часот, поради потребните процедури за влез.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-za-graganite-vo-kasarnite-vo-skopje-shtip-i-tetovo/feed/ 0
Отворен ден на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim-2/#respond Fri, 02 Dec 2022 06:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=769836

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите, ќе се одржи „Отворен ден на УКИМ“. Како што информираат од УКИМ, на Отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера. – Идните студенти ќе имаат можност да ги запознаат одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности, посочуваат од УКИМ. Исто така, присутните на отворениот ден ќе имаат можност да прошетаат низ факултетите на УКИМ, да се запознаат со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории… Мотото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е традиција, потврдени вредности и квалитет!.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim-2/feed/ 0
„Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-vo-skopje/#respond Fri, 19 Aug 2022 05:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=720755

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден”. Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера, информираат од УКИМ. – „Отворениот ден на УКИМ“ нуди можност за матурантите да се запознаат со професорите и студентите – нивните идни колеги, да прашаат сè што ги интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, за искуствата и активностите на студентите, за вклученост во научноистражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. „Отворениот ден на УКИМ“ е одлична можност матурантите да се запознаат и уверат во одликите на УКИМ што го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот, велат од УКИМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-vo-skopje/feed/ 0
Собранието е повторно отворено за посети, еве како може да се пријавите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-e-povtorno-otvoreno-za-poseti-eve-kako-moze-da-se-prijavite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-e-povtorno-otvoreno-za-poseti-eve-kako-moze-da-se-prijavite/#respond Fri, 27 May 2022 07:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=682246

Собранието е повторно отворено за посети со физичко присуство. Почнувајќи од 27 мај 2022 година, и понатаму секој петок во неделата, заинтересираните ќе имаат можност да ја разгледаат зградата на Собранието и да слушнат повеќе за улогата и функциите на законодавната власт. Дополнително, заинтересираните граѓани ќе може да се пријавуваат и во другите денови на неделата, од вторник до четврток на терминот од 9 до 10 часот. Посетите се спроведуваат од страна на обучени водичи и се бесплатни за сите посетители. Времетраењето на организираната обиколка е еден час, а термините за посета се секој час од 9:00 до 15:00 часот. Заинтересираните граѓани за посета на Собранието, можат да се пријават најдоцна пет работни дена пред посетата, преку софтверот за пријавување на следниот линк https://poseti.sobranie.mk/. За сите прашања и дополнителни информации може да се обратите до Одделението за едукација и комуникација во Парламентарниот институт, на телефонскиот број 02/3182 227 или преку електронска пошта: [email protected].]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-e-povtorno-otvoreno-za-poseti-eve-kako-moze-da-se-prijavite/feed/ 0
Отворен ден на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim/#respond Tue, 30 Nov 2021 06:26:37 +0000 https://kurir.mk/?p=601699

 Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира „Отворен дена на УКИМ“, со цел да ги запознае идните студенти со професорите, студентите, но и да прашаат се што ги интересира за студиските програми.

Студентите ќе имаат можност да прашаат и за можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.

Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата Microsoft Teams на следниот линк

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim/feed/ 0
Коњановски го воведува секој петок како отворен ден за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konjanovski-go-voveduva-sekoj-petok-kako-otvoren-den-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konjanovski-go-voveduva-sekoj-petok-kako-otvoren-den-za-gragjanite/#respond Wed, 24 Nov 2021 11:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=599261

Со цел да се согледаат сите потреби, приоритети и идеи на граѓаните на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, како редовна пракса во своето работење воведува отворен ден за граѓаните, што е во насока и на реализација на активностите предвидени со неговата програма. Првиот отворен ден, ќе се одржи во петок, од 13.00 часот, на третиот кат во зградата на општина Битола. Заради успешно спроведување на мерките за заштита од КОВИД 19, заинтересираните граѓани, своето присуство на отворениот ден потребно е да го најават на телефонскиот број 047208339 најдоцна до четврток 25.11.2021 до 13.00 часот. За да може да се евидентираат сите предлози и идеи, достапен е образец - барање кое граѓаните можат да го пополнат електронски или со симнување од овој линк и да го достават на отворениот ден. Образецот ќе може да се пополни и во општинската зграда во петок. Отворените денови, предвидено е да бидат застапени четири пати годишно и истите ќе се организираат како денови во кои градоначалникот и надлежните служби од локалната самоуправа, ќе имаат директни средби со граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konjanovski-go-voveduva-sekoj-petok-kako-otvoren-den-za-gragjanite/feed/ 0
Отворен ден на УКИМ за претставување на студиските програми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim-za-pretstavuvanje-na-studiskite-programi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim-za-pretstavuvanje-na-studiskite-programi/#respond Tue, 09 Nov 2021 08:32:47 +0000 https://kurir.mk/?p=592970

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј-Скопје на 30 ноември ќе организира „Отворен ден на УКИМ” онлајн преку платформата Мајкрософт тимс (http://www.ukim.edu.mk/otvoren-den). – Целта на настанот е идните студенти на УКИМ да ги запознаат  одблиску професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, за можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности…, соопшти УКИМ. Универзитетот им порачува на идните студенти да го посетат Отворениот ден и да го изберат универзитетот со најдолга традиција во нашата земја]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim-za-pretstavuvanje-na-studiskite-programi/feed/ 0
Отворен ден во МНР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-mnr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-mnr/#respond Sat, 21 Aug 2021 07:20:51 +0000 https://kurir.mk/?p=553234

Министерството за надворешни работи денеска од 11 до 17 часот, организира Отворен ден. Граѓаните ќе можат да дојдат во просториите на министерството и да ги претстават своите забелешки, предлози и идеи пред ресорниот министер Бујар Османи и другите вработени. -Дипломатијата ги отвора вратите. Министерството за надворешни работи ги отвора вратите за средба со граѓаните резиденти во земјава и претставници на дијаспората, со цел да ги слушне нивните забелешки, предлози и идеи, за подобрување пред сѐ на конзуларните услуги, но и за сите други области кои се од директен интерес за граѓаните, а поврзани се со работата на оваа институција, најави во објава на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи. Со ова, како што се наведува, сакаат да ја претстават работата на Министерството, како во однос на поблиско запознавање, така и во однос на транспарентност, проекти и политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-mnr/feed/ 0
Отворен ден на УКИМ за презентација на студиските програми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim-za-prezentacija-na-studiskite-programi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim-za-prezentacija-na-studiskite-programi/#respond Mon, 16 Aug 2021 10:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=551129

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 18 и 19 август преку платформата Мајкрософт тим ќе организира „Отворен ден на УКИМ“ на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. По тој повод, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски во порака до матурантите како идни најмлади членови на академската заедница на УКИМ, истакнува дека отворениот ден е одлична можност да се уверат во одликите на УКИМ што, како што вели, го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот. – УКИМ зад себе има богат 72-годишен пат, исполнет со резултати достојни за почит, пат длабоко втемелен во сите пори на нашето општество. Големиот избор на квалитетни и иновирани студиски програми во сите циклуси на студии, постојаниот стремеж за достигнување на квалитетот на образовните програми на европските и светските универзитети, како и следењето на трендовите на атрактивност на студиските програми, се основна одлика на УКИМ со која се одвојува и предничи пред сите останати, наведува ректорот Јанкуловски. Богатата високообразовна понуда на УКИМ, вели ректорот, е одраз на осовременувањето на наставно-образовниот процес, следењето на интересот на студентите, стопанството и современите текови на образованието во глобални рамки. Посочува дека Универзитетот организира настава на студиски програми во сите научни области: природно-математичките, техничко-технолошките науки, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите. -„Отворениот ден на УКИМ“ ќе ви понуди можности да се запознаете и со професорите и студентите. Немајте двојба, разрешете ги недоумиците доколку ги имате, прашајте ги сѐ што ве интересира: за студиските програми, за можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на вашите идни колеги, студентите од повисоките години кои несебично со вас ќе ги споделат нивните искуства за вклученоста во научноистражувачките и останатите проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности…Вашиот избор, вашата одлука да студирате на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се вистински и правилни, бидејќи дипломите стекнати на УКИМ се препознатливи и на меѓународниот пазар на трудот. Освен тоа студентите на УКИМ се централен субјект и рамноправен партнер во одлучувањето за сите значајни прашања од дејноста на Универзитетот преку учеството во органите на факултетите и на Универзитетот. Бидете наш партнер, а истовремено и наш коректив, истакнува Јанкуловски во пораката до матурантите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-na-ukim-za-prezentacija-na-studiskite-programi/feed/ 0