отворен простор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Mar 2022 12:14:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отворен простор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зачестија пожарите на отворено во кумановскиот регион https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zachestija-pozarite-na-otvoreno-vo-kumanovskiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zachestija-pozarite-na-otvoreno-vo-kumanovskiot-region/#respond Thu, 31 Mar 2022 12:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=656329

Зачестија пожарите на отворено во кумановскиот регион, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица. Според податоците на противпожарната единица, во првите три месеци регистрирани се вкупно 95 пожари, што е за десет повеќе во однос на истиот период лани, кога имало 85 пожари. – Бројката на пожари на отворен простор приближно е иста како лани. Минатата година, во првите три месеци имавме 26, годинава имаме 29 пожари. Се согласувам дека пожарите на отворен простор, за шумите конкретно минатата година немавме толку, оваа година не знам од кои причини имаме зголемен број на пожари особено во липковскиот регион и изгореа околу дваесетина хектари борова шума во атар на село Стрезовце, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Тој потсетува дека палењето на стрништата е казниво со закон и дека не помагаат апелите од институциите. Помал број на пожари на оџаци имало во март во однос на јануари и февруари. – За зимскиот период тоа е за очекување, меѓутоа не е за очекување во зимски услови да бележиме толкав број на интервенции на отворен простор. Причините за избувнување на пожарите е неблагодарно да се калкулира и шпекулира, меѓутоа од искуство кажувам дека во 90 проценти од случаите е човечки фактор и намерно палење на отворен простор, изјави Илиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zachestija-pozarite-na-otvoreno-vo-kumanovskiot-region/feed/ 0
Истражување: Шест проценти од заразените коронавирусот го добиле на отворено https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-shest-procenti-od-zarazenite-koronavirusot-go-dobile-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-shest-procenti-od-zarazenite-koronavirusot-go-dobile-na-otvoreno/#respond Mon, 19 Oct 2020 08:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=417975

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека Ковид 19 се пренесува во затворени простории, а најновото истражување покажа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите го добиле вирусот на отворено, претежно на концерти и спортски настани, објави денеска Хина. Во студија на 25.000 случаи, околу шест проценти од случаите се поврзани со инфекции на отворено, како што се спортски настани или концерти. Станува збор за оградени области каде што не се почитува физичкото растојание или каде луѓето престојувале некое време и се движеле наоколу, зборувајќи гласно или пеејќи. – Не идентификувавме речиси ниту еден случај што би го поврзале со секојдневниот живот на отворено, рече авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот „Кентербери“ во Кент. Тој додаде дека просторот на отворено е неспоредливо побезбеден отколку затворенит простор. Во студијата, покрај британски, учествуваа и научници од американски и германски универзитети. – Ризикот е помал затоа што вирусот се разредува во атмосферата, нешто слично се случува со чадот од цигари, заклучува експертот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-shest-procenti-od-zarazenite-koronavirusot-go-dobile-na-otvoreno/feed/ 0
Филипче со контрадикторни изјави за носењето на маски на отворен простор – еве што кажуваше во февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-so-kontradiktorni-izjavi-za-nosenjeto-na-maski-na-otvoren-prostor-eve-shto-kazuvashe-vo-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-so-kontradiktorni-izjavi-za-nosenjeto-na-maski-na-otvoren-prostor-eve-shto-kazuvashe-vo-fevruari/#respond Fri, 09 Oct 2020 10:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=414341

Министерот за здравство Венко Филипче во февруари месец оваа година одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку маските можат да бидат превенција од ширење на коронавирусот, повтори дека врз основа на мислењето од експертите епидемиолози, маска на отворен простор не е начин за заштита на граѓаните, туку напротив, може да го зголеми ризикот од инфекција. -Може да го зголеми ризикот за инфекција поради манипулацијата на маската со раце, со оглед на тоа што оваа инфекција се пренесува токму преку раце и вирусот одреден период останува на површините, истакна своевремено тогаш Филипче. Ваквата негова изјава и од изјавата за време на вчерашната прес-конференција на која ги објави новите мерки, каде што се прпорачува задолжително носење на маска и на отворен простор, сами по себе се контрадикторни, бидејќи Филипче во еден момент вели дека маска на отворен простор не е начин за заштита на граѓаните, туку напротив, може да го зголеми ризикот од инфекција, а сега за истата препорачува да се носи и на отворено. Еве што меѓудругото во врска со носењето на маска на вчерашната прес-конференција. -Секој како што ќе излезе од дома ќе мора да носи маска или марама, да има прекривка на устата и на носот. Зошто? За да го избегнеме и оној ризик, можеби несвесен кога ќе се случи некакво мини групирање. Во таа смисла е целокупниот пакет на мерки. Да се избегне групирање и да се носат маски, истакна Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-so-kontradiktorni-izjavi-za-nosenjeto-na-maski-na-otvoren-prostor-eve-shto-kazuvashe-vo-fevruari/feed/ 0