отворени листи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 14:55:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отворени листи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поголемите политички партии предлагаат една изборна единица со пет отсто праг и со отворени листи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogolemite-politichki-partii-predlagaat-edna-izborna-edinitsa-so-pet-otsto-prag-i-so-otvoreni-listi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogolemite-politichki-partii-predlagaat-edna-izborna-edinitsa-so-pet-otsto-prag-i-so-otvoreni-listi/#respond Mon, 08 May 2023 14:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=831892

Поголемите политички партии во Собранието на денешната прес - конференција истакнаа дека предлагаат една изборна единица со пет отсто праг и со отворени листи. Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми истакна дека неговата партија во работната група ќе предложи една изборна единица со пет посто праг и со отворени листи. Тој посочи дека прагот од пет отсто е во функција за да се обезбеди политичка стабилност. -Политичката нестабилност не оди во прилог ниту на државата, ниту на граѓаните. Ако господинот Трајанов сака да има загарантирано пратеничко место доживотно, ајде да разговараме и за тоа, но во рамките на работната група. Треба да бидеме конструктивни. Токму поради овие причини, Демократски сојуз беше против отворени листи за советници, бидејќи така целата јавност ќе дознае кој колку тежи во политичката сцена и затоа беа против. И нивното образложение во рамки на работната група пред локалните избори беа во оваа насока. Но лобирањето и кампањата пред граѓаните е најнормална работа, рече Адеми. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот и пратеник на Демократски сојуз, Павле Трајанов дека ниту ДУИ, ниту било која од албанските партии самостојно не може да го достигнат овој праг, Адеми рече дека ова „не е блеф и оти ДУИ поддршката што ја уживаа може да се потврди и да се направи проста математика дали пет отсто е достижно или не“. Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски истакна дека неговата партија ги поддржува измените на Изборниот законик, со оглед на тоа дека, како што посочи, тие биле првата политичка партија којашто во својата програма уште во 2016 година внесе предлог за една изборна единица. -Ги поддржуваме законските измени во делот на препораките од ОБСЕ и ОДИХР. Во делот на прагот, во делот на отворените листи и со оглед на тоа дека Изборниот законик секогаш се носел со консензус апелираме преку дебата, преку дијалог во работната група да се утврдат потребата од отворени листи, потребата од праг. Битно е да се дискутира и зеднички како политички партии да го предложиме Изборниот законик и да го изгласаме тука во Собранието, рече Талески. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски потенцира дека неговата партија ќе даде поддршка на една изборна единица откако ќе се договорат другите работи. Посочи дека поддршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат забелешките од ОБСЕ/ОДИХР. -А за ова другото очекуваме од големите политички партии да го кажат својот став по однос на една изборна единица. Став на ВМРО-ДПМНЕ во однос на една изборна единица е тоа дека не се мешаме во внатре коалициските комбинаторики на владејачките партии и конфликтите кои што постојат меѓу нив по однос на овој процес затоа што гледаме дека од една страна имаме лицемерие дека поддржуваат една изборна единица. А од друга страна, втора година имаме закочен процес на закон кој што е во процедура. Ние ги повикуваме ДУИ и нивниот подизведувач СДС да се произнесат по оваа прашање, затоа што играта на лош и добар полицаец продолжува од овие две политички партии. Имено, ако одреден временски период во изминативе години ВМРО-ДПМНЕ им беше крива затоа што немаа една изборна единица, а им е дел од коалициското ветување уште од седумнаесетта година на владејачкото мнозинство, се уште ги држат помалите политички партии во коалиција со оваа ветување, рече Мицевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogolemite-politichki-partii-predlagaat-edna-izborna-edinitsa-so-pet-otsto-prag-i-so-otvoreni-listi/feed/ 0
Дерковски: ДИК е подготвена да спроведе избори и со отворени листи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-dik-e-podgotvena-da-sprovede-izbori-i-so-otvoreni-listi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-dik-e-podgotvena-da-sprovede-izbori-i-so-otvoreni-listi/#respond Mon, 28 Oct 2019 11:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=256850

Државната изборна комисија е подготвена да спроведе парламентарни избори по било кој модел за кој би бил постигнат договор меѓу политичките партии, вклучително и за модел со отворени изборни листи, изјави денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Ние, додаде тој, како институција сме подготвени. Функционираме континуирано и подготвени сме да го спроведеме она што ќе го договорат политичките партии. Во врска со тоа кој изборен модел, според него, би бил најдобар, Дерковски истакна дека неговото мислење во суштина и не е релевантно, бидејќи тоа е договор на политичките партии. Претседателот на ДИК потенцира и дека Избирачкиот список е во ред и оти во него нема т.н. фантомски гласачи. – Тоа е материја што постојано и континуирано се чисти, прочистува и обработува. Како што ги добиваме податоците од МВР на квартално ниво, така ги обработуваме. Се разбира дека во список во кој има над 1,8 милиони избирачи ќе може да се најде некоја недоследност, но сето тоа е сведено во една разумна рамка. Ние постојано работиме и во овој момент кога е празен период и нема избори работиме на прочистување на Избирачкиот список, рече Дерковски, одговарајќи на новинарски прашања  пред презентацијата на Извештајот за мониторингот на Претседателските избори во 2019 година спроведен од страна на набљудувачи со попреченост Претседателот на ДИК истакна и дека институција задолжена за спроведување на изборите доставиле и определени предлози согласно претходните препораки на ОБСЕ и ОДИХР за техничко подобрување  на изборниот процес. – Како тоа ќе се одвива понатаму ќе видиме, бидејќи и тоа зависи од договорот на политичките партии, рече Дерковски. Во врска со гласањето на дијаспората, претседателот на ДИК, вели дека како Комисија би сакале да има промени, но во рамки на овозможување нови начини за гласање, за, како што вели, да се заштедат финансиски средства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-dik-e-podgotvena-da-sprovede-izbori-i-so-otvoreni-listi/feed/ 0