отворени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jul 2021 08:27:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отворени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градините на Бакингемската палата отворени за посетители https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gradinite-na-bakingemskata-palata-otvoreni-za-posetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gradinite-na-bakingemskata-palata-otvoreni-za-posetiteli/#respond Fri, 09 Jul 2021 08:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=534268

Посетителите на Лондон летово ќе може без придружба да уживаат во градините на домот на британската кралица Елизабета Втора… Па, дури ќе можат и да прават излети таму, пренесуваат британските медиуми. Досега во градините на Бакингемската палата се дозволуваа само организирани посети. Оваа година, до септември, за билет од 16,50 британски фунти, туристите ќе можат да шетаат и сами во паркот. – За жал, не бевме во можност да ги отвориме салите на палатата за посетителите, како и обично, сега поради ситуацијата со новиот коронавирус. Но, затоа е одлично што, наместо тоа, може да ја отвориме градината, рече Сали Гудсер од фондацијата што управува со кралските палати. Кралицата традиционално организира три приеми во градината на палатата, но тие лани и годинава не се одржуваат, поради корона-пандемијата. Властите минатиот месец соопштија дека кралските финансии биле сериозно оштетени за време на пандемијата поради загубата на милиони фунти од продажба на билетите. Палатата, меѓу другото, е подложена на десетгодишното реновирање, за 369 милиони фунти. За време на пандемијата, додека кралицата беше во замокот Виндзор вон Лондон, поправките беа забрзани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gradinite-na-bakingemskata-palata-otvoreni-za-posetiteli/feed/ 0
По пет месеци отворени јавните места во Алжир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-pet-meseci-otvoreni-javnite-mesta-vo-alzir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-pet-meseci-otvoreni-javnite-mesta-vo-alzir/#respond Sun, 16 Aug 2020 11:34:08 +0000 https://kurir.mk/?p=391305

Алжир ги отвори денеска џамиите, кафулињата, плажите и парковите за првпат по петмесечно затворање поради пандемијата на коронавирусот. Алжир е една од државите што го задржа ограничувањето на движење најдолго заради пандемијата. Полицискиот час ќе остане на сила во повеќе од половина од државата. Ресторани и џамии во кои можат да се сместат повеќе од 1.000 луѓе се повторно отворени, со задолжително почитување на мерката за физичко растојание. Присуството на џамии е се уште забрането за сите жени, деца и постари лица. Во Алжир, од почетокот на епидемијата се заразени вкупно повеќе од 37.000 луѓе, а починале 1.350 луѓе. Тоа е трета највисока стапка на смртност во Африка, по Јужна Африка и Египет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-pet-meseci-otvoreni-javnite-mesta-vo-alzir/feed/ 0
Во Штип се отворени гласачките места https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-se-otvoreni-glasachkite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-se-otvoreni-glasachkite-mesta/#respond Wed, 15 Jul 2020 07:26:53 +0000 https://kurir.mk/?p=375891

Во Штип отворени се сите избирачки места во 7 часот, информираат од Општинската изборна комисија. Право на глас во Општина Штип имаат 39 564 граѓани, а се гласа на 77 избирачки места. Сенка Андреева претседател на ОИК Штип вели дека се гласа според здравствените протоколи на сите избирачки места. Членовите на избирачките одбори имаат маски, ракавици и дезинфециони средства, кои мора да ги менуваат според здарвствените протоколи. Вчера гласаа болните и неможни лица, а завчера болните од Ковид-19 и оние кои се во изолација. Во штипскиот затвор од 193 гласачи своето право на глас го искористиле над 80 % од осудениците. На гласачките места во централното градско подрачје е раздвижено, а излезност на некои од нив веќе достигнува и над 12 % до 8.30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-se-otvoreni-glasachkite-mesta/feed/ 0
Црквите во Грција од денеска отворени за литургии за верниците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvite-vo-grcija-od-deneska-otvoreni-za-liturgii-za-vernicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvite-vo-grcija-od-deneska-otvoreni-za-liturgii-za-vernicite/#respond Sun, 17 May 2020 07:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=346831

Πод посебни правила и прописи, црквите во Грција, денеска ги отвораат вратите за литургии со присуство на верници, што воедно ќе биде и вториот тест за Грците, по отворањето на плажите, во однос на почитувањето на мерките и индивидуалната одговорност на секој граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина. Предвидено е да има контролирано влегување, да се држи растојание од еден и пол метар, а на влезовите задолжително е да има антисептик. Дозволениот број на верници во внатрешноста е во зависност од големината на црквата, односно едно лице на десет метри квадратни. Доколку црквата е над 500 метри квадратни дозволени се 50 лица. Во случај бројот на верници да е поголем од дозволениот во секоја црква, останатите ќе треба да чекаат во дворот. Според циркуларното писмо испратено од Светиот синод до сите грчки цркви, се препорачува верниците да носат маска, „која секако ќе ја тргнат пред причестувањето“, а на верниците кои припаѓаат на ранливите групи граѓани им се препорачува да избегнуваат излегување од дома. Со укинување на забраната за движење на граѓаните, од 4 мај годинава, црквите и останатите религиозни објекти во Грција, беа отворени, но само за индивидуални молитви. Освен литургиите, од денеска дозволени се и религиозни обреди како што се венчавки, крштевања, погреби, а се отвораат и останатите религиозни објекти во земјата. Конкретните правила, согласно министерска одлука, потпишана од надлежните министри ќе биде во сила до 5 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crkvite-vo-grcija-od-deneska-otvoreni-za-liturgii-za-vernicite/feed/ 0