отворено небо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Aug 2022 18:25:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отворено небо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Kино под отворено небо во Ранковце и Кратово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/#respond Tue, 09 Aug 2022 18:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=716230

Европската куќа Крива Паланка вечерва на плоштадот во Општина Ранковце организира кино под отворено небо, дел од летната културна програма што им ја нуди на младите од Североисточниот регион. Проекциите се реализираат во рамки на неделата на младите. – По кино-проекциите реализирани на крајот на минатиот месец на градскиот плоштад во Крива Паланка кога беа претставени едни од најдобрите европски филмови: “И тогаш танцувавме” на Леван Акин од Грузија и “Нека биде светлина” од Марко Шкоп, Чешка и Словачка продукција, продолжуваме со проекциите и одличната атмосфера за младите од соседните општини. Вечерва организираме кино под отворено небо во Ранковце, каде ќе се прикажува филмот “Олег” од Јурис Курситис, а во сабота во Кратово на програмата е “Нејзина работа” на Никос Лавот од Грција, информира Димитар Петровски од Европска куќа Крива Паланка. Кино под отворено небо во Кратово ќе се реализира на 13 август, сабота, со почеток во 20 часот, на платото пред Домот на култура ,,Лазар Софијанов”. Во текот на овој месец планирано е да се одржат кино-проекции и во Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/feed/ 0
И Русија излегува од Договорот за отворено небо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-rusija-izleguva-od-dogovorot-za-otvoreno-nebo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-rusija-izleguva-od-dogovorot-za-otvoreno-nebo/#respond Wed, 02 Jun 2021 10:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=518075

Русија најави дека го напуша Договорот за отворено небо (ТОС), откако претходно истото го направи и САД, јави ТАСС. -Вложивме максимум напори за да ги задржиме САД во Договорот, и сега веруваме дека оптимална и коректна одлука е да го напуштиме ТОС, изјави денеска заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на седница на Советот на Федерацијата. Горниот дом на рускиот Парламент, односно Советот на Федерацијата, со големо мнозинство изгласа излегување на земјата од Договорот. За таа одлука гласаа 152 од вкупно 170 пратеници. Истот закон едногласно беше усвоен и на 19 мај во Долниот дом, односно Државната дума. На 15 јануари, руското Министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое наведе дека постапката за напуштање на ТОС започнала, бидејќи немало напредок во решавањето на несогласувањата, по повлекувањето на САД во ноември 2020 година. Стејт департментот на САД во април рече дека САД не донеле одлука да продолжат да учествуваат во ТОС. Договорот за отворено небо е во сила од 2002 година и има 34 земји-членки. Договорот им овозможува на земјите-членки отворено да собираат информации за воените сили и активностите на другите земји-членки. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-rusija-izleguva-od-dogovorot-za-otvoreno-nebo/feed/ 0
По САД и Русија се повлекува од Договорот за отворено небо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-sad-i-rusija-se-povlekuva-od-dogovorot-za-otvoreno-nebo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-sad-i-rusija-se-povlekuva-od-dogovorot-za-otvoreno-nebo/#respond Fri, 15 Jan 2021 13:08:33 +0000 https://kurir.mk/?p=455777

Русија ја почна процедури за повлекување од Договорот за отворено небо, објави руското Министерство за надворешни работи. Според руските медиуми, процедурите за повлекување на Русија од Договорот се иницираат поради фактот што нема напредок во отстранување на пречките за продолжување на договорот во новите услови. Договорот за отворено небо беше потпишан во 1992 година и е на сила од 2002 година, а со него на земјите членки им се овозможува отворено да собираат информации за воената сила и за активностите на другите членки. До неодамна 34 држави беа потписнички на Договорот, а кон крајот на мај минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп унилатерално објави дека Вашингтон се повлекува од Договорот. Како причина за таквата одлука САД го наведоа кршењето на договорот од страна на Русија, но официјална Москва повеќепати ги негираше ваквите обвинувања. САД го завршија процесот на повлекување од Договорот за отворено небо на 22 ноември минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-sad-i-rusija-se-povlekuva-od-dogovorot-za-otvoreno-nebo/feed/ 0
САД и официјално го напуштија Договорот за отворено небо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-oficijalno-go-napushtija-dogovorot-za-otvoreno-nebo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-oficijalno-go-napushtija-dogovorot-za-otvoreno-nebo/#respond Sun, 22 Nov 2020 08:09:14 +0000 https://kurir.mk/?p=432687

САД денеска официјално престанаа да го почитуваат Договорот за отворено небо (Open Skies Trеaty), со кој се овозможуваа извидувачки летови на невооружени авиони над територијата на земјите потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти. Вашингтон во мај објави дека договорот повеќе не кореспондира со националните интерси на САД, пред се поради тоа што Русија го прекршува, како и затоа што снимките направени за време на тие летови можат да се добијат побрзо и поевтино со американските или комерцијалните сателити. Москва, пак, имаше свои забалешки кон САД и кон низа други земји. Москва сега од европските земји бара да потпишат гаранции за непредавање информации на САД собрани за време на надлетување над руска територија. Исто така, Москва бара писмена заверка од европските земји дека тие нема да им забрануваaт на руските авиони да вршат инспекција на локациите на американските воени објекти на нивна територија. Договорот за отворено небо стапи во сила во 2002 година. Документот е потпишан од 35 земји и според него земјите можат да си ги надлетуваат своите териториите заради градење на доверба. Експертите сметаат дека излегувањето на САД е грешка. -Додека Русија го прекршуваше договорот, САД преземаа реципроцитетни мерки. НАТО сојузниците го поддржуваат договорот, бидејќи пред сѐ ја зацврстува европската безбедност, велат од Институтот Брукингс. Во јули 1955 година, американскиот претседател Двајт Ајзенхауер беше првиот што предложи САД и тогашниот Советски Сојуз меѓусебно да дозволат извидувачки летови над нивните територии. Москва најпрво ја отфрли идејата, која ја оживеа претседателот Џорџ В. Буш во мај 1989 година, и договорот стапи во сила во 2002 година и досега беше потпишан од 35 земји, но истиот не е ратификуван од една – Киргистан. Повеќе од 1.500 летови беа извршени според договорот, чија цел е да се зголеми транспарентноста на воените активности и да помогне во надгледувањето на спроведувањето на договорите за контрола на оружјето. Русија не дозволува такви летови над делови од државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-oficijalno-go-napushtija-dogovorot-za-otvoreno-nebo/feed/ 0
Кинотеката продолжува со прикажувањето филмови под отворено небо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinotekata-prodolzuva-so-prikazuvanjeto-filmovi-pod-otvoreno-nebo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinotekata-prodolzuva-so-prikazuvanjeto-filmovi-pod-otvoreno-nebo/#respond Fri, 24 Jul 2020 11:04:24 +0000 https://kurir.mk/?p=380814

Кинотеката соопшти дека продолжува со прикажувањето филмови во летното кино под отворено небо. По исклучителниот циклус филмови со Чарли Чаплин, крајот на јули и добар дел од август се резервирани за мошне интересни и интригантни наслови, посочија од Кинотеката. Во рамки на програмата ќе бидат прикажани: на 30 јули британскиот филм „Убиството на светиот елен“ во режија на Јоргос Лантимос, на 31 јули филмот „Студена војна“ на режисерот Павел Павликовски, на 1, 8 и 17 август јужнокорејскиот филм „Паразит“ во режија на Бонг Џун Хо, на 5 август македонскиот филм „Мирно лето“ во режија на Димитрие Османли, на 6 август швајцарскиот филм „Каде припаѓаме“ во режија на Жаклин Цинд, на 7 август швајцарскиот филм „Хронофобија“ во режија на Франческо Рици, на 10 август италијанскиот филм „Тие“ во режија на Паоло Сорентино, на 11 август документарниот филм „Битлси: Осум дена во неделата“ во режија на Рон Хауард, на 12 август документарниот филм „Павароти“ во режија на Рон Хауард. На 13 август ќе биде прикажан филмот „Климакс“ во режија на Гаспар Ное, на 14 август филмот „Златната ракавица“ во режија на Фатих Акин, на 15 август филмот „Офицер и шпион“ во режија на Роман Полански, и на 18 август филмот „Скитникот од плажата“ во режија на Хармони Корин. Почетокот на прикажувањето на филмовите е во 21 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinotekata-prodolzuva-so-prikazuvanjeto-filmovi-pod-otvoreno-nebo/feed/ 0